Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Добра си, како ти се адаптираат критериумите со тек на време, ппфф. Прво лошо е ако е женкар и ако брка миничи, а после ај нема веза. Ако е стварно женкар и си има соба со трофеи, тогаш очекувај и да има его доволно силно да убие помал човек. Може да ти најде замерка, повеќе да му пречи тоа што си го корпирала првиот пат отколу 7-8 кг што си налепила во меѓувреме. Е сега од друга страна, осети ја психологијава: женкар + повредено его ќе те смета за трофеј уште повеќе сега. Внимателно само.


    Верувај


    Кратка и јасна е ситуацијата. Ако дечкото навистина те свиѓа и сака повеќе другарство тогаш неговото моментално однесување се должи на 2 работи:

    1. Не знае како да се постави кон тебе, како недостиг на искуство и трема. Не е сигурен како едноставно да ти даде на знаење што сака и постојано заобиколува и тупи. Ако е детенце и срценце
    тогаш претпоставувам помал е од тебе? Епа ти како дадичка интервенирај малку, дај насока.

    2. Дечкото го боде малку во очи тоа со бившиот. Нормално, има доволно карактер сега за сега да не почне да ти префрла идиотски, но мисли дека ти сеуште имаш чувства за него и само сака да биде good guy со тоа рапортирањето. Кутриот, не е свесен дека добрите момци не будат емоции.. Пак ќе треба една мала корекција, или интервенција од твоја страна. Кога веќе толку се дружите, седни го и кажу му со убаво дека бившиот е во минатото и дека не сакаш да разговарате за него веќе. Така тој ќе се почувствува дека се ослободува простор кај тебе за нов момак и ќе се охрабри.
     
  2. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    2.472
    не е помал јас така од милост си го пишав :D :D :D , два год е постар од мене :tmi:
     
  3. plavata212

    plavata212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    566
    Пол:
    Женски
    шо треба да напрај чупе за од мувач детето да и стани дечко? дали та треба да крени иницијатива или то зависи само од него?
     
  4. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Освен ако немаш магично стапче и ѕвезден прав, ќе треба да се потпреш на old school околност, како во старите времиња. Ќе ти треба хемија, а колку срца се скршиле токму поради нејзиното отсуство, само Боговите на Љубовта и Мувањето знаат.

    Разговарај со момакот и кажи му дека би сакала да имате нешто повеќе, а не само мување. Ако се возбуди целиот, значи и него му се вртеле тие идеи низ глава. Ако почне да вади изговори и да д'тка, типот едноставно не чувствува доволно голема привлечно да те задржи поблиску до себе.

    На сила ништо не бива, а без разговор ништо нема да дознаеш.

    п.с. знам не ти одговорив на прашањето, но не гледам да има универзален How to водич за остварување на такво нешто.
     
    На zhap4e, XMaN и marama им се допаѓа ова.
  5. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Не знам дали прашањево е за овде, но морав да си прашам негде. :?:
    Зошто 90% од машките на моја возраст и 2-3 години постари им приоѓаат на оние намрштените и недружељубивите девојки , кога веднаш до нив има расположени девојки кои баш би сакале да прават муабет? :^)
    Значи еве една ситуација, седиме повеќе девојчиња во еден кафич на едно поголемо сепаре и сега доаѓаат 2-3 машки и седнуваат до нас и добро ајде нешто почнаа со сите да зборат и јас и другарката до мене што седеше се смешкавме и колку толку им правевме муабети, а они па им се нафрлија на тие другите две девојчиња кои намрштено ги гледаа со фаца како да сакаат да кажат што им е на кретениве? И девојчињава упорно ги игнорираат и не им зборат а они пак се заинатиле и упорно си зборат нешто , и јас и другарка ми неколку пати се обидовме да се вклучиме во муабетот но безуспешно овие си продолжија и на крај ни се смачи нас и си отидовме. Чудно ми е зошто сите викаат нешто насмеј се биди позитивна и така машкото ќе се охрабри да ти пријде, е сега тоа не се случило. И тоа не ми е првпат да сум во ваква ситуација, доста често ми се случува. Доколку некој знае нека одговори, ако не нема врска ќе продолжам да си се чудам. Фала однапред. :)
     
  6. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Еми...што знам што им се врти во тие тинејџерските црпки...јас искрено прв пат слушам за вакво нешто, дека момците повеќе трчале по намуртени девојки...

    - можеби вие и не сте толку дружељубиви и пријатни колку што мислите?
    - можеби тие девојки им се чинат како поголем предизвик?
    - можеби момците едноставно сакаат да пријдат на повеќе девојки во една вечер, да испитат терен, не сакаат да се задржат само на вас?
    - можеби не сте им исполниле критериуми?

    Има доста можеби во равенката. А и зошто те копка ова со приоѓањето? Вие во ваши очи се сметате за отворени и комуникативни, колку толку, но кај момците можеби сте оставиле впечаток на смотани цури што не знаат да прават муабет. Гледаш, секој со сопствена перцепција, а вие збунети на крај.
     
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    А можеби другите две едноставно имале поголеми гради??? :D
     
    На HoneyBun, marama, easyyyyy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Секако една од можните варијанти :D.
     
  9. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Ех браво за ова Елементале , второто најмногу .. ја у живот сум бил 3 пати у диско а друго што ми збореле , значи како замок на брдо се формираат и секое машко што ке пријде го горат каменуваат и чуда тамо .


    и кај тоа само на намрштени девојки иделе? , тоа можеби на една
    сите се пуштаат на радосни девојки, насмеани , ко виножито ....


    најголем предизвик е да се пуштиш на радосни девојки у група (ја вечер ова ке го направам) а тие намрштени .... што знам .... како за кого
     
    На LivingGlam и EleMental им се допаѓа ова.
  10. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Во право сте , ве разбирам.Инаку ме интересираше бидејќи доста често се случува, ама очигледно до нас е. Фала ви повторно :) :)

    хахахаха е немаа , не беа ни толку убави :D
     
  11. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    :rofl: е морав да се смешам, ако големината на гради беше главен фактор....мене никогаш никој немаше да ми пријде :tmi: :lol:

    Сакав само да му кажам на девојчево, некогаш физичкиот изглед или комуникативноста немаат многу голема улога.....особено откако некој на некого ќе му се допадне и ќе му стане симпатија, тој многу многу не ги перцепира останатите во околина на симпатијата.....така можеби на дечкиве кои ги спомна, тие намуртените девојки им биле симпатии па затоа вниманието им било насочено кон нив :)
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Знам дека немаат некоја голема улога ама сепак зборуваме за 15-16 годишни момчиња на кои на повеќето физичкиот изглед им е на прво место.
    Инаку разбрав дека девојчињава им биле само како занимација таа вечер бидејќи биле пијани. :?:
     
  13. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Е ај и ја да ги прашам маживе на форумов а феминки и вие сте ми добредојдени за милење посекако 8)

    Вака сега гласи моја ситуација ... Од пред две години ми се свѓа еден тип и ај ок по една година се запознавме станавме другари ама се онака површински ... У последен период типов започна со некои негови знаци на кои како тој мене така и ја нему индиректно му одговорив ... После тоа ништо не бидна пак она површинското ... Додека пред некој месец дена не ме преплавија тие чуства спреема него .. Па собрав храброст и у име на тоа дека сме пријатели му признав дека имам чуства за него нешто повеќе како за другар (Ама све ова му го пратив на меил ...зашто ем не бев у Мкд ем лето па тешко да налетам на него ) И како што очекував нема никаов одговор :?:
    Сега од една страна ме копка прашањето дали паметен чекор сум направила или само сум се избламирала :(
    И сега незнам како понатаму како да реагирам ако го сретнам :(
     
  14. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.658
    Допаѓања:
    8.575
    Пол:
    Женски
    реагирај си најнормално, поздрави се направи најнормален муабет како си што праиш сто има ново и сл, а сега чекорот е веќе направен дали паметен или не нема назад и не вреди да се измачуваш со такви комбинации што би било кога би било, само опуштено :)
     
    На XMaN и WildCherry им се допаѓа ова.
  15. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Не си се избламирала во никој случај и кога луѓево би почнале да покажуваат повеќе што навистина чувствуваат наместо да калкулираат или се преправаат, многу работи би биле пофини :).

    Мене ми личи дека дечкото имал некаков интерес за тебе ама само површно и затоа толку време сте се дружеле без никаква акција од негова страна. Може си калкулира нешто но не верувам дека има некои озбилни намери со тебе.

    Што не ти вратил на меил или не го добил или не знае што да ти пише, што значи не може одма да ти даде потврден одговор.

    Кога ќе го сретнеш ќе се понашаш НАЈНОРМАЛНО и само ќе го прашаш дали го добил меилот, ништо повеќе. Тогаш сакал или нејќел ќе мора нешто да каже а ти ќе си знаеш на што си :) .
     
    На mysterious, WildCherry, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Тоа со мејлот не ти е бламажа, ама непотребно ти било. Следниот пат исклучиво во живот. Ни телефон, ни мејл, ни смс. Во тие моменти е потребен човечки контакт, потребен ти е контакт со очи и говор на тело.

    Еве да ти дадам еден дипломатски одговор, можно е типот да почека да се видите во живо, па да се изјасни и тој што му лежи на душа, но најверојатно не ти вратил ништо бидејќи ништо и не чувствува. А и какви чувства биле тие вашите, демек си се свиѓате, и двајцата слободни а цело време верглате во место, ништо не ви се случува? Треба да се преиспитате и да знаете на што стоите. Вака храните илузии само. Ако го сретнеш дечкото и после оној стандардниот скини-врзи краток муабет од општа култура, ти ја почне темата за ВАС, тогаш ислушај го и види што ќе каже. Ти прва НЕ МУ ЈА ПОЧНУВАЈ ТЕМАТА ПАК. Ти веќе си направила потег со мејлот, колку и да бил лош потегот. Сега топката е на неговата половина и ако ја избегнува темата, стави пепел на целата ситуација. Врти нов лист и живот иде даље.
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Епа машки ајде малце помош...
    Имам еден другар т.е другар на мој братучед кој ми се свиѓа..мн добро дете е...јас имам 15 а тој 20 год...и кога се запознавме си правевме пола саат муабет...и помина до нас едно девојче и он прокоментира нешто демек убава била ама мала...и јас му викам а колкава е од прилика и ми вика па 15 и ја викам епа ок де шо е мала и ми вика не бе мала е...и покасно му кажав колку години имам и си правевме онака општ муабет...потоа почнавме почесто да си правиме муабет кога ќе се сретневме ме гушкаше ми се обраќа со срцка,маче,бејб и му кажувам со кој сум се бањала на базент некои љубоморни фаци ми прави ама онака ко на заебанција...а инаку го имам приметено дека со сите другарки се понаша така ги гушка им вика срцка и останатото...сам ме има испратено до дома мислам требаше со братучед ми ама он некаде забега и станав само со симпатијава и ме испрати до дома ама не ми се пушташе и уште еднам ме има испратено кога спиев кај баба ми и он живее натаму(па и затоа спиев кај баба за заедно да си одиме :D ) ама требаше да се разделиме пошто баба живее малце подалеку од кај него ама сепак он ме испрати...и братучетка ми ми вика абе те свиѓа види како се понаша ама мене не ми се верува бидејќи ми кажа дека несакал ништо со 15годишни...и сега сакам да ве прашам вас машките што мислите дали сака нешто повеќе освен другарсто со мене или...? за да знам како да постапувам затоа што не сакам да го изгубам и како другар :worried:

    Ах и да додадам еднаш се шеткавме низ чаршија и он неш кажува дека него сите женски му се свиѓале и другарка ми му вика а ______(моето име ) и он вика ехх да беше поголема :)
     
  18. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    238
    Зошто стално ако машкото сакало да биде со девојката а она не,ако по извесно време се сменат улогите машкото одбива без разлика колку му значи? Зошто секогаш егото е пред се |(
     
  19. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    А кој вика дека само ЕГО мора да биде причина .. ? :^) Освен ако не станува збор за Анџелина Џоли :wasntme: . Оладуваат си наоѓаат некоја друга , дотичната им станува одбивна итн...
     
  20. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    238
    Зборувам за период од недела-две,а за тоа време да се гледаат секојдневно.ПС-Не е за мене :)