Може да е стапица. Нормален тип нема да ти бара да му праќаш ни нормални слики. Туку прво ќе сака да те запознае, па после ќе си ги гледате сликите од зачуваните албуми или оние од телефоните дур се гледате очи во очи. А, ненормален тип и нормални слики ќе ги измени со ВИ и ќе те стави на некој вебсајт кај што ќе гледаат други ненормални типови. Не ти треба таков.
Ако станува збор за допишување на далечина можно е дечкото да има таква навика кај што сака да разменува слики. Ако станува збор за допишување на далечина, тоа не значи дека е некој манијак ,зашто сте толку параноични ? Постојат машки кои сакаат да ја видат девојката за добро утро сабајле ,за добра ноќ така им е поинтересно и се чуствуваат поблиски на некој начин. Не мора да значи нешто лошо
Демек современото време не дозволува video call? Има милион Viber, What's up, Messenger, Instagram, Teams, Zoom. И од сите овие опции прати ми слика??
Не сум човек шо сака да поминува со партнерот на видео кол секој ден, а врската ни е на далечина, си праќаме слики. Видео колот еднаш у недела или еднаш во две недели.
Супер, но мене овој не ми е дечко , ниту се чуствувам убаво толку често да испраќам слики. Фала ви како и да е , дечкото не сака да продолжи комуникација со мене , изгледа сум му досадна од таа причина.
Ако ми е дечко веќе или се дејтаме/активно оди натаму работата да, не ми е проблем да му праќам, и не само од мене туку онака во денот што ми се случува. Нема да му праќам на некој рандом што ми пишува од некни. Има разлика. А и ако ѝ е незгодно на девојката да му праќа обично има причина зошто.
Ако НЕ САКАМ да праќам слики нема да праќам и да ми е дечко на далечина, зашто бе тоа да е услов? Не' секој сака да се слика толку често
Здраво. Ми треба совет. Запознав еден дечко, случајно се најдовме во исто друштво па човекот отвори 5-6 теми, меѓутоа јас бев фокусирана на друго и со него не бев комуникативна. Јас размислувам да го додадам човекот на социјални мрежи само поради фактот дека поради мојата некомуникативност не ме додава тој. Претходно јас имам додадено, меѓутоа сега сум во процес на развод веќе 5 месеци па се мислам дали е во ред поради тоа. Од бракот немам деца. Иначе двајцата сме 30+. Исто така ако го додадам се мислам што ако тој помисли дека ми де допаѓа, сакам да излезе дека онака сум го пронашла па сум го додала. Ве молам за совет.
Разводот што е во тек не е причина да си забрануваш нови познанства.Додај го зошто да не и ќе видиш како ќе се одвиваат работите.
Додај го, зошто да не. Само ако разговарате и се договорате за дејт, кажи му дека си во процес на развод.
Сосема фер си испаднала, не сакаш и точка, тој треба да го почитува тоа. Јас на пример не сакам да испраќам слики на некој кој не го познавам во живо и не ми е ништо, разбирам неколку слики да му испратам да ме види како изгледам, ама слики од секој ден НЕ. И видео кол исто не сакам. Тоа ми е веќе повеќе приватно.
Зошто машкиве се емоционално недостапни? Со тој истиот, му велам ми треба повеќе да се отвориш, и ми вели - тоа тебе ти е најважно? Ако тоа ти е најважно, а јас не ти одговарам, ќе прекинеме контакт во моментов.
Како женско и доволно возрасна сфатив дека социјалните мрежи, инфлуенсери, споредби со други личности и тие цитати “подобро сами отколку со погрешни личности” или “го чекам вистинскиот татко на моите деца” или “не сум за врска без обврска” или “не ги спуштам критериумите” ( во последно гледам видеа демек заработувам сама, вежбам, се хранам здраво па зошто би ги смалила критериумите- ова е најголемата глупост, како прво тие работи ги правиш за себе, а не за потенцијален партнер) ќе не остави сами засекогаш, животот, а посебно младоста во дваесетти и рани триесетти години е за истражување, да пробаш без страв, да не мислиш за тоа што ќе биде ако биде, да дозволиш да се заљубиш па да се повредиш еднаш, да правиш прв чекор макар и да бидеш одбиена… преку глава ми е од тоа демек не ми треба bare minimum сакам да сум принцеза, да ми купува цвеќиња и редовно да планира скапи вечери, епа дечки не е тоа реалноста, реалност е дека ќе бидеш со некој и треба да се прилагодиш, да не очекуваш бајка и да не брзаш, со еден збор да живееш во моментот наместо да го чекаш принцот на белиот коњ
И што сакаш да кажеш со ова? Дека треба да се прилагодиме и на минимумот што некој ни го нуди? Нема ништо подобро од тоа да си независна жена, да имаш се што ќе посакаш САМА, да зараборуваш доволно за да не ти треба баш никој што ќе ти ја тупи главата како се прави за тебе (а уствари ништо не прави плус, од тоа што е нормално). Од такви жени, што се им даваат на тацна на маживе, нема вистински мажи денес, и си имаат умислено дека ако ти купи цвеќе, или те однесе на вечера, направил бог знае што во животот за тебе. Ако јас можам денес се сама да си дозволам во животот, се сама да си имам што ќе посакам, зошто ми е маж што нема да ме почитува? Или нема да ми купи цвеќе што чини 200 денари? Овие работи се bare minimum! Никогаш своите граници да не си ги намалувате за на некој да му се допаднете, тој своите нека ги подобри за да стигне до вас. Ако не, значи не е за вас! И да, треба да се стремиме да бидеме такви жени, да се грижиме за себеси, да поставиме граници, и да не дозволиме да не бидеме почитувани и сакани.
Додај го де нема ништо лошо, едноставно за почеток бидете пријатели, веројатно е свесен дека сте седеле на иста маса и се познавате, така да додавањето не мора да биде со дополнително објаснување.