Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. anabela931

    anabela931 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    41
    Немам баш некој голем проблем но сакам совет од машка страна.Одам со дечко ми 2 години и во последно време некако ми е оладен, порано кога еден нонстоп ме замараше еден друг дечко беше ко улав по мене а сега некако дали си мисли дека сум целосно во негови раце и не се замара многу многу.Прашањето ми е како да му го привлечам вниманието? Да направам да му биде поинтересно со мене, нешто ново да правиме ?? Незнам дали ке ви биде смешно прашањево ама сакам да слушнам машко мислење.Дали јас да се одалечам или да не правиме вакви глупости после врска од 2 години незнам. А со муабет никако не бива он си вика дека си бил ист. Очекувам одговор.Фала однапред :) :)
     
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Ехеее уште полесно сварливо :D . Па ништо кажи и на другарка ти или што и да е..


    Дека работава е ваква

    Хочеш ? нечеш ? ! не мораш ! ;) No Stress осеќал симпатија и то је то :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Според опишаното, ти не добиваш од него некој екстра третман што и другите девојки не го добиваат. Срцка, мрцка и остал лигушки речник го употребува насекаде. Токму тука тоа губи на значење.

    Повеќе пати ти рекол дека 15 години му е мала. Е сега ти ако немаш попаметна работа, препушти се на тоа женскиот нагон да го смениш машкото за да му докажеш дека и 15 годишните вредат, но со неговото моментално размислување, најверојатно ќе си завршиш како играчка, колку за занимација.
    Ама еве од друга страна, тој ти обраќа толку внимание, те испраќа, глуми кавалерство и наеднаш 15 години е малечка за мене. Да ти кажам што му е филмот тука? Ова е само затоа што се чувствува како посилниот играч во вашето дружење, и сака да се почувствуваш како да не си доволно добра за него. Да, машките го прават тоа. Пред карактерно посигурна и посилна цура ќе му се тресат колената, а пред тебе си нема мака (затоа што знае дека го свиѓаш).

    Сите женски му се свиѓале? Неговиот влажен сон е да стане топ класа женкар. Ете тоа е.

    Јас ти го размонтирав неговиот карактер, ти одлучи дали сакаш да бидеш со таков.
     
  4. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Затоа што добил корпа која го заболела затоа :D. Нормално е дека ако се сменат улогите ќе биде малку недоверлив, од каде да знае дека девојката нема да му пушти водичка па пак да го корпира? И јас исто би постапил во таква ситуација :).

    Ако ја свиѓа типката стварно (не само за мување и на ист начин како уште 10 други) а е девојката упорна овој ќе попушти по извесен период ама девојката треба стварно да му покаже дека е сериозна а не сеа она исто да се откаже. Така ништо не прават и само ќе си играат пинг понг со егата а тоа многу го прават :).

    Ако и покрај упорноста на девојката типот остане ладен нека го батали затоа што значи не бил сериозен и не било ништо повеќе од обична симпатија.
     
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ако ти малку се оддалечиш, или оладиш не е некоја страшна глупост.
    Јас сметам дека баш тоа треба да го направиш.
    Малку обратна психологија, однесувај се ти како него само немој да го сфати тоа.
    Излези со другарки и случајно заборави да му кажеш кога ќе се слушнете.
    Или не му кревај на телефон два три пати и после речи му не сум го видела телефонот.
    Кога ќе те викне да излезете речи му не можам сега уморна сум а не одма да трчаш.
    Тоа не се страшни работи.
    Тоа се ситници со кои само ќе увиди дека нешто на некој начин не е во ред, и би требало да сфати.
    Затоа што нели викаш сега мисли дека си целосно негова, па така малку кога ќе се освести дека со однесувањето негово те оттргнува и дека би можел да те изгуби и покрај се, мислам дека ќе се смени.
    Секако ти не претерувај со драстични мерки од типот ич да не се видите, или два дена да не му креваш.
    Се во границите на нормалното. Не прави романтики и не се труди, затоа што колку повеќе труд вложуваш ти од твоја страна и бараш да ви е интересно, мислам дека толку повеќе ќе постигнуваш спротивен ефект. И не му зборувај сериозни муабети, избегнувај ги.
    Ова е мое мислење, јас барем вака би постапила.
     
    На anabela931, WildCherry и XMaN им се допаѓа ова.
  6. 005

    005 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Ми треба машко мислење на темава т.е општо и машките и женските совети ми се добредојдени.
    Што ако сте заедно со некого кој ве сака ( го знаете тоа и знаете дека во доверба е кажано на негов пријател) , но во истиот тој муабет дознавате и дека има блиска пријателка која му е привлечна ,му кажува на пријателот дека не ја сака , но има ниски страсти кон неа и тоа подолг период.
    Како би реагирале да сте во оваа ситуација? Зарем дел од љубовта не е и посакувањето? Како да разговарам на оваа тема без да покажам ниско ниво на самодоверба? Дали би раскинале за ова? Фала однапред.

    *Инаку возрасната граница е 18-20 години.
     
  7. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Ууу возрасна граница 18-20, ова како оглас за работа ми зазвуче. :)

    Ако те сака, зошто го кажува тоа во доверба на другар? Мислиш државна тајна што се чува во повеќеслоен бетониран сеф од 15 тона. Тој дел не ми е јасен од дечкото.

    Е сега тебе те гребе зошто твојот момак демек свиѓал друга цура, макар со ниски страсти? Кое ниво на контрола/верност мислиш да наметнеш ти во врска? Многу ми е познат тој самоуништувачки нагон и желба целосно да се контролираат партнерите, па дури и нивните мисли. АКо се препуштиш на тоа, жива ќе се изедеш, ништо друго. Се додека дечкото не наумил да има нешто со неа, тоа што ја посакувал демек онака површински, е исто како да измерка сочно парче на улица.

    Барем за сега, не гледам причина да се тревожиш.
     
    На 005 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 005

    005 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Работата е што девојката ќе ми биде во близина , а не сакам и не смеам да реагирам на неговиот контакт со неа. Често сме ја спомнувале во разговори и воопшто не покажував љубомора се до пред некое време кога поостро изреагирав (нормално без кавги , не сум тој тип на човек што ќе прави сцени) од тогаш кај него се јавуваат некои инаетливи коментари( кај истиот другар) во стил дека дури сега ќе видам како е да е близок со неа, кога не разбирам дека ме сака. Ми пречи тоа,а не смеам да кажам дека ги знам сите овие работи.
     
  9. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029




    Фала ти многу за мислењето Елементал само да напоменам дека не е некој женкар или да речеш на сите девојки да им се пушта....тоа за сите девојки дека му се свиѓаат мислам дека онака го вика ама ств е е ептен добар знае да те насмее понекогаш кога застанувам со братучед ми ми вика поседи си ако сакаш и оти ми се обраќа со срцка братучед ми го ’карал ’...еднаш застануваме и ми вика абе овој братучед ти ме кара оти сум ти викал така и братучед ми се смее и јас викам па шо ако ме вика така и се смеам и овој симпатијава ме гушка...и сега нз дали осеќа неш спрема мене или онака му е само другарски :worried:
     
  10. Little-one

    Little-one Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    79
    Добредојден е секаков совет :)
    Со дечково се знаеме веќе 4 - 5 години но никогаш немавме некоја поголема блискост, здраво по улица и толку...
    Последниве неколку месеци често се среќаваме, на исти места излегуваме и нешто повеќе се зближивме.
    Можеби и порано сме излегувале на истите места, но очигледно не сум го заприметувала
    Знам дека и тој не е рамнодушен, но не превзема ништо друго освен по некоја упатена насмевка и поглед.
    Според мене, најголемиот проблем е што една негова поблиска другарка воопшто не ме сака, сеуште не знам од која причина, но очигледно е дека не ме поднесува. Дали можеби се чувствува загрозена од моето присуство или нешто друго е во прашање не можам да кажам ни самата.
    Имам и јас најдобар другар веке со години, важно му е моето мислење за неговите потенцијални девојки, но не секогаш се сложува со мене. Секогаш бараме некој компромис безразлика за кој од нас двајца се работи.

    Сакам да ве прашам колку вие ги слушате вашите другарки? Ако вас ви се допаѓа одредена девојка, а таа ви рече дека не е за вас, дали би ја послушале?
     
  11. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Мое мислење ...
    Не.
    Ова од мене е најискрен одговор.
    Како правилото дајте ми десет совети јас по 11от, мојот.
    И така си е. Ако ми е другар, ќе ми каже сметам дека дечкото не е за тебе вака така онака ама не може да се лути или да ми нареди да не бидам со некој ...
    Затоа што јас како јас, или ти, или било кој ако сметаме дека некој е за нас, ќе направиме нешто со истиот.
    И да испадне на крај другарот во право, доколку ми е вистински другар нема да ме суди ... туку ќе биде тука за мене и ќе се моли да ми дошол памет :lol:

    А од мое искуство не слушаат ни машките. На еден другар цели 2 месеци му трубев дека девојката не му е на место ... тој не ме слушаше. Океј. Издржаа некои 3 месеци пред да сфати самиот. Јас после тоа никогаш не му реков .. ти реков ли идиоте а? во право бев. ... туку тука бев за него да му пружам поддршка.

    Гледам и по брат ми, му значи мое мислење, но не секогаш го слуша. Си тера како што тој смета дека треба и е рпавилно. И мислам дека таков е секој човек.

    Е сега, доколку личноста е нестабилна ... тогаш можеби и слуша туѓи мислења ама до толку да влијаеш на некој искрено не ми се верува ...

    Ама јас мислам дека ако на дечкото му се допаѓаш да речеме, кај и да е на некој начин повеќе ќе ти се приближи. Ако не па, 21 век е, фрли се во акција и направи го првиот чекор.
    :)
     
    На Little-one му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Па сега зависи од личноста...ама мислам дека сепак од големо значење ќе биде мислењето на неговата другарка бидејќи сепак скоро секогаш го слушаме и мислењето на другарите ама не значи и дека ќе постапиме така...и мислам дека поарно ти е да превземеш ти прв чекр бидејќи можеби детево е срамежливо па од толку свиѓање ништо да не испадне...и како што знам на машките мн им се допаѓа кога девојката ќе го направи првиот чекор ;)
     
    На Little-one му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Biljancence

    Biljancence Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    ај сега за мене еден совет...вака сега...имам другарче од основно шо сме учеле заедно али никогаш не сме биле нешто особено блиски...се зближивме кога почнавме на факс од прва година.Се дешавало да доаѓа кај мене на гости, сме гледале филмови и сл.Сме излегувале сами, ќе се начукавме и кога ќе осетеше типов дека постои опасност ги палеше накај дома.Е сега интересно е што секогаш као да се кочи кога правиме општи муабети му треба алкохолче за да олабее.Сите што биле со нас во друштво добиле впечаток дека се симпатизираме потајно,а што е најинтересно во цело ова наше дружење никогаш не сме си кажувале што не се дешава на љубовен план. Скоро почнаа да го зезаат и другарите за мене а тој па идиотче кога сме во друштво за да не биде гибнат почна да ми контри,али насамо е бајкушка.И сега брзо сфатив дека и јас си имам симпатии и тоа сериозни кон него..:D Добро бе мушки, шо би ме советувале, како да се постапи овде? Имам шанси кај другарчево?:D
     
  14. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    На 15 години да ги слушаш другарките или другарите некако ќе разберам ама ако си полнолетен другарка да ми каже која е добра за мене а која не и да ја послушам може цел живот без женска да си останам :lol: . А и ми се случувало другарки да ми зборат против девојка што ми се свиѓа за на крај да сфатам дека и љубоморат.

    Значи НЕ, ма кој колку сака да ми збори ако ми се свиѓа некоја ќе и пријдам па и да се зезнам, сам сум донел одлука. Ти ќе бидеш со девојката а не неговата другарка, се друго се детски муабети.
     
    На Little-one, Iva-Mici и EleMental им се допаѓа ова.
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    имаш :)
    кога сте насамо створи ситуација и увиди ;)
     
  16. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    НЕ, дури и најдобар другар може само да се ислуша, но не мора да се послуша кога се работи за неговото/нејзиното мислење за партнерки. Ако е точно се тоа што опиша, дека и тој те симпатизира, но не се чувствува удобно да реагира поради мислењето на другарка му, тогаш што ќе ти е таков? Со него дури и да имаш врска, тој ќе си ја прашува другарката за совет/мислење/сугестија...остави ги тие до толку поврзани што си ги контролираат животите. Тебе ти треба цврст момак што носи самостојни одлуки.

    Според описот имаш шанси кај другарчево, но пред да се обидеш нешто, размисли за ова: колку време би поминало пред да ти скисне од неговите несигурности пред друштвото? Моментално тоа можеби ти изгледа мило, но во евентуална врска?

    Ок сега, не мора нели да значи дека доколку имате врска, тој ќе си остане таква гугуфка, срамежлив и несигурен...затоа поработете на случајот и двајцата, изгледате ветувачки.
     
    На Little-one и XMaN им се допаѓа ова.
  17. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Ај нид опинион гајс :wasntme:
    Да почнам од почеток.. (Значи јас сум 16(скоро 17) а тој е 21 година-студира факултет во Бугарија.)
    Започнавме со излегување од ноември, се беше супер и се сложувавме мн добро, се видувавме секоја 2 недела за викенд. Значи тој сакаше озбилна врска, но јас не бев спремна зошто бев повредена и не сакав пак тоа да се случи. Но како и секогаш јас пак се заљубив. |(
    Се немавме видено околу 1 месец и бев ептен среќна што го видов и неможев да ја сокријам насмевката на моето лице, не престанував да се смеам. Проблемот е што тој ме праша неколку пати зошто се смеам, но јас му реков за ништо. И тој помисли дека му се смеам нему и незнам што ми се случи и во тој момент кажав дека се смеам поради тоа што претходно таа вечер на еден дечко кој изиграва голем фраер му реков не и дека навистина нејќам такви машки. Тогаш стана полошо тој ми рече значи мислиш на друг кога си со мене. :geek: А едноставно тогаш во моментот се сетив на тоа и онака го кажав,не сакав да признаам дека сум ептен среќна што го гледам. Таа вечер си отидовме лутни. Потоа пак продолживме со комуникација и кога се видовме ми рече дека сум била многу несериозна со детско понашање, навистина ме повреди тоа- се воздржав да не заплачам ( се почувствував како да не сум доволно добра за него) и во тој момент си отидов, тој ми рече да се вратам но не го послушав и му реков дека по се изгледа јас сум му девојка само за во нашиот град-да си пополни време. Тој ништо не рече. После 15 мин ми пиша смс, па на фб во стил дека ќе се каам за тоа. Од тогаш немавме контакт ниту се видовме. Дента кога тој требаше да оди за Америка случајно го видов на улица и не сакав да го одминав па застанав се поздравивме со бакнеж на образ,го прашав како е и само ја повикнав мојата другарка и заминав. Потоа откако отиде за Америка ми честиташе на фб за фотосесијата и толку. Значи потоа јас му пишував на фб дека не сум го заборавила.И тој рече дека не ме заборавил. Правевме што правевме муабет и јас веќе неможев да издржам му кажав дека ми е постојано во мислите и дека како да сум заљубена во него и дека ми е тешко бидејќи не знам како се чувствува тој. Тој рече дека ни нему не му е сеедно, да не губам надеж... И после тоа разговарав со моите комшивки бидејќи заедно студираат и се добри пријатели тие ми рекоа дека тој бил женскар, од тие што можеле да излезат со 3 девојки за 1 недела. И сега навистина не знам што да мислам. За тоа време не бев со ниедно машко и сега едно момче што порано се мувавме ми вели пак да излеземе ( тој е познат женскар во нашиот крај и покрај сите корпи тој пак сака да излеземе- не се откажува) и не знам дали да излезам со него бидејќи ме привлекува, но навистина би сакала само мување со него.
    Навистина сум збунета од се. Да напоменам дека додека излегувавме тој не ми кажуваше предвреме кога ќе си дојде од Бг и обично ми звонеше во 5 за 12 да се видиме. Значи никогаш ми нема кажано со зборови дека ме сака, но ми има докажано. И тој бил повреден од неговата женска- го изневерила. Инаку си доаѓа од Америка при крајот на септември.
    Го ставив во спојлер бидејќи е подолго. Секое мислење и совет е добредојден бидејќи стварно ме мачат многу работи. Дали сеуште да се надевам на нешто со него или пак не ... :bow:
     
  18. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Јас би ти рекол да излезеш со овој вториов, и да си поминеш убаво, без никакви мисли за врска или нешто во тој стил. Дечкото што е во Бугарија не игра 100% на чисто со тебе, а и ако ти споменале дека е женскар, независлно дали е тоа вистина или не, тебе постојано ќе те копка за него каде е и што прави, односно на некој начин „штетата е направена“. Остави на времето, види како дечково од БГ ќе се постави кон тебе, но веќе не му откривај чувства или нешто слично... Имаш неполни 17 год, и затоа уживај во тоа што го имаш при себе, а не со авантури на далечина, особено ако воопшто не се знае дали се базирани на сериозна основа. :)
     
    На HoneyBun му/ѝ се допаѓа ова.
  19. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Прво би сакал да започнам со офф топик, како за загревање: ТИ си жива хистерија, понашањето ти е детско и си имаш проблеми со засакувањето и приврзувањето. Тоа е лошата вест. Добрата вест е дека си сеуште млада и зелена и имаш време да се опоравиш...белким.

    Кој што сака нека каже, но со твоите едвај 17 години не ми изгледаш спремна за врска меѓу две држави. Не си сакала да признаеш дека смеата доаѓа бидејќи си среќна што го гледаш, и наместо тоа му подметнуваш лага која вклучува друг дечко? На ова ми падна вилицата под маса.

    Никогаш не ти кажал дека те сака, но демек тоа ти го докажал (можам да ти ги замислам критериумите).

    Ти премолчел кога си му рекла дека е со тебе колку да тепа време додека е во градот? -> тишината кажува повеќе од зборови некогаш.

    Само што сте почувствувале турбуленции во врската, тој се конвертирал во женскар? <- карактерот се тестира во кризи. Мислиш дека тој положил на испит?

    Никогаш не ти се најавил на време кога ќе доаѓа во Македонија? НЕ...МУ...Е...ГАЈЛЕ...ЗА...ТЕБЕ

    Не е важно кој е по виновен тука, само очигледно е дека вие двајцата немате ни нерви, ни желба, ни чувства, ни карактер да издржите врска преку граници.

    А за овој другиот...кога веќе Бугарот не те рецка, испробај си ја среќата кај вториот женскар (магнет си за такви, значи)
     
    На XMaN, HoneyBun и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  20. anabela931

    anabela931 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    41
    Oти бре мене никој не ми даде совет од машка страна :( нее којзнае шо прашањево ама ме интересира шо ке ми кажете :) Само teddybear е најфер ама и јас истото го мислам како неа па мајке ми женски мозок е тоа :D