Стави си го прстот на главата,помисли пет минути и ќе видиш. Ауу,девојко,толку е очигледно дека не сака да се видите,али тоа се гледа од километар,само нема послеп од оној што не сака да види. Првото болдирано. Тоа нвм ми ја ежи кожата. Како бре нвм?! Две години врска заради три месеци допишување на тоа гомното фб и ти велиш нвм?! Е ќе се стрелам. Дечково само сака да ти го виде колку ти е умот. Изгледаи успеал во тоа,чим си раскинала со дечко ти после две години врска само заради него. Второто болдирано. Дал се изморил од тебе и така натаму. Не,не се изморил од тебе,едноставно му било интересно додека си имала дечко,сакал и му било интересно да ти прави буцки и такви ствари,ама сега видел колку е саатот и да,не си му веќе интересна. Можеби е мој тип на човек,сака забранети нешта,ама се додека се забранети. После не се толку слатки. И тој глупиот муабет што ти го извадил,пратам јас. Што прати бе тој,нека оди на очно... Не знам,но јас тука не гледам никаква љубов,никаква хемија помеѓу вас од напишаново и побитно,многу гледам дека на типот уопште не му е гајле за тебе,најверојатно сакал само занимација или само да те смува. Ти предлагам,ако не ти била толку ептен упропастена врската со бившиот,да се смириш,затоа што никогаш не требада го оставаш оној што го сакаш и те сака,заради оној кој само ти се свиѓа.
Секако убаво е и кога некоја девојка има смелост да го преземе првиот чекор Но сметам дека,само машко кое е несигурно,срамежливо и неодлучно ке чека на девојката прва да постапи,а гледам дека за ваков тип е муабетот Од друга страна машко што е самоуверено,со цврст карактер и одлучност без разлика на се,треба да е секогаш оној кој прв ке пристапи. Ке ти дадам еден совет,секако првин да размислиш доколку нешто се деси со типов дали сакаш цело време ти да бидеш иницијатор на се,да бидеш првата која почнува муабет,да бидеш онаа што ке го покани на кафе,да бидеш онаа што ке го бутка низ се) а доколку си веќе одлучна нема никаков проблем да преземеш чекор и малку од малку може ке се опушти човекот Е сеа мене па ми е чудно што викаш дека е 7 години постар од тебе,а толку постар тип вака да се однесува ми е пак многу чудно! Сепак,Со срека,првин одлучна биди,па ако мораш преземи прв чекор и ти,и тоа не е на лошо!!!
@ EleMental, бев многу јасен зашто се осетив погоден и нема да одам во ново големо објаснување, само ќе дообјаснам нешто од твојата реплика и ќе ја завршам дебатата по оваа работа. Твојот пример на феил со цура 8 год помлада од тебе е многу логичен зашто девојката била МАЛОЛЕТНА и имала 15 или 16 години. Јас посебно нагласив дека за малолетни не збориме, па јасно дека ни јас нема да знам што да и правам, да ја флертам не сум луд и јасно дека ќе биде пола како да збориш со дете. Ама во нашиот пример имаме полнолетна девојка која веќе развила чувства за типот и бара совет како да дознае што тој планира а добива совет батали го СТАР е за тебе и имаш daddy комплекс. Не знам како не си свесен колку е несериозно тоа да и го кажеш на непозната девојка и со тоа даваш шанса ако е малку колеблива стварно да и набиеш комплекс и да почне да бега од секој што е постар од неа а да нема врска се тоа. Па не ми викај дека секоја девојка што иде со 10 год постар има daddy комплекс? Велиш не сум толпа, точно не сум ама може и тој тип не е и зашто да не добие шанса да се искаже што сака со неа? Може е човекот на нејзиниот живот и веќе се зацапал до уши во неа ама му е страв да и признае а може и само ја мафта. Се е можно ама треба да им се даде шанса на двајцата ако сакаат да си пробаат врска. Ако еден ден надминеш 30 и сеуште не си ја нашол ТАА што ја сакаш и ја најдеш во некоја 20 годишна која ќе ти го заврти умот со фини муабети, манири, понашање и изглед тогаш нема веќе да ти текне за daddy issue и ако некој ко мене и рече батали го ЕлеМентал стар е за тебе ќе сакаш да ми скинеш глава, ти гарантирам . Така да времето на секого му дава шанса да си го најде сродниот партнер а ние најмалку што можеме да направиме е да се погрижиме да си го најдеме нашиот и да им помогнеме а не одмогнеме на другите кои истото го бараат за себе. Толку од мене, нема веќе да навлегувам во дебата, едноставно си имаме очигледно различни искуства и ставови по работава за години, но ок не мора за се исто да мислиме.
Елементал ако размислиш вака ти на 23 год. со 8 год. помала од тебе тоа е феил да 100% А ако гледаш кај Иксмен 32 - 8 год. тука беш и не се гледа некаква разлика нели?
мимс you're missing the point. XMaN ми го нарече советот феил, а не моја одлука да влезам во врска со 8 години помала од мене. Таа дискусија заврши сега, си имаме различни размислувања и остана на тоа.
А како тоа само здраво му кажуваш? Тој нели застанува да те поздрави, прво да почне со некој основен муабет од општа култура па полека но сигурно да си видите дали ви оди комуникацијатА? 7 години постар од тебе, ако те свиѓа, ваљда ќе има доволно осет да те "стартува" на некој начин, ако ме сваќаш. Вака сте си лајкувале (што не треба да ти значи ништо), од другар си дознала дека те свиѓал а во реалноста тоа сеуште не е преведено во нешто конкретно. Не би ти препорачал многу да се трудиш околу него, токму поради неговите сигнали. Барем не повеќе од едно здраво. Со неговите години, ако чувствува нешто треба да направи некој потег, некако да даде на знаење. Прво испитајте се преку муабет, и тоа само ако тој го стартува. Ако не, тогаш или не те свиѓа, или е премногу несигурен и срамежлив, што со оглед на неговите години, па и не е опростиво.
Па сакам да кажам онака на минување си викаме здраво...не застануваме....а пред тоа неколку пати се обидов да му пристапам и ми се чинеше како одвај да сака здраво да ми рече...а сега пред некој ден се шетав со една другарка(која му е исто и него блиска другарка ) и и реков абе ај да го изминеме...и го изминавме и он вика ејј по другарка ми и се вративме они си застанаа јас не ни отидов здраво да му направам и по некое време како шо си правеа муабет со другарка ми иде и ми вика здраво и се смее и ми вика не ти текнува како помала да дојдеш па еве јас да дојдам да не испаднам крив и се смее...и јас му се насмевнав и му реков не не си крив неш така...и оттогаш кога се среќаваме си викаме здраво ... и вчера застанувам со еден негов другар и на овој симпатијава само рака му пружив и овој другар му ми вика а шо не се поздравуваш со него и симпатијава се смее и вика абе црнец сум јас затоа и се смее...и си стојам јас со другар му си правам муабет и овој (другаров ) ми вика а шо не правиш муабет со .... (симпатијава ) и јас му викам на .... како си и он сме смее и ми вика нерешено и уште неш онака 2 реда муабет си направивме...и сега вечерва ќе испаднам па ќе видам што ќе се случи ако се видиме и ќе ви пишам
Agreed. Ехее на колку момци што ги имам на фејсбук (и со кои имам некоја основна комуникација, како ти со овој твојов) им лајкнувам, дал слика дал објава, и тоа го правам затоа што ми се допаднала сликата или објавата, а не затоа што ми се допаѓа човекот.
^Не е точно бре, го убив од лајкување за да ми пише и ми успеа Aj CIA пиши му на чет де ништо страшно, здраво, како си, шо праиш Не е се толку безвеза на фејсов како што изгледа и како што сите милуваме да кажеме. Лајкчиња ова она, муабетче на чет и ете паднал договорот за кафе средба
Јас и он си лајкнувавме уште одамна немавме тогаш ни здраво ни ништо...ама еве да е како што викате да нема некоја голема врска лајувањето он сепак му кажал на другарот дека ме свиѓа...и еве вчера јас застанав со другар му и си поседов малце а овој симпатијава си заминал пред 1 минута....сме се разминале...и другар му ми вика ее абе вчера го посрамоти ____ и јас му викам е зошто го посрамотив...и ми вика па наместо он прв да ти прозбори ти му викаш кај си ____ , како си ( ако се сеќавате напишав погоре во тој пост дека претходниот ден застанав со другар му и прва му прозборев на симпатијава ) И кога вчера овоа ми ко кажа другар му демек сум го посрамотила симпатијава оти прва сум му прозборела јас му одговорив еми сеа ако го чекам него да ми прозбори ќе се изначекам...и сеа сиг другар му ќе му пренесе што муабет сме си правеле па ќе видам следен пат кога ќе се видиме што ќе се случи и ќе напишам
Гајс,ајде нешто од Мистериознава. Имавме синоќа една дискусија со другарка ми и таа кажа нешто што ми се врежа,па си реков ќе ги прашам момците од форумот. Рече дека најчесто мажите сакале да се врзат и биле спремни да се врзат емоционално за некоја девојка ако ги испозапалила ептен многу уште на првата вечер помината заедно. Вие,што мислите за ова? Ви благодарам.
Барем според мене, колку помалку искуство & можности да си фати девојка, толку полесно машкото ќе се врзе емотивно за првата девојка со која му се отворила можност. Машките со помалку искуство полесно е и да ги возбудиш и мислам дека од тука следува впечатокот дека токму поради тоа се врзале. Се надевам ова одговори на прашањето
Што мисли/размислува или чувствува дечкото ако само кога е пијан е приврзан ептен до тебе и ти кажува дека те сака или ти предложува врска? Тоа ми се случува веќе 3 пати со типот, а кога е трезен нишо, онака, муабет-се зезаме додека ме испраќа до дома Ноќеска (пијан беше) додека ме испраќаше ми предложи врска.. -Ме сакал бил типот и тоа не го почувствувал кон никоја до сега.. Му реков дека е премногу брзо за врска и дека треба да почекаме да видиме како ќе се одвиваат работите понатаму.. Денес, си реков, ајде ќе се јавам јас прва да чујам што прави, како е, да не си рече дека сум го откачила и толку.. и да покажам малку заинтересираност, зошто ми се допаѓа и тој мене.. Некако ми беше чуден по телефон, како ништо да не било ноќеска или како воопшто да не се сеќава што кажал, а и се мувавме плус.. Можеби не треба да значи тоа ништо, не му е денот или како и да е, ама...
Мислам дека се сеќава, бидејќи еднаш кога беше пијан и ми рече дека треба нешто да ми каже, не беше заборавил
Не се верува на пијан човек, заљубен човек и човек што се кандидира во политичка кампања. А овој твојот е барем 2 од горенаведените 3. Нека се покаже кога не е алкохолизиран. Вака, сите сме трескале зелени што сме сакале да ги заборавиме the morning after.
Ќе видам како ќе се одвиваат работите оваа недела и како ќе се понаша, пошо и самиот рече дека ќе се потруди да ми докаже дека ме сака..