Јас почитувам секоја активност што ја има, а и таа за моите, не беше тоа проблемот, а и воопшто немаше се додека нр инсисѕираше таа.
Поентата ми е дека најголем број врски пукаат токму поради вакви посесивни глупости од типот кај си последниве 4 минути, ти пишав а не ми врати.
Не ме игнорира за раскинвење, заедно живејме и сите работи , ама знајт да се внесит во работи шо ги прајт и заборават на околината. Така да неморат да значит дека е причина за раскинвење @Stark не се секирај
Претеруваш. Можеше на шала да и спомнеш: види го видеото кога ќе можеш, баш ме интересира што мислиш (зависно за што е видеото). А не, не ме игнорирај. Дрско, особено заради фактот што по цел ден пишува со тебе.
Еден совет за сите од мене без разлика машки женски. Никад не сум ги сакала оние моменти на флертување безвезно и неприродно. Зборете на теми, ако кликнете супер, ако не, никому ништо. Женските да престанат да мислат дека се лесни ако направат чекор. Мене искрено ми смета во живот секакво непотребно губење време и такво чекање да не испаднам лесна ми е губење време и кога би била машко не би сакала никој да ми го губи времето. Дирекно, ми се свиѓаш не ми се свиѓаш. И нема лутење. Не давајте срцепарателни коментари од тип, не те заслужува. Едноставно може не и/му се свиѓаш. Не значи дека е злобна личност. Не игнорирајте со цел повеќе да се загрее за вас. Недозреано. Бидете дирекни и искрени за се, како не ви е мука од филмови, мене ептен не ми се свиѓа тоа да погодувам што он мислел дали му се свиѓам или не. Врските се едноставни.
Секоја чест за коментаров. Ако мене ми се свиѓа некој јас ќе ревземам нешто, пример ќе му пишувам или сл. Ако видиш дека и после се не ти враќа не ти пишува е знак на незе/го не му се свиѓаш и те игнорира и повлечи се најпаметно за да не излезеш кабает после. МИ СЕ СВИЃАШ / НЕ МИ СЕ СВИЃАШ МЕ САКАШ / НЕ ТЕ САКАМ Треба да испука како пушка а не да се заобиколува, да не се враќа, seen и бла.
Не знам каде беше Америка мислам, истражување, колку мажите ги напаѓаат жените сексуално или не ги оставаат на мир само затоа што се одраснати со она *не се оѕткажувај, бори се за љубовта блабла* За машките - ако ти кажам дека не сакам ништо со тебе повлечи се За женските - немој да ги тестирате машките колку се спремни да се борат за вашата пресвета љубов со игнорирање и со одбивање, а ви се свиѓаат Знам дека сте читале прикаски као он се трудел па ја освоил, али искрено од такви сказни ми се повраќа, особено кога читам за некоја која била силувана пошо он мислел дека нејзе тоа и се свиѓа тоа што е тој нападен и презаљубен и се бори мушки за нејзината љубов. Да, го има тоа не се правете недостижни па после плачете за еднаквост и феминизам
Едно прашање до сите девојки да ми кажат мислење дали е во ред така да постапам. Повеке време веќе сум сингл после 4 годишна врска која мораше да се прекине бидејки немаше смисла да бидеме заедно, но тоа не е прашањето. Прашањето ми е имам 26 години моите другари и другарки што се дружевме некои се оженија/омажија некои се во странство и јас после оваа промашена врска ретко излегувам по дискотеки и слично тоа може еднаш во месец дена да се деси. Работам и доста сум комуникативен, но кога станува збор за женско, иако сум бил во врска исто се чуствувам како тинејџер и нз како да и пристам на некоја девојка, секако како што споменав ретко излегувам па ретко имам шанси да се додворувам и да почнам нова врска. Па Ве замолувам Ввас девојките да ми кажете кој начин е најдобар да пристапан на девојка. Исто така сега имам една дрвојка што ми се допаѓа, ја знам само на лик, но никаков контакт немам со неа, што мислите дали е добро да пишувам на ФБ и да почнам комуникација или да пишувам така е глупо, пошто досега ни еднаш не сум пишал тк на ФБ да замарам, мислам дека секогаш ке испаднам нападен и дека нема да ми врати ниш па не сакам да се засрамам.
мој совет да и пишеш на инстаграм прво почни со некое риплеј на стори па ќе видиш ако ти врати пиши му пак
Ниту едно девојче нема исмејувано нормален дечко кој пристапил културно, без улет сељачки фори и напнувања без осет. На вториве би им забранила пристап до интернет за да немаат простор каде да се брукаат, да одземаат туѓо време и да скокаат по нерви. Ако си од првите, пиши слободно на која сакаш. Ако е заинтересирана одма ќе се развие комуникацијата у позитивен правец без натегања, ако не ти врати на пораката, продолжи понатаму , ништо страшно. Среќно
Искрено ме зачуди што досега не си пишувал на Фејсбук. Обично на 10 во исто време пишуваат. Браво Пиши ѝ, не е воопшто глупо, а нема ни да се засрамиш ако не ти врати. Е нападен, некако многу често испаѓаат нападни, па ако треба помош околу тоа што да пишеш, побарај тука. А тоа за годините и дека сите другари се ожениле ич да не те загрижува, сé во свое време.
Кој не пробал, тој не успеал. Ако сакаш нешто крени се да го земеш, од небо ништо не паѓа. Зарем сакаш животот во каење да го поминеш? Ако те одбие те одбие, голема работа, ама можеби ќе прифати, можеби ќе биде тоа тоа, можеби не. Важно си живеел, не си чмаел од типот, шта би било кад би било.
Досега не сум пишувал на фб и стварно нз на кој начин да фо започнам разговорот да не сум нападен , што треба да се пишува како за прв пат, стварно иако сум бил во врска не сум мн искусен во тоа поле Како што пишав и на другата феминка погоре истото и тебе ке те прашам како за прв пат да се поставам пишувајки а да не сум нападен
Не дека има некој прирачник за ова, ама да кажеме дека прифатливо однесување на социјалните мрежи би било да ставаш по некој лајк повремено, не 120 одеднаш, направи reply на некое стори, во порака надоврзи се за некој пост исто така, или едноствна порака со здраво како си. Ако и се допаѓаш, дури и од едно "здраво" ќе се најдете на иста фрекфенција. Едит. Нападност би било да ставиш картаљон лајкови одеднаш, да спамаш со пораки нон стоп, да очекуваш да ти врати у истата секунда ако не да ставаш прашалници како неарен, прерани комплименти кои знаат да бидат и непристојни, неумесни прашања и сл.
Ме потсети на #bareMinimumTwitter Уау, не пишал никогаш на никоја на ФБ. Мислам, не е нешто за пофалба, најмалку не за поклон. Голема работа, искрено. Оти така фалење за ништо заслуги давате? Вас ве фали некој за без врска? Нека си мисли после дека е некој nice guy оти не замарал женски преку фб Туку, друго сакав на @martin555 да му се обратам. Научи се прво сам со себе да живееп, па после да бараш женска. Читам, само на лик на социјална мрежа ти се допаднала девојката. Значи не ја знаеш никако, не знаеш ни колку личи во живо на тоа што е на сликите, не знаеш какво и е понашањето и не знаеш дали би биле компатибилни на било кој начин. Ретко има ситуација ваква во која би и пишал, а да не излезеш како нападен. Клише муабети од типот "како сме денеска" ми се ужас, оти не знаеш како сум била вчера. Исто, "Кај излегуваш". Излегувам кај сакам. Сигурно не дремам на исто место секоја вечер чекајќи те тебе да ми се појавиш од некаде. Ако баш сакаш да се запознаеш со неа, обичен лаган разговор како што би правел и во живо, ако видиш дека е едностран откажи се. Не ја прашувај по 150 прашања ако од неа добиваш само кратка интеракција колку да е културна.
Напорни се со ФБ, најголем дел од запознавањата денес се таму, па затоа и најмногу ме нервира кога ми пиши мене и на моите 100 другарки, има слика со женска а пак ми пиши, женска му сум а пиши на други и слично. Да во право си, не ми текна, ама во секој случај ќе мисли дека е најс гај...