Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. neno0o

    neno0o Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    2.373
    Пол:
    Машки
    @Lunadeeztac

    Ќе го поделам мислењето бидејќи сметам дека има неколку работи кои те плашат.
    Немање врска, е чудно, поготово ако си имала толку прилики (веројатно некој од тие ти се допаднал). Нема потреба да бегаш од тоа, едноставно е, остануваш во врска додека се осеќаш убаво. Како ќе познаеш заљубеност од симпатија ако не ги искусиш?
    Немање секс, не е воопшто ред флег, го правиш тоа тогаш кога си спремна, без притисок и без големи очекувања.
    Притисокот од годините, млада си, 25 не се многу, но и сама си свесна дека треба да дадеш шанса некому. Ослободи се полека и пуштај луѓе во својот круг. Сигурно дел ќе бидат идиоти, ама па и затоа постои "фала многу, пријатно".
    Биди си своја.
     
  2. Lunadeeztac

    Lunadeeztac Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    Хаха интересно како кога го читав ова од моја перспектива, стварно не гледам зашто некој би те гледал накосо. Има многу причини за некој да заврши во ваква ситуација, а ситуацијата не е воопшто страшна. Немаш болест, туку немаш искуство во одредена област. Anyway, како и да е, да, во право си. Повеќе не навлагам во дискусии ниту ќе постирам нешто онлајн затоа што тоа олеснување што некој странец ќе ми го даде никогаш нема да престане се' додека јас сама на себе не си дадам одобрение.

    Сфаќам што сакаш да кажеш со тоа дека јас сум женско, па за мене нема да биде red flag, иако надвор од границите на МК и во поширокиот свет, ова е прифатено и луѓето гледаат МНОГУ поотворено. Да, секогаш ќе има за жал луѓе што не можеле понатаму со својот мајндсет да мрднат и ќе го сметаат тоа за чудно, таквите сегде ќе има. На крајот од денот, све се сведува на тоа како ти се осеќаш во врска со ова прашање и како го презентираш (совет што треба сама пред се' да почнам да го практикувам lol). И на таа што стварно ќе и' се свиѓаш и не е заглавена во 18ти век, нема да прави проблем. Сепак, разбирам тотално низ што си поминал и би ти препорачала да поработиш со психолог. Сепак помага (ама не било кој хаха).
     
  3. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    4.176
    Допаѓања:
    53.446
    @Lunadeeztac Не знам, по одговориве и како комуницираш на темава со луѓе кои не те нападнаа нит осудија или исмеваа, ќе да си сама оти си арогантна и си увек у жртва стање, никој ништо не смее да ти каже, све ти знаеш али па бараш помош на рандом форум од рандом луѓе...

    И не, ова не е совет него ли критика.
     
    Последна измена: 23 септември 2026
    На Adidas888, Cutiepie1 и Medea. им се допаѓа ова.
  4. Lunadeeztac

    Lunadeeztac Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    Имам впечаток дека прилично многу испроектира на мене во моментов. Тоа е твое мислење и твоја перцепција за мене. Ти посакувам сеʼ најдобро :)
     
    На Michel.Mar2, Trexane, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Lunadeeztac

    Lunadeeztac Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    Да, имало луѓе на коишто од денешна перспектива можеби сум требала шанса да им дадам, ама затоа и пишав од друга страна дека можно е повеќе причини да имало за тоа што сум ги одбивала. И јас сметам дека треба да почнам барем малку повеќе луѓе да пуштам внатре и да видам што ќе се случи. Ти благодарам на советот :)
     
  6. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    2.522
    Пол:
    Женски
    Мене повеќе ми звучи ко да си сакаш да слушнеш тоа што ти одговара а не совет.
     
    На Adidas888, Gosh и KiT им се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.690
    Допаѓања:
    47.421
    Пол:
    Женски
    Една од опциите е дека стравот од осуда те кочи да бидеш со некого и цело време одбиваш па се задржуваш во истиот круг.
    Дали машките кои ти се пуштаат ти се познаници, рандом мажи, на дејтинг апликации...? Затоа што дали повеќе се плашиш од осудата на некој кој ти се допаѓа и се знаете или некој кој е тотално непознат.
    Мислам дека треба да си олесниш и да го тргнеш овој товар од себе со тоа што ќе почнеш да се гледаш со некој за кој немаш огромни чувства и ќе имаш секс.
     
    На Michel.Mar2, Mumoftwo30 и Lunadeeztac им се допаѓа ова.
  8. Lunadeeztac

    Lunadeeztac Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. Тоа е тоа што ме кочи - осудата. На тоа планирам исто со психолошката да работам.

    И да, може и тоа е опција за почеток :wasntme: ти благодарам на советот!
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.690
    Допаѓања:
    47.421
    Пол:
    Женски
    Посебна личност - не постои. Мислам, постојат посебни личности ама не секогаш завршуваме со нив, не испаѓа сѐ позитивно, некогаш и они ќе те повредат... ме сфаќаш. :D
    Ама во контекст на сексот, влијанието од нашето општество е тоа коа наложува дека првиот пат треба да е со некој "посебен" и после тоа го интернализираме. Океј, не викам дека треба да имаме постојано секс без емоции(што и тоа е до некаде штетно), ама во некои ситуации како на пример во твојата, такво опуштање би ти помогнало, зашто прво нема да се замараш толку многу дали ќе бидеш осудувана, а второ, од кај знаеш, може ќе прерасне во нешто посериозно. Како и да е, не ти велам да имаш секс со првиот кој ќе дојде колку да се каже, ама ако е добра прилика не се премислувај и не размислувај дали што и како, едноставно симни го товарот и остави малку да немаш контрола врз секоја ситуација. :)
     
    На neno0o, Dek0, KiT и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Lunadeeztac

    Lunadeeztac Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    Да да, те сфаќам што сакаш да кажеш. Искрено не знам дали тоа стварно беше моја желба да ја чекам таа си некоја посебна личност или несвесно сум интернализирала. И да, и таков човек може да те разочара. Затоа и сама си реков дека може е и идеализирање. Прилично сум свесна за ова. Ама добро е кога и некој друг ќе те потсети дека дури и таа посебна личност може да те разочара хаха.

    Имав таква можност уствари (тоа што го опиша) ама не ја искористив најверојатно затоа што или не бев спремна, или сметав дека сме мн различни или потсвесно уште ја чекав таа посебна личност. Сеʼ и сешто може да биде. Ваљда и затоа ја доживувам цела оваа криза затоа што пробувам сама себе да се сфатам. Како и да е, sorry за целиот пост, сакав само да објаснам. Да, првиот пат дефинитивно не мора да биде посебен и океј е да биде со некој со којшто нема многу притисок. Фала ти уште еднаш - го ценам советот :)
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. dev08

    dev08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Со други зборови, и кажа "Оди искурвај се". Nice.
    Советот јас што ќе ти го дадам @Lunadeeztac е да се отвориш повеќе за запознавање, допишување, дејт со некој за кој што сметаш дека треба да му дадеш шанса и да не брзаш да имаш секс, колку да имаш секс. Товарот можеш да го трнеш и на тој начин, па потоа отом потом ќе размислуваш и за другото. И сама спомна дека немаш проблем со внимание, па овој чекор не би требало да биде тежок. Крај краева, зошто првиот пат да не биде со вистинскиот? Нормален дечко со здраво размислување нема да има никаков проблем и предрасуди за твојата ситуација. Да, за жал во денешно време на прсти можеш да ги изброиш нормалните, ама пак некогаш стварно вреди да се почека затоа што сеуште ги има, него ли да го трошиш времето за некој што не вреди или уште полошо што сака да те искористи за секс. Up to you. Со среќа.

    ситУација, не ситОација. Само за тоа те цитирам, ништо против
     
    На eliesaab, quattro, Michel.Mar2 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. StefCek

    StefCek Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2026
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Машки
    можеби има анксиозност и трема од тебе.Не ги забележува ци*цките на другите девојки.
    не се преоптоварувај толку многу.Најди некој дечко и ако мислиш да имаш однос, имај го.Почекај неколку дејтови или влези во врска.Ама и сакај го човекот.Не само да имаш и да го шутнеш.
     
    На Lunadeeztac и GirlLove им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.690
    Допаѓања:
    47.421
    Пол:
    Женски
    Иу, жена што користи зборови како "искурвање".
     
    На Asparagus, Adidas888, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Lunadeeztac

    Lunadeeztac Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски

    Да, се согласувам и со ова. Тоа и го правам. Работам со психолог и истовремено пробувам сама повеќе да се отварам, повеќе шанси да давам и да преминам преку целиот страв и сите емоции што ги носам. Го ценам советот. Благодарам!
     
  15. Dek0

    Dek0 Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2026
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Машки
    Неписмен. То е.
     
    На GirlLove и Lunadeeztac им се допаѓа ова.
  16. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.225
    Допаѓања:
    9.166
    Пол:
    Машки
    Одговорот на прашањето си го имаш напишано самата.
     
    На Michel.Mar2 и Trexane им се допаѓа ова.
  17. Michel.Mar2

    Michel.Mar2 Активен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2026
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    Вака, прво сама на себе намали си го притисокот. Иам впечаток дека ти прва сама на себе си праиш огромен притисок. Разбирам потполно шо збориш со суицидални мисли и јака анксиозност, ама рачунај дека истовремено ти си у контрола и ти одлучуваш на кои работи ќе им напраиш reframing. Пиша дека веќе работиш со психолог што е одлично, затоа што сметам дефинитивно дека ова кај тебе малце подлабоко ќе е.

    Што се однесува за твојата ситуација - ја кога ја запознав женска ми, она исто немаше искуство и плус беше постара од тебе. И извини на израз али мене кур не ме заболе колку и дали имала некој пред мене затоа што стварно бев заинтересиран за неа. Да, не очекував дека ќе ми каже дека немала никој не затоа што тоа е нешто чудно или ненормално, туку затоа што со оглед на тоа каков впечаток оддаваше, ја стварно мислев дека сменила неколку претходно. И немав никаков проблем со тоа. Немам многу женски другарки, ама сум запознал и други во твоја ситуација и на крај пак било океј.

    Мислам сама си го даде одговорот у некој од постовите дека валидација од странец на интернет никад нема да ти го даде тоа што ти сама ќе си го дадеш. Све почнува од тебе. Верувај ми, дека машко што стварно му се свиѓаш и е искрено заинтересиран за тебе, нема да му чуе дали си невина или не. Анксиозноста и понатаму ќе ти јаде трици што ако ова што ако она, ама размисли колкави се шансите стварно тоа да се деси освен ако идеш и се преселиш у планина и живееш со кози и немаш контакт со други луѓе. Мислам ако тргнеме мозокот да го слушаме, кај ни е крајот? У самоубиство ќе те однесе. Сум се соочувал со анксиозност затоа знам дека е easier said than done, ама мораш и малце сама да се тераш постојано reframing да праиш и да се враќаш у реалност. Никој НОРМАЛЕН човек со отворени видици нема да те суди за тоа без разлика дали си 25, 35 или 45. А тој што би те одбил за тоа или тоа му е проблем, па таму би се запрашал колку е тој стварно заинтересиран за тебе вистински. Зборам од искуство

    Ти посакувам само најдобро и продолжи да работиш со психолог :D
     
    На jellyfish964, Lunadeeztac и Trexane им се допаѓа ова.
  18. newme

    newme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Совет?
     
    На Bi20 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.358
    Допаѓања:
    18.549
    Пол:
    Женски
    Ќе пробам да бидам најреална на оваа тема. Општо земено, на мажите не им е проблем тоа што си немала односи (они се само со ставот да дупат нешто?). Проблемот (или ај да ги речам недоразбирањата) (с)е отпосле, зашто машкото его е преголемо(!) и оди дотаму да мисли дека те поседува (во секаква смисла). За жал, немањето поголемо сексуално искуство, во комбинација со мизерно машко его може да те доведе во ситуација на обезвреднување, т.е полесна мета си за да ти всади секакви мисли, така да мој совет е да си свесна за овој дел. Кој како сака нека рече, ама моментот на прво сексуално искуство и те како влијае. Ако го имаш, имај го со некого што вистина го сакаш, НО исто така би ти рекла и да не се разочаруваш ако потака излезе малку поинаку. Накратко, човечкиот карактер секогаш испливува откако веќе ќе бидне, но во никој случај тоа не ти ја дефинира твојата вредност.

    Едит: работи со психолог постојано, грижи се за себе, првиот пат знае да е поприлично битен за нас жените, и да - немај го сексот колку да ти се тргне ова од главата. Сѐ во свое време.
     
    Последна измена: 27 септември 2026
    На Lunadeeztac, Michel.Mar2, Trexane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Lunadeeztac

    Lunadeeztac Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    Tи благодарам!!! :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.