Па и јас споделив мој личен маневар на темата. Дека не користам смајлиња, што лично ме живцираат, па затоа се остава впечаток дека сум којзнае колку озбилен и напнат.
Па ако ви е доволно да дркате, што барате да е*ете тогаш? терајте цел живот така ... ЕлеМентал најубаво објаснето
Зашто едно е да гледаш друго е да доживуваш ...... и сеа тука ако почнам да пишувам предности и ова она ке фати 25-72577-7 реченици , прочитај тоа елементал што напиша и све ке е ок ама сепак се знае домашна школа си е домашна школа
Овоа ЗОШТО?!?!?! многу ми боде очи и немој да ме сватиш погрешно,ми иде како да се дериш на компјутерот у стилот whyyyyyyyyyyyyyyyy и така ти чуре низ уши шо би рекле ние неготинци и со уста толку многу отворенашто може чајник да влезе низ неа. Немој стварно да се налутиш,не само за тебе,секогаш кога гледам нешто олку драматично,многу ми е креативен мозокот и вакви слики ми ствара. А инаку за порново.... Знаеш како.. Тоа е исто како сендвич од седмица или било која друга сендвичара и дома. И дома ги имаш истите продукти,ама од сендвичара е послатко. Секс и сендвич споредба. Што има врска ако гледате заедно,велиш дека гледаш и ти,што ти менува ако гледаш со него? Од кај знаеш,може толку ќе се испозапалиш така ни тој,ни пожарната нема да те изгаснат,а ти ќе го имаш најдобриот секс. Пробај си,така нема да го изгубиш дечко ти,можеш само вака да го изгубиш,со драмава што ја правиш само заради едно порно видео.
AБе изгледа само ја сум фрик тука... Мене па ми е глупо да му спомнам заедно да гледаме, а веќе подолг период сакам Ама нешто ме спречува...
Имаме гледано заедно и стварно беше одлично .. не е само едно порно видео не му каќувам конкретно, не му правам толкави драми, само ме интересираше мислење фала ви !
Дечки, имам едно малце тешко прашање за вас.Пред неколку дена сретнав еден многу сладок дечко.Ситуацијата излезе така да морам да го гледам секој ден.Јас знам кој е тој, и тој знае која сум јас, ама сеуште не сме се запознале официјално Приметив неколку пати како ми праќа некои интересни погледи, а кога ќе сфати дека го гледам, ми се насмевнува скромно Само, има еден проблем-сладок е на малце женскаст начин, а прави и некои малце женскасти движења И сега, моево прашање до вас е:Како да проверам дали е геј или не е?
Енд уи хев аур фрст геј енкаунтр . Нема веза де, ако е малку мек, не значи дека се пали на машки. После запознавање, ако реагира на муабетот со тебе, ако реагире на флертот, а не само да се нуди да ти ја корегира фризурата или да ги викне неговите грл ФРЕНДС и заедно да искочите, тогаш момакот е добар < - ludoto19 пишувај плусеви тука!!
Нема што многу да се додаде по одговорот на друже Елементал. Не значи дека е педер ако има женствени движења, исто како што не значи дека девојките се лезбејки ако пропагираат машки особини . Едноставно зближи се со него, флертувај, користи ги своите најсилни „џокери“ и види како тој ќе реагира на нив.
Се извинувам драги мажи шо ќе се замешам во вашите совети Па вака имаш два начини да провериш дали е геј. Начин 1:Ќе го одвлечкаш во некој темен чикмак да не речам сокак,ќе се слечиш гола ако бидни нешто не е геј ако не бидни си знајш (се зафркавам не ми замервај) Начин 2:Распрашај се од ваму-таму некој би требало да знај трачарски народ сме Бај д веј не мора да значи ако е малце женкаст дека е геј има многу машки шо се малку феминизирани а не се гејОВИ Пробај некако стапи во контакт со него па кафенце ова-она муабети и ќе си сфатиш самата дали му се допаѓаш или е геј
Хахаха, еј дечко ме изнасмеа со ова андерлајнд делов Ај да ве послушам и двајцата, да сврзам некој разговор со него и да дознаам за кој тим игра Ќе ви пишам за неколку дена...
Зошто од кога ќе падне секс со девојката веќе како да го губите интересот за неа(не велам дека сите машки ова го прават но сепак...)?Веќе како да почнувате да мислите дека можете со неа да правите што сакате,посебно па и ако сте и прв.Не дадов одма од првата вечер туку на 3 месец од гледањето,или пак да не беше прерано за овој период? Зар немате грижа на совест од зборовите и ветувањата празни што ги давате,не ви е страв дека може да ви се врати со лошо и на вас м?
Ова не го зборувам од мое име, скраја да е, ова отприлика ти го претставувам машкиот ррооооодддд.... Зошто се губи интересот? Бидејќи е освоено. Кога ве ловиме, вие сте сеуште неоткриени, убаво облечени, изгледате нежно и женствено и се движите заводливо. Едноставно прекрасни суштества сте бре! Од тука машкиот род надополнува со фантазии, какво е чувството да ја почувствувам до мене, да ја бакнам...да ја легнааааммм? а? Го пратиш текот? И откако ќе се случи и тоа, се добива чувство како да е доживеано, мирисот е вдишан, допирот искусен, едноставно теренот откриен. И најнормално е после првичното искуство таа почетна еуфорија да спласне. За да добиеш подетален одговор ќе ти треба да читаш биологија која не е на располагање во следнава форма во средношколските учебници: за жал, девојчиња, машкиот и женскиот пол ја немаат истата биолошка функција, а со тоа и приоритети и интереси. Мажјаците се програмирани со нагон да оплодат што е можно повеќе женки, за да се продолжат следните поколенија. Женките, со МНОГУ позначајна и повлијателна улога во заштитата на потомството, како главен интерес го имаат квалитетот на мажјакот кој ќе го одобрат во својот живот. Ду ју ноутис д дифренс? Квантитет вс Квалитет. Од тука потекнува и вашата емотивност после направениот избор, додека за машките тоа излегува само како бројка. Грдо...но вистинито. Дали мислиме дека можеме да правиме со неа што сакаме? Па не знам баш за тоа, но факт е дека се чувствуваме доминантно, токму поради нејзината приврзаност и емотивност, која е јако очигледна после актот. Дали ни е гајле за кажаните зборови и дадените ветувања? НЕ, не допира до мнозинството од нас тоа. И не мислиме дали ќе ни се врати, демек карма, суеверија, дедо Боже ќе ни даде cancel на потентноста, или шо знам веќе... Пак да си повторам де, ова не е мој начин на размислување, само го напишав мислењето од гледна точка на нечувствителен машки шовинист, што секако јас...не сум. <- еве го толку посакуваното смајли бе! И едно погоре! Напредувам, нема лабаво
Сакам да прашам што значи машко да напише 'ми недостигаш', а не се во врска? И како ќе сфати ако го игнорирам тоа. Дека сум кучка, или дека сум збунета... или зависи од човек до човек зашто за право си даваат да напишат те сакам, ми недостигаш и слични работи. Може е глупо прашање, но збунета сум.
Тоа го прават машки кои не се заљубени во девојката туку само им се свиѓала и си го чекале сексот како награда. Ако е машкото заљубено и те сака после првиот секс ќе биде уште поубаво и не само што нема да се загуби интерес туку и ќе се зајакне врската. Очигледно не бил заљубен типот а и има многу што идат колку да не бидат сами.
Не можеш да кажеш ТЕ САКАМ на личност која не ти е запозната добро, а да не изгледаш како клен. На ова може да падне само девојка што верува во љубов на прв поглед, или на второ трепнување...Ако со некој си се дружела подолго време, или барем поактивно, си имате спомени, искачања, зезања, што и на двајцата ви останале во сеќавање, значи не колку да се тепа време...тогаш може искрено да му понедостигаш, зошто да не? Ако и тој ти недостига, кажи му го тоа, но ако ти е онака другарски, потенцирај му го тоа, заобиколено, за да не си направи филм. У вези шо значи ако ти каже ТЕ САКАМ, тоа, барем за мене во последно време стана толкава мистерија што и раце кренав да тупам анализи околу зборчево. Со таква леснотија и со толку малку размислување се изговара, како да го кашлаат, прдат, издишуваат...еј те сакам, да ти признаам, те засакав...глувци ниедни, и самите не се свесни што им се случило после неколку дена кога им ги снемало чувствата, жртви на сопствената мозочна хемија. Не верувај на зборови. Верувај на дела НА ПОДОЛГ ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД. Фејкери не го положуваат тестот на времето. Фејкерите сакаат брз погодок, или си одат.
Дојде редот и јас да прашам, зш по трет пак ќе се откажам од чоеков. Прво, двајцата сме слободни. Разлика сме 8 години. Се запознавме зимата. Поводи за средби ни беа размена на книги или филмови и секако партија одличен муабет. Августов ептен се зачестија средбите, дури и ме земаше од пред куќа. Знае дека моите знаат, плус моите се познават со неговите. Излегуваме заедно, некогаш со друштво. Ме попраќа за назад. Понекогаш имам чувство дека реагираме како да сме во врска. Чести ни се пораките на фб, ама на телефон не се слушаме. Шо е работава со него? Ова си го сфатил можеби само како ново пријателство, ама до олку? Се знаело, кога ќе се викнит некој за на кафе имаш и некои поголеми намери освен да испиете заедно кафе.. нели? Еднаш, два, три пати.. океј, ама 10 пати? Па, малце не фер ми играт - шо ако си вплеткам јас чувства во ова? Не ми се страда пак. А баш ми е мил, ми одговарат, удобно се чувствувам во негово друштво. А тоа и го барав.. Знаци.. од него... еднаш ми ја фати ракава (имав прстен со камен) и ми ја разгледуваше повеќе одколку шо требат (не е геј да се разбериме - уметник е) и друг пат го начекав кај шо ми ја мирисат косава (смешно изгледа, ама знаете што значи).. Ми спомна, да сум останела и септември тука, охрид, бидејќи секако на факс почнувам редовно на 1ви октомври. Како да го сфатам ова? Срамежлив ли е? Баш е зборлест. Не разбирам. Еден ден ме штракна интуицијава: друга е во прашање... и сега се двоумит (можеби). Збунета сум. 6 дена не се имаме видено (замина на ликовна колонија), ми пиша порака, ама не ме израдува зш сум збунета! Не сакам веќе оддолжување. Сакам да знам барем шо мислит.... еееееее.. совет? Да чекам? Јас да го прашам (not!)? Земете ги во предвид и годините. Веројатно сака озбилна врска (мене шо ми фалит?).