Би рекол шансите ти се 50% - 50%. Тоа со нет е само почеток и ако во живо не продужи се пред тоа било џабе. И тоа што сте останале толку време не мора ништо да значи, може му одговарало друштво баш тогаш. Не ми се свиѓа што се сменил отпосле, мене не ми е тоа добар знак, ама ете може се другиве у право дека ти игра некоја игрица иако не ми се верува. Обично кога некој ти се свиѓа го бараш а чим некого го нема да ти пише, најчесто не е заинтересиран па сака да олади ситуација. Прати му и ти СМС и прашај го како е и види како ќе врати. Ако е пак резервиран, не сум баш оптимист. У секој случај кажи што ќе бидне.
Машките некад ради некоја наша глупост тресната одма ги снемува. Може слободно да се преиспита да не направила некоја таква грешка... и ако ја направила да ја исправи..јасно ако и е до него.
Сакам да прашам нешто . Може е малку глупаво .... Значи вака што значи кога дечкото не е ни малце љубоморен ? Мислам не љубоморен да прави сцени или нешто , ама бар малце? Да речеме имав една случка во врската пред некој ден и малце ме зачуди . Седев со дечкото , и мој бивш дознал дека имам нов дечко и ми пиша порака во стил дали ти фалам или го сакаш новиот дечко ? и дечко ми седеше до мене и гледаше во телефонот ј а прочита пораката ама имаше покер фејс на фацата и ништо како да не било си почна со муабет некој не дека требаше незнам што да направи ама .... ја да бев на негово место адреналинот во глава ќе ми се качеше . Да речеме исто ако искачам некаде не ме прашува со кого сум како сум , ќе ме праша како си поминав и толку . Или ако речам дека сакам некаде да одам ќе ми рече , ако оди забавувај се . И не ме прашува ништо ни со кој ни како ни каде... Јас несакам контрола да ми прави ама барем да се заинтересира со кој излегувам . И сега незнам дали Спојлер к*р не го боли или е само таков...
Јас мислам дека дечкото има некоја искричка од љубомора,ама само затоа што не ја покажал пред тебе не значи дека не му значиш или полов орган не го боли... Мислам тоа е само мое мислење,и јас на тоа гледам така,ама можно е и да сум грешка.
Аман бе вамо читам сите се бунат зашто дечкото е љубоморен ова она , и он таман не е љубоморен онда зашто не е љубоморен ЕПАААААААААААААА ОДЛУЧИТЕ СЕ :
ова се граничи со индиферентност. не е работата до љубомора, тоа што ми го кажа Мона испадна индиферентност, но закон работа е што се тече и се се менува
нема потреба од вакви СОВЕТИ , јас прашав ако имате некој совет или мислење да ми кажете од различен аспект што би ми помогнало , ако не немој да се мачите за џабе
Спојлер Прашањето не е ни во иста временска зона со глупаво. Токму напротив. Имаш неколку сценарија со дечково. Дечкото нема чувства за тебе, и токму затоа воопшто не се троши психички да љубомори, да те проверува што правиш и каде си, со кој си, кој ти пишал....Ова ми стои прилично веројатно, со оглед на тоа колку останал ладен на порака од бившиот копук. Не сака да ја разјадува врската со љубомора до тој степен што изгледа како да не му е гајле за ништо на тема ТИ И ТОЈ. Ова како да сака да ти даде повеќе слобода, да не биде како скоро секое друго машко, да не се почувствуваш задушено, но од друга страна тебе и не ти се свиѓа да го имаш цело небо само за тебе (збунето смајли бе). Ова однесување му е одбрамбен систем. Се плаши да се опушти и да си дозволи вистински да чувствува, да се препушти повеќе на емоциите и помалку на разумот. Со други зборови, се одржува ладен и недопирлив за да не биде повреден на крај. Тоа е се ок, но ако не се опушти вистински, нема ни да ужива вистински во врската, а веројатност за повредување е договор што сите го потпишуваме на почетокот на секоја нова врска. И тоа требало некој да му го каже. И Yipman2 е во право. Вас девојките се ве буни. Нормално, не е е пријатно да си во врска со коцка мраз, но од друга страна па , сакаш да ти љубомори? Ок, нема веза, моето мислење го доби..
Е ова е веќе совет Фала елементал не се ни сомневав за тебе и твоите мислења . Епа ни сама незнам што е од ова , ми покажал дека му значам , ама па и некогаш , дали сака тоа така да излега или не ,како да ме става на последно место . Нормално не сакам он цело време да ми се јавува и да сум му најважна , да оди само по мене . Иначе за излегување , нормално дека он си се дружи си искача со другарки другари , друштво , не се лутам , ама секогаш кога ќе се видиме го прашувам како беше , со кој .... и се чувствувам глупаво затоа што он не ме прашува мене а јас како некое досадно дете сум ... И некогаш незнам зашто како навистина да не сака да бид повреден си ги крие чувствата , но му се познава дека ги има барем малце . Ова му е прва врска , може заради тоа е .... Инаку за мислењето на yipman не јас не сакам да ми љубомори ама ова е веќе незаинтересираност
Ај малку и јас да кажам нешто, ако може..... Ситуацијава е тотално иста во мојата врска. Ете, доле пишува колку сме заедно-5 години и кусур..... Она што дечко ти не искажува љубомора, не значи дека не е љубоморен. Едноставно е таков, не искажува љубомора, и тоа е тоа. Тој Е љубоморен, но во многу поненагласена варијанта отколку кај други кои сме навикнале да ги гледаме. И плус друго-никогаш нема да покаже дека е љубоморен. Баш фактот што не изреагирал на пораката покажува каков е-до неа седи, ја гледа пораката, гледа девојката што одговара......Не гледам што повеќе тука има да се дискутира. Ја видел целата ситуација, и толку, за него тоа е доволно. И не би се сложила дека е индиферентен. Баш би рекла дека е многу ок типче, со голема самодоверба, дечко кој има доверба во девојката, кој знае дека и да излезе таа без него нема ништо да се случи зашто едноставно знае дека него го сака, и со него сака да биде, знае дека девојка му има свој живот настрана од врската, и нема потреба да се меша во тој дел, дека нема потреба од гушење и правење проблеми онаму кај што ги нема. Се додека на било каков друг начин и докажува дека му значи и дека ја сака-тоа што не искажал љубомора за пораката на бившиот, биг дил-нема апсолутно никакво место за дискусија дека не ја сака. Баш напротив-ја сака и не сака да ја гуши со непотребни љубоморни испади кои воопшто не се доказ за тоа дали некој некого и колку сака. Еден најдобронамерен совет-уживај и чувај си го детево, не се налетува многу често на такви Зборам од свое сопствено искуство. Не се замарај со тоа дека треба да покаже љубомора за да сфатиш дека те сака-значи имаш редок примерок покрај тебе, чувај го и негувај го тоа што го имаш со него.
МоннаСи мој искрен одговор е да разговараш со него на таа тема.Не велам дека тој треба да бидит љубоморен ,туку едноставно ке му кажеш дека ти сакаш да се заинтересира малце повеќе за тебе за тоа каде си со кого си и слично,за пораката од бившиот можел да те праша зошто ти пишува или нешто во тој стил,не значи ека треба да прави сцени и да се кара со тебе.Туку како твој сегашен дечко да се заинтересира малце повеќе.Значи седни и разговарај со него.
фала на сите на одговорите Незнам што да правам , еве и сега излегов сама во дискотека и една порака не ми пиша како е , со кој сум , да дојде... Мило ми е што не е таков да ми вика да не излегувам , туку ми вика оди додека си млада , уживај глупирај се додека можеш , после ќе бидеш веќе озбилна поголема. Ама барем една порака да пише . Ние излегуваме заедно излегуваме и сами , не сме такви да се лутиме за мали работи , ама се гледа не ме мисли како јас него . Барем си кажав што ми лежи на срце. Фала на сите.
Навистина би било најдобро отворено да разговараш со него , да му објасниш како се чувствуваш ти во врска со неговото отсуство на љубомора ,па да може тој тебе да ти кажи зошто така се однесува. Има луѓе кои карактерно се такви ,не си ги искажуваат чувствата отворено ,не затоа што не сакаат ,туку не можат да најдат коректен начин . Ти посакувам многу среќа , МонаСи
Монаси, ако не прави сцени не значи дека не е љубоморен. Тој си знаел како му било во моментот. Зарем сакаш кога седиш со другарките да ти врти и да те прашува кај си со кого си, да не го лажеш ... зарем сакаш кога си во диско на таа гласна музика на секои 5 минути да проверуваш телефон??? Зарем сакаш да не ти верува?? Гледајќи ги моите другарки, се чудам. Едната дури му се заколна на дотичниот дека е со нас. Па седиме заедно а тие по 40 минути на телефон. Без врска ... Едноставно научи да уживаш во времето што го поминуваш со другарките и во времето што го поминуваш со него. И кога си со него другарките не ти вртат па не значи дека не те сакаат. Можеш на пример после излегување да му се јавиш, да му речеш си дојдов дома убаво си поминав ти што правеше како си и слично .... или тој кога ќе излегува речи му јави ми се кога ќе завршиш да не ти досаѓам додека си излезен... или нешто така. Јас потполно те сфаќам дека понекогаш сакаш, ама барај во други ситници. Барај љубов и гооолеми непокажани дози на љубомора. Сигурна сум дека ако малку се ангажираш ќе се зачудиш од што се ќе сфатиш само посматрајќи ситници. И сигурна сум дека дечкото на еден куп начини ти докажал дека те сака затоа што знам дека подолго сте заедно според читањето.
Е, па, дојде денот и јас да се обратам. Значи, пред некој ден, на фејсбук ми стаса френд реквест од еден бивши. Проблемов е што, дечкото така убаво ме измалтретира, ме изгњави во таа долга врска, што јас бегав од машки добра една година. Отиде до тој степен, да ме следи, да ми квачи пред врата и слично... Да не навлегувам, само ќе кажам фала Богу што избегав од тој пекол. Јас нормално не го прифатив, ама се почесто почнувам да го гледам на улица. Нема ден да не го видам, а претходно со месеци не го гледав. Некако ми е сомнително, дека ме следи од некоја страна. Еве конкретно вчера, стоев со еден другар, овој минеше, застана до нас, си постои 3-4 минути и си продолжи! Ако бев сама, се кладам дека ќе пробаше да ме запре. Мојот живот си продолжи, конечно имам некој што нешто ми значи и со кој гледам некаде напред, и еве го, пак се вмешува овој бившиот. Не сакам никакви проблеми ни па контаки со него. Свесна сум дека може многу проблеми да ми направи и тоа ми е стварно, еден вид на опсесија деновиве. Се стресувам од самата помисла дека си идам сама навечер, макар и со такси треба да изодам добар дел во темница и не знам... Не ми влијае добро на психа. Единствена тактика моментално ми е да го игнорирам, а очекувам дека кај и да е ќе проба да ме бара. Зошто и како наеднаш толку пак му станав интересна, не знам. Претпоставка дека ме видел со некој, па му се скинало некое жиче во мозокот. Некоја идеја, совет... станувам параноична.
За почеток, не покажувај пред него, кога ќе го забележиш, страв или нервоза, зашто така само уште толку ќе го „поттикнеш“ да си го бара она по кое дошол. Зборувај со твоите, замоли ги ако треба извесен период да те земаат после вечерните излегувања, или да те пречекуваат да речеме на 100 метри од дома. И да се враќаш доцна, за вакво нешто ќе ти излезат во пресрет, немој да мислиш дека ќе те одбијат, тие најмногу заслужуваат да знаат вакво нешто. Истовремено разговарај и со дечкото, притоа замолувајќи го и тој да ти помогне. На пример, кога нема да сте заедно, а ти ќе си одиш накај дома сама, јавувај му се, зборувајте долго, за ако бившиот е во околина, да те види како си со некој на телефон, при што нема да се осмели на некои неразумни потези. Истовремено, побарај и од него кога може да те испраќа, со што воедно ќе бидете и подолго време заедно. =) Што и да те посоветувам, суштината е таа, дека се работи за проблем кој треба да го споделиш со твоите најблиски, и со нивна помош да истраеш одреден период додека бившиот (се надеваме) не исчезне повторно од твојот живот.
Или соочисе со него и ке дознаеш зошто постојано те следи и да прогонува.Ако ти е страв сама,нека има некој во твоја близина.Навистина манјачки изгледа се тоа,ти го знаеш најмногу и знаеш на што е спремен.Најубаво разговарај со него казжи му да не ти се меша во животот повеќе,дека си имаш друг дека тој не пости за тебе више
Сум била во истата ситуација, само што јас еден извесен период не излегував од дома па тој манјакот прекина да ме демнее.. И после вакви негови испади, се чудиш со каков идиот си излегувала.
Спојлер Кажи на родителите, пријави во полиција, почни да шеташ со кујнски нож наоколу. Препорачувам да си купиш и телескоп на собирање. За мн. евтини пари, за 200 ден. може да го најдеш преку Вардар, if you know what I mean. Извести го моменталниот тип, едноставно активирај повеќе луѓе околу тебе и кажи им која е ситуацијата и како се чувствуваш. Нека добие чувство педеров дека не сте еден на еден, туку тој е ЕДЕН против многу луѓе кои им си им важна во животот и нема да те гледаат психички малтретирана од некој имбецил. Од кај ги наоѓате вакви бе...
Облог. И девојкава ви вели дека ако изгуби таа,може со неа што сакате да правите,буквално што и да е. Што би било првото,или второто или седмото кое ќе ви падне на ум после ваква понуда,што би и правеле значи стварно? Баш ме интересира колку twisted умови имате,нормално ако сакате тоа тука да го споделите. И гајс,ќе ве разберам ако одговорот е не,сепак ми е чувствително прашањево. Можеби е малку глупо,тука има девојки со сериозни проблеми,но денес ете ова ме интересира мене. Фала ви однапред.