Ми се свиѓа, ама има една слика со една женска каде што се на мотор и не сум сигурна дали е во врска. Сето другото е само тој. Ама валјда има.
@GirlLove Па може е, но и не мора да значи. Ако инаку ја постира постојано на сториња како да се пар или девојката му коментира, најверојатно е во врска. Ако е некоја постара слика, а тој не е некој кој е активен на социјални мрежи, може да биде и бивша во прашање или пак сестра пример. Денес барем колку толку лесно може да се провери, ако девојката е тагирана, да видиш кај неа на профил. Бидејќи и онака повеќето девојки претежно повеќе постираат
Јас би сакала барем една да имаме заедничка, а не цел албум. @Polyincognito, tagg ирана е, ама не можам слики да видам, за на Инстаграм зборувам. А на фб не можам да ги најдам двајцата... Нз ќе видиме.
Пошо не мора да се става приватниот живот на тацна. Лично, не сакам социјални мрежи, сакам приватност. Ја неам, дечко ми има, иако повеќе не ги користи, но не му се деактивирани, па нема ниту една слика со мене, пошо двајцата неќеме
Хаахахаах фала ама нема потреба. Според мене сасвим најнормално си е. Не е мерило воопшто тоа, као не те сака и поштува ако нема слики со тебе? Напротив. Барем кај нас е така. Ако ти се свиѓа, и ако имаш муда да му пишеш, во преносна смисла го кажав за храброста, тогаш воспостави комуникација, и сама ќе дознаеш.
Нема врска ова, некој едноставно не сака да споделува се на социјални мрежи.. Има луѓе со профилни слики со партнер и со заеднички профили што си дејтаат други.. И некој ако сака ќе најде начин нема врска дали има или нема слика на социјални мрежи, може да направи и друг ацц на кој ќе ве блокне вас и вашите познаници и ќе си има отворени можности..
Секој еден човек е различен, сигурно постојат и такви, ама не може сликата заедничка на социјални мрежи да ви е гаранција за верност...
Не. Секако дека не значи ништо. Ама овие што се активни, а немаат слики со партнер/ка јасно е зошто нема. Не дека е неверна личност, туку не се посветува целосно на врската, си вика да не пропуштам некој/а. Тие па се нешто сосема друго. Одвратни.