па јас мислам дека може и некој/а да му наполнил главата со глупости пошто вакви за расипување на врската ги има на сите страни и тоа само од љубомора но сепак ти си го прашај дечкото зошто вака се однесува
Нормално дека девојка што ти се допаѓа и со која сакаш да имаш врска а која нема да биде само нешто пролазно да ја ставиш на тест или искушение... сега не тоа да бидат цели испити ама сепак колку толку треба да испиташ терен... а ако ти е чисто онака за забава тогаш нема потреба да губиш време на тестови... е сега за типот на тестовите зависи од машко до машко... на кој што му е битно кај девојката... А за сексот на прв состанок... многу лоша идеја... не е битно колку се знаете... секогаш ќе го копка дали истото си го направила претходно и со колку... мислам разбирам и хемија и желба и посакување и се... ама ваљда можеш да се воздржиш некое време... ок, во суштина нема машко што нема да помисли на тоа на првиот состанок, ама едно е да помислиш, друго е да го направиш... мислам, знам и случаеви каде што тоа се случило па сега се во брак дечкото и девојката, ама тоа се ретки случаеви... во суштина, ако машкото има навистина сериозни намери со тебе, нема воопшто да му пречи да почека... толку чекал, ќе почека уште малку... Постојат само две причини кога некој на мсн праќа само смајлиња... или е зафатен со нешто друго а не сака да ти рече ај друг пат ќе збориме, или оладил... трето нема... а што е од тие две најдобро ќе дознаеш ако прашаш...
Ќе замолам некое од машките да ми помогне,зошто стварно и незнаам што се случува. Имам(в) врска од год и 7 месеци, и знаете се беше ок.Јас до душа не ни излегував многу со другарките ама се случуваше некогаш да излезам.Е тогаш дечко ми почнуваше со неговите љубоморни испади.Е тој сега е на одмор во Бугарија, отиде без збор да му речам, и јас сношти сакав да излезам и да прошетам,си титкавме ама снемав батерија и му кажав.Е тогаш почна проблемот, почна да ми пишува демек како јас да не сум го сакала,не сум му кажала дека ке излезам, дека го изневерувам, ма верувајте се и сешто. Имавме односи пред да замине, ми рече дека сум била скината пред тоа да секако. Ми ги кажа најлошите работи.И на фб ми пишува ,дури и штета што је курва ја имат на ѕид ставено Незнам пишувам зато што мислам дека некој ќе ми каже,ќе ме посоветува што да направам.Ме навредува сето ова, и сета негова не доверба
јас ќе те посоветувам сега што да направиш....Примаверче УДРИ МУ ЈА КЛОЦАТА на идиотов, зашто он не заслужува вака ти да се однесуваш со тебе...Што ти е он на тебе? Татко? па ти вика дека неможеш да излезеш? Абе ајде !!!! Ја незнам како се осудувате вие да останете во врски во кои што ви викаат дека неможе да излезете....Љубов?Не бе злато тоа не е љубов !!! ТОА Е ПОСЕСИВНОСТ од негова страна...а љубовта и посесивноста се ДВА РАЗЛИЧНИ поими и немаат допирни точки...Значи он отишол сам на одмор а ти несмееш да излезеш? МА АЈДЕ ДАЈ МОЛИМ ТЕ !!! Што се замислува он дека е бе? Једини дечко на цела планета....Плус одозгора така да се понаша да ти кажува такви работи? Што си ти должна да го трпиш сето тоа а? НИШТО !!!! Затоа, ЌЕ МУ РАСКИНЕШ, зашто верувај ќе најдеш некој што ќе те почитува и со кој што ќе можеш да си излегуваш и со другарки без збор да ти рече...зашто овој мочково што се праи мачо мен - не е МАЖ, е он е едно пиче кое што начекал па удри сега колку што може повеќе, зашто мажите не праат вака....Е сеа ти ќе му покажеш дека имаш свое јас, и ќе му кажеш чао пријатно....Зашто во спротивно ВЕРУВАЈ дека работите само ќе се влошат, а после на тебе ќе ти е многу потешко....А он нема да се смени, тоа тврдам со што сакаш и печат ставам....Жалам што бев ваков дрзок, но тоа е реалноста и тоа е вестината примаверче....И што побрзо се тргнеш од него толку подобро !!!!!
1. Зошто не излегуваше многу со другарките? За да не го надразниш него? Нели? 2. Година ипол врска и ти сеуште не можеш да му докажеш дека си само негова? Сеуште нема доверба во тебе? Од искуство ти кажувам, таквите не се менуваат. Таквите само ќе ти ја пијат крвта со љубомора и посесивност додека можат. 3. Тој може да му ја летне за Бугарија на Черно МорЕ а ти не смееш да излезеш во град со френдките? И ти тоа го дозволуваш? Имаш ти трошка самопочит и чувство за сопствена вредност? Ај нема да претерам и да одговорам за тебе, одговори си сама, но искрено! 4. Љубоморен на претходни партнери? Ах пак таа класична машка болка, КАКО МОЖЕЛ НЕКОЈ ДА ВЛЕЗЕ ВО НЕА ПРЕД МЕНЕ?!?!?!. Тие мисли се отровни и за него и за тебе. И погоди што? Прво, тој нема никакво право да ти префрла за тоа! Второ, тој нема да го смени начинот на размислување! 5. Бидејќи има поголема несигурност од хормонална тинејџерка и помалку карактер од употребен тампон, тој ТЕ НАРЕКОЛ КУРВИЧКА пред сите на Фејс. Помалку навредливо ќе беше да те плукнеше во лице, најискрено. Е сега...погоди кој е мојот совет
Слично размислувам како и дружињата над мене, само во пократки црти: - Излези со другарките, забавувај се! - Никој нема право да те обвинува за животот пред него (дури и да си била скината, што има врска тој со тоа)! - Погрдни зборови сега, навреди и скандали утре! Спречи го тоа додека не е предоцна!
Се согласувам со се што ти напишаа дечките пред мене и ќе додадам две работи: Со таков имаш само два избора, или да почнеш да му удираш контра или да го оставиш. Ако почнеш да му контрираш и да покажуваш заби или ќе се корегира или ќе стане уште полошо ама веќе не губиш ништо. Сега си во пасивна позиција а он е во активна смени или да бидеш ти во активна или најмалку да бидете равноправни. Ако не бива се знае, раскин.
Јас имам прашање. Зошто уживате во тоа да продолжувате со психолошките игри со бивши,со некоја што знаете дека уште ве сака,со некоја што знаете дека ве свиѓа,а сте во врска со друга девојка? Знаете,оноа да јас сум откажан од тебе,но не и од тоа да си играм со твојот ум,да си ги видам границите на самиот себеси..Кое задоволство ви прави да им давате на жените секс у здрав мозок? Тој некој друг од другата страна има чувства,не е чевел да го пробате и ајт чао пријатно. Фала ви.
Можеби звучи нефер но баш затоа што можеме. Затоа што гледаме дека сеуште не свиѓа и се правиме мачо, се правиме шмекери, истовремено имам една во врска, а на друга и ги тресам колената како сакам, кога сакам. Ја гледам дека слаба на мене, и зошто да ја поштедам? Чувствата на тој од другата страна не се важни, бидејќи доста често и нашите чувства не биле важни, нели? Тоа е едно сценарио. Другото сценарио би било дека дечкото сеуште има чувства за бившата, а бидејќи и самиот не знае што сака, не е доволно одлучен и искрен кон себе и својата околина да раскине и да се обиде со бившата пак, нити пак да престане со неа секаков контакт. п.с. Ало, ова не беше во прво лице. Чисто онака колку да добиете појасна слика
Мистериоус- јас мислам дека тука станува збор за хранење на егото- едноставно сака да си докаже дека е толку “фатален“ па бившата сеуште е спремна да тргне со него ако тој така сака. Ова важи и за двете страни иако не го одобрувам- посебно не за долги врски кои завршиле болно.
Си слушнала за машкото его, еквивалент на женската горделивост? Опасни работи се тоа, пријателке, и не познаваат граници. А особено ако дечкото тоа го применува во случајов со бивша девојка, знае дека оди на „сигурно“, со личност на која некоја и’ значел и пред која не треба да се докажува, кај која лесно може да предизвика внатрешна „бура“, паралелно со тоа хранејќи си го егото.
Не си поставувај погрешни прашања, за да си го оправдаш во главата неговото демек враќање по било каков начин, дали позитивно демек можно е да има емоции сепак... да е искрен, се свестил.. му текнало на мене, или негативно за да ти стане одбивен и да можеш да опстоиш на своето „непотклекнувам па што сака нека биде!“. Го прават не само кога имаш ти емоции кон него, пак да мислиш си поигрува со тебе само бидејќи ти него се уште го сакаш, туку и кога немаш буквално никакви емоции, кога си продолжила со животот и ги шутираш буквално ко кучиња.... нив ги нема некое време дур соберат повторно сили да те проверат чат-пат жива ли си, мрдаш ли... можно ли е ова нашево да си продолжи кај што застаневме кога се сакавме, памтиш она време. Прашањето е ти колку ќе дозволиш, колку ти сакаш да го прави тоа тој. Пошто зависно од тоа, толку ќе ти е и тебе силата да го отераш кај што му е местото и да не се навраќаш на тоа. Има ситуации во кои распаднати долги врски се обновувале по некое време и продолжиле ко ништо да не било, успешно и среќно.. сега за делот, си живееја среќно и весело до крајот на животот (нема тоа). Ама успеале како и да е. Си го поминале периодот на повредување меѓусебно, изневерување (имам во друштвото таков пар) и си рекле ок сега одиме повторно се од почеток. Исто како што се најчести оние ситуации кога се враќаат демек на старото, ама гледаат дека еднаш скршена вазната не се лепи повеќе, па втората разделба е побучна и погрда од првата. (Тие и си мислат дека е возможно смирувањето, дека можете да успеете, дури и ќе те убеди во тоа ќе ти ја продадат цела приказна) И третата ситуација е таа што ти ја опишаа... си пуни само его, дојден да си искористи што може, колку се може повеќе.
Дали е од љубомора пренесувањето со брзина на светлината, на твојот дечко нормално, тоа дека ве виделе на кафе со другар, за кој знаат дека всушност ви е заеднички другар и на тебе и на твојот партнер? Или што е? Зборувам за машките алапачи, кои некако се повеќе ги има него женските
Со истражувањата .......... на Facebook открив Marriage is a relationship in which one person is always right and the other is the husband
Итно ми треба совет затоа како да се справам со ситуацијата во која се наоѓам,западнав во љубовен триаголник со мојот симпатија,и тој вели дека нема никакви планови спрема неа и дека не му е девојка туку онака се дружат,ние со него се гледаме тајно ,ми рече да оставиме работите да оставам работите да си течат самите,не знам ни јас како си дозволив да се доведам во оваа ситуација и многу ми е тешко затоа што си прекршив премногу правила кои си ги имамв поставено ,ние имавме и секс неговите почнувам да мислам дека само поради тоа е со мене , како да му кажам дека јас го сакам покрај себе на еден поинаков начин ,сакам да имам нормална врска ,не сакам да го изгубам иако сакам да се одлучи помеѓу мене и неа ,кога разговаравме на првиот состанок бевме излезени во друг град за да не зборуваат луѓево во нашиот град и мислам дека беше искрен со мене ми рече дека му се свиѓам и дека од мене бара да бидам само искрена спрема него но кој знае сега се сомневам во се,никој не знае за нас и многу ми е тешко
Мене ме интересира колку физичкиот изглед им е битен на машките за да бидат со една девојка? И дали повеќе сакаат девојката да се облекува секси и провокативно или обично? Зошто гледам дека кога ќе помине девојка во ненормално краток минич,маица со гол стомак и високи чизми (што според мене не е никаков стил,повеќе е уличарско облекување) сите воздивнуваат по неа.И дали би можеле да бидете во врска со девојка која била со пола град ?
јас би сакала машките од форумов да ми одговорат дали и тие се замараат со бившите на својата девојка кај нас женските и тоа како е присутно ова едноставно се опседнуваме е сеа ме интересира дали и кај вас е тоа така? дали знаете да го одмерите типот онака од глава до пети? и немојте да ми кажете дека тоа го прават само несигурните.
Мене ми е физичкиот изглед многу битен ама знам машки што не им е до толку, така да тоа секое машко различно ќе ти одговори па дури и разни типови девојки ни се свиѓаат. Значи едно универзално правило нема. Мене ми се Анџелина Џоли или Џесика Алба тотално непривлечни па има мажи што сонуваат за нив . Секси и провокативно да ама само додека не е е во врска, откога сме во врска ќе биде со мерка зашто едно е да имаш згодна девојка покрај себе а сосема друго секој сељак да и добацува што значи и одредена корекција у облекување ќе има . Не одам до детали ама си знае девојката како да се облече кога треба да привлече машко внимание со атрибутите кои ги има а како кога е веќе во врска и веќе не и е битно машкото внимание заради пуштање. Но во секој случај мора да се има стил. Врска со девојка што била со пола град ни под разно и тоа не толку од бројката туку сосема други работи би ми биле неприфатливи кај таква девојка. Единствено ако се сомневам дека сеуште го сака и не расчистила со стари чувства инаку ама ич не ми е битно кој е и каков е ако е минато. И колку и да мислиш нема врска со самодовербата има многу зашто ако сметам дека сум поспособен од нејзиниот бивши ама ич нема да му се замарам. А дека ќе го премерам од глава до пети тоа да, ама тоа го правам инстинктивно со секое машко . Нормално ако нон стоп ти го спомнува бившиот ќе ти иде на нерви ама тоа веќе нема врска со замарање од твоја страна .
Па вака,ми се допаѓа еден мој другар,но има еден проблем,една моја пријателка се има мувано со него..Дали би било глупаво од моја страна да се мувам со него ?! ...јас мислам да