Да, имаме. Големата љубов се преболува само со уште поголема така да keep trying! You are doing good.
Најверојатно затоа што веруваш во приказните дека има една и единствена, вистинска девојка за тебе, иако тоа е само мит.
Nekogas ne privlekuvaat raboti i nesta bez objasnuvanje... sigurno si ja gledal na razlicen nacin od drugite i obratno..
Јас ретко знам да започнам разговор, посебно ако некој не го познавам подолго, како да ми се блокира мозокот,но лесно се вклучувам и давам мислење и бла бла..сепак имам пиено кафе со дечко, и двајцата бевме срамежливи ама тоа не беше пречка за да продолжиме да се гледаме, едноставно не ни сметаше
Tuka si u pravo tocno taka.ili e kutar za zalenje ili.peder kako.so velis no.ajde dami.se neli ke.pocekame nie
Здраво, пак јас. И сега сум во прилично лоша ситуација, мат позиција и не знам како би продолжил понатака. Кажав дека имам некои необјасливи чувства кон една девојка што излегувавме. Таа не беше заинтересирана за мене. Карактерно не е лоша, ја разбирав. Пред некое време почнавме да комуницираме доста активно. Се зближивме, и таа ги разбуди уште повеќе чувствата во мене. Дојдовме во ситуација каде што и таа ми призна дека чувствува нешто кон мене но дека не сака сега ништо да почнува, но дека може да биде наскоро нешто. И понудив да излеземе да се видиме, чисто како пријател со пријател бидејќи не се имавме видено многу време. Таа прифати, но откако и двајцата споделивме дека имаме некакви чувства се оладивме, и малку се оддалечивме на чуден начин, комунициравме но некако чувствата ни беа на пауза. Велев дека можеби треба конечно да се откажам од тие чувства кон неа и да не се залажувам повеќе. Потоа, се случи нешто што не очекував, но се случи. Случајно се запознавме со друга девојка која не е од мојот град, преку пријателка, не се знаевме воопшто. Пријателката ми велеше дека е фино девојче и да не запознаела. И тогаш излеговме со нејзе. Се случи тоа што се случи, и отидовме предалеку. Наредниот ден, бившата ми пиша и ме праша до каде сме со излегувањето? Не знаев што да и одговорам, го одложив, не сакав на некој начин да ја повредам. Бившата ја познавам доволно, и знам дека кога ќе се обиде таа да повика на нешто е сериозна во тоа, но не сакам да ја повредам ниту девојката со која се запознавме (но нејзе не ја знам доволно). Чувствата кон бившата не ми поминаа иако се случија сиве овие работи, но не знам како да делувам, и дали конечно да се обидам со нешто ново. Иако ова ново би ми претставувало ризик, бидејќи не го познавам девојчето, не е од мојот град и нема често да се гледаме..А само еден ден порано да ми пишеше бившата, се ќе беше многу поразлично. Искрено не сакам да повредам никого, макар и да останам јас тој што ќе изгуби на крај. Дали вреди да верувам на некого што не го познавам доволно и дали вие како членови од понежниот пол би верувале на некого и би биле верни?
Со оглед на потенцирањетто верување и верност, пред се, треба да веруваш во твоите постапки и да си бидеш верен себе си, за да имаш можност да им веруваш и на другите. Верноста кон некоја личност и вербата во неа се комплексни теми за кои треба време, причина и цел. Тоа што не ти пишала бившата ден порано не е причина за да ја оправдаш постапката со девојката која не ја познаваш. За се се потребни двајца. Одлуката и одговорноста во конкретната ситуација се твои и треба да одлучиш како ќе постапиш понатаму. Колку некој ќе биде повреден во триаголникот зависи од личните очекувања. Дали јас како припадничка на понежниот пол би верувала некому? Доколку личноста ја запознаам добро и се пронајдам во повеќе животни аспекти, значи дека има во кого и во што да верувам. А за да се случи тоа треба обостран интерес и поврзаност втемелени на време и континуирана комуникација.
Па види сега од другата страна како е. Сум била доминантна во разговор (обично и ми е омилен дел), ама видов дека не функционира. Не ми прави ќејф кога ќе се "нападне" ова и ќе се додаде дека за женско личело само да мрднеш со главата горе-долу или лево-десно. И сега тука нема многу опции. Фокус на кариера или што и да е. Ептен треба да имаш среќа што се вика, па да си налеташ на нешто слично на себе. А среќа ко среќа, зависи кој ја има..
Чувствувам нешто кон едно девојче. Овие неколку дена чувствата емоциите само на незе ме тераат да мислам, кога ќе ми текне на незе се осеќам како во бајките како сон да сонувам и лебдам над облаци.. Можам да сакам и знам да сакам. Не сум "мангуп" и сл. едноставно како да сум машко од минатото шо ќе сака долго без некого да зафркнам оти срцево не ми дава. Со девојчето се знаеме еве веќе 4години. Карактерно е потешка, можеби е до менталитетот каде шо седи. Често пати бев напаѓан (со зборови) од незе за без причини како жртвено јагне се додека таа беше во врска со друг. После врската нападите престанаа почнавме да зборуваме онака за колку муабет да се отвори и ден денеска е така. Овај период ми работат чувствата за незе, не сум бил до сега во врска а таа беше. Сакам да превземам нешто, но мие страв пак да не бидам жртва а јас немам срце да возрвратам или на навредам човек и си викам да оставам како шое сега.. Ве молам за совет тие шо ме разбравте..
@Волшебникот Како си бил напаѓан? Објасни го овој дел подобро ако сакаш. Те навредуваше ли нешто или?
Да, навреди од отворен тип директ в лице додека беше таа во врска а јас немав ништо спрема незе ниту се обидов нешто, ништо од онака вреѓаше без причина, напоменувам се додека беше таа во врска .
Имаше причина за тоа? Не знам некој без причина да почне со навреди. Ако така ради реда те навредувала да знаеш дека уште полошо ќе биде кога ќе и' кажеш дека осеќаш нешто
И ти си ја трпел четири години. Ова ми звучи како платонска љубов. Ма да искрено чим ти е муабетот само онака „ради реда“ би ти препорачал да ти остане тоа и така со неа. Прво, те навредувала без било каква причина и поради тоа чисто од култура можеш да ѝ кажуваш здраво ако сакаш (јас лично би ја игнорирал целосно ама ова си е твое) и не смееш едноставно да дозволуваш секој да гази по твоето достоинство како да е тоа тепих за по дома. Таа те научила така и мисли дека може што сака да прави со тебе зошто немаш став. Заборави ја едноставно. Не вреди. Јас лично не би дозволил да имам некоја во близина која ме навредувала во минатото без било каква причина и особено зошто на госпоЖата така ѝ текнало. Ако има причина тоа е веќе друго. Ама ти си знаеш најубаво.
Епа чим е без причина тогаш нема што да бараш со неа. Веќе ти кажаа погоре. Ако ѝ признаеш нешто ќе биде само полошо. Не се ни обидела да се извини, претпоставувам, ама суетата тоа си прави. Ако ѝ признаеш само ќе ѝ покажеш уште повеќе дека може да те шутира како што ѝ душа сака. Покажи став.