Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. TheBunny

    TheBunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    184
    "Испровоциран" од многуте побарани совети од девојките за гледишта од машка страна за ситуациите, се решив и една ваква конкретна тема да активирам зошто мислам дека е навистина потребна.
    Епа девојки во рамки на моите можности и знаења ви стојам на располагање(а се надевам и останатите машки членови на форумов ќе ми се придружат) за некои совети, предлози и размислувања (без разлика за што се работи) од машка гледна точка. ;) :)
     
    На WildMk, FKIC, eloves и 125 други им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.396
    Совети од МАШКА страна за сите девојки!!!

    Ајде добре ни дошол, кафе донесе ли како во домаќинска куќа кога се влегува за прв пат? :D

    Одговори ми те молам Зајко, дали машките навистина секогаш го мислат тоа што го кажуваат? Нема скриени намери, кодови, не биле толку комплицирани, кажаното значи само едно и тоа е.

    Мене упорно ме убедуваат дека се многу едноставно скроени, а јас мислам поинаку. Убедена сум дека исто како и жените и вие обожувате да играте ментални игрички, си кроите планови и понекогаш глумите лудило.
    Благодарам однапред на искрениот одговор што ќе го понудиш ;)
     
    На Dupka vo mozokot, acezmija, Sputnik ljubov и 9 други им се допаѓа ова.
  3. TheBunny

    TheBunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    184
    Совети од МАШКА страна за сите девојки!!!

    Добро ве нашол :) кафе ли е проблемот... за правење кафе сум експерт-под насока Nescafe :lol: ;)

    Зајко секогаш е искрен и како и секогаш ќе се обиде да им помогне на девојките и максимум да извлече од секоја ситуација.
    Драга Trendafilka, мислам дека не е секогаш така, машките да го кажат тоа што го мислат. Многу пати се случува нешто да кажеме а сосема друго да мислиме. Секогаш треба да се има во опција дека може некој да има скриени намери и баш токму затоа го прави тоа. Можеби тоа го правиме за да бидеме поблиски кон некоја девојка. Едноставно тоа може и да се каже е заведување во зависност од ситуацијата.
    Се согласувам со тебе за тоа дека сакаме ментални игри но НЕ СЕКОГАШ затоа што во тоа женските се поумешни, едноставно тоа им е во крвта што се вели. Многу е нормално тоа да се кројат планови... сепак тоа е и резултат на машкоста која ја носи секој од нас за да се биде сигурен за понатаму во иднината... пример повеќето кројат планови како да бидат поумешни во многу работи, поатрактивни или пак како да освојат некоја девојка. А за глумење лудило-ДА и тоа постои во машкиот свет... особено кога нешто не иде на наша страна или пак кога сме во незавидна состојба. Вака може многу генерализирам, но сметај на тоа дека секогаш постојат и исклучоци, и да не испадне дека сите ги ставам во иста кошничка напоменувам дека ова е мое размислување но не и мој начин на функционирање!
     
    На acezmija, littlethings, kike19 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. happygirl

    happygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.998
    Допаѓања:
    5.588
    Пол:
    Женски
    Совети од МАШКА страна за сите девојки!!!

    Се најде некој да отвори и ваква тема, :clap:
    Сакам да прашам зошто речиси секогаш мислите дека сте во право,а вушност не сте?Гордоста не ви дозволува да си признаете дека сте грешка или што е работата?
    И како така (понекогаш) умешно успевате да не убедите нас женските дека црното е бело ,а белото - црно?Поздрав и добредојде и од мене на форумот ;)
     
    На Starlič, acezmija, ADOKI и 2 други им се допаѓа ова.
  5. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    166
    Совети од МАШКА страна за сите девојки!!!

    Еве барам совет да ми дадеш.Со дечко ми мислам дека се оддалечив.Иста смена сме на школо.. јас сум со другарки таму,а тој со другари.Само заедно одиме на училиште и се враќаме.Прајме по 2 ,3 цигари,муабет итн за време од 30 мин ова.После ова си одиме дома јас си седам на нет,а тој со другари.
    Зошто не ме вика да сме заедно не ми е јасно?Не му е ни до секс дојдено........ :(
    Му се здосадив?Му реков да направиме пауза но не сака и се налути.
    А јас сум прашалници сета??? :?: :?: :?: :?: :?:
     
  6. TheBunny

    TheBunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    184
    Совети од МАШКА страна за сите девојки!!!

    happygirl, за тврдењето дека некој цело време е во право, едноставно е не возможно. Ако некој навистина сака да те има во својот живот ќе биде реален, ќе ги согледа своите грешки(во случајов ќе признае дека не е во право па колку и да било тоа поразително). Очигледно можеби си имала "можност" да бидеш во контакт со самобендисани и препотентни личности на кои нивно омилено мото е дека тие се СОВРШЕНИ а такво нешто не постои во ова денешно време. Некои едноставно го прават тоа и тврдат дека се во право цело време од пуста желба да бидат надредени и доминантни во односот спрема женските што во никој случај не го оправдувам(треба да постои еднаквост). Некои пак тоа го прават како изговор за тоа да ја префрлат вината на друга страна. Можните причини за таков однос се во голем број. Успевањето да се убеди некој како што велиш, црното да биде бело и обратно е резултат на големата попустливост и толерантност од женска страна се со цел и понатаму се да биде во ред(барем според мене). :!:

    srculka мислам дека малку ја имаш погрешено темава, во твојата ситуација се работи за конкретен случај и проблем, а таквите проблеми се предодредени за една дргуа тема на формов. Колку-толку ќе се обидам да ти дадам некој совет, се надевам дека нема да ми замериш.
    Самиот факт како што кажа дека не сака да бидете разделени на некое време мене ме асоцита дека не сака да те изгуби. Ако некое машко не сака да биде со тебе едноставно ќе ти го каже тоа или пак на кулурен начин ќе ти каже дека сака да бидете пријатели понатаму. Не верувам дека се работи за тоа дека си му здосадила, туку може да се работи моментално за состојба кога немате повеќе работи што би ве поврзале или пак да се пронајдете во нешто заедничко. За да се промени таквата ситуација обид се да внесеш некои новини во врската кои би биле интересни за тебе а и за типот. Пример ние машките сакаме да спортуваме - идете заедно рекреирајте се(на стаза, фитнес и сл.) Колку и да звучи лудо биди малку заинтересирана за работи што ги интересираат машките и дај му предлог тоа да го правите заедно(пример ако се работи за некој многу важен спортски натпревар дај му предлог заедно да го гледате, тоа би требало да побуди некоја заинтересираност и интрига која би му го привлекла вниманието а и ете причина и начин да бидете заедно). Што се однесува до сексуалниот живот: биди малку повеќе провокативна, закачај го кога сте заедно, отвори тема на разговор за тоа, изгледај неодоливо кога ќе се појавиш пред него, ако сакаш да го зголемиш неговиот интерес биди секогаш секси но во одредена количина, ни многу да се гледа тоа што треба :lol: -ни многу да се крие, тоа би требало да ја поттикне љубопитноста. Верувај тоа пали кај сите машки :) ;)
     
    На dsvitgrl•, Dona5, fashionbaby и 5 други им се допаѓа ова.
  7. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    Совети од МАШКА страна за сите девојки!!!

    Мене ме интересира дали навистина им е толку тешко на машките да не разберат нас, припадничките на понежниот пол, и зошто? Зар толку сме комплицирани? Имаше еден виц во овој контекст кој одеше вака...
    Некој човек фатил златно рипче, а ова се понудило да му исполни желба за да го пушти.
    Човекот рекол: Добро, еве сакам да направиш мост од тука до Австралија.
    Рипчето: Ама добар човеку, јас сум мало рипче и не можам толку големи желби да исполнам, побарај нешто пореално.
    Човекот: Добро добро, е па тогаш... ајде, објасни ми ги жените.
    Рипчето: А кажи ми, мостот сакаш со 5 или со 6 ленти да биде?
    :D
     
    На buttercup5, kike19, Peperutka-19 и 11 други им се допаѓа ова.
  8. guy

    guy Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Toa ne e kaj site mazi isto,OrdinaryGirl...site nie sme razlicni :)
     
    На acezmija му/ѝ се допаѓа ова.
  9. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.610
    Господине зајко,ајде кажи ми нешто за екстремно љубоморните машки,што ги предизвикува да се однесуваат така? :?:
     
    На acezmija, annnni и wild.child15 им се допаѓа ова.
  10. vesna23

    vesna23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2010
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    78
    Јас мислам дека мажите се покомплицирани од жените , без разлика со сум женско. Тие како прво и прво самите не знаат што сакаат , а камоли пак да не разберат :^) . Дефинитивно господин Зајко е некој исклучок од нив :) . Мажите сакаат ем да имаат некоја покрај себе , ем да си мотаат неколу околу себе и да им даваат лажна надеж ( е па извини дечко не се седе на два стола ). Тие бре брате си сакаат отворена врска па кога ке им притребаш тука се , се умилкуваат срце , мрце а после фала многу и пријатно . Не знам како кај другите ама мене ми изгледаат како равенка со повеке непознати па веке не се ни трудам да им најдам решение а и плус слаба сум во математика :lol:. Сепак ова е мое мислење ама мислам дека девојките ке се сложат со мене
     
    На Dejana25, Dupka vo mozokot, todeva02 и 32 други им се допаѓа ова.
  11. wild.child15

    wild.child15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    12
    И мене најмногу ме интересира ова.Посебно кога нема причина за љубомора.Јас знам дека сите ние сме различни и различно постапуваме во многу случаи, но има многу машки кои без никаква причина стануваат како да се опседнати.... екстремно љубоморни.
     
    На endlesslove му/ѝ се допаѓа ова.
  12. babe

    babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    4
    Најнапред Зајко добредојде на форумов. Баш ми е мило што му текна на некому да отвори ваква тема. А сега да те прашам она што ме мачи. Навистина не ми е јасно зошто некои машки се толку горделиви во врска со признавање на некоја грешка и дали толку им е тешко да признаат дека се каат заради некои работи иако сеуште чувствуваат нешто спрема одредена личност ? Незнам, можеби го сфаќаат тоа понижувачко да бидеш искрен некому или пак нешто друго размислуваат ... Дали повеќе би ја избрале гордоста (иако знаат дека со тоа би изгубиле многу работи) или пак би биле искрени ? Фала однапред :)
     
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.507
    Допаѓања:
    51.630
    Пол:
    Женски
    Зошто неможете да кажете што сакате, а не да вртите од страна? Па уште прашувате ние што мислиме и оп па да и јас така мислам . Како да ве сфатиме сериозно кога кажувате едно, а покажувате друго?
     
    На bacbac му/ѝ се допаѓа ова.
  14. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Женски
    зошто машките лажат упорно и кога знаат дека ја знаеме вистината? :^)
    и на отворени очи те прават слепа? :^)

    зборувам значи за машките кои се во долга врска :)



    и едно гооооолемо :clap: за темата ;)
     
    На Dejana25, I'MBadDadGirl, *KaTeTo* и 4 други им се допаѓа ова.
  15. popaj-maja

    popaj-maja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    15
    Изгледа Зајко е зафатен па не може да даде одговор па еве да му помогнам.
    Мое мислење за тоа што машките се љубоморни е тоа што ако он не добил се што очекувал од вас што имал замислено а вие тоа не сте успеале да го прочитате тоа и да му го удоволите тогаш стануваат љубоморни мислејки дека не ве освоиле 100% иако вие сте пружиле се од ваша страна и мислите дека сте го удоволиле.Тоа е еден фактор, Втор фактор е тоа што ако машкото освоило некоја девојка и е за него најубавата до сега од страв да не ја изгуби станува себично љубоморен на неа а не е свесен за последицата дека со тоа може да ја изгуби многу побрзо и третиот нај критичен начин на љубомора за мене е неиживеаност и што би кажале вие девојките СЕЉАК е за нив нема спас

    Мој совет а ваша грешка на девојките е тоа што ако машкото не е љубоморно вие мислите дека не ве сака или не сте му интересни се лажете и го тренирате сами си поставувате ситуации за да видите дали ке биде љубоморен по мене тоа е ужасна грешка значи типот едноставно не љубомори него живее со тоа дека на него му љубоморат на тоа што он е со вас и е многу поносен на тоа
     
    На Dejana25, Counter Girl, legallyblondee и 3 други им се допаѓа ова.
  16. TheBunny

    TheBunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    184
    Не очекував дека во волку краткок период ќе бидат побарани толку многу совети, а Зајко зошто е најнормална личност не е 24/7 online на форумот. Секогаш кога ќе можам ќе се обидам да ви дадам совет/мислење.
    Епа да почнам со ред:
    OrdinaryGirl точно е тоа дека е тешко да ве разбереме вас девојките за многу работи. Говорам за работи од карактерот зошто сте постапиле така и така во одредена ситуација, зошто сакате да водите разговори со скриени шифри кои самите знаете што значат, зошто давате сигнали за одредени ситуации но не се доволно јасни и слично. Многу по различно размислуваат машките за разлика од девојките. Пример да речеме од мое искуство кога некоја девојка ми каже дека и е досадно, мене тоа ме асоцира дека сака да направам да и биде забавно но на крај испаѓа дека не го мислела тоа и дека не знам што треба да кажам и како да постапам во таква ситуација. Обидете се да бидете поедноставни, попрактични и директни.... ако сакате да искочите(или пак без разлика за што се работи) со некого идете и кажете му го тоа директно без разлика за последиците... барем јас тоа го ценам а напротив ме иритира ако треба да дешифрирам некои постапки од спротивната страна затоа што се би можело да значи. А ако се работи за разбирање од секојдневни работи пример зошто не си можела да се видите и сл. тоа е веќе од субјективна природа. Тоа зависи од самата личност колкаво е неговото ниво на толеранција и разбирање.

    baguf4e и wild.child15 љубомората е резултат на несигурност и недоверба кај одредени личности за одредени ситуации. Многу е нормално да постои како таква во една врска но само во умерени количини. Мислам дека прво и основно е да му докажете на дело на партнерот дека навистина го сакате и верувате во него и дека не би се осмелиле да најдете негова замена. Кога тоа би го сториле и ако се работи за личност која ве сака и ве почитува сигурно ќе пронајде начин и да верува во вас дека нема да го изневерите. Екстремната љубомора може да е и резултат на ова денешно време кога во некои случаи девојките се тие кои ги надмудруваат машките и буквално им набиваат рогови пред сите а тој не го гледа. Може да се каже дека машките ја употребуваат љубомората како дефанизивен систем за да не дојде до такви ситуации а и како резултат на претходно лошо искуство со некоја друга девојка. Во главно љубомората(но во умерени количини) е корисна и навистина кажува дека нешто значите во неговиот живот и дека не сака да ве изгуби.

    babe некои ја претпочитаат гордоста како средство за да не го изгубат и она достоинство што им преостанало(ако веќе се во незавидна состојба). Некои ја имаат за да не бидат фатени и да признаат дека навистина погрешиле и таа им служи за надополнување на повреденото его и субјективитет без разлика за што се работи. Некои пак својата тврдоглавост ја искажуваат преку гордоста и никако не би преминале преку неа. Мој совет е доколку сакате некое машко да премине преку гордоста е да му дадете до знаење дека не ви е сеедно тоа што е така и дека нависитна сакате да се поправи моменталната ситуација. Во нормални околности кој и да е ќе го разбере тоа и едноставно ќе го поттикне да си ја признае својата грешка. Доколку го направите ова а нема повратен одговор од другата страна мислам дека понатаму нема што да се бара. Тој така си ја зацртал својата иднина и не гледа прогрес понатаму во тоа што вие сте го направиле претходно.

    marama кога веќе се работи за потврдување цело време на тоа вие што ќе го кажете се работи за личности кои можеби не сакаат да влезат во конфликт со вас стравувајќи дека нешто ќе погрешат. Не го одобрувам тоа затоа што сепак искреноста највеќе се цени и треба секој еден да има свој став за да се покаже дека е личност со карактер и свое гледиште за определена ситуација. Избегнувањето на конкретни и директни зборови е резултат само на стравување да не се каже нешто што не треба.

    2468 за лажењето не би знаел што точно да кажам. Се си зависи од личноста. Некој лаже за да прикрие нешто што не сакал и не требало да го стори а некои едноствно за да избегнат конфликт и долго објаснување за одредена постапка. Смета дека не се битни деталите за да ги знаете зошто нешто е така или вака.

    Ухххх... Зајко е малку заморен после волку пишување и размислување и затоа отиде да се освежи со порција зелка. Наскоро повторно со размислувања. Зајко ве сака сите :rofl: :*
     
    На Dejana25, Izabel95, DeepRed и 3 други им се допаѓа ова.
  17. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    4.048
    Пол:
    Женски
    Зајче
    Ќе може ли да добијам искрен одговор на прашањето :
    Дали флертот ви е неопходен за живот ?! :?: Затоа што искрено мене така ми изгледа :doh:
     
  18. TheBunny

    TheBunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    184
    Се разбира дека може :)
    Не би рекол дека ни е неопходен за живот туку како моментално испробување на сопствените способности дали се уште сме атрактивни, способни, и допадливи за да успееме да привлечеме женско внимание. На некои флертот им служи и за зајакнување на самодовербата и самоувереноста на машкото его:!: за односите спрема останатие девојки. Некои пак го применуваат забранетиот флерт за навистина да дознаат колку им значи вистинската девојка со која се постојано. Се сведува дека не е неопходен но е пожелен во машкиот свет ;) :)
     
  19. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.292
    Пол:
    Женски
    јас сакам да го прашам зајко ...дали момчињата сакаат девојчиња кои се слабии и имаат колкови т.е. ја имаат онаа песочна фигура или повеќе сакаат девојчиња со класична права фигура...
    смесно прашање али баш ме интересира...бидејки си имам големи комплески со колковите си ги мразам... :^)
     
    На acezmija и ovoj им се допаѓа ова.
  20. anu666ka

    anu666ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    9
    сите машки се различни,па така и различни девојки сакаат сигурно има и машки кои сакаат девојки со таква структура на тело и треба да се сакаш онаква каква што си па така и другите ке те сакаат :hai: тоа е мое женско мислење :)
     
    На blackangel, Vodolija89, TheCandy880 и 1 друга личност им се допаѓа ова.