Не е шовинистичко. Чиста реалност е. Јас не знам каде живеете вие. 1 од 10 убави девојки ќе бара некои принципи, лојалност, искреност, а другите ќе си ја искористат генетиката и скрасат во богат дом. Мал милион примери околу мене.
Нит сум згодна со добра генетика, ниту си фатив богаташ, ако ти е за утеха Едит- и патем ако убавите девојки ги фаќале богатите, ти сиромавиот можеш некоја грдичка да си фатиш.
Ехеееј, хелоууууууу, каде реков јас дека тој напумпан ми се допаѓа!? Убаво си пишав дека на прво место ми е лепота, убавина..еве како овој батка на сликава..мммммммммм би го изела..и Добро ма Бубетино една убава, ако сум стара не значи дека сум мртва и незнам што е убаво и што е..кххх кх.....
Ти си као исфрустриран дека девојките барале пари, а не принципи лојалност, а од друга страна тебе главен критериум за девојка ти е убавина. Зошто ти не бараш искреност, лојалност и слични особини?
Епа таквите изгледа богатите ги фаќаат. Уствари, чекај и убавите се со богати. Епа нема слободни, ни такви ни такви за него, јбг.
Не сум исфрустриан. Јас го следам принципот секој да си бара тоа што сака и што му одговара. Само му кажав на дечково дека ако сака поголем успех кај девојките, а особено тие поубавите, нека почне да прави пари во животот
Некаде еднаш прочитав дека ретко ќе слушнеш богат да рече жените трчале по парите, а повеќе тоа произлегува од некој што со помал буџет Нешто комбинација од помал буџет и голем комплекс изгледа ќе да било
Поубавите вика... Како уште не сфаќате дека ако за тебе е убава за друг нема да е и обратно. Муабетиве за мали деца или така вие си се тешите, нема пари нема убава девојка. Туку ај што се нема пари се нема и многу други работи што ,,убавите" би ги барале кај вас. По постовите се гледа.
Јас не реков дека си стара, само колку години имаш. Мене ми се допаѓаат постари мажи ко Орландо Блум пример. Ама и со чудни црти на лицето што на речиси сите мои другарки им е грд.
Ако прашаш жена што сака, ќе ти налупа 300 ствари во листа ама ако ја следиш како се однесува ќе дознаеш многу повеќе за неа. Жена не сака да кажува што сака, туку ти треба тоа да го научиш сам, да се снајдеш.
Жената очекува да биде сакана каква што е, а не каква што самиот маж сака да биде. Тоа е една од многуте лаги што општеството ги лаже жените. Како што нас мажите не лажат со "среќна жена, среќен живот". Жена мисли дека ако има ментални проблеми, дека таква треба да биде прифатена во врска, а не дека треба да си ги реши проблемите прво, па после да размислува за било што друго. Маж ако го мисли истото? Ќе биде најнепочитуваниот човек на светот. Дупли стандарди. Маж да има принципи? Исфрустриран е, губитник, ѓубре, шовинист, Капетан Пештерко. Не за џабе жениве на форумов ме мразат цело време што и да пишам, затоа што благодарение на феминизмот, освен тоа што донесе некои позитивни права, донесе и целосна омраза на машкиот пол.
Кога ќе го спомнете феминизмот во некој ваков пост неарно ми станува, жими све. Онака, раце ми се тресат. Добро што очекувате вие? Жена да се менува и да се обликува вие како што сакате? Дали си свесен што бараш, жените да биделе повеќе како што мажите сакале, да немаат свое јас и да живеат во калап кој вие го поседувате. Има такви жени, обично на надувување, побарајте, ќе најдете секако. Никако прифаќање на жени со ментални проблеми. Н-и-к-а-к-о. Тие не се проблеми со кои една индивидуа се бори цел живот, ајт таму нека си ги реши па после мажи да брка, како смее да помисли да бара маж покрај себе и среќа, луда ли е? (Ноу пан интендед). До тебе и до сите господа на темава, не ви се криви ни парите, ни феминизмот, нит лепотата. Вие сте си самите криви, вие господа затоа што вашата неспособност ја препишувате на феминистичко освестување на жени, или на пари, на лепота, на не знам што ли веќе не. Погледнете колку девојки работат на форумов, се мачат секој ден за да бидат equals, за да можат да си купат работи што сами ги посакуваат и да не чекаат све на готово. Погледнете колку среќни парови има, ниту се пребогати, ниту пак од каталог на Викторија сикрет, па пак си функционираат супер. До вас е, до никој друг. А за феминизам мој совет е да не го имплементирате во аргументи кога појма немате што значи и кој е концептот зад него... Вака смешно и патетично делувате.
Апсолутно нема никаква омраза кон машкиот пол, ниту па те мразат тебе како што велиш. Нешто не е во ред со твоите ставови, од тука е реакцијата. Па сега, ти размисли што не е во ред.
Ајде бре искомплексирани лоунери дојде време да кажуваат какви биле и какви треба да се женските Имавме тема 'Зошто добрите момци завршуваат последни' и отприлика сите се согласивме дека тоа е заради фактот што и не се толку добри. Мислам дека момциве кои пишуваат жалопојки во темава се дефинираат себеси за добри, a женските се тие кои не чинат, користољубиви и материјалисти се и си го користат телото да добијат х ствари, а на другата страна се богати момци кои сето тоа го експлоатираат. Па и не си толку добар бе батка Има жени од богати фамилии кои иделе и против фамилијата за да бидат со некој кој и нема толку, дури и е сиромав. Ама имал друго што да понуди, па тоа има надокнадено. Вам ви фали друго нешто, кое е очигледно кога ве чита човек од страна, финансиите се најмал проблем.