Aко е некоја блиска и со која имаш секојдневен контакт, би било глупаво и неморално. Во спротивно, како што за неа можеби било само „разонода“, така и за тебе може да биде, ништо страшно и сериозно. Барем во мој личен случај, не се заморувам, а и да го споменува во некои контексти (се' додека тоа не е претерано), тоа го гледам како мотив и причина плус да се докажам пред девојката, дека можам да сум подобар во се' од него. Секако дека е многу важен физичкиот изглед. Колку и да си одговараме карактерно со девојките, доколку ја нема онаа физичка привлечност и хемија, џабе. И обично сакаме провокативно и сексапилно да се облекуваат девојките, но да има граница и на тоа, односно кога сме сами дома, може да се колку сака сексапилни, но во јавност сепак бараме одредена граница, да не делува како да е „лесна“ и да сака да е центар на внимание. А за второто прашање, секако дека не. Ако има некоја друга освен тебе, или тргни се настрана, или директно кажи му го ова што ни го пиша нас и него, односно дека не сакаш да те дели со уште некоја, и дека сакаш да си негова, но и единствена. Во спротивно, „бегај“ пријателке, зашто како што и самата рече, уште сега се сомневаш во дечкото, а замисли да сте во врска, кога и чувствата ќе бидат се' посилни, па тек тогаш колку ќе ти е тешко и ќе се двоумиш околу најмалите ситници...
Имам еден проблем .. Вака сега имам 16 год ,а веќе пред неколку недели имав односи со дечко ми .Одиме веќе 2 години и ми има докажано на многу начини дека стварно ме сака .. тоа ми беше еден од најубавите моменти со него .. но незнам дали погрешив бидејќи имам 16 год ,а тој ми е прв,досека не сум идела со никој ..Дали навистина погрешив ?!
Јас стварно не сфакам што е работава. Се договривме да се видиме пак,ама никако да се договориме кога.Он ќе пише демек ај,ова она ама никако не пишува кога,а го гледаш надвор искочен. Едит : Дали више да не чекам на него и да го прошам јас што,како? Само нејќам да испадне дека напињам.
Пиши му и биди директна, прашај го кога и дали планира да се видите. Не напнуваш, само бараш да си го одржи зборот, односно нова средба со тебе. Извини на изразов, но знаеш како велат: после е*ење нема каење. Така што ете, се случило тоа, плус се случило со дечко кој велиш дека ти докажал дека те сака и одиш долго со него, епа сега уживај во тој момент. Било - поминало, независно колку години имаш и дали ти е прв...
Ми требааа машко размислувањеее!!!! Вака..Имам дечко 2 години,тој има 20 јас 18..Многу се боревме за нашата врска,поточно да го прифатат моите,и тој не се откажуваше никогаш..Многу е романтичен,стално ми прави некои изненадувања..Низ овие две години имаме поминато низ се,скоро..и ниеднач не прекинавме..Секогаш решаваме со убаво,со зборење.. Но дојде време,бидеќи тој има нешто проблем,мора да замине..Отсутен ке е можеби 6 месеци,можеби 1 година,а највеќе може 3.. Знам се за него,и за ова правевме муабет,тој сака да останам со него,да му бидам подршка..А сака и да одам таму со него..Но по некое време,а до тогаш ке се слушаме по skype.. Ме интересира,дали стварно е искрен? Бидејќи знам дека машките не сакаат да се врзуваат..тој може да си најде друга таму..Дали стварно така размислуваат машките?Ај ве молам,да се стави некој на негово место, и да ми каже искрено мислење,како тој би постапил.. Однапред ви благодараам..
Ти најубаво треба да знаеш дали е искрен, го „проучуваш“ веќе добри 2 години. А тоа дека машките не сакаат да се врзуваат и можат да најдат друга, ќе ми речеш дека истото не важи за женските? Ајде, да не почнуваме со толку „омилената“ тема на машко-женска генерализација. Врска на далечина како и секоја друга, пријателке; ќе треба многу психички да се посветите на неа, зашто физички нема да сте заедно. Не смее да има никакви испади на љубомора, и ќе треба да сте подготвени на долги разговори, компромиси и разбирања, со цел да ја одржите. Нормално дека е одржлива, далеку си од безнадежна ситуација, и со труд и желба можете да постигнете чуда. Среќно!
Ако не би сакал да се врзе со тебе зошто би сакал да се врзе со некоја друга од таму? Тој ти бара поддрша и ти треба да му ја дадеш ако го сакаш искрено и ако сметаш дека вреди за тоа. Ејј дури и те вика таму со него... а тоа би требало да ти значи многу. наместо да се оптоваруваш со такви мислење дека штом стапне во друга држава ќе те вара и ќе најде некоја од таму обиди се да го сфатиш и поддржиш, зар не би го барала ти истото кога би морала ти да заминеш некаде?
Пред мене добро те советуваа, во секој случај пробајте како ќе оди. Инаку има луѓе кои толку силно се заљубуваат што никаква далечина не ги мрда од љубовта и кои можат да го издржат физичкото неприсуство на партнерот но има и такви кои не можат и психички ќе паднат и ќе раскинат. Јас можам и повеќе години да чекам ако сметам е девојката ТАА што сакам да биде со мене а каква категорија сте ти и дечко ти можете само вие да знаете. Инаку ако те сака со срце и душа нема да те вара . Денес е многу олеснето со скајп и камера и можете секој ден да се слушате и гледате што многу помага а плус ти рекол да дојдеш кај него, значи надеж имате и никако не се откажувај однапред. Има ретки случаи каде двајца издржале 4 годишна разделба додека едниот студира во странство па после тоа пак останале заедно така да пробајте . Во секој случај ќе биде едно искушение ама ако сте еден за друг ќе го пребродите .
Јас не сум машко али ќе ти одговорам, ќе ми дозволите нели, да не се мачам да отварам лажен машки профил Додека сте заедно често, не можете да замислите ниту еден ден еден без друг а не пак 6 месеци, година или три...И тогаш паѓаат оние зборови-Дојди со мене, како ќе издржам без тебе и сл...Сигурна сум дека се искрени-кажани во тој момент, но остави го да замине...остави нека поминат неколку месеци, па види како ќе се одвиваат работите... Немој да се сомневаш во неговите зборови-штом те викнал со него сигурно озбилно мисли, но немој ни да ги земаш здраво за готово...Чуствата се менуваат, поради далечина често знаат и да избледат...Остави на времето, тоа ќе покаже...
ми треба машко мислење. дали е точно(во поголем број на случаи) дека кога на машко ке му дојде време за женење си бараат помлада девојка (пр.машкото ако е 28-29,сака помлада жена од 20 -21)па и затоа голем број од врските што се по 5-6 или повеке години завршуваат со раскинување, а машките си факаат некоја мала и по 2 месеци оп свадба и сите години пагаат во вода
Не сум машко, ама постот ти вришти од генерализација и нема шанси да добиеш објективен одговор на ова, верувај- затоа што нема закон кој вели дека машките го прават тоа, туку се зависи од самата инвидува и кои се неговите причини за прекин. Еве пример: Ако врската завршила не е затоа што некој стасал за женење па бара помлада, туку едноставно настанала презаситеност и не се оженил со девојката “оти нема смисла, толку време оделе“ туку испаднал фер и прекинал на време, за да не стапи во брак во кој не е сигурен и е ради комшиите А тоа дека се жени после неколку месеци исто не можеме да кажеме зошто е тоа така, од причина што може да е страшно заљубен гледа дека тоа е тоа- девојката е ТАА што ја чекал цел живот , можеби претходно траела таа врска ама не била љубовна, можеби сфатил дека “сега е моментот за брак“ итн.
од каде ова пак сега? ако ме прашаш мене баш таа врска со 10 години разлика нема да успее...јас лично преферирам до 2 години максимум разлика или постара !!!!! шо ќе разговарам со некоја што е 9 години помлада бе? ја ќе и кажувам проблеми а она ќе ми вика наставничката денес ова ми го рече? ... иначе еве ти причина зашто 29 годишен дечко би идел со некоја 20 годишна - младо пи.е
и јас го мислам истото дека нема да успее но повекето машки сакаат помлади ( и тоа ногу помалди девојки) незнам што наогаат во нив?изгледа нивните децки мислења и муабети им се интересни kako може за 5 -6 год. да не свати дека таа не е за него а по 1 месец или 2 врска свака дека ја наога вистинската??неможес човек да го доволно запознаеш за 2 год а камоли за 2 месеци па дури да се одлучиш за брак.
Епа тогаш префрли се во темата љубовни проблеми и кажи го конкретниот- а вака правиш генерализација која што не е точна. А одговор на твоето прашање немам, а верувам немаат и машките кои што го прават овој чекор- тоа е ствар на привлечност, а некогаш не` удира нешто во глава и си викаш ова е тоа и решаваш да се жениш- а некогаш не ни мислиш бре, ти пука филм и го правиш , или едноставно со години се полниш со фрустрации, си викаш ајде нема смисла да прекинеме а се повеќе ти смета нешто кај партнерот- правиш скрши-залепи, и одеднаш доаѓа некоја која е олицетворение на се` она што си барал цел живот, ја гледаш и знаеш дека таа е вистинската и решаваш да ја прекинеш врската од навика- веќе не ти е гајле на околината, и за ништо друго. Тоа е тоа, според мене И извини, ама не можев да одолеам- деТски е, не деЦки
да, ги удира во глава па потоа ги удира во глава и развод и швалерки бидејки небила таа личност што оќекувале да биде
секогаш сум против раскинување по долгогодишна врска заради некоја си таму лигушка која е "секако" помлада и поубава и ајде ке ги фрлиме во вода сите год заедно
Колку само не е точно тоа дека си го губиме времето со некоја што ни е генерација па потоа раскинуваме и зимаме помала ха ха ха ептен смешно е...ама стварно е ахахах... кај мене вака си е, ако некоја ми се допадне не гледам на години може да е постара или пак помала, битна е хемијата не годините плус замисли се малце и одговори ми на ова сакамте, зашто би одел со некоја 5 год, би ја упознал убаво и се се се за на крај да и раскинам и да земам некоја помала на која што не и ги знам маните, доблестите итн итн итн
Сакамте, тебе очигледно ти пречи оваа појава зашто си ја осетила на своја кожа. Јас лично, не гледам ништо страшно во тоа.Бил 10 години со една, веројатно последните две-три биле на конец, човекот конечно се ослободил, се пуштил во лов и забава и си нашол девојка која му одговара.Дали е вистинската за него времето ќе покаже, ама има и тоа како право и да се ожени со неа ако му е нему убаво.Кратките врски многу често прераснуваат во убав брак. Тоа, ако се погоди да е 20-21 годишна, исто не ми е страшно во случајов, зашто женските зреат побрзо, така што горе-доле со зрелоста и размислувањата се исти.Освен тоа, денес на 21 година многу девојки и дипломираат и работат и се зрели и способни.
тоа ти се вика борба за опстанок...кај сите нас владее тој инстинкт и кога доаѓа нешто навидум подобро од тоа што сме го имале, автоматски го одбираме зашто нели е подобро, бидејќи на еден начин тоа е алфата во случјов...
можеби затоа што ви досадило па сакате нешто ново,па затоа ги фрлате сите год заедно(знам многу случаи такви)иако не вреди за една авантура или затоа што некоја друга ви го прави повеке кефот да се остави се зад себе