Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Ако се сака - се може....Без исклучоци !!!!!!! Потребна е жртва и од двете страни - тоа многу јасно !!!! Испади на љубомора и контрола - МОРА да се сведат на минимум. Најважно од се е да се има воља да успее врската и доверба во партнерот !!!!! За комуникација барем денешно време е лесно ;)
     
    На XMaN, marama, angel92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Јас би рекла и со заедничка визија за иднината на двајцата ;) Да бидеме реални, доколку не се реши заедничка местоположба барем у некоја блиска иднина, тешко да успее врската на далечина.
     
    На XMaN, angel92 и Mistery им се допаѓа ова.
  3. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    4.778
    Благодариме за мислењето :)
     
  4. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Како да се излезе на крај со гордоста?

    Во случајов јас треба да бидам лута, бесна и гневна, вистината е дека и сум и никаква вина не можам да пронајдам во себе. Ми приредува психичка тортура, ме нервира без потреба.

    Значи, проблемот се јавува кога седиме заедно со дел од неговите другари, кои што се делумно заостанати, диви, немаат основна култура и почитување спрема самите себе, а камоли спрема некој друг.. конкретно во случајов, спрема мене.
    Некогаш ги игнорира, но некогаш и тој експресно се трансформира во деген и ме нервира толку многу што ми оди да му ја пукнам фацата!
    Сум му кажала дека сметам дека не е во ред неговото однесување, добивам повратен одговор и ветување дека нема да се повтори и не се повторуваше истото се до.. завчера.

    Никогаш, ама буквално никогаш не сум се однесувала лошо со нив, секогаш сум била фина и културна, ги почитувам затоа што сепак се другари на личност која што мене ми е важна.

    Завчера, бевме излезени со дел од нив, повторно имаше коментари и дофрлувања за работи што нив воопшто не ги засегаат. Не пререкував, но откако останавме сами тој сфати дека нешто не е во ред. Следуваа стандард прашања „Што ти е, кој те нафура, зошто си ваква, таква, дрн дрн“ на кои што само одговорив со кратко и јасно „Не ме замарај со глупости“. И, вау, станува типов и шиба напред како 3 годишно дете изнервирано затоа што не му ја купиле омилената Спајдермен играчка во продавница. Не му обрнав воопшто внимание, си тргна секој по својот пат. Он кај френдовите, јас кај френдиците.

    И се тоа е океј, но еве, веќе втор ден ние не правиме муабет, не ми е јасно што очекува човеков од мене? Сигурна сум и дека претпоставува зошто доби таков одговор, зошто се прави глупав со сила?

    На почетокот сме сеуште и мене ми е сосема јасно дека ако сега не поставам граници до каде смее и до каде НЕ смее да оди дека најверојатно никогаш нема да се поправи ситуацијата. Не сакам да постапам како што знам, да се поставам арогантно и дрско, само затоа што претходно бевме најдобри другари и не сакам да го изгубам како таков. Ама ова однесување не знам како да го сфатам..

    Дали ќе вреди ако попуштам прва? Дали со уште еден разговор би се средиле работите? Или дали да се потпрам на својот инат и да чекам да си дојде сам и да признае дека згрешил? Што е проблемот? Можно е човек толку да се навреди од едно „Не ме замарај“?

    Деген.
     
  5. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    4.778
    Не ме замарај = Не ми е гајле. Стави се во позиција кога некој тебе ти рече да не го замараш а очекуваш одговор. Не сум машко,али сметам дека треба да разговараш. И такви испади не доликуваат за женско. Дечко ти е, со збор може да се реши се.
     
  6. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Јас би сакала да прашам кој е нај безболен начин да му раскинеш на дечкото, ако воопшто постои а и п.с не го сакам ама не сакам да сум многу директна и не сум баш подготвена за врска... фала
     
  7. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Со тоа „Не ме замарај со глупости“ сакав да му кажам да не ми поставува такви прашања, да смени тема. А, одговорот тој перфектно добро го знае, прашањата ги поставуваше колку да изгледа дека е загрижен и заинтересиран за да се реши проблемот.
    Знам дека со разговор се решава се`, но зошто секогаш јас да попуштам прва? Посебно кога не сум крива за ништо.
     
  8. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    не сум подготвена за врска, не е тоа што сакам. Нема болен - безболен начин....Ќе му кажеш дека не сакаш врска и тоа е тоа !!!!! само немој да го тупиш со "ми треба време....." "незнам што сакам"....."не е до тебе до мене е.....", " измешани ми се мислите....."....и ред други такви фори.....само ќе го повредиш повеќе !!!! Вака директно - најдобро....Не сакам врска, не сум спремна - чао/пријатно !!!!
     
    На XMaN и swrcii им се допаѓа ова.
  9. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Таа воопшто не е крива овде туку тој ,дечкото што дозволува така да се однесуваат другарите.Тој треба да го забрани тоа а не да се подбива.Можеби за женско не доликува ама и не доликува на дечко така да се однесува како него.
    Изабела јас би ти рекла да не попушташ толку лесно.Пред се ти треба да се почитуваш најпрвин самата себеси па после некој друг.Доволни ти се тие тортури кои ги трпеш а на крај да попушташ.

    Се лути?Нека се лути.Имаш ти овде повеке право да бидеш налутена а не да прогледуваш низ прсти.Сепак на крај тоа е твоја одлука.

    Со срека. ;)
     
    На Izaabella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.119
    Допаѓања:
    67.123
    Пол:
    Женски
    Со лутењево и незборувањето ништо нема да постигнеш. Отворено кажи му каква е работата. Мора да разговарате за да се реши проблемот, инаку ништо не правите. Ако му прозбориш прва не значи дека си попуштила. Па и машко е, не знае што ти се мота тебе низ главата ако не му кажеш отворено.
     
    На Izaabella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Си имаш работа со незрел дечко што не може да се справи ни со сопствената околина, ни со сопствената врска. Типот не обележил територија ни во склопот на своето друштво и токму затоа ти имаш такво искуство со неговите пештерски другарчиња. Не може ни да се соочи со вистината, штом те прашува така наивно демек кој те нафура, што ти е откако забележал дека си нервозна.
    Врв на се ми беше кога тргнал 3 метра пред тебе налутен, буквално како што го опиша ти, како дете што не ја добило омилената играчка.

    Еве вака. Најдобро услуга што можеш самата да си ја направиш е да размислиш дали воопшто типот заслужува шанса кај тебе, но еве да не го сугестирам тоа, да претпоставиме дека ова треба да се реши со дипломатија (мхм, мхм)
    Во никој случај не попуштај прва. Кон тебе се однесувале лошо пештерчињата и тоа во негово присуство и тоа без тој да изреагира, како што кажав претходно, да обележи територија, да даде на знаење. На типов како да не му е јасно дека е можно да се има и другари и девојка, дека тие два составни дела од неговиот социјален живот МОЖАТ да опстојат заедно. Штом молчи и не реагира, си одбрал страна.
    Дечкото не ми изгледа ни зрел за врска со ова што го напиша ти тука, така да моето...скромно мислење е дека ако му се вратиш expect more of the same.

    Не вреди да попуштиш прва, треба да свати тој дека ти си оштетената тука.
    Обидете се со разговор, и соочи се со полниот гнев на неговата незрелост, друго не ти преостанува. И касно ти е за стравови да не го загубиш. Тој ризик си го прифати кога најдобар пријател го направи дечко.

    Па ако те сака, нема БЕЗболен приод, но ако не сакаш да го дотолчиш во моментот, кажи му дека си размислувала и дека не си спремна за врска, не ти е до врзување НИ до мување/повремени средби, демек со никој. <- ова дека може тој да ти го понуди како опција во моментот на шок и очај.

    И дополнително, некст тајм обиди се да не навлекуваш на врски дечки што не ти значат ништо. Ваљда не е толку тешко. <- Ова уште еден совет од машка страна.
     
    На Izaabella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Ај и јас да пишам тука, чисто да слушнам машко мислење :)
    Кога сме во друштво со дечкото, цело време разговара со девојките кои се присутни, се обидува да е интересен и смешен, изгледа како да флертува по малку, понекогаш дури и игнорирање добивам.
    Мене не ми смета,(не ке си правиме само ние муабет двајцата нормално) проблемот е што јас истото го правам во такви ситуации со присутните другари, и одма добивам подналутени коментари од типот "Се изнаправивте муабет а?"
    Што е финтава ? :)
    Фала однапред за советите.
     
  13. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Па сигурно интересно е кога он флертува со твои другарки
    ама ти кога го правиш истото со неговите другари ,ондак љубомора се движи низ неговите мисли и срце :D

    не за друго другарите се позгодни од него и тешко да одолееш а да не се заљубиш у некој од нив (негови мисли)
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.448
    Допаѓања:
    91.789
    Пол:
    Женски

    Јас не би го барала. Сепак сте на почеток на врска и вакви испади не смее да си дозволи. Не знам колку годинки има дечково ама не да е несозреан.
    Со еден дечко кога раскинувавме седиме на клупа во парк, му кажувам дека е толку од нас,, крај и замисли ме остави во сред парк и си отиде :rofl: И така оди он напред, јас позади него и бидејки до Центар не е мал патот си застана да ме почека :D
    Се осевстил колку детинесто постапил. Значи не го барај.
     
    На Izaabella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008

    ... Доказ дека не секогаш однесувањето на база на другарски односи се пренесува и во врска е токму твојов деген ( така ти си го крсти, ноу хард филингс :) ).

    Ќе се трудам да бидам кратка.

    Во прашање е твоето самопочитување, значи нема потреба да се преиспитуваш по сто пати што да направиш за да не го изгубиш како другар. Ц`к!...мене ми личи дека него и баш не му е многу гајле.

    Можеби едноставно има таков карактер, можеби од секогаш си бил токму таков, само ти си го идеализирала премногу па сега кога се справуваш со неговите ноу сенс детски каприци, си се разочарала. Не знам.

    Во секоја врска мора да постои компромис, не може да фураш филм на најпаметен зашто тебе така ти чини...мало морген. Значи да попуштиш, да прогледаш низ прсти за да има некој баланс да, ама се во нормални граници.

    Ако човекот од старт се пекмези и замижува на твојата попустливост големи се шансите да продолжи со тоа темпо, а една моја стара средношколска платонска љубов имаше навика да каже: Георгина, крати корените од старт, после е касно :D ...јас донекаде решив и да си го послушам.

    Изабела, јас демек реков ќе бидам кратка ама се замуабетив :D уште кафе да ми донесевте де. Ок, прави што ќе правиш, само со твоето јас не дозволувај да си игра никој. Подобро биди нарцис, отколку расплакана глупача.
     
    На Izaabella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SilverGirl

    SilverGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    7
    поздрав..

    ми треба мислење .. и совет..

    пред месец дена се запознавме со едно машко на фејс бук, се допушувавме нон-стоп кога не беше на работа, се до вчера.. кога јас бев во скопје и се договоривме за да се видиме, седевме заедно од 16 часот до 21 часот.. После дојде време да си одеме за Битола ... додека седевме, приметив дека тајинствено ме набљудува, Но ако се погледнеме и двајцата веднаш го тргнува погледот од мене .. исто и јас од него...
    кога гледав како летаат авионите и хеликоптерите на неколку пати приметив, јас гледам нагоре со погледот и кога ке го свртам погледот кон него тој ме гледа мене..

    пред да се запознајме во живо.. ми пракјаше на секоја смс бакнежи ова она..
    не дека се палам на тоа, него денеска за прв пат ми пиша смс и ми напиша само што правел и вчера кај бил од кога си заминав и јас и имаше на крај само едно *поздрав* е сега, незнам дали тоа значи нешто или не...


    на фејс бук секогаш ме прашуваше дали ми се свиѓа барем малце...
    и што мислам за него...
    тој исто сам ми кажуваше што мисле за мене...

    јас тоа не го свакјав озвилно .. пошто се зезав..
    но од кога го видов, постојано мислам на него.. мислам се затрескав во него...

    што мислите вие, дали имам шанси со оваквото однесување после вчера?
     
  17. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661

    Ох,оти јас го немам овој проблем? ;)
    Девојко,премногу е едноставен одговорот. Преку интернет,преку телефонот сите сме и сите се силни. Малку е подруго кога станува збор за во живо. Најверојатно и ти многу му се имаш допаднато,велиш сте седеле од 4 до 9,сигурно не би седел така ниту тој со некој/а ниту ти ако не ви е убаво и на двајцата. Сигурно има хемија меѓу вас. Не се секирај,тој најверојатно ти оди некоја тактика топло - ладно,да те види дали откако вака (само со поздрави,тргнување поглед итн. ) ќе се отргниш од него или сепак тоа ќе треба да е некоја подобра причина. Едноставно те става на тест. Јас мислам дека ти и баш немаш некој проблем,од ова можеби и да испадне некоја убава врска. Само остави на спонтаноста и мислам дека сега баш сега не треба да се откажеш од него и да помислиш дека не си му се допаднала. Мислам дека е токму спротивното. Поздрав :)
     
  18. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Фала ви многу на советите и одговорите, ќе постапам така како што повеќето ме советувавте, а и како што и претходно мислев дека е најправилно - не попуштам прва, границата мора да се постави.

    Ако пише, се јави или покаже на било кој друг начин интерес, океј. А, ако не, чао пријатно, видимо се у неке боље дане. :D
     
  19. SilverGirl

    SilverGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    7

    ти благодарам за одговорот.
    се надевам дека си во право... само не ми е јасно, и вчера не дојде на фејс никако од кога се брати од работа.. нити ми пиша смс..
    тотално сум збунета...
    ке може некое мислење од машко? :(
     
  20. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021

    Па убаво ти пиша Мистериозната девојка


    You like him , He likes you > Make the magic happend