Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Различно го протолкува, не дека не му текнало но е со секакви проблеми од сите страни, јас го сваќам до некаде, но.. незнам навистина што да мислам! :|
     
  2. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.658
    Допаѓања:
    8.575
    Пол:
    Женски
    Е добро де сите имаме вакви испади понекогаш.

    Биди среќна што самиот се удира во глава и признава, а да сака да раскине ке раскине и крај нема да се однесува вака и после да те бара и да признава дека не му било во ред однесувањето.

    Само ти можеш да процениш дали неговите чувствата се смениле кон тебе или не.

    Мој совет ти е да имаш трпение ако те сака ке се смени, ти кажувам од искуство, го поминав и јас истово, ама бев сигурна дека го сакам и дека ме сака и се жртвував ги истрпев тие некои негови испади. Нема вака да се однесува кон тебе до бескрај, твое е да процениш дали треба да се жртвуваш и да го истрпиш тоа негово однесување.
    И секој пат кога ке ти каже дека не бил ок спрема тебе потврди му го тоа и кажи му да се смени.

    Само ти знаеш дали треба да прекинеш или продолжиш.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    можеби те изварал па има грижа на совест (ма да неверувам), можеби друга му влегла у мислите, можеби лаже за чуствата па сака побезболно да те откачи и се ова е можеби :!: иначе неверувам дека некој ако некого сака би го оставил ради таа причина демек не ја заслужува бла бла бла ептен е провидно дека позади ова има нешто друго :)
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. plavata212

    plavata212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    566
    Пол:
    Женски
    се работи за мувач пред 1 месец шо се смував.после то останавме другари имаше еднаш прилика да се смуваме пак ама јас се тргнав.е сега пак ме бара.требаше вчера да излезиме ама него го немаше цел ден да се уклучи на фејсбук за да се договориме и баш јас од ко се договорив со другарките тој се уклучи ама јас заминав.и ми пиша денес.пишевме за то шо требаше да излезиме.и тој имал многу обврски и неможел да се уклучи а после ме немало ме барал.и ми викаше нешто во смисла се гледа колку сакаш ти,немора да е за еднаш мување бла бла,ми рече ме барал и денес цел ден да излезиме ама јас не бев дома бев на школо.и сега се договоривме утре да излезиме.решив да излезам да видам како ке ми биди како ке се осекам со него...незнам шо да мислам оти секогаш ко ке пишевме јас прва почнував муабет...и си мислам сега дека се однесува убо само заради то шо нејки да му откажам...ми рекоја дека можи понекогаш ладен заради то шо заминав тогаш ко имаше прилика...СОВЕТ НЕКОЈ..да продолжам,шо да прам?
     
  5. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    ^^ најди си друг мувач ;)
     
  6. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    дечки во дилема сум и сакам да чујам ваши мислења.
    Се запознав до еден дечко,постар од мене 6 год.Инаку е пријател на мојата братучедка и таа не запозна.Уште не почеток знаев дека му се допаѓам.Тој секоја вечер ме испраќаше до дома и после една недела онака ми појде но јас ништо го одбив,затоа што е постар од мене 6 год.Инаку тој е многу фин,внимателен,нежен,добар,забавеен е многу и друштвен и комуникативен и сака да се шаали многу.На фб ми праќа пораки за добро утро,за добра ноќ.. на chat секогаш ми пишува и се зафркаваме...и така во петок во град се видовме случајно додека јас бев со другарките,а тој со другарите и ме викна демек да купиме сончоглед и јас појдов со него и застанавме во едно сокаче и тој ме гушна и ме праша зошто несакам дали е проблем разликата во годините и јас реков не,не постои никакво проблем и тој ми рече многу сум била убава блабла бла....и ништо купивме сончоглед и тој настојуваше со такси да си одам дома несака сама да ме пушти,тој ке го плател и јас не не не...и вчера после школа ме чекаше се шетавме,се зафркаваме многу и многу ми беше убаво и интересно со него и тој многу убаво ми зборуваше.Знам дека е искрен,но :!: некако сеуште неможаам неможам незнам во што е проблемот...дечкото е стварно паметен вниматеелен забавен друштвен нежен.Ми вика дека многу му е интересно со мене и забавно и вчера седевме 2 саата заедно и мене ми здосади почнав да ивкам да си одиме и тој несакаше да ме пушти,.си седевме така гушнати и зборувавме.
    Што мислите вие,би требало да се одалечам од него или ???

    фала однапред :)
     
  7. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Иако мувањето не е нешто што задава обврска, се гледа дека дечково и без тоа игра топло-ладно. Мое мислење е дека залудно трошиш време со ваков човек, нема никогаш да си на „сигурно“ со него. =)


    Хммм, ако е така внимателен и грижлив за тебе, продолжи да се гледаш, макар и да не правиш ништо повеќе се’ уште... Дефинитивно не се среќаваат толку често дечковци кои до тој степен се грижат за девојката, но токму затоа и предлагам уште некое време да ја „испитуваш“ ситуацијата, затоа што според се’ ова што пиша, уште сега на моменти делува посесивен, а тоа е една од најлошите особини во една врска. Испитај некако до кој степен дечково би одел за тебе, колку е упорен, што би сторил за тебе... Но доколку го правиш тоа имај на ум и дека секој момент може да му се смачи и да се откаже, па ти да си таа која подоцна ќе жали за тоа.
    Накратко кажано - има потенцијал, но потребна е дополнителна проверка на „теренот“. =)
     
    На Loritaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Драга моја, добро познато сценарио, а судејќи по твоиве години знам дека ти годи вниманието,на кого не би, а тоа што не ти дава нешто да направиш понатака, е некој инстинкт длабоко во тебе кој се плаши да не бидеш изиграна, која ја познава реалноста. И да речеми на пр дека има добри намери, до каде би можеле да одат тие добри намери сега за сега? Постар, ти млада, можеби ќе ти треба време за интимност со оглед на возраста, ама тој е сепак постар, а верувај ми, нема да те чува за украс. Можеби ќе се воздржува некое време, ама пука филмот. Затоа, ако не си спремна за соодветни последици од донесените акции, немој да се замараш. Биди млада, уживај, летај, биди среќна , а пред се безгрижна. Има време за се. Ама сепак имај на ум, што добиваш а што губиш најлаички кажано, и дали вреди, дали сакаш сама ти.
    За секоја одлука во животот имај го ова на ум.
     
    На Loritaa и mims-89 им се допаѓа ова.
  9. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Абе тоа шо е постар и не игра некоја улога колку што игра улога неговиот карактер, значи ако ти се допаѓа тоа негово внимание зашто да не бидеш со него ? Е сега кога ке дојде до моментот за другине работи ако сис премна во ред а ако не си ке те почека посекако тоа нели, сепак за почит се работи, и од таа гледна точка и ке видиш и колку почит има за тебе и зашо е уствари со тебе.Тоа за годините незнам некако не ми игра многу голема улога, све зависи до карактерот ;) . Така да ако нешто од внатре ти вика дапробаш пробај зашо да не, ама :!: Ниако не се залетувај, се со резерва ;)
     
    На Loritaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Овој пат, не сум тука да ве прашам, а ни да барам совет.Сакам да ви кажам, на сите што ми помагавте околу нашиот прв геј примерок, дека мојот геј радар не работи :tmi: Дечкото нема ни Г од геј-вчера и денес зборувавме малце и од се што ми кажа мојата претпоставка е тотално погрешна.А можам и да ви се пофалам дека денес ме покани на кафе... ;) :rofl:
     
  11. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Па секоја би сонувала за такво внимание.. ако ти се допаѓа типов немој да играш hard to get..ако не ти се допаѓа тоа е веќе друга работа али многу подобро е да идеш со повозрасни типови неголи со дечишта..според мене тие веќе поминале многу работи во животот а искуството си го прави своето

    Се разбира зависи од тоа каква намера има со тебе ама ништо нема да те кошта ако пробаш па тек тогаш ке видиш дали ке ја бидне или не работава :) ако не пробаш можеш послем некое време да се покаеш и да речеш а што ако биднеше.. за проба не наплаќаат.. послем ако не ти е убаво секогаш можеш да ставиш крај извини ама со сила не бива ;) гуд лак
     
    На Loritaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Се согласувам со womaninred важно е дали тебе ти се допаѓа.На тие години и мене многу ми годеше така ко ке ми се пуштаат,но две години подоцна сега поинаку размислувам. Ако е толку внимателен и искрен,и добар како што го кажуваш ако дојди до тие "работи" би требало да те свати,по што е сепак постар од тебе и поинаку размислува.
     
    На Loritaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Чисто информативно ме интересира што ќе кажат момциве на следнава работа.
    Што кога во долга врска дечкото раскинува без причина, а потоа се вади на она, морав да го направам тоа за да сфатам што сакам. Какво е вашето размислување во тој поглед? Мене ми е искрено безвезно тоа, да раскинам за да сфатам што сакам, значи воопшто не го сакам партнерот...
    Има ли некакво оправдување ваквото однесување, сте направиле ли некогаш така? :)
     
  14. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Како прво и основно МОРА да има причина зошто раскинува.. а тоа дека морал да свати што сака не бил сигурен дали сака да продолжи да биде во таа врска или не.. си слушнала за? "Feelings can grow but they can go away too" епа на тоа мислел :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Секогаш има причина за раскин а најчесто веќе не сакаш да бидеш со таа личност ама не секој има храброст тоа да му го каже отворено на партнерот па доаѓаат такви реченици, ми треба време, не е до тебе до мене е и слично.

    Раскин е раскин (ако е искрен а не само на финта), престанал/а да те сака и тоа е :).
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Лорита, нема зашто да се ддалечуваш ако ти е убаво, ама сепак не летај многу, биди спонтана, не му се давај многу, сепак е постар и знае како да сврти женски памет.Гледај се онака со него, ама нека не си мисли дека леташ во облаци и дека ти е многу важен.

    Мимс, многу глупава причина ти дал дечкото, ако е за тебе.Мене ми личи дека сакал малку да се излуфтира, ама да ги држи конците во раце.Ако сега сака да се смири, кажи му дека тебе ти треба уште некое време да размислиш, а не да се опушта, па да зачести со размислувања секогаш кога ќе посака.
     
    На Loritaa и mims-89 им се допаѓа ова.
  17. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Почни од тука. Дечко што раскинал после толку време и без причина значи чувствата му секнале. Пред да ја донесе одлуката за раскинување, тој поминал низ фаза на самоанализа, обидувајќи се да свати каде тргнал во животот со таа цура, дали се чувствува исполнето со тоа што го има моментално и дали вреди можеби да се проба нешто ново. Или дали е дури подобро сингл, да си ја излади главата привремено, отколку да фура врска за која не знае што чувствува.

    Не е прашање дали е оправдано тоа однесување, бидејќи сепак си имаме право на слободен избор, без разлика како ќе се чувствува другата страна.

    Тие што го читаат Doc Love од AskMen.com :x :bow: знаат една од многуте добри изреки што ги има и во статиите и во книгата.

    Има само еден падобран во Авионот на Љубовта. Кога ќе падне авионот, еден обично останува повреден.


    Еден секогаш подобро го преживува раскинувањето. Гледај тоа да бидеш ТИ.

    п.с. те копка минатото, чупе? :). Да се барем половично точни форумските постови за твојата згодност, и со изборот што го имаш (со кој си се пофалуваш) духовите од минатото треба лесно да се заборават нели? Стегај заби и остави ги во прашината.
     
    На Bright, WildCherry, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    А добро момци, ме интересира една работа кај вас. Кога ке ви дојде моментот да сакате врска тогаш што повеќе цените кај едно женско ? Карактер или изглед ? И каква повеќе би сакале она да биде (карактерно) дали би ја прифатиле таква каква што е или ке и барате промени се со цел за да го задржи вашето внимание... Со оглед на тоа што овие работи се индивидуални, ама сепак мислам дека од вас мажите ке извлечеме барем 60 посто исти одговори. ;)
     
  19. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021

    Па вајда карактер , ако се бара сериозна врска

    ти па демек ние поразлични имаме критериуми од девојките за сериозна врска


    се знае правилото

    Сериозна врска = Карактер
    Sex = изглед
     
  20. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Ќе ризикувам клише, но ќе ти кажам дека првично физичкиот изглед привлекува. Е сега ако сме почнале да се додворуваме, тогаш сакаме да ја запознаеме девојката, т.е. нејзиниот карактер.

    Ако наведнуваме потоа кон врска, значи цурата ни ги исполнила и физичките и карактерните особини. Нема тука црно или бело, карактер или изглед. Или е комбинација или нема врска. Долгорочно никој нема да издржи со нечиј патетичен карактер или крајно незадоволувачки изглед.

    Што се однесува на прашањето за промени...ова го сметам како резултат на слаби комуникациски вештини. Сметам дека има доволно време и простор во додоворувачко-запознавачкиот дел да се прочита цурата карактерно и да добиеш солидна слика за тоа што да очекуваш од неа и во врската.

    Пример може да биде ако таа ти каже како постојано му се јавувала на бившиот да го провери (несигурност, посесивност, љубомора, ќе те задушува), или како го изневерила (ама ок, после зажалила, значи у реду е нели. Тука имаш потенцијален варач, таа го скршила мразот), или како му премолчила "невини" кафиња со други момци (слаба совест и свест, подмолност, без принципи) Овие не мора да бидат сигурна дефиниција за личноста, но мора да се забележат. Крајната поента ми е дека преку разговор луѓето се откриваат, само треба во таа фаза да ги поставиш вистинските прашања и да ја заземеш улогата на слушач, повеќе отколку некој што зборува. Наградата е голема, верувај. < - ова општ совет за двата пола.

    Еве зошто не разбирам зошто луѓето веднаш по стапувањето во врска, се трудат да го сменат партнерот. Ало, идиоте, имаше воведен период, кај ти беше перцепцијата, нели свати отприлика во што се впушташ? Или прифати го или оди си.

    Така значи кога ќе видам машки, прво им се свиѓаат слободни, комуникативни девојки со опуштен приод и после официјализирање на врската, им забрануваат да излегуваат толку, да се поздравуваат со други машки со бакнеж во образ, ахам а кој ти титна? А на каква студентска журка ќе одиш а?

    Прво ја гледа каков и е животот и кои и се ставовите на цурата (и таа си има полно право на тоа), и се ок, стапуваат во врска и веднаш почнуваат реформи во 100 чекори. :fubar:

    Можеби забегав со одговорот, but I believe I dropped some useful info.
     
    На Hipica, WildCherry, Cynthia и 1 друга личност им се допаѓа ова.