Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.304
    Допаѓања:
    42.690
    Пол:
    Женски
    Се чудат зошто има и мрзеливи девојки и жени.
    А има и такви мажи што чекаат се на готово и им е тешко да вклучат машина за перење алишта или чекаат од мама да им стави тањир на маса.

    Ги има и во 2026.
     
    На Gosh, eliesaab, Purpleheart и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Alex31

    Alex31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Што мислите за мажи кои блокираат или бришат девојки од Instagram и слични социјални мрежи само затоа што девојката не одговорила на порака во следните 2–3 часа?

    Толку ли станавме нестрпливи или едноставно ни е повредено егото ако некој не ни врати во некое наше „очекувано“ време?

    Мене лично ми е малку чудно, особено кога станува збор за луѓе 35+, кои имаат работа, обврски, приватен живот и едноставно не можат постојано да бидат достапни на телефон.

    Баш ме интересираат искуствата и мислењата на другите членови на форумот. Дали ваквата реакција ви е ок?

    Го поставив прашањето во оваа тема, зашто ме интересира машко мислење. Може ние жените некаде гледаме поинаку.
     
  3. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    4.067
    Допаѓања:
    44.998
    Пол:
    Женски
    Ајде ја од женска перспектива ќе кажам дека без оглед на возраста, ваљда се несигурни во себе, со его до плафон, па со цел не бидат откачени и им се повреди светото его брзаат тие да прекинат контакт.

    А често реалност е дека ако стварно си заинтересиран ќе бараш начини, ако не си само изговори.
    Имаше некоја членка ставено слика што ме бендиса баш.
    Screenshot_20260828_113041_Instagram.jpg
     
    На Mumoftwo30, MiloMalo и bicycle им се допаѓа ова.
  4. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.304
    Допаѓања:
    42.690
    Пол:
    Женски
    Дечко ми некогаш кога е на работа ми враќа и по 2 часа или ќе ме остави на seen и одговара кога е во можност, иако и двајцата имаме различни смени.
    Јас лично немам проблем со тоа.
    Проблем настанува кога е слободен, дреме на интернет и враќа по 2 - 3 часа.

    Мислам дека тука се работи за нетрпение, несигурност, сомнежи и дека немаш време за нив иако знае дека си на работа па се лути за џабе.
    Е сега, мене лично ќе ми пречи доколку партнерот смета дека треба да одговорам у време кога тој сака а јас не можам.

    Детски е да блокираш, наместо да го решиш тој проблем како возрасен, зрел човек.
    Ниту па не може да очекуваме од некој 24/7 дс биде достапен.
     
    На Mumoftwo30 и emiliana им се допаѓа ова.
  5. Alex31

    Alex31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Се согласувам 100% со напишаното. И мислам како минат години така и филтрирам луѓе на кои им одговара мое друштво или не.

    Причината да го поставам прашањето е дека скоро запознав дечко на социјални мрежи и си пишавме, во меѓувреме јас бев на службен пат во друг град во МКД, и додека стигнав дома и одговорив видов дека веќе сум блокирана, стануваше збор за некои 4-5 саати отсуство.
    Дали бил заинтересиран или не , не знам немавме некоја прилика поубаво да се запознаеме, ама сфатив дека трпението и егото кај голем дел од нас е многу кратко, и ако добијам инстант третман ок си ми , ако не следува block и ignore
     
    Последна измена: 9 септември 2026
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.493
    Допаѓања:
    11.007
    И подобро што те блокирал за толку кратко време, не си изгубила драгоцено време да видиш каков е некој недоносен. Мани му црта и не се оптеретувај дали и зошто те избришал!
     
    На Mumoftwo30, Panda00, MiloMalo и 3 други им се допаѓа ова.
  7. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    4.067
    Допаѓања:
    44.998
    Пол:
    Женски
    Услуга ти направил верувај и ич не се мисли зошто и како за некој недозреан.
     
    На Mumoftwo30 и Alex31 им се допаѓа ова.
  8. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    818
    Пол:
    Машки
    Звучи како да ти се допаѓал, пиши му дека било недоразбирање, можеби ќе ти врати
     
  9. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    2.407
    Пол:
    Женски
    Несигурен во себе тежок комплекс на тоа ме потсеќа. Плус ако има 35+ уште бетер. Не ти треба таков само драми ќе ти прави ќе има испади зошто очигледно тежок комплексаш.
     
    На Mumoftwo30 и Alex31 им се допаѓа ова.
  10. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    4.116
    Допаѓања:
    15.722
    Пол:
    Машки
    Чоек страв да го фати од ваквите постапки на возрасни луѓе… :worried:

    Тука станува збор или за нестабилна личност или за личност во врска/брак па блокирал за да не биде откриен… трето нема.

    Би ти препорачал да не се преокупираш, you dodged a bullet.
     
    На Mumoftwo30 и Alex31 им се допаѓа ова.
  11. Alex31

    Alex31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. Не се замарам, ама раскинав пред некое време долга врска, и имам проблем со запознавање нови луѓе, се некои незаинтресирани или провидни ликови,
    Каде запознавате квалитетни луѓе т.е некој што не бара само мување и провод?
     
  12. ThePharmacist

    ThePharmacist Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    976
    Пол:
    Машки
    Секаде можеш да запознаеш нов лик. На излегување, на планина, на вежбање, дури и на форум. Важно е да имате заеднички интереси и да нема его до плафон од двете страни. На 30+ нема што да се решава спор со името( решен е?. За почеток доволно е да се има разбирање за потребите на партнерот и да се угоди колку што се може. Натака се гради цигла по цигла.
     
    На Mumoftwo30, Milaaaaaaaaaa, Simon4e0507 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    151
    А јас случајно се запознав со еден дечко и буквално уште од првиот дејт муабет,хемија, исти ставови,манири...буквално се што ми е битно иако на прва физички не беше баш мој тип. Отидов спонтано без никакви очекувања ама успеа да ми влезе под кожа, имав чувство дека се знаеме одамна и бев толку позитивна и опуштена со него. И работите пребрзо се случуваа и беа преинтензивни и баш кога стануваше најубаво типот исчезна. Ајде мислев проблеми на работа ми се пожали реков ќе му дадам простор не го напињам ама буквално пропадна у земја а претходно пишуваше нонстоп. Немам намера да го бркам зашто ме остави на сеен, ама ме остави со прашалници. Барем да си кажеше отворено како возрасна особа.
     
  14. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    1.904
    Пол:
    Женски
    Си го добил тоа што го сакал :|
     
  15. Lunadeeztac

    Lunadeeztac Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2019
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Ве замолувам за совет од вас, машките. Секако, секој друг совет и од женски е добредојден, ама особено ме интересира совет од машките.

    Се работи за следново: Во август наполнив 25. Досега не сум била во врска и се' уште сум немала секс. Сум имала прилично многу опции од средно па досега. Никогаш сум немала проблем со машко внимание, баш напротив - имам чувство дека секогаш сум добивала внимание и имало, да речам, редовно машки што биле заинтересирани. Јас сум била таа што одбивала, most of the time. Е сега откако наполнив 25, почнав да доживувам некоја криза и да се запрашувам зашто уствари досега сум немала никој и дојдов до различни заклучоци. И не, не се работи за тоа дека немам интерес за секс. Мислам дека ако ги земам на куп сите причини се тоа што дел од мене се плашел досега, можеби дел од мене бил и emotionally unavailable и имал страв од интимност. Имав и еден период каде што стварно сакав да ја чекам таа некоја си посебна личност со која што ќе го направам тоа, ама сфаќам дека можеби таа посебна личност ќе ја запознаам малце покасно во мојот живот. Значи дел можеби е и идеализирање и имање нереални очекувања и плус јас генерално отсекогаш сум била личност со високи стандарди. Long story short, се работи за тоа што од Август па наваму откако наполнив 25, јас искусувам само интрузивни мисли до степен на суицидални мисли. Среќа работам со психолог и не планирам ништо сериозно да си направам, ама мислите што ги имам ме болат, затоа што кружат околу срам и страв од тоа што машките ќе мислат за мене и што ако ме осудат и одбијат. Проблемот е исто што мојот мозок и мојата анксиозност не живеат во сегашноста туку во хипотетички ситуации на пример ''shit, што ако до 30 вака останам или уште полошо, до 35 или 40 и тек тогаш никој нема да ме сака и ќе ме гледаат како red flag''. И нормално тука веќе ја губам контролата, иако сум сигурна дека ова е само bullshit сценарио на мојот мозок. И опсесивно читав на редит од вакви луѓе да видам каков фидбек добиваат.

    Најискрено ве замолувам за ваш совет и како вие ја гледате оваа ситуација. Дали е red flag на оваа или било која возраст? Многу сум исплашена од тоа да бидам осудена и што ќе помислат за мене. Како што кажав, совет е добредојден од секој.

    П.С. Се извинувам за долгиот пост, но сакав да дадам повеќе детали, а не само да прашам дали е ова red flag или не. И да, ако тука не припаѓа постот, слободно може да биде преместен таму каде што припаѓа.
     
  16. dasd

    dasd Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    9
    дефинитивно не е редфлег и олабави со притисокот кој си го правиш себе со тоа, барај си личност која ти одговара интелектуално и емоционално а сексот сам ќе си дојде
     
  17. Lunadeeztac

    Lunadeeztac Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2019
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Сметам дека не е во ред да ми кажеш да олабавам со притисокот, затоа што иако доаѓа од мене, сепак е прилично јака анксиозност и се работи за срам и подлабоки емоции. Би ценела малку повеќе емпатија, затоа што објаснив погоре и дадов повеќе детали за ситуацијата. Ама ќе го препишам тоа на екранот меѓу нас и на фактот дека лесно е да се интерпретираат одредени одговори погрешно.
     
  18. dasd

    dasd Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    9
    Сега прочита и перципираше во негативна смисла, ај сега повторно прочитај ми го одговорот кој ти го дадов ама во позитивен контекст.
     
    На Stark и Gosh им се допаѓа ова.
  19. Lunadeeztac

    Lunadeeztac Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2019
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Затоа реков ќе го препишам тоа на екранот меѓу нас и на погрешна интерпретација :)
     
    На dasd му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dek0

    Dek0 Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2026
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    Немам некој совет да ти кажам, само сакам да надоврзам дека и јас сум во истиот чамец само што истите мисли кај мене започнаја на 28 години, си бев лабав до тогаш и сега почна од внатре да ме јадат истите ама буквално истите мисли. Дури почнав да земам антидепресиви на најниска доза за наводно да гледам попозитивно на работиве ама до сега и не гледам баш некоја позитивна страна, барем за мене.
    За женско не знам зошто да би се сметало како red flag. Те разбирам потполно ама според мене подобро така, отколку да имаш еден куп партнери менувано.
    Од машка страна, не мислам дека некој би ти судел за тоа, всушност мислам дека сосем спротивното ќе се случи.

    Кратко кажано, нема зошто да е red flag, освем тоа што ти самата си го правиш, но за машките е друга приказна. Шта се тиче мени, кога пишував пред неколку месеци сличен пост, бев осудуван премногу, поготово во приватни пораки и има доста луѓе што не веруваа на мојата ситоација (јер машко, 30 години без интима), па и искрено тоа еве ќе кажам ми направи поголема анксиозност во реален живот јер ако анонимно слободно искажаја луѓето мислење, во живо пола (ако не и сите) што би ја знаеле мојава ситоација, би ме гледале накосо. Едноставно кренав раце.

    Мој краток совет е да не навлегуваш во дискусии на редит (па и на форумов) за тоа бидејќи и да добиеш валидација дека се ќе е океј, се додека не се случни нешто, пак мозокот ќе те напаѓа, и не пробај да мислиш и компулсивно да ги раниш веќе лошите мисли со повеќе лоши мислења и искуства од интернетот.
     
    На eliesaab и Lunadeeztac им се допаѓа ова.