Мене ме интересира зошто ова ти се случува ? Сето тоа ограничување околу сексот и тие мисли?emotionally unavailable и страв од интимност?Па и мисли за самоубиство. Стои подлабока причина врз сето ова врз која мора да поработиш.
Ве молам за совет. Излегував лани летото со еден дечко, тоа беше еден месец, ама константно на три дена отприлика. Сфатив дека некако не си одговараме па почнав да се дистанцирам, но продолживме само да пишуваме уште неколку месеци. Престанав со него и почнав да пишувам со друг, почнавме и да се гледаме, увидов дека и он не ми одговара па раскрстивме секој по свој пат. После два месеца почнав да пишувам со друг. Јас со ниеден од овие тројца не сум имала ништо, дури ни лапање, онака може по некој блиц или ептен кратко, пошто се тргам не сум имала до сега дечко, пробувам но не сум баш опуштена. Со ниеден не бев у врска ни развив чувства, не се затрескувам лесно и траќам по мажи. Е сега овие сите тројца меѓу себе се знаат, не се блиски другари ама онака се знаат. Еднаш ги видов на кафе првиов и последниов, и ми падна чудно зашто не мислев дека се толку блиски. Ме интересира како делува ситуацијава од машка перспектива, не е убаво нели за репутацијава моја? Би збореле или измислувале нешто за мене? Инаку јас ги одбив двајцата предходни, па нешто повредено его, па да зборат, си мислам, пошто со последниов уште пишувам ама некако не ми е ко што беше напочетокот(или ко што треба да биде ентузијастичен/ ко што беа предходните двајца).
Бегај и од последниот барај си друг, еден со друг се лажат сега што сте праеле а везе нема. Немаш простор тука веќе за озбилно
Од машка гледна точка? -Да, зборувале за тебе 100%. Дали измислувале, не знам. Секој човек е различен карактер. Ти подобро би знаела за тоа, ама дека зборувале нешто, тоа да. Ова што сите меѓу себе се познавале е можеби случајност или можеби договорено помеѓу нив двајца/тројца за да видат кој од нив може да те легне или да се фати со тебе.
Ме испраќаше порано еден дечко често пати од искачање. Се случило тој остана со моја другарка. И сега тој се уште ми се допаѓа а, јас не можам да и возвратам на другарката да се дружиме бидејќи тој мене ми е симпатија а, мислам и тој сака да се дружам со неа. Што да правам??
Во безизлезна ситуација си. Ама штом тој сака да се дружиш со неа и она сака да се дружиш со него, тогаш слушај си ја интуицијата.
Не ми е јасно што точно сакаат од мене. Тоа е природно што се случува..не знам што толку ги интересира мојот живот. Тоа си е моја работа.
Мене ми е малку нејасно што точно се случува. Ти се свиѓал некој дечко, те испраќал до дома, а сега е во врска со другарка ти? Те повикуваат да излегувате заедно, а ти не сакаш затоа што сè уште ти се допаѓа тој? Дали некој од нив двајца знае дека тој тебе ти се свиѓа? Немаме доволно информации за да ја разбереме ситуацијата и да ти дадеме конкретен совет.
Хммм...Јас сепак ќе почекам дополнителни информации пред да донесам заклучоци, бидејќи постојат повеќе можности. Тоа што дечкото ја испраќал до дома не мора да значи дека сакал нешто со неа. Не знаеме ни дали другарката знаела дека тој ѝ е симпатија, а истото важи и за него. Можеби двајцата ја сметаат само за другарка и сакаат да продолжат да се дружат со неа како претходно. Но постои и можноста едниот или двајцата да знаат за нејзините чувства, а тогаш ситуацијата е сосема поинаква.
Таа сигурно знае. Не знам како да им дадам до знаење не сакам да се дружам со нив. Секогаш ли треба јас прва да ја поздравувам?
Другарка ти знае, а тој? Знаела уште пред да биде со него дека тебе ти е симпатија? Сте разговарале отворено за тоа? Нема потреба секогаш ти прва да ја поздравуваш, ниту воопшто да се дружиш со нив ако не сакаш. Не си обврзана на ништо и не им должиш објаснување. Едноставно одбиј ги поканите за дружење, не мора ни да кажуваш зошто ако не сакаш или смисли било каков изговор. Ако другарка ти знаела однапред дека ти се допаѓа, а сепак започнала нешто со него без воопшто да разговара со тебе, разбирливо е да се чувствуваш повредено и да се запрашаш колку ѝ значело вашето другарство, а тоа што очигледно не ѝ пречи да те става во ситуација да се дружиш со нив, знаејќи како се чувствуваш, мене исто ми е загрижувачки. Повторно, ја немаме целата слика, ама од ова што го знаеме досега, мислам дека подобро би било да се дистанцираш, барем додека не ти поминат чувствата. Дружењето со нив во моментов веројатно само дополнително би те повредувало.
Љубовен триаголник кој веќе е зад мене. Едно убаво сеќавање. Во смисла комплицирано. Не знам дали сум доволно јасна. Некои луѓе се едноставно лоши и секогаш себе сѐ ставаат на прво место колку тебе и да ти звучи неверојатно. Најважно им е на нив да им е убаво а, за другите не им е важно. Не сум јас на никој должна да трпам таква туѓа некултура на некој начин. А, што е до природата тоа си е така.. големите риби ги јадат малтер риби. Сѐ е борба во животот.
Добро може ли да кажеш лесно и едноставно не сакам да сум во ваша близина. Чао пријатно, не знам зошто ти е толку тешко.