Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    :) За она 'те сакам', имаш право.
    За мојов случај, хммм, ќе размислам, ќе преспијам. хехе

    Златни сте инаку момци! Се надевам од волку многу совети и труд нешто ќе ми остане во глава, а и на сите читатели и форумџии.
    Сите сакаме малку игрички во нашите односи, тоа не заинтригирува, но и толку многу комплицира.... Ехх :)
     
  2. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    хахаха 'волку' сум искористила хахааа
     
  3. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Тој ја гради играта околу тебе, а не знае да го изведе финишот, за да стигне до врска, барем според твојот опис. 8 години се многу разлика. Ти си сеуште тинејџерка, а тој ја привршува 3-тата деценија од животот. Не ми е јасно зошто толку ја тупиш со скоро деценија постар, или подобро прашање, зошто тој не може да се соочи со некоја негова генерација? Скоро 10 години се у питање, мислам колкави daddy issues треба да се има...али ок, за мнозинството тоа e l'amour и е врло романтично, оу јеееааа

    Ако те бива за стриптиз, ќе го направиш ко спопалено мајмунче. Ако не, барем ќе се насмеете и ќе скокнете директно на главниот оброк. Смеата може да биде добар афродизијак. Секако не губиш ништо.
     
    На thelittle17 и Bright им се допаѓа ова.
  4. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    ^ооо so real!

    не знам шо да напишам.
    Во секој случај фала за советот. Ми требаше so badly.

    Мислам дека веќе си направив одлука..
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  5. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    А извинете вака шо ќе ви се вмешам знам темава е совети од машка страна а јас сум женско, ама една работа овде ми падна в очи
    DADDY ISSUES со 8 години постар дечко?! :^) Па не можи некој 8 години постар татко да ти биди бе чоек.. Брајт јас ете иако сум женско сепак ќе ти дадам еден совет знам дека не треба, да ти требало совет од женско на други теми ќе си напишела па ете не совет мислење нека е... ако мислиш таа врска дека може да има иднина и ако и дечкото така мисли годините не би требало да сметаат не се нешто којзнае колку, татко ми и мајка ми се девет години разлика па таа разлика ниту се приметува ниту па се приметувала некогаш а отприлика на ваша возраст биле кога се запознале... :!: ова само за годините зборувам, пошто тоа ми падна в очи а за друго не се мешам во муабетов ти си знаеш најдобро :)
     
    На Bright, XMaN и Dgirlll им се допаѓа ова.
  6. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    И неминовно беше де, некој да се појави со пример за успешна децениска удаљеност. Вака чоек...daddy issues не подразбира разлика меѓу машкото и цурата доволна тој да и биде биолошки татко. Тоа подразбира цурата да набила некакви комплекси, или еве да го спакувам изразот подобро, психолошки последици од природата на нејзиниот однос со татко и. Недостаток на нешто или комплетен недостаток. И како резултат си брка дечковци доста повозрасни од неа. 8 години не е доста повозрасен??

    И не ми е јасно како можеш со чиста совест, така индиректно да и подметнуваш брачни причи од пред 20 години. Мислиш ли дека ова твоето не делува, макар во позадина, како некој поттик? Можејќи да си фати некој плус минус 2-3 години и пак да си биде со својата генерација, таа што треба да прави? Што треба тој, да и спомне брак за 2 години? Таа во сред факултет? Па теми на разговор? Неговиот биолошки часовник чука веќе кон брак, фамилија, а на неа што ќе и биде топ тема? Како ја оговараат колешките? Спремање испити и студентски журки?

    Далеку од тоа дека нашите совети ќе донесат некому значајни животни промени, но дај да направиме повеќе од едно сценарио.

    И нема веза што си женско, тука сите учествуваме и сечие мислење е важно и добредојдено. Ајт и едно (смајли) имаш од мене за поздрав.
     
  7. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    Слушај Зигмунд, ова доктор Хаус де... причи од пред 20 години или не пак се вистинити, плус не се само тато и мама мои :lol: овде во прашање туку и примери од секојдневиево за успешни врски што ги гледам околу мене а ти глеам ЧОЕЧЕ нешто многу паметњакович изиграваш овде на темичкава ама не си јасен во некои работи. Какви DADDY ISSUES може да има девојка со осум години постар од неа мене пак ми нема логика. Што може на 20 годишна да и даде 28 годишен што може и ете 45 нека е годишниот татко да и даде па таа да го бара истото таму? Внимание демек? Абе дај молимте, тоа за мене е чиста глупост на квадрат. Па комплекси од татко и бре еј, јас сега ако се загледам во 5 години постар и имам комплекси од мојот бтв супер-татко, а ? Биолошкиот часовник му отчукувал, таа ќе била незрела ќе се журкала :o ајде уплав да го фати човек кога ти го чита постот, јас не ја поттикнувам неа на ништо,ни неа ни некоја друга во слична ситуација што би читала, не сметам никого овде за малоумен и неспособен сам да си носи одлуки па да се раководи според некое си мое мислење во некоја форумска тема, ама ти овде шириш стереотипни размислувања ако е така... ако сака таа да биде со него тогаш WHY NOT? И јас не се водам тука според некоја америчка квази-психологија туку според она што човек самиот смета дека е најдобро за него. Не треба да си испушта шанса само затоа што помеѓу нив постоела разлика во години недоволна за тој да и биде татко и да си лечи некакви измислени комплекси кај некој што можеби би можел постар брат да и биде но сигурно не и татко... :!: Но јас реков самата нека си реши што сака и што ќе прави, таа си знае до каде е подготвена да оди и што е најпогодно за неа, си има свој памет. И не лути се што се "дрзнав" пак да ти реплицирам докторе... Ајт поздрав и до тебе, во минатиот пост не те поздравив, смајли и не мора
     
    На Bright, Dgirlll и XMaN им се допаѓа ова.
  8. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    јас тука ќе ти дадам еден сосема поинаков совет од моја гледна точка....Прашањето ти е, незнаеш он што мисли и зошто до сега нема направено потег....За ова постојат повеќе причини, но земајќи во предвид дека е 28 години, единствено нешто што ми изгледа кредитабилно е тоа дека не сака да ја заебе работава со брзање....Ти најдобро можеш да процениш според муабетите дали он има симпатии, дали флертува со тебе и ред друѓи работи. Друг никој неможе да ти каже дали он има чувства, дали нема, дали се работи за друга итн. Кога веќе го спомнав ова за друга девојка - тоа тебе не те засега ама воопшто !!!!!!!!! Тука ќе ти кажам едно нешто - БОРБА ЗА ОПСТАНОК !!!!! Така да, во случај да има некоја друга - ти се однесуваш како да нема и готово....зашто он, не е у врска со некоја друга, значи може да е муваторка или секс бади итн. Што во случајов јас чисто се сомневам дека се работи за друга девојка, туку дека се работи за тоа што он се знае со твоите, е 8 години постар од тебе и ако планира нешто сака на еден начин да биде сигурен и да не избрза со каква и да било одлука, т.е незнае како да се постави со тебе во случајов. Што би те јас сега тебе советувал е да продолжиш да комуницираш со него, флертувај, излегувајте, поминувајте си убаво...како и да е, дај му уште 2 излегувања, т.е. 2 состаноци...Ако не направи потег за тие 2 состаноци, прашај го !!!!!! Немаш што да изгубиш !!!! Те јаде тоа од внатре и тоа е тоа....И двајцата сте возрасни и однесувајте се како возрасни...Треба и двајцата да сте способни да разговарате отворено на таа тема....Друго незнам што да ти кажам....Тоа дади ишус ми се чиста глупост во случајов.....

    Значи - 2 состаноци т.е. излегувања....ако не напраи потег - слободно прашај ;)

    гуд лак
     
    На Hipica, Bright, sesilija и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Брајт, велиш дека тој ти прв ти ја зел раката, дека ти рекол да останеш и дека тој те викнал да излезете.
    Ти што си направила освен што си прифатила да излезеш со него на кафе? Си му дала некаков знак дека ти се допаѓа, си го допрела ли ти така за рака, си му навестила ли? Затоа што можеби тој е такво машко кое што чека на зелено светло. Да, ти си излегла со него, но сепак не си остварила никаков физички контакт за тој да го потегне првиот чекор. Пробај кога ќе се поздравувате гушни го силно, бакни го поблиску до устата, меѓу разговор фати го за рака и види како ќе изреагира. Можеби звучи смешно ама така најубаво ќе провериш и суптилно ќе покажеш што сакаш. Сега, не да го нападниш или да му се фрлиш па да се исплаши ако тој те гледа само како пријател. Знаеш де, девојки сме.

    Ако и после твоите знаци него му стане јасно на кое ниво си ти во тој ваш другарски однос, тогаш прашај го отворено како што ти рече Мистери. И без вртење, прашај го директно како те гледа тој тебе.
    За годините воопшто немај гајле, 8 години не се премногу. Можеби во тинејџерството да, кога секој ден си го градиш карактерот, ама веќе излегуваш од тоа тинејџерство, веќе си оформена личност, те читам и по темиве не си детиште што не знае што сака.

    Ајде со среќа, па ќе ни кажеш што направи ;)
     
    На Hipica, marama, Bright и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Брајт, сограѓанче мое, јас имам впечаток дека дечково сака да е сигурен и да не ја оплеска работата посебно поради делот што и семејствата ви се познаваат меѓусебно, што ја усложнува дополнително целава ситуација.

    Разликава во години нема везе со деди ишјус нема протокол по кој треба да имаме врска само со луѓе од иста генерација, ;) ако тие си се нашле на иста фреквенција, кои сме ние во приказнава прашањево е реторичко.

    Сега бек ту проблем, не мислам дека е друга девојка во прашање бидејќи така не би те водел на кафе поради фактот дека таа неминовно ќе дознае, не гледам која мотивација би ја имал. Ако ти смета што не се слушате доволно и тоа се решава и ти можеш да го активираш тоа, бидејќи имаш основа ете веќе извесен период се дружите. Јас со мојот бивши бев во ваков вид дружба со месеци пред да почнеме врска и нашиот прв контакт беше као случаен допир со преклопување на неговата дланка на мојата. И причината и била таа што играл на карта добро да се запознаееме и сум оставала и впечаток на не лесно уловлива :emo: . И мене еден период ме мачеа сомнежи да не сме само стак ин френдшип форгуд, ама не било така :wasntme: .

    Ако веќе не ти се чека, отворено прашај си во право е Мистери.
    Ми мириса на тазе охридски пар, :?: :) ...
     
    На Hipica, Bright и sesilija им се допаѓа ова.
  11. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Друже, прв пат да не се сложам ама 100% со некој твој став. Понекогаш 10% или 20% нешто да не ми се свиѓа ама советите ти биле секогаш колку толку коректни ама овој ти е BIG FAIL (без лутење).

    Верувам дека е тоа ради твоите години и (не)искуството во градење врски кои колку и да си бистар и паметен (а нема сомнение дека си) не можеш да го имаш како мене кој сум најмалку деценија постар и поискусен од тебе и сум поминал врски и искуства кои ретко кој кај нас имал прилика да ги помине.

    Едно ќе ти кажам, јас барам исклучиво девојки помлади од мене и единствено што ме интересира е да не е малолетна и да ми идат муабети, значи да сме физички и психички компатибилни, сакам млада жена и таква ќе имам и неам ама никакви daddy issuses од моја страна ниту пак очекувам а и не ме интересира дали девојката ги има, она треба да си знае каков дечко сака и дали јас и одговарам а како и зашто нема јас да му ја мислам.

    Од мојата идна очекувам пред сѐ да ме САКА и д**дата да не ја боли дали сум 10 или 15 години постар од неа затоа што ќе и пружам се што сака и што може да добие од еден МАЖ. Може ќе бидам постар од нејзини врсници ама ќе живее како КРАЛИЦА и ќе добие искуства и третман што ретко кој врсник ќе може да и го пружи. Значи нејзин избор треба да биде сака или нејќе, што добива а што губи од таква една врска.

    И мене ми се иде у диско и мене ми се лумпува и забавува и ми се свири на гитарче со друштво и серенади ќе и пејам и свирам ако треба и романтики и пред се добар и квалитетен СЕКС. Што е тоа што дечко на 25 ќе и го пружи а јас не можам? Ако ми рече почекај година две за фамилија а сметам е ТАА ТАА ќе ја почекам, секако нема да ја силам или деца утре или ти раскинувам, не сум луд.

    Моите се 8 години разлика и им беше феноменално а моја добра пријателка 7 години идеше со тип 15 години постар од неа и се разделија само затоа што овој никако не сакаше фамилија со неа (веќе имаше) а она сакаше.

    Ама јас неам фамија и сум слободен а ќе сакам и може и тој тип уметникот исто ќе сака така да, да и советуваш на девојка која не ја познаваш да го батали ради разлика у години, извини е несериозно и глупаво, no hard feelings ама се осетив и лично засегнат.

    Мене да ми се свиѓа девојка доста помлада од мене и еден ден да дознаам дека некој и напунил глава да ме батали ради разлика у години земам шмајзер и го пукам, за љубов збориме а не за дали ќе искочиме или не у диско и затоа треба да сме многу внимателни кога и какви совети даваме, посебно на личности кои не ги познаваме.

    Инаку комплетно се слагам со напишаното од priti и Mistery а на Bright ќе и советувам што побргу да расчисти со намерите на типот зашто уметниците знаат лудо да се заљубат ама има и такви кои само флертаат а си бркаат и други во меѓувреме. 10 кафиња без АКЦИЈА од негова страна мене ми се премногу. Девојко ако тој не реагира на 11-то прашај го што сака од тебе за ако само те мафта да не си губиш време.

    Без лутење колега ЕлеМентал и понатаму ќе се читаме и почитуваме но за ова морав да реагирам.

    Пс. Ако некој сфати дека се рекламирам не ми беше намера ама се осетив директно засегнат и сакав да разјаснам како може да размислува и тип од другата страна а не само од страна на девојката.
     
    На priti, Hipica, zhap4e и 16 други им се допаѓа ова.
  12. Bubble17

    Bubble17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Хелоу :D Јас сум нова на форумот и одма да си ги искажам проблемитеееее... Значи понеделник ќе имам 17 години и еден дечко салам сум немала. Главниот проблем тука е шо константно дечките шо ги бендисвам не ме бендисват назад !!!! То се дешава секој пат. И значи знам оти мислите дека е проблемот во мојот вкус шо не е баш така.Имам бендисвано да речам "фраери", добри, лоши, мали, средни, големи и со сите истото се дешава. Сега сигурно мислите дека е проблемот во моето понашање xD И то го имам помислено и имам пробано и да игнорирам и да се понашам ок и да сум поопуштена и ништо. Знам дека се шо треба е да сум она шо сум ама пошто и баш незнам шо сум ....То не е проблем. Стварно незнам поќе шо да прам |( Досадно е вака, монотоно. А да речам многу многу многу дечки ми се пуштат. Само шо за МАЛЕР некој невиден никој од нив не ми е по кеф. Јас таква сум нешто ко ќе не ми е по кеф не ми е !!!!
    Иначе мислам дека сум просечно уба, интелегентна, ненападна итн итн.

    Сега последно се деси ова. Бендисав едно дете онака од извиџење, цело лето се гледавме и онака тој цело време ме гледаше и си се смеевме и се. И на крајот јас дознав кој е како е се... Лајкче на фејсбук тој мене лајкче назад [знам дека баш не се живеј се преку фејсбук ама јбг такво е времето]. И му кажав на една другарка дека го бендисвам и та испадна се знаела со брат му и тој многу ја давел за на кафе. И ова будалата му рекла демек да излезиме 4цата. И излеговме добри муабети паднаја. После то се видовме неколку пати и се супер ок. И ништо |( Не превзема ништо незнам веројатно е незаинтересиран.А од друга страна ме шмека постојано и незнам. Мозокот каша !!!

    И машки шо велите ? Советче некое ? Да одиме пак на кафе ? Или да си седам дома мирна |( Како шо си седам ехааааааааааааа долго време ...
    Можи едноставно си немам среќа 8) јбг.
    Фала однапред.
     
  13. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Ете го и одговорот за твоето прашање

    само наместо прашална направи ја потврдна реченицата
     
    На Bubble17 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bubble17

    Bubble17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1


    Е па ај фала :D Кај не ошло за едно кафе :D Ќе видиме шо ќе испадни.
     
  15. tockaa

    tockaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    1
    Ехх ... еве ме и овде :D
    Со едно машко се дописуваме на фб 3 месеци секој ден
    Јас на работа тој на работа по цел ден на сабајле на Фб
    Го науци и мојот број (иначе работи во иста фирма со татко ми :D и незанм дали од него го добил бројот не ми кажува). На сабајле додека одам на работа ми се јавува секогаш ... Пред еден месец можи и повеќе дојде ненадејно на работа кај мене (тогаш беше прв пат да седнеме заедно очи во очи ) пред тоа не правевме муабет. Јас пред една недела ја прекинав мојата двегодишна врска со друго машко и сум сега сум сингл - одамна требаше да ставам крај зошто од моја страна љубовта згасна кон него но последниве три месеци најмногу почнав да размислувам на тоа и тие беа пресудни да прекинам нвм...
    Пред да раскинам со дечкото машково од фб инсистираше да се видиме секогаш ми велеше но јас му кажував дека неможам да бидам со двајца истовремено ( не седам на две столчина) а сакав да се видиме :$ . Откако раскинав со дечкото по некој ден разбра за тоа но ми нема речено да се видиме ... пак ми се јавува ... пак ми пишува но не е како претходно шознам
    Дали чека да помине време за да настапи тој (не дека јас се брзам да влезам во нова врска) ама ми е страв ми изгледа како да се повлече. Дали се измори од мене :(
    Јас се затрескав во него :$ - некни се начекавме во кафичот со него одев во вц тој тргнал по мене и ме чекаше сам надвор да излезам
    Застанавме 2 минути заедно :$ но мене ми беше незгодно да стојам (иначе цело време бившиот се врткше околу мене и тој го гледаше тоа) и ми рече демек оди дечкото те чека јас му кажав дека не ми е веќе дечко дека раскинавме но тој се вртка околу мене и ми рече добро следам јас демек се гледам.
    Вечерта откако си појдов ми се јави ми рече оти не сум му се јавила да сме си оделе заедно 3 ипол беше по полноќ :worried:
    Очигледно е дека ссака да се видиме но јас тоа не го замислувам така
    Ако сака да се видиме фино лепо нека ми се јави ке одиме на кафе ... а не во доцните часовии :worried:

    Навистина незнам што да мислам - ни како да се понашам со него
    Дали се зафркава и сака само авантура со мене или нешто сериозно стварно незнам (иначе дечкото е стабилен имаше врска 2 годишна и тој - не е некој кој врти многу женски барем така јас го знам)
     
  16. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    И прашањето тука е? Дали он сака стабилна врска со тебе или не? ок....Тоа неможе никој да ти го каже освен он....Ти најдобро знаеш што и како се одвиваат работите помеѓу вас...Сепак 3 месеци не се мал временски период за да се слушаш со некој секојдневно....Да, сега си сингл, епа треба да настапи типов на сцена и да те викне да излезете на состанок....Јас би ти рекол дека ако он не го направи тоа - ти да не го правиш !!!! Зашто 3 месеци разговор од негова страна, плус наоѓање на број, звонење пред работа секој ден и на крај да не те викне да излезете? ноу ноу !!!!!!! Затоа ако ОН не те викне - ти немој да го викаш ;)
     
  17. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ајде да ги прашам машките :) ...Дали ви се допаѓа кога некоја девојка ќе го превземе првиот чекор?...на пример овој што го свиѓам прва почнав да му викам здраво (мислам ако не почнев да му викам ќе ме одминуваше а онака се знаеме преку заеднички другари и преку фб...не сме си пишувале ама сме си лајкувале по некоја објава, слика...)...па еве сега некако пробувам да му пристапам кога сме со заеднички другари прва почнувам да му правам муабет...ме свиѓа инаку тоа ми го кажа еден негов другар дури и запамтил колку слики сум му лајкнала :D ...и сега другото прашање ми е дали треба малце да оладам да видам тој што ке направи и дали сум нападна па после да не избега :lol: ...или да си продолжам овака оти ми се чини дека ако не превземам јас нешто само онака ќе си се свиѓаме...или пак може не сака ништо бидејќи е поголем од мене 7години но сиг сум дека и он знае колкава сум и сеуште ме свиѓа и ми дава по некој знак ;)
     
  18. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Ах каков ден! Се изначитав и повторно се преиспитував. Некој напиша уште максимум две кафиња и одговор. Тоа беше целокупно ваше мислење за мојов случај, и да, откако преспав и ме надмина нервозата и ги прочитав овие мислења решив да биде како што ме посоветувавте.
    И видов доста контра аргументи, особено она daddy issues кое сношти не го сфатив како мој комплекс (татко-дечко) туку како прашање на години.. како и да е сабајале ми стигна негова порака - деновиве ќе се видиме. Па ќе ве известам.

    Ви благодарам !
     
    На priti и WildCherry им се допаѓа ова.
  19. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    @ XMaN - уште кога видов колкав ти е постот, знаев дека сум те пецнал (иако случајно) на лична база. Всушност и секој што се почувствувал пецнат, ќе ишчкрапа цели реферати сега. Јас сум имал обиди за врска со цура и доста помлада и постара од мене, и се ми завршило епски лошо. Што да се зборува со цура 8 години позади мене? Знам и многу примери за моите другари и познаници со исти искуства. Во некои од ретките успешни случаеви, на крај типот завршил како клен дружејќи се со нејзините скоро малолетни другарки во кафич и со муабети наоколу абе овој толку ли нема свое друштво, па што искача со толку мали девојчиња. Уште милион примери да ми извадите за тоа како љубовта ги руши сите граници на човечката издржливост, јас ќе ја посоветувам на посигурната верзија, барем според мене. И стварно не гледам како ти се спореди со остатокот од машкиот род, кога повеќе од очигледно е дека ти не си толпа.
    Всушност и советите тука беа поделени врз основа на нашите искуства и од тоа што сме го виделе во нашиот живот во вакви ситуации. Вака гледано, најнеутрално, мојот совет не беше ни блиску до fail.

    @ прити - ДА, ако се загледаш во момци многу постари од тебе, дури и да не е 25 години па да може и по возраст да ти биде биолошки татко, ти потсвесно пак бараш заштита од некаква татковска фигура. Со тоа бараш и во подоцнежните години копија од зрелоста и стабилноста на првиот маж во твојот живот. И ДА, дури и да не е textbook example на daddy issues, со тоа што го опиша, пак го задоволуваш критериумот.
    Исто важи и за голем дел од машките, но спротивно, со мајчинската фигура во животот. Фројд, Хаус..пфф, ниско под појас.
     
  20. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Vendi што нрапави со тој дечкото го закопа ли

    можам да замислам како се чуствувал пред и потоа



    Пред
    [​IMG]



    Потоа
    [​IMG]
     
    На Bright, Hipica, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.