Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. BeautyQueen

    BeautyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    32
    Веќе порано напишав дека имав кратка врска од само 2 нед која ја прекинав јас поради неговото однесување и некое време останавме без никаков контакт,, одеднаш негов другар прилично близок почна да ми пишува на фб и веднаш почна да се распрашува за дечко каде излегувам и слични вакви работи.. Еднаш ме праша за излегување и му реков каде ке одам и потоа се појавува тој баш со него.. БИВШИОТ.. дали можеби бившиот сака да дознае нешто за мене па тоа го прави индиректно или машките не се поврзуваат толко како ние женските и тој не знае ништо за тоа (знам неколку машки кои и не се искажуваат на другари тие им служат за првод) ??
     
  2. kamikazus

    kamikazus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    70

    Во твојот случај најверојатно го прави индиректно... а инаку можеби машките не разговараат со другарите буквално за се како девојките со другарките ама не е и дека воопшто не разговараат.... се зависи колку близок другар имаш... а ако се навистина блиски не верувам дека тој незнае ништо за тоа....
     
  3. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    После вашата фетус-врска од 2 недели, апсолутно е можно дечкото да си останал љубопитен по тебе и за да не те контактира тој лично, пратил "извидница" - другар му. Не може да се генерализира сепак тоа дека машките не се поврзувале, не знаеле да сакаат дрн дрн...По начинот на размислувањето и околностите кои те оставаат по малку збунета, можам да ти кажам само дека ти тек ќе го запознаваш машкиот род и ќе видиш дека има и добри и лоши момци, искрени, што знаат да сакаат и искомплексирани собирачи на трофеи...
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BeautyQueen

    BeautyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    32
    Фала вии дечкии сега барем малку се расчисти онаа збунетост во мојата глава.. :*
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    машки, да ве прашам нешто:

    што значи кога дечко и пушта рака на девојка (мислам на непознат дечко)
    мозеби прашањево е по малку глупаво, знам дека боди ленгвиџ говори многу, па да си прашам :)
     
  6. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    И пушта рака? Некој на некој пуштил..рака? Цела рака? Оу мај гад, па тоа е најсигурниот знак за...апсолутно ништо. Буквално, не значи ништо. + 1 за srcekrsacka
     
    На bittersweet, marama и mims-89 им се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    не цела рака, туку прстите, мислев дека значи нешто, па да си прашам :D
    звучи глупаво, ама незнаев како да реагирам :P
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.264
    Допаѓања:
    67.834
    Пол:
    Женски
    Срцекршачке еден совет од мене. Престани да се замараш со секакви глупости и ситници, дали ако ме погледне значи нешто, ми стави лајк значи нешто, ова-она... Тоа се детски работи, ти си возрасна жена треба веќе да знаеш да прoценуваш некои работи, а не да се прашуваш дали ако некој во поминување те чешнал по рамото те свиѓа. Дечко кога ќе сака да ти пријде ќе ти пријде, а нема да се тупи со вакви ситници и суптилни работи. Тоа жените го прават. Ајде олабави малку.
     
    На bittersweet, mops, velesanka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. kamikazus

    kamikazus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    70
    Ај ако може да ја подобјасниш цела ситуација зошто стварно вака не е баш јасно ова со пуштањево рака...
     
  10. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Имам една тетратка од времето кога бев основно некаде....во неа имаше што значи ако те погледне, бакне (ваму-онаму), па што значи цагер кога ќе видиш и слично.....да ја најдам ќе ви ги препишам овде можеби ќе ви помогнат :D

    Иначе ако ти пружил рака, најверојатно сакал да се запознаете :handshake:
    по некоја логика.... :wasntme:
     
    На marama и mims-89 им се допаѓа ова.
  11. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Срцекршачка нај пријателки совет ОПУШТИ СЕ! Премногу си преокупирана дали му се допаѓаш на некој или не и во нај баналните ситници и најсекојдневните ситуации ти бараш знак дали му се допаѓаш.
    Верувај ми доколку на некој се допаѓаш тоа секако ќе го дознаеш, секако дека тој нема со пружење на рака ( иако и баш не ми е јасно за какво пружење на рака станува збор дали како поздрав или незнам како ) тој на многу појасен начин ќе ти покаже!
     
  12. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    3.742
    Епа машки пукајте сеа...
    Сите машки не се исти, нели ?! :^)

    Упорно се трудам да верувам во тоа, се надевам, се молам да сретнам некој поинаков.. А јас секој пат налетувам на некои кретени.. Секој пат јас сум таа што е повредена. Во што е проблемот? Верувам дека главниот проблем е во мене, што дозволувам да ми влезат под кожа, јас сум виновна што пружам љубов, а не добивам ниту едно благодарам, за се што сум направила за нив.. Или можеби сум наивна.. Само сакам да бидам среќна..

    Запознав момче кое не е од мојот град, се забавувавме неколку месеци и се беше океј до вчера :!: Плачеше на мое рамо, правеше многу работи за мене, му верував, го засакав... Зашто ?!.. Проклето се прашувам зашто...Вчера ме трга на страна и ми вели : Извини помеѓу нас не може да има ништо јас имам женска ...

    МОООООООООООООООООЛАМ....?????????? Само му реков СТАНИ ОДИ СИ ОД ТУКА ТЕ МОЛАМ ...Истрчав во такси си отидов дома.. Зарем заслужив после се..!?...И да веќе претпоставувате што следуваше цела вечер, знам дека ќе речете ќе запознаеш многу други вака така, и дека не е вреден за моите солзи, но ете имав потреба да се испразнам, и ветувам НИКОГАШ повеќе нема да плачам за него ! :x
     
  13. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сите машки НЕ се исти. Во спротивно темава немаше да постои. 8)

    Сум го имал истиот проблем и сеуште барем делумно го имам. Има многу машки што веруваат дека женските се кучки што не знаат да сакаат. Слободно ставете ме на нишан, но не сум целосно спротивставен на тоа верување.

    Велиш дека налетуваш на лоши карактери. Точно дека денешницава е полна со ништожни луѓе и карактери, но барем според твојто опис, ми се чини дека ти си девојка што лесно засакува, кај тебе лесно се раѓаат чувства и ти си дозволуваш многу брзо да се опуштиш. Кога тоа се случува рано во врската, буквално ја погубуваш секоја возбуда и интрига. Ги убиваш тие некои митски пеперутки во стомак, стануваш предвидлива и прочитана. Или во машки речник: освоена.

    Посебно во почетокот на новата врска, кога сме возбудени, неоткриен терен, се прашуваме што и како ќе биде, тешко е човек да се воздржи да не ја опсипа другата личност со внимание, гестови, слатки прекари итн итн, но многу често врската согорува прерано ако не сме повоздржани во таа фаза.

    Момент на вистина: се пронајде ли барем делумно во описот погоре?

    Имаш солидна претпоставка со тоа што кажа дека во тебе е проблемот, но сепак мислам дека треба да си го активираш shit радарот. Не те знам лично, но до толку ли си боса кога е во прашање читање машки? Не велам дека е лесно, особено со пицајзлава што глумењето го однел на профи ниво со липањето. Но зарем не си забележала ниеден лош сигнал, не ти се активирал ниеден аларм?. Нели си малку (повеќе) наивна? Јас како дежурен скептик би можел да ти препорачам една мисла. Кој сака нека дига веѓа на ова, но кога ќе се запознаеш со нова личност, секогаш претпостави го најлошото за него/неа. Така, со тек на време, или ќе излезеш во право, или ќе бидеш пријатно изненадена.
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    3.742
    Во право си до некаде.. Пеперутчињата ги имав и ги имам :$ Не се впуштам лесно во врски или слично, баш напротив ретко се согласувам на таков чекор.. Едноставно премногу им верувам на луѓето им давам шанса да ми докажат дека не се сите исти (зборам и за машки и за женски)... А секој пат добивам разочарување. Можеби тоа што не живееме во ист град доведе до ваква ситуација, знам дека постојат врски на далечина кои прекрасно функционираат, но очигледно дека јас треба да сменам многу работи !!... Но како да се однесувам ? Како кучка ?!.. Да бидам онаа лошата, јас да го заебам, јас да го повредам?? Не !.. Не ми дава срцето.. Зашто некој друг да биде повреден само затоа што некој идиот претходно ме повредил мене.. И зашто машките велат нема љубов...? Една го
    заебала
    и готово сите се
    курви, кучки итн
    ..И знам убедена сум дека не се сите исти, ќе ми се насмевне среќата и мене еден ден... Но, што да направам во тој поглед ? Како да реагирам? Како да се однесувам за да не бидам онаа повредената пак ?!!
     
  15. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Ако барем моментално не можеш да пронајдеш средина меѓу наивна и кучка, нафурај се да бидеш кучкаста. Така барем ќе добиеш повеќе респект, ако не друго. И како што ти кажав, ќе мора да поработиш на твојата способност да читаш машко однесување, гестови, карактер...Не знам како точно да ти го дефинирам ова, но можам да ти гарантирам дека повеќето машки се лесни за читање, и не е потребна којзнае колкава вештина бидејќи тие самите се издаваат.

    Мислиш ли дека има некаква магична формула да се заштитиш од повредување? Ако има, верувај, сите ние ја бараме.
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Како да се однесуваш за да не бидеш повредена?

    Е па Ани не мора ако некој ти рече дека лета магарето, ти да речеш лета бе душо ама ниско. Мислам не те знам лично за да можам да ти кажам, ама од описов на ситуацијата, сфатив имам другарка како тебе. Значи влегува нов тип во животот нејзин и уште здраво не и рекол таа готова е да се мажи за него. Ги преувеличува работите до трагичност.

    Јас не ти велам да бидеш лоша и да не веруваш во луѓето. Јас ти велам да го гледаш со резерва, не мора да го примаш секое срање кое сака да ти го продаде. Па плачел, па коси кубел, па не знам ти што. Ако ти речи дека те сака по една недела познанство ќе му поверуваш нели? И не само што ќе му поверуваш, ќе летнеш во облаци. Е па не може бре срце да те сака кога не те познава... Нели? Малку ќе се дистанцираш не мора да веруваш на се што ќе каже.

    Не се сите машки исти тоа е факт, ама има и те како увежбани момци кои можат за два дена да те смотаат со цмнм цмнм слатки зборови да не знаеш каде се наоѓаш. Ама како што ти рече Елементал треба да си имаш еден булшит аларм.

    И се со време, не мора одеднаш ти да правиш се за него, одеднаш да го засакаш, одеднаш само ти да даваш а да не добиваш благодарам... Твои зборови не мои. Полека малку, затоа што вака уште од почеток ако почнеш, што ќе оставиш за после, само монотонија.Затоа ти викам се во свое време и гледај запознај го малку пред да му ја дадеш твојата доверба.

    И сметам дека не треба веднаш да се разочаруваш и ако еден вака ти направил веднаш да се откажеш од машките. И одма машките се кретени. Па и сто пати да ти се случило, ти кажав ќе си одбираш со кого си фаќаш работа, малку повнимателно следниот пат. А не ќе ти каже срце и одма срцето на послужавник дај му го. Не вреди.

    И можеби звучи сурово од мене, ама кога и да се запознаам со некого го гледам со резерва. За мене he is guilty until proved otherwise....

    Ај сега избриши солзи, тргни го тоа разочарувањето и песимизмот од себе, малку живни и со ум во иднина.... :* :* :*
     
    На kamikazus и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  17. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173
    Искрено мое мислење е не само да се има резерва при запознавање со некоја личност без реазлика дали е машко или женско туку потребно е и да се остави долг простор и време за да ја увидиш личноста што е и како е , секако во тој период не да оставиш самиот/ата да се покаже туку стратегиски да се поставиш пред неа.
    Онака навидум наивно ама доста лукаво и упорно ставај на тестови за да видиш на кои работи во кои ситуации како реагира.
    И мој совет е стави многу по повисоки критериуми за самата себе на тој начин и ке увидиш кој е достоен за твоја доверба и внимание.
    Што се однесува за враќање, едноставно не си ја троши енергијата на него... Чим не бил достоен за твоја љубов зарем е достоен за твое време и енергија ?
    Опушти се и продужи напред како што кажаа другине претходно со Ум во глава . И поитро . :angel:
     
    На zhap4e и EleMental им се допаѓа ова.
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Ај ако може да ја подобјасниш цела ситуација зошто стварно вака не е баш јасно ова со пуштањево рака...[/quo

    бев на јадење на едно место, и дојдоа двајца машки и седнаа спроти мене, и нешто почнаа да коментираат
    (секако се правев дека не слушам) :) а се ги слушав, и на тој што беше малку понатака од мене му текна или другар му го подбоцна и ми ги показа врстите на едната рака, јас :o па ако му се допагав требаше да стане и да се запознаеме ко двајца возрасни :fubar: а не ко децана бе, ке си ги показуваме прстите на рацете :tmi: |(
     
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    винозитке, машкиот пол пракаат чудни сигнали што колку и да се обидувам не мозам да ги сватам
    а тоа ако на некој му се допаднам, па нека биде храбар, да ми се доблизи да се запознаеме како што доликува, а не да си играме игри ко малине дечиња
     
  20. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.098
    според некоја логика штом е непознат типот а ти пружил рака значи си се упознала со него.
    епа ти што очекуваше кога се упозна? да те залапа и да ти го каже името???????????