Сите силиконки се исти, ко штанцани у фабрика. Кога ќе се видат у огледало се у чудење, која ли е женава.
Кој ни лајкнале,додале за пријател на фб или фоловнале на инстаграм се замаравме ко бевме по 18-19 години. Тогаш беше интересно а сега на 30+ воопшто не е битно. За "швалерај" треба да го бива човек да има способност. На таков не му треба да лајкнува,само дејствува. Пред да излезат социјалните мрежи имаше многу поќе курварлок неголи сега само тогаш немаше објавувања на социјални мрежи. Сега се се дознава за брзо.
Јас па мислам дека сеа уште поќе е развиено. Ја кидна темата. Прашуваме зошто покрај имањето партнерка, си чепкате по други профили, адднувате и лајкувате стори, мори или нз шо. Зборуваме за тотално непознати особи, а не другарки или блиска фамилија.
Aко некој сака да изневери ќе најде начин ,не му треба ни инста ни ништо. Ех и на фемина колку ги има такви а по коментари глуметаат поштени
Е аман па ти ко да не знаеш, за да има на што плус да дркаат и да се празнат, да плакнат очи, а може и да ебнат ако се пружи шанса Да има избор, па сеа, тоа е најбитно на крај на денот. Не се ич комплицирани, баш се простички.
А знаеш што ми е мене најјако? Што следат такви некои девојки и истовремено ги коментираат негативно дека не биле тие материјал за врска/брак, такви распуштеници со тело на изволте, вакви, онакви. Ама за плакнење очи добри се.
Имаше на тикток едно видео: Мажите кога зборат за жените: види ја оваа бапнала силикони, цела е вештачка, ништо нема природно, скапи работи купува, не ми се свиѓа и зборат погрдно за такви жени, е баш со такви изневеруваат. Зборат погрдно за нив, не затоа што не им се свиѓаат туку по дефолт таква жена е скапа жена, инвестира во себе и тие немаат доволно самодоверба, мислат дека жени што се high maintenance би ги одбиле, или пак не се финансиски сигурни за да бидат со таква жена. Е при првата прилика што ќе им се пружи да бидат со жена што инвестира во самата себе и се грижи за себе си, ќе бидат. Така да, ако слушнете маж да збори лошо за таква жена, најверојатно лајкнува слики на такви жени и би сакал да биде со таква жена.
Мажите сакаат да билдаат его и кога имаат партнер . А посебно ако му дава партнерот чувство на сигурност,тогаш те сфаќаат здраво за готово и не се плашат ќе те изгубат. Обично тие мажи што лакнуваат кога не се сингл немаат баш самодоверба. Јас така мислам
Сингл момци, 30тина год, лајкнуваат слики од 40+ жени, мажени, со се на изволте. Смешно е шо, не лајкнуваат кај шо има заедничка слика со мажот и. Додуша има и некои и тоа ќе го лајкнат. Сум сумарум точно кажа @Witchy-style И за ова се согласувам
Со намалвање на стандарди прајме глупи мажи среќни и си земат на сила дека се шо прат е ОК зошто однесувањето е наградено. Лошо однесување треба да е казнето, не наградено. Јас можам да ти кажам дека апсолутно бев спремна, и сум, да останам сама наместо да сум со грешен чоек покрај мене. И буквално то "пребирање" (барање основна почит, љубов, комуникација, а не партнерот да е тој кој ме мрази најмногу во животот или да ми е срам да го покажам ради некоја проблематична карактеристика негова) ме носи до партнер кој сакам да го покажам во јавност после 10 години и преку. Зошто заслужи. Треба да казнуваме лошо однесување и наградуваме добро. Јас се согласувам дека нема зошто да прифаќаме непознати на социјални мрежи зошто не се дејтинг сајт, но покрај тоа - ??? Не е крива членката ако некој женет не можи да си го држи во панталони. Не е одговорност на некоја која не го познава да му го чува бракот дур тој одбира да додава и лајкува слики. Така да нејзините прашања остануваат - зошто тој додава и лајкува и која е поентата? Оти е ропак ваљда. Нема потреба од дефокус за ликот и делото на личностите кои ги прати. Одлучи се. Користиш социјални мрежи како дејтинг сајт и од таму заследување и лајк = заинтересираност па од таму и прифаќање следачи додека си во врска е лошо, или користиш социјални мрежи за нивната вистинска намена па ништо не е толку дип, ни додавање луѓе, ни лајкови?
Читаш ли? Зошто лајкнуваат слики на кои мажените жени се со сè на изволте и се сами, а не со мажите? Тоа имплицира нечесна намера.
Не е. Пробуваме на машкиве да му влезиме во психа. Значи, тебе ти одговара да си лајкаш мажени жени со се на изволте. А, оти не и лајкаш на слика со мажот и, ко ќе е? Значи си трчаш по мажени жени. Добро, ЗОШТО? Има толку слободни, независни, цврсти жени што чекаат да бидат сакани и љубени. Првин, се закачате со мажени, дур не добиете ќотек од тој нејзиниот, па после сите криви. Не знам кај ви оди душата да имате интеракции со зафатени? Ај ти шо ќе помислиш за сингл девојче шо лајкнува женети мажи и сака интеракции со нив?
Во право е. Ако не им чини на жените ќе си ја ограничат приватноста на профилот и нема да дозволуваат се и сешто да ги заследува. Очигледно е тука дека на двајцата им одговара. Кое е тоа правило дека не можеш лајк да ставиш, а веќе си го прифатила да те следи. Као за што ти е таа личност?! Во случајов, на неа и годи вниманието и е незадоволна од она што го има дома. Затоа што да си исполнета, лајк од Трајко и Славко од некое Долно Дупени ќе ти биде целосен вишок. Јас не прифаќам никој што не го знам, задоволна сум од вниманието што го имам дома и сметам дека она што го имам изгледа многу подобро и вреди многу повеќе него 1000 лајка од непознати сељачана.