А зошто да не си стави некој/а провокатна фотографија? Одма менувате мислење за таа женска која си има ставено провокативни слики нели?! Дај бе бидете по модерни малку! Светот отиде напред, вие уште коментирате за провокативни фотографии, бог да чува.
И да има јавен профил, и сите слики да се провокативни, твојот дечко или маж или што и да е е крив ако ги лајкнува тие слики а дома има девојка/жена и деца. 21 век е , секоја жена или маж може какви слики сака да објави, секако апликациите имаат правила што е дозволено а што не. Кога ќе видам жена да хејта др жена затоа што дечко и/маж и и пишал или лајкнувал нејзини слики, ми се повраќа
Мене ова исто ми е као. Јас сум излезена со тебе, ти давам внимание и седиме на маса и вртиш глава на секој 5 мин и забележуваш дека - еј види оваа што убај ци*ки она, а оваа еј види гз, аи онаа бре какви стомачни има, јас ти зборувам, ти блееш ко теле.
Уште по трагично кога ќе слушнам некоја ЖЕНА да искоментира- Си го барала!?!?!? Абе кај сте да искоментирате види убава женска има тело има све алал да и е?! Или твојот дебил не е крив што се пушта туку жената е крива што има провокативни слики?!
Маж што има девојка, жена и/или деца, не треба да го занимаат провокативни фотографии, уствари не треба никаква жена да го занима и да му одвлече внимание, да пишува со неа, да лајкува слики, да ја заследува и сл. Ти и само ти како "маж" си виновен, тебе некој дома те чека, тебе некој ти верува...
А која е потребата да се стават слики со напрчен газ и цицки извадени пола на соц.мрежи? Вана би Моника Станојкова. И за мажите без маица исто важи. Да се покажат ли мускулите?
И јас не сум за такви слики. Ама и тие што им лајкуваат и коментираат, им даваат внимание, очигледно. Друга работа, од тие што се прават СВЕТИЦИ/ЦИ, а скришно пишуваат, имаат 3 профили скриени, 2 различни телефони, од тие нема полоши, и мажи и жени, барем со овие што се разголени на слики знаеш што да очекуваш, а со овие скриениве Господ на помош.
Затоа викам во некои случаи ќе ти кажат жената е крива што ставала такви слики, не, маж ти е крив што си го дига патлакот на други жени. Без разлика дали има некоја ставено слика со напрчен газ или разголени гради!
Исто. Се е сведено на голотија, филери, силикони,неверства. 21 век сме биле, и? Се ли треба да се нормализира?