Yipman2 да си здрав и жив ми го продолжи животот со смеењевоо убаво пишаа дека треба во училиштава да се воведат часови по иронија а уште потрагично е што истиот коментар е повторно за истата личност, ај коа ке ја разрешиш ситуацијава извести ме за во случај во иднина да се најдам во ваква ситуација да знам што му значи сигналот.
Абе јас не сум машко за да те просветлам сестро слатка, иако многумина се посомневале во тој факт...ама еве мојата маленкост ќе проба да те поштеди од грицкање нокти и размислување на една ваква тема која богами е соодветна за реплики на три епизоди од некоја Росалинда серија ...и ко шо реков ќе пробам да ја расветлам твојата дилема! Машко и пуштило рака на девојка....хмммм .... да не сакал да го осети материјалот на нејзиниот фустан меѓу свои прсти и да ја изненади цура му со ист таков за 8-ми Март....или... или немал доволно кеш да и пушти пијачка па се одлучил за бесплатната варијанта, да и пушти рака. Море не, да не сакал да се увери дека после седумдневна употреба на најновиот хидратантен дав сапун, кожата е како свила...дека ја виде од Тинекс како зема не еден ами два такви... или сепак само сакал да и покаже дека неговите раце се изузетно меки и нема кал под ноктите ( ако ја здрпал за подлактица рецимо) ...Недоумица ми е бре, што ли сакал да каже ергенов со тоа??? м? ами еве не само мене, туку и некоја што имала толку прилики да им збрца 12 цм штикла у срце на едно чудо лични мажи не знае... Ќе и пишам у инбокс на Весна Бејби...може нејзе и е јасно. Тоа е...
Се надевам дека можете да ми помогнете. Се работи за едно момче кое ми се свиѓаше и јас му се свиѓав него пред околу три четири месеци, се мувавме и тој сакаше да продолжиме ама јас му прекинав бидејќи се изнаслушав за него секакви глупости дека бил женкар, дека само за една вечер бил со сите и така натаму, а и самата гледав дека на се што нема пенис му се пушташе. Не се гледавме веќе 3 месеци и повторно се сретнавме и почнавме да се среќаваме почесто, се поздравуваме и мене ми се присвиѓа. Е арно ама јас сум од тогаш поправена околу 7-8 кила, порано бев многу слаба сега сум буцка. Дали тоа ќе ми попречи во намерата да го освојам пак?
Но самата рече дека пак почесто се гледате и сте во контакт... А мислам дека тоа е доволен показател дека има нешто што го влече кон тебе. Ако те знае добро, и карактерно, и доколку тоа му се допаднало, мислам дека некое килце плус нема да го одбие од тебе. Продолжи со контактите, и само храбро во походот.
Јас не верувам во тоа ако те сака ќе те сака секаква. Тоа демек,ние жените си бараме оправдување шо не можеме да си ги исконтролираме Спојлер газињата ни да ксниме нешто. Или не само за храна. За се. ЛејдиРоуз,ако си била толку многу слаба како што велиш,значи 7 8 кила на твојата фигура плус и дале убавина,стил,те направиле позгодна,значи сега имаш цицки,се фаќаш доле имаш газ,имаш обравчиња,значи ако е така,тогаш верувај навистина ќе му се допаднеш. Ама.. Јас мислам дека сепак и не си била ти толку многу слаба,затоа што ако си била толку многу слаба,веќе се истакнав погоре. Јас за многу слабам сметам девојче од 43,44 килограми,еве и 45. И гледај сега,8 кила плус,ти се 53 килограми. Ау,е тоа е нешто згодно. Е сега зависи од твојата висина,но мислам дека на било која висина оваа тежина е екстра. Овоа за твојот надвоерешен изглед. Што се однесува до тоа другото,едно прашање. Зошто сакаш да го освоиш пак? Ах,жени,жени... Ние од секогаш сме биле слаби на женкари. Оноа,свесна си дека уште на мал милион девојки им го кажува истото,ама не можеш да му одолееш. Јас ти предлагам биди малку јака и батали. Мување,ништо сериозно. Ако си забележала дека дечково е празен внатре ко испиено шише,што има пак да го освојуваш? Поминат ти е,нема нешто друго да ти понуди. Биди рамнодушна кога е во прашање тој,па што ако сте се сретнале. Верувај,тој ќе ја забележи таа твоја повторна заинтересираност и пак ќе си проба,а ти нема да можеш да му кажеш не, и на крајот тој излегува задоволен,оти смотал нешто вечерта,а ти со наведната глава. Ако велиш дека е толкав женкар,тоа не ти е причина плус да не потклекнеш?
Имам 57-58 кила висока сум 164 цм. Порано бев 50 кила. Инаку јас не сакам ништо да правам со него, туку само сакам да видам if i still got it. Затоа што знам дека тој е апсолутно најповршниот и најпразниот човек што постои на планетава и дека што и да направам нема нешто да му значи или да го повреди сериозно, можеби само малку да му го намалам егото, и ова не го кажувам зашто така мислам туку затоа што сме правеле озбилен муабет и стварно нема ништо во него освен 600 кила его.
Ако на машко стварно му се свиѓаш ама и како личност дали си 10 кила више или помалку нема ама баш ништо да му значи. Јас што сум по вежбањето и сакам стегнати девојки исто не би ми значело затоа што е тоа лесно променливо. 3 месеца фитнес и ќе ги симнеш килцата. Тоа што не си ми јасна што со типот понатаму кој и се пуштал на секоја друга? Ако не ти смета да бидеш една од многу пробај си ја среќата многу веројатно нема да те одбие ама што понатаму ти си знаеш.
600 кила его. Ми се свиѓаш како го кажа (напиша) ова. Ќе ти го украдам,да го употребам некогаш. Леле,дај бе не ме зезај,јас сум околу 168,тука некаде висина,а таа тежина,па да не бидам скромна,нема некој шо ми нема кажано дека не сум згодна или нешто слично. И јас се поправив ова лето,и многу луѓе ми кажаа дека вака по има се допаѓам. Имаше и гомнојадци. Знаеш што? Ти пробај си. На крај краева машко е. И ако ти каже дека си се поправила,кажи му.. Можеби,али на правите места.
Епа како ќе знаеш дали уште можеш ако не пробаш? Секако нема ние тука да ти кажеме иако не ти ја сфаќам поентата, сакаш да си напуниш его дека можеш да го фатиш и после да го шутнеш? Што добиваш со тоа? Само ќе загубиш време наместо да си бркаш некој со кој ќе сакаш врска и ќе добиеш љубов и секс.
Во право си дека не можете вие да ми кажете бидејќи тоа зависи од него, мене ми беше прашањето дали е важно тоа што сум се поправила. А поентата ми е што мислам дека треба да види како е некој да се однесува со него како ѓубре, како што се однесува тој со сите женски кои се трескаат по него. Се гледам што пишувам и можам да заклучам дека потсвесно се уште имам чувства и сум гневна.
Се познаваше дека си гневна и затоа и те испровоцирав малку . Ама дали му се свиѓаш ваква или не само он знае ама ако си целата облини, имаш добра фигура и фаца ќе му се свиѓаш . Само пази да не заглавиш во осветата па да прерасне во обратно .
А најубаво ќе ми биде да си бркам работа и он нека си брка работа. Па што ми е гајле мене за цел женски род? Или за мојот неистурен гнев? Па и боксирање постои, таман може и некоја калорија да согорам . Нити некој се замара нити ништо. Секој со своето. Да живее боксот! (making life changing decisions on a forum in progress)
Најубаво ќе биде да си гледаш своја работа и тебе да ти е убаво и да не се замараш со освети. Најубава освета е кога тебе ти е фино и си среќна без да се замараш со минатото. Не си губи време да го заведуваш па да го оставаш, малку е неозбилно. Најди си некој супер дечко и бави се со него . Не знам дали беше иронична ама види каде пишуваме за фитнес ќе најдеш многу корисни совети и за бокс и за согорување калории. Инаку јас тренирам бокс, така да само повели за совет сум секогаш тука .
не ми се верува дека дојдов на темава е вака сеа.. си се запознав јас со едно детенце и детево е срценце уште се запознаваме и немаме ништо освен пријателство и свиѓање си се слушаме на телефон, секој ден испаѓаме на кафе, или јадење и такви ми ти ствари.. е сеа проблемот е тоа што јас претходно бев во некоја си врска од 2 месеци со дете исто од овој град каде што се наоѓам сега и овој новиов некако постојано ми зборува за тој, каде го гледа, па со кого бил, па каков кретен бил и кога да се наоѓа во негова близина ми се јавува да ми каже иначе не се другари, ни роднини, не ни застануваат да се поздрават.. туку онака се знаат од гледање стварно не сфакам што е поентата со тој оддамна имаме раскрстено, а овој новиов па сака да бидеме повеке од пријатели ама нон стоп ми зборува за тој.. и прашањето ми е .. шо му е на овој? и зошто уствари го праи тоа?
Мислам дека е на некој начин „опседнат“ со тоа да се покаже како подобар од тој бившиот, дури и до степен на фрустрација. Едноставно следниот пат пресечи го во намерата да ти каже нешто за него, кажи му дека тој е минато и онака, индиректно кажи му во стилот „Моментално повеќе ме интересира друг дечко.“ =) Така мислам дека ќе му ги оттргнеш мислите од тоа и ќе му навестиш дека те интересира таков каков што е, а не споредено со бившиот. =)
па јас мислам дека него му е кристално јасно дека нема ништо помеѓу мене и тој бившиот за тоа што тоа беше оддамна со него..
Мислиш, но ете, не можеш да знаеш што се врти во неговата глава... Како што реков, едноставно следниот пат кога ќе насетиш дека ќе го спомне, прекини го и дај му до знаење дека тој е минато, и ништо повеќе, дека не те интересира. =)
Девојко не губи време узалуд, мене ми изгледа дека тебе сепак поентата ти е да успееш да го освоиш и неговите мангупско-препотентни особини да ги стопиш некаде во длабочините на вашата нова процветана љубов....а порке???? Ти си убава бре, зашто тие благодети да не ги доживува некој што е маж , а не препарирана патка. Боље нокти ќе турпам отколку да се посветувам и да барам вистини, да терам правдини со дотични персони како твојов ерген