Ама и кажав јас зошто и дадов шанса и повеќе ја немам таа илузија. Таа тогаш ја отстранив ми се врати по шест месеци со писмо со поклон на мојот роденден, но јас ја откачив затоа што имав друга девојка и нема да го сторам нештото туку така, колку и да ми е драга личноста и сметам дека е за мене. И кажав дека ми беше многу криво, но сепак работите не може да се секогаш како што посакуваат. Значи да повторам ја одбив, а ми беше многу жал затоа што знам дека е емотивец.
@Stark Ко што има машки манипулатори така има и женски а она е класичен манипулатор. Кога ќе и' се присака те бара а ти наивен тука тупиш глава за чувства, голема љубов бла бла. Ако те сакала немала да ти раскине, така да имаш две опции. Или да продолжиш на ваков начин ама да исклучиш емоции и да биде само фак и чао или да прекинеш контакт со неа. Твој е изборот
Ама никој досеа не ми одговори што е тоа сакање освен еве да речеме физичките и емоционалните чувства. Пари?
То и го реков некни, јас се ебам барам по златарине ланче да ја изненадам, она размислува како сум и создавал притисоци и се фокусира на вакви работи.
И јас пред некоја година имав ситуација кога се гледав со еден дечко шо беше многу фин, се гледаше дека доста е затрескан у мене и со сериозни намери за врска, не беше нешто за онака, симпатичен доста, згоден, харизматичен, богат (пошо спомна пари, мене не ми се битни, но не е ни до тоа верувај). Неколку месеци имавме контакт, но некако ко да се форсирав, не осеќав нешто за да сум со него... Вака се беше океј кон мене, од надвор да си рече чоек кај го најде, ништо не му фали, но имаше нешто што ми смета во карактерот, мислам највеќе беше поради тоа што потценуваше други луѓе, сите биле испод него, само со некоја како мене ваква можел да иде, убава, од фамилија ко шо сакал он, мајка му дури ме одобрила, на телефон ми даваше да збори со мене, а ние на 2 дејт , сум му одговарала за ова она, другите му биле испод ниво него, пребирлив бил, не се дружел со секого... Може мислеше ќе влијае позитивно со тие муабети, па ќе се осеќам уау што ја имам честа да сум со него, но ја ко шо не осеќав и некоја хемија со него, ова беше врв да го откачам скроз. Имаше одбивност што ми ја создава кога правам муабет со него. Не знам, не беше се комплетно. Немавме клик, беше океј, но повеќе го доживував ко пријател, него ко партнер. Ја немаше таа искра. Требаше воопшто да не идам ни на прв дејт, дури ми беше криво шо било каква надеж му дадов. Моја грешка признавам. Некогаш не треба да фали нешто, само ја нема таа хемија и клик и тоа е се. А ден денес ме прашуваат другарки зошто сум пропуштила таков дечко. Одговорот е едноставен, немаше хемија, принц нека е, ако не е тоа тоа, џабе.
@Stark а можда сакасамо сигурен секс и тоа празнењата што ги спомнуваш додека да најде кандидат за врска?!
Епа ја прашав и тоа. И ми вика моментално си на 50%, каде ептен сакам да излегуваме и се да прајме со тебе, а другите 50% се ми создава алергија ко че сфатам каде оди оваа сериозност. И и велам каде оди? Ми вика сакаш да ме запросиш. И за лојалноста спомна моментално во тие останатите 50% можно е да и се допаднело некој друг со откај знам со 20-30% па којзнае што. И и велам не се читаш и размислуваш што пишуваш? Се потценуваш самата себе и декларираш како лесна девојка или дека јас сум заменлив?
Ама неа не ја осеќам како еве да излезам на дејт да речеме се запознавам со некоај девојка или да сме пишувале неколку месеци. Години се во прашање каде сме разговарале и растеле заедно. И отсекогаш го зборува муабетот дека јас сум личноста што ме посакувала отсекош и ќе ме посакувала.
Jas da sum stavam kraj pa ce gledam so koj ropak odi... Ne si dozvoluvaj da te gazi... Ima i za neze zamena
Лаже и манипулира. Веројатно знае дека секогаш може да те добие, па кога нема кого, тебе те бара. Или додека да најде друг. Гледаш дека цело време како и одговара така ти прави. Да те сакаше немаше така да се понаша и да си игра играчки. Те сакам, не те сакам, 50% вака, онака. Глупости. Знам дека ја сакаш и се тоа ама за твој мир повлечи си се од работава. Ќе ја преболиш и ќе направиш простор у животот за некоја што ќе те цени и ќе е сигурна дека сака со тебе да е.
Niz site tvoi postovi vrtish kon toa, pari, status, kako ti si ugnetuvan bla bla. Na nekoi devojki , kolku i da im se dopagjash, oj del od tvojot karakter kje im bide odbiven.
Можеби не е спремна за брак, а ти ја брзаш врската несвесно и со тоа ја притискаш на некој начин и тоа и смета... Ти кажав и прошлиот пат, најдобро е да прекинете и никаков контакт со неа...
Тоа беше од нејзина инцијатива, како и да е можеби требаше да го сторам тоа.... наместо да се инаетам и да стигнам до овој степен, каде преминувам да изгледа во посесивност ова моево.
Два или три пати го спомнав. Не знам, што би можело според тебе да биде, еве претпостави нешто, залепи, па ќе ти кажам.
Не е само два или три пати, дури и повеќе се. Секогаш те читам и се чудам. Вака, замисли се пет или десет години од денес каде сакаш да бидеш и дали сакаш да стоиш на истото место каде што си сега со години. Дали животот сакаш да ти помине во мисла за нејзините родители, неа и нејзините чуства кон тебе? Родители се во прашање, не другарки, цел живот ќе се гледа со нив. Таа веќе и ги одбрала нив, а не тебе. Што побрзо го прифатиш тоа, подобро за тебе и твојата иднина. Заслужуваш многу подобро. Исто замисли сега да имаш девојка покрај тебе што ќе те сака и почитува и нема да зборувате за пари, ниту пак на двајцата ќе ви биде битно тоа. Зарем не го сакаш тоа? Не го заслужуваш? Сакаш да патиш по неа до крај на живот?
Девојкава си игра како сака со тебе. Не те сака 100% , едноставно си и сејф плејс за секс и да те тормози со муабети коа неа ќе и текне, за тоа нејзе што и се збори. Те користи, не те сака, ти треба да го пресечеш се ова, да ставиш крај, да не го анализираш, и да тераш даље. Симпл ес дет.
Ама @Stark зошто упорно се оптеретуваш и анализираш кога не сака да биде со тебе? Мислиш дека нешто ќе се смени? Не те разбирам. Знам дека е тешко да се продолжи кога си заљубен, ама мене ми изгледа како да се надеваш дека ќе ја вратиш ако и го пружиш она што го бара, додека таа само те користи. Воопшто не си правиш услуга себеси со начинот на кој постапуваш, бидејќи кажи ми како ќе продолжиш напред и ќе ја заборавиш ако постојано контактираш и се гледаш со неа? Очигледно не и одговараш колку што мислиш, штом не сака да биде со тебе. Ќе имаш уште многу прилики во иднина, ама дај си шанса да ја заборавиш.
Извини, јас да сум на место ид девојката, не*бана ќе седам со години ако треба ама со тебе не. Напорен си, друже, олабај.