Доста ги правите жените комплицирани кога и вие сте исто толку, ако не и повеќе, според мое досегашно искуство. Само вешто се криете зад сликата ,,жената е најкомплицирано суштество".
Рече ликот кој се жалеше дека е напнат и малтретиран од женски во тема кога кажа дека клецка на суво. Бај д веј и до тебе и до другарчињата твои, мразење подразбира активно трошење време и енергија и активно фокусирање на некој. Ниту сте ми згрешиле нешто да ве мразам, ниту пак некоја од девојкиве тука ве мрази. Форум е ова, за дебати, а кога ќе истресете некоја глупост нормално е дека ќе има реакции. Не си ласкајте толку дека некој осеќа активна емоција како омраза према вас... не сте толку битни
Ако ме мразиш тој подарок е твој и си го чуваш во себе, нема потреба од фрустрации и трошење на енергија на ваков пост, заслужи лајк, како и да е.
Да, тоа ми е јасно дека сум на женски форум ама плачење? Не бе, само се смеам на глупостиве што ги пишуваат, си ги вадат стварите од конекст и си одговараат за тоа што им одговара и срамат, пљукаат, веѓаат, фрлаат со камења и слично. Тоа е лудо, а не нормално само да примети.
Криви сме, како не сме криви. Виновни оти не сме како жените пред 100 века: Да му миеме нозе на мажот, имаме сопствени финансии, па не може никој да не контролира итд. Тие од поранешните сакаат, бета жени и кога мажот ќе тресне по маса, и диносаурусите бегаат на страна. Став во куќа само еден имало, се знае чиј. А денес виновни сме оти размислуваме воопшто. Оти не прифаќаме врска со мачо мажуле, на кој мајка му се уште му купува долна облека и сакаат да те женат, ама не сопруга, туку втора мајка да му бидеш.
Ниту пак јас сум се жалел кај модератори или пријавувам мислења, само директно и кажав дека не ми е интересна за цитирање, а упорно продолжува.
Не коментирај, нема да те цитира. И мене ми се бунат на еден куп теми, дека 'ги цитирам на секое'. Се додека не се согласувам со нешто, цитирам, за да пишам контра-аргумент. Симпл.
Куп тешки небулози, како и секогаш од тебе. Зрели луѓе се прифаќаат во врска меѓусебно какви што се, од двете страни и од двата пола. Освен ако се работи за позитивна мотивација од партнерот за да се надградуваш, или пак преминување на границите на токсичност. Ментални проблеми често и не се решаваат, туку се контролираат. И сите што ги имаат, исто од двата пола, заслужуваат да бидат сакани. Шовинизмот не е принцип, а во свет каде ова што го изнапиша ти (а и @Swatt со богатите и згодните) е реалност - живеат токму само исфрустрирани момци. Не се феминистите чувствителни и да се прават жртви, ова баш е вистинско претендирање да си жртва. Не ве мразиме, ви се чудиме на паметот и самодовербата со која се правите експерти за љубовни совети и машко-женски односи, а појма од животот си немате.
Ова е веќе претерано. Ни јас не се согласувам со волку контрола врз жената. Ако нема согласување на тоа каде тераат и двајцата, слободно се прекинува врска. Него дали си размислила некогаш како му е на мажот кога жена го вреѓа, тепа, срами, му зема се што има, му забранува да си ги види децата и не може ништо да направи, туку само да трпи и ќути?
Не треба со николку контрола врз жената да се согласуваш. И тоа што го видовме во претходните твои филозофии е доволно алармантно и одбивно. А кој ова го оправда? Семејно насилство е семејно насилство, злочин е кон кој и да е насочено, дали жена, дете или маж. Туку дали си свесен за реални статистики колку почеста е обратната ситуација, па затоа пишуваме за истата? Секако дека не, т.н. men's rights activists се скарани со такви работи.
Така еден тип ја прашувал моја другарка дали имала некакви психички проблеми зашто бившата негова имала ама он одма ѝ раскинал.
Јас не знам што се објаснувате со некој кој очигледно не сака да прифати дека не е во право и дека погрешно размислува. И што е најтрагично, тие таквите ќе најдат и жена каква што бараат, зашто има еден куп такви жени кои се потчинуваат на Богот кој се смилувал да ја ожени. Зашто колку и да се залагам јас лично за независност на жената и колку и да се трудам да ги опаметам моите другарки да не се правдаат пред никого, да се самостојни, независни итн. сè повеќе сум сведок на обратното. На контролирање, на манипулирање, на играње мајтап со неа и таквата жена ти не можеш да ја вразимуш. Не можеш зашто таа паѓа под влијание. И некогаш се прашувам дали жениве од форумов кои пишуваат за самостојност и рамноправност во врската навистина постојат или се некои роботи кои пишуваат такви работи а јас сум само уште една будала која чита и пишува?!
Ретки се тие податоци, не ги ни пријавуваат таквите случаи, затоа што живееме во расипано време каде што жената има предност пред мажот за било што. На кој маж би му верувале дека е силуван или тепан од страна на жена?
Оти да не му веруваме? Ќе му веруваме, исто колку и на жена. И не знам кај живејш, ама ако си во Маќедоња, жената ниту има предност, ниту ќе има во догледно време. Да му кажам на маж ми... Пошто 'глупиот' се ожени за мене, иако знаеше дека цел живот страдам од депресија и анксионзост
Така Је. Не дај боже да се прифати дека само сакаме рамноправност. НЕ, ние сакаме да сме пред мажот и ние да лупаме по маса и тачка.