Па не знам може такви ти се погодиле, може не си проценила добро ? Вака мислам по муабет ќе се примети на кој какви му се намерите.
Па добро, мајка му стара... Не ми е јасно зошто некои машки, кои што се во врска/брак , адднуваат лајкаат, срцнуваат на Х личности кои немаат ништо заедничко? Особено провокативни фотографии. Не ви е доволна таа до вас? И после ние жените не сме знаеле што сакаме. Пффф, лиглиња едни... А, женската/жената ваша исто ко вас да си адднува рандом особи и да го прави истото? Ку*ва ќе ја наречете или одма ЕГОТО - мене не ми смета. Значи, мојот став е од еден, друг, трет лајк..оп инбокс..
Буквално истото си го помислив прееска и си викам дали јас халуцинирам или што се дешава? Ме аднува тип што буквално пред една недела правел свадба си пишал дури во дескрипшн… Не сфаќам зошто??
А ти зошто прифаќаш зафатени мажи и после ти смета оти ти лајкнувале или ти пишале ? Јас одма ги бришам. Второ, провокативни фотографии не се за на профил за секој да ти ги гледа па и да се "пали" на нив.
?????? Кој рече дека прифаќам??? Јас не прифаќам некој кој не познавам. Општо го поставив прашањето. Зошто вака од ракав, се мава одма заклучок??? Мажиии, каде сте со одговори...
Со коментариве звучиш како да си од оние жени што ако мажот ја изневери ќе и биде другата жена крива пошо се облакала провокативно а не мажот што не знае да си го држи у пантолони
Не мислев на тоа, туку мислам дека на провокативните слики не им е местото на профил каде што секој може да ги гледа. Невкусно е.
Зошто од ракав одговорот? Како може некој да ти лајкнува ако не ти е пријател или ти е заклучен профилот.
По грешка, во скролањето дури скролаш горе долу ќе ти подзакочи малку апликацијата и оп лајк се стегнал, а ти тераш даље и не си го ни заприметил лајкот
Уопште не е битно дали е заклучен или не, ако некој сака да те лајкне ќе најде начин. Може да се стави паблик пост или фотка и ете лајк од непознат. Мада не е ни важно, се додека не замара и не праќа непристојни фотки е океј.
Колку ги има и на заклучен профил лајкаат. Нив жена и деца не ги спречува, па сега проблем е дали профилот бил заклучен.
А зашто лајкот одма се третира како да би те ебел, ја вара жена му, вошки има и на таван спие? Па по таа логика, гарантирам дека 99% имате следачи на инстаграм што не ги знаете лично а ги следите/ве следат (ок, ако не ги следите, сте ги прифатиле да ве следат) По иста логика да идеме или?
Ете бе, може интересна профилна слика, интересен дескрипшн меѓудругото.. Сакам да кажам, не мора да значи дека сакам да ја легнам ако ја заследам.. или? И дур сме на тема, од која потреба се прифаќаат следачи додека сте во врски )