А што мисли имаш? Колку големи очи има? Хахахх @ArabellaStarfall несомнено се двете страни виновни.. Таа си бара внимание кое можеби тој не и го дава, а можеби и го дава ама не доволно, нема комуникација помеѓу нив, не разговараат. Можеби се е супер , ама таа си сака внимание и такви има карактери. Можи се во отворена врска. Којзнае.
Позната фаца ми има речено дека преферира да заследува назад личности кои ѝ оставаат нормални коментари поврзани со нејзината работа, не само лајкови и не лигави забелешки оти ѝ се кринџ. Како што секој човек има право да се осеќа пријатно, така има право да се осеќа и непријатно поради нечија постапка. Не е проблем самиот лајк (нема значење) , туку неговата примена (има значење). Ако сингл маж не сака да има ништо со зафатена жена, тогаш треба да ги лајка и сликите со нејзиниот партнер. Штом не го прави тоа е сомнителен. А, може и да ѝ направи проблем со партнерот ако е некој љубоморен. Тоа што таа има јавен профил не значи дека сака преголемо внимание на себе и дека е незадоволна од дома. Туку е можно да ѝ е јавен оти ѝ е поврзан со работата и не може да го направи приватен. Буре, ти можеби не си нечесен. Но, таа и нејзиниот партнер не можат да го знаат тоа. Заради тоа ти треба некогаш да си пресметаш колку е доста.
Не знам како вие го сваќате лајкот, ама на повеќето од нас скоро ништо не ни значи, едноставно ми се допаднала сликата, кој споделуваат убави моменти, достигнување исл со пријателите, зошто па да неможеме да лајкуваме на пријатели/ки, колеги/шки слики, не мора се да е сексуално боже. Ако ми се допаѓа некоја и сум ја додал со цел да контактирам ќе и пишам, премногу анализирате непотребно. Јас колку што знам уште од почеток на апликацииве има контрола корисникот да ограничи кој ги гледа и кој може да лајкува содржина, ако не ги сакаат едноствано може да ги избрише или блокира, мислам имаше иако ти е во пријатели можеш да селектираш на пример колеги од работа да не гледаат одредени слики. Така да не знам зошто ти е борбава.
Не знам зошто потенцираш позната личност, ко демек ако е позната е мудра. Сите заследуваат и сакаат да ги следат други само поради добивање на валидација за себе. Што практично значи дека имаат недоволно внимание или се длабоко несигурни. Тоа нема врска дали е познат некој или не. Лајкот има секогаш значење. Тоа значи дека ти се допаѓа тоа што го гледаш или го ставаш, за да добиеш назад. Просто е закон на социјалните мрежи и не е тоа некоја тајна. Ако е профилот поврзан со работата, што тогаш става приватен живот во својата работа?! Ти на работа одиш за да мамиш нечиви погледи или да работиш. Врска ти нема едно со друго како и секогаш, не за чудо ти треба chat gpt
Ставам лајк бидејќи ми се допаѓа сликата, а не дека сакам нешто да имам со неа, ти за тебе си кажувај какви мисли имаш, а не за другите.
Ај па и ти сега. Ставаш лајк затоа што сакаш да ја опнеш. Не ја знаеш, ама сликата ти го буди твоето уметничко око. Идејата е што и таа сака да се опне, ама не може, па пере душа преку света слика со маж и. Практично на исто ниво сте, само еднава глуми светиња али секако дека и годи целото внимание, иначе за таквото и потребало ти лајк да и стискаш.
Пак, мешаш. Ај убаво препочитај наназад, што сум пишала. Па добро, мајка му стара... Не ми е јасно зошто некои машки, кои што се во врска/брак , адднуваат лајкаат, срцнуваат на Х личности кои немаат ништо заедничко? Немам време да се преповторувам. @Burevesnik, сите имаме нечисти мисли, кога-тогаш. Само се обидуваме да ги оттргнеме. Јас не следам некој шо не познавам, нит па прифаќам некој што не сум го запознала ЛИЧНО. Доста се прај светец, ниту ти си, ниту јас.
Оти читам дека сите ги ставате во ист кош, дека ако стават на некоја лајк дека одма сака да имат нешто со неа.
Тоа со личноста е еден пример иако да, секој има преференци со кого сака да комуницира. Исто и за профилите. Секој има преференца. Некој сака да има посебен профил за блиските и посебен за јавноста и работата. Друг сака да користи еден профил за сите и за сè. НАПОМЕНА: Јас сама си ги пишувам мислењата за разлика од некои членки и членови кои од 2022ра навака цело време употребуваат ВИ. ВИ на форумов имам употребено само 3 пати од кои 2 пати во темата за ChatGPT и тоа очигледно кога со членки споредувавме какви различни одговори ни има дадено на исто прашање. Третиот пат беше за линк во друга тема. Секој понатамошен обид за сајбер булинг и потсмев кон мене може да резултира со правни последици за членките, членовите и Михајло и неговата фирма!
Какви правни проблеми? Самата знаеш дека ништо не можеш и ништо нема да направиш. Форумот ти е и како социјалните мрежи. Ако не сакаш да се соочиш со други мислења, просто нема да пишуваш. И социјалните мрежи, ако не сакаш разни мажи лајк да ти ставаат, нема да прифаќаш се и сешто и ќе си го направиш профилот приватен. Но, сакаш да си во право, а не сакаш некој контра да ти иде, како и таа, сака да ја гледаат, ама глуми мажена.
Лајк мајк ставам и на мажени и на разведени и на тие шо швалерисват и така натаму. Дали била со мажите,швалер или нејзини деца ако ми и е ок сликата ставам лајк. Ако имам потреба од нешто да прашам и слично ќе прашам. А има доста такви поштено мажени шо сакаат нешто од страна ама вратат доколку како демек јас сум мажена ама сум отворена за нешто плус. Ги имам такви и зато го пишам ова ама ќе речам само едно,тешко на децата со такви родители. Ако некоја несака мањаци можи да си го напрај профилот приватен или воопшто да не враќа на пораки. А тие женетите шо сакаат да шврљаат на страна само можат да си го држат враце и да пишат пораки и да си играат мајтапи со нив. Такви ги има многу. ..
Јас да ви дадам еден совет повеќе да шетате надвор во паркови, што се вели трева да допирате, а да поминувате помалку време пред екран. Ќе имате помалку време и желба да се замарате со глупости како кој на кого ставил лајк.
Абе вие вашиот живот го средивте бонбона, па сеа есап водите на машките, кој ставале лајкови, пишувале биле женети, абе што ве заболе к*р кој на кого ставил лајк, пишал, абе ако не ми одговара има едно свето КОПЧЕ БЛОК, јас го имам искористено над 80 пати, завршувам во мили секунда со ликови кој се небитни за мене, не постојат во мојот живот, ни ке постојат.Гледајте си го својот живот, и да ве боли тамбурчето за другите, секој си го живее животот како сака.