сеа ај и ја да побарам совет од машка страна ама знам дека спас ми нема....се мував со еден 10 месеци, за тоа време бев луда по него, значи го сакав како никој до сега, само што тој пред неколку години бил во врска со некоја и зборуваа дека многу ја сакал ама го изневерила или незнам што никогаш не се осмелив да го прашам...и детево си има комплекси од тогаш, гази се пред него...јас искрено го сакав и сите ги одбивав, за мене беше само тој...ама сметаше дека сите се исти девојките и не му беше гајле за мене воопшто...знаев дека има и други, и си ме чуваше само ради занимација и више не издржав и му признав дека го сакам...прв пат на машко тоа да го кажам и од тогаш стана уште посуров со мене, по некое време прекина секаков контакт, се пикаше на другарките мои и збореше работи кои не ми се допаднаа баш...т.е. бев повредена до немај каде, а лоша страна е што неразмислувам 2 пати пред да направам нешто. ми се укажа шанса да го извисам и да го дотерам на памет, т.е му се јавивме со уште една и го натеравме да дојде да се видат.јас бев тука, тој не ме виде, чекаше и не му доаѓаше никој и после јас му се јавив и му кажав дека бев јас, за да му вратам го извисив и го направив будала, знам злобно е...беше бесен и знам дека ме мрази...како да го исправам ова? знам, сто пати си имам кажано дека не ме заслужува, но покрај се пак го сакам, и ако му се јавам знам дека пак ќе си поигра или ќе ме отфрли...како можам пак да бидам со него?
XXX666 mislam deka gresno se svativme Ne planiram da se vpustam u avantura,samo sakav da znam dali toa e taka. Inace toa "nevina" bese u stilot devojka koja seuste se nema muvano zatoa e u navodnice.
Maskite kako maski se smetaat sebesi za superioren pol (bez navreda ama taka e), dodeka nie zenite pak od druga strana pak si se smetame za superioren pol. Fala bogu deka sekoj sega ke si ja brani svojata strana, objektivnost nema tuka No spored mene edno masko nikako ne moze da funkcionira bez pretstavnik od ponezniot pol. Vistina e deka vie mazite ste kade kade pokomplicirani od nas, samo me interesira na sto se ste spozobni za da go dobiente ona sto go sakate, nezvisto sto e toa? [mod-kirilica:3uo2dgdm][/mod-kirilica:3uo2dgdm]
зајко ми се допага начинот на кој размислуваш..камо да се сите како тебе..ама тоа е така сите машки не се исти..некои обожаваат да ги искористуват девојчињата а тоа е денес во голем број,а некои пак ги разбираат..туку јас сакам да те прашам :зошто избирам секогаш погрешен?некој кој што сака само авантура неколку дена и потоа чаос..зошто се такви машките?
Бидејќи никаква етикета не им се лепи доколку ги менуваат почесто девојките, но сепак мислам дека машките коа ќе се заљубат, знаат да не сакаат и негуваат многу повеќе отколку ние нив. Јас лично не верувам многу во "оној вистинскиот", толку многу пати сум сакала, сум била разочарана мислејќи дека секој од нив е избраникот, па сум погрешила. Сега гледам само да не се внесувам многу, и врската да ми биде базирана на почит и доверба. Другото ако е пишано ќе си дојде само по себе..
Зајко и ја имам едно прашање за тебе Дали машко кога ти зборуват за иднината,како ке живеете,колку ке заработувате,дали ке ви бидат доволни за добар живот и др слични прашања вистина го мислат тоа и планира со тебе да оствари семејство? Се надевам дека ке ми одговориш.Поздрав
таква работа друго машко тешко дека може да ти одговори,затоа што од едноставна причина не го познава тој што го изјавил тоа Иначе ако е заљубен,да...го мисли тоа.
Еве јас сакам да побарам машко мислење конкретно за мојот проблем. Врската ми е долга но во последно време осеќам дека не ми обрнува доволно внимание, а очајно ми фали тоа внимание, почна да ме зема здраво за готово, он си се понаша најнормално и уште потреагично е тоа кога врската не е тоа што беше, секогаш јас се трудев да го решам секој проблем, да попуштам за се, да му удоволам и се беше супер, а на него не му текнува дека нешто не е во ред сега, дека ме запоставува. Друга работа е тоа што несакам ова да му го кажам во лице и да биде дека јас со сила му кажувам што треба да направи и дека воопшто треба да превземе нешто, сакам сам да го сфати тоа, му давам знаци, а тој не реагира не ги ни приметува, затоа што не одвоил 5 минути да размисли дали е се во ред. Ова трае веќе месец дена. Па кажете ми дали треба дирекно да му го кажам тоа и да разговорам со него, или некои индиректни знаци кои ќе му покажат дека треба да ми обрати повеќе внимание. Навистина веќе немам желба секогаш јас да се трудам.
Одма да ти кажам дека решение со машко можеш да најдеш ако му го кажеш ова фино лепо во очи со фин мирен и сталожен разговор.Да му објасниш каде чуствуваш недостаток и што ти смета.Верувам ако те сака ќе те свати.
Се извинувам до сите кои што од по одамна чекаа за одговор, но едноставно не е возможно се да се постигне. Еве накратко размислувања затоа што имаше премногу неодговорени прашања. dreamgirl прашањево ти е многу психолошко , а затоа што не сум психолог не знам да ти одговорам. Така си е тоа... што знам зошто, најверојатно само за фалба е работата. Victorya мислам дека се работи за недоверба и несигурност од негова страна во овој случај(вака пишувам затоа што претпоставувам се работи за врска, а ако не, истото сфати го како општо кажано ). Можно е и пројавување на одредена доза на љубомора и сомнеж за тоа дали сеуште си му верна како порано(доколку во последниот период се почесто излегуваш без него). Најверојатно можеби и некое твое (до сега) не видено однесување во определени ситуации довело до тоа да се намали неговата доверба во тебе и како резултат на сето тоа да се појави не целосното верување од негова страна. Ако меѓусебно се разбирате и почитувате, отворено разговарајте и обидете се заедно да ја надминете таа мала криза на неверување. x.Love.Girl.x види сега... кога ќе дојде веќе до тој момент и кога ќе ја осетиш обостраната “хемија“ со типот со кој сакаш да се смуваш, едноставно на никој не му е важно за тоа дали пред тоа си имала исто искуство или не(барем не би требало да биде важно-според мене. А и на никој не му пишува на чело дека нема искуство во бакнувањето). *Дозволи моментот да си го направи своето, биди максимално опуштена и самоуверена и едноставно дозоли нека иде само од себе. Немој да се постапиш како нешто што МОРА да биде и да се оптеретуваш КОГА ќе се случи тоа. Направи и чувствувај се за да тоа биде еден момент на кој долго ќе се сеќаваш *(ова го пишувам ако се уште не си имала прилика за твојот прв бакнеж ) teddygirl претходно имаше слично прашање(колку што можам да се сетам) баш од овој карактер. Малку повнимателно прочитај ги моите размислувања, би требало да го најдеш одговорот и да извлечеш нешто ако се пронаоѓаш во сето тоа. Во контекст на ова би рекол само дека најверојатно после долгиот период си ја согледал грешката и сега сака се повторно да започнете одново. Најверојатно е во потрага по втора шанса кај тебе. Можно е и да поминал преку својата гордост и е доволно храбар за да ги признае сите претходни грешки. wild-rose навистина е премногу сложена твојата ситуација . После се што си поминала и си била повредена а воедно и тој изигран мислам дека нема понатаму простор за нешто повеќе. Тој те повредил- ти си се одмаздила, ова највеќе ми наликува на детска игра(можеби и звучи сурово но барем според мене не си требала ти така да постапиш). Ако веќе можно е некако да се поправи сето тоа и ако воопшто гледаш можност и прилика да го сториш тоа-стори го во првата можна прилика ама на приземен и толерантен начин во кој ќе побараш се претходно да се заборави и од ново се да се започне. Еве и втора опција-понуди му ако ништо друго пријателски разговор и обиди се да го “омекнеш“ и да му дадеш дознаење дека не си сакала тоа да го направиш т.е. дека нешто било посилно од тебе за да така постапиш. Среќно понатаму, се надевам дека ќе успееш. Morrena се зависи од личноста т.е. ова е субјективно прашање. Ако си имала прилика да се сретнеш со личност која и самата е по природа тврдоглава и не толерантна, многу нормално дека и понатаму ќе си го тера тој инат секогаш затоа што од секогаш така функционирала. Не сум сигурен но мислам дека имаше слично прашање како е можно некој цело време да биде во право(провери на почетокот од темава, би требало да го најдеш) Radmiwce во зависност за што се работи и колку навистина го посакуваме тоа, толку зависи и на што сме подготвени за да по некоја цена да го добиеме тоа. Исто така и зависи од тоа дали во личноста постои борбен дух, и желба да се одговори на предизвиците. Лично мене ако ме прашуваш, ако нешто навистина силно сакам да биде дел од мене/мојот живот, не постои ништо што би ме разубедило(ако ништо друго барем) да се обидам да успеам. Тоа е тоа(барем сега за сега). На останатите прашања ќе се обидам наскоро да одговорам, мислам дека нема да замерите тие што сега не добивте одговор, но како што гледате, имаше премногу неодговорени прашања. И да се заблагодарам на Decibel и останатите кои се вклучија во размислувањата. Поздрав до сите!!
Морав да вратам во твој стил. А знаеш колку ми е гајле за твое мислење? Ич. И толку - крај, не враќам веќе на твоите провокации. п.с. Извинете за оффтопик, ама неможев а да не искоментирам.
eej зајко, ајде те молам кажи ми што значат тие ваши погледи. на пример си стоиш ти нормално си праиш муабет со некои другарки и одеднаш го здогледуваш едно момче како те гледа потојано, и од глава до пети дури. и потоа по некое време коа стои он пред тебе цело време се врти назад и те гледа.што би можело тоа да значи те молам за помош
Ова значи дека те проценува или народски кажано „те мерка“, на надворешен изглед секако, па ако и на тебе ти се допадне момчето, може да му пратиш некоја насмевка, за да го охрабриш да ти пријде. Ако не ти пријде тој можеби е премногу срамежлив, па може и ти да го направиш првиот чекор. Ако пак не ти се допадне а ти пријде, тогаш најдобро е да се запознаеш со него, и да му дадеш до знаење дека не си заинтересирана на културен начин како што доликува на вистинска девојка.
Јас ќе си прашам отворено апла оти ова ме мачи некое време Ајде вие машки овде да ми кажете, дали сакате стриптиз? Девојката да ви изведе стриптиз и дали ќе и се изнасмеете и буквално сакам се да знам Се се се ме интересира во моментот како би се чувствувале. Буквално!
Зајко еве јас пак да прашам нешто ... па може да слушнам и други машки мислења кои би сакале да дадат одговор ... Значи мене ме интересира од машка гледна точка, дали кога една врска ќе заврши, а прекинот е по вина и на двајцата, и после краток период тие да знаат дека сеуште има некои чувства меѓу нив, дали мислите дека после раскинувањето, таа врска би можела повторно да оживее, во смисла да оди кон подобро или пак воопшто нема надеж, зашто како што се вели дека „на веќе прочитаната книга и го знаеш крајот“. Би се навратиле ли на старата врска ако сеуште чувствувате нешто спрема неа а воедно на тој начин би се трудиле да ги надминете грешките и пречките од минатото ?? Се надевам дека ќе одговорите. Поздрав
нема зошто да и се изнасмееме,меѓутоа како и се и ова е индивидуално...од моја гледна точка можам да гледам како на нешто посебно што сака девојката да го напраи за мене. фул респект!
Aјде да прашам и јас нешто! Мажии помагајте!!! Вака мојот конкретен случај! Со дечкото се гледаме еднаш во неделата, под изговор дека повеќе ќе сме си недостигале така (мене ми одговара, ради обврски што имам многу..)! Секој ден ми праќа пораки, те сакам, ми недостигаш! Но има периоди, кога сакам да се гледаме повеќе од еднаш, и ќе му се јавам и тој секогаш ги користи изговорите како настинат сум, го испраќам роднината на аеродром (незнам само колку пати тој изговор го има користено, за сите негови баби, дедовци, другари)! Обично петок и сабота не смеам ни да се надевам за гледање, освен недела, понеделник или четврток! Исто така 100% сум дека секоја вечер кисне со неговото друштво во играчници! Е тоа мене се ми дојде преку глава од сите изговори и све, (овој разговор 100 пати го имаме водено, тој ќе вети,ама другиот ден пак по старо), и му се налутив и се изискаравме, зошто го викнав на едно место да се видиме, а тој демек ќе испраќал некој другар некаде,и демек не можел последната вечер да не е со тој другарот! Помина таа вечер, се искаравме, не ми се јави, помина другиот ден пак не ми се јави, ете го денеска ми пише како ништо да не било демек ајде да се видиме (секогаш вака прави, ќе се искараме, тој пак си тера кејф, и како ништо да не било)! И јас фино и лепо, го откачив демек ќе излегувам со друштво (така планирам да му направам и наредниот пат)! А тој ми врати..убаво да си поминеш! И како би го објасниле овој тип на човек според вас??? ..опортуниста,глумец...нез... И кажете некој совет како да се понашам со некој како овој???...пред некој ден барав совет за одмазда , ако имате некоја добра идеја кажете Фала однапред
Скарлет ми се чини дека некаде имаше пишувано дека на почетокот врската сте ја држеле во тајност? (извини ако грешам), па да не неговото однесување вакво бидејќи уште не е подготвен да ја изнесе врската онака во јавност како што треба, дали излегуваш со неговото друштво, дали ги знаеш какви луѓе се? Но штом имате разговарано за тоа повеќе да се гледате, а тој не ги почитува твоите желби, мене ми изгледа и како да несака да одвои повеќе време за тебе... не сум машко ама ако јас да си кажам. Немој да се трудиш ти ако тој несака да одвои повеќе време за тебе а за другарите да може во секое време...
Зошто машките секогаш мислат ако не нема неколку саата одма умот му иде "со друг е сега " барем кај мене е така а нема никакви знаци за тоа незнам а долго време сме заедно и пак неможе да верува и неможе 100 пати имам разговарано и тогаш е океј а после тоа иста прича ... можеби оти е на факлутет и сме разделени незнам еве кази ми како да го убедам да верува ?