Чим сум дошол да сакам врска значи и изглед и карактер и интелигенција поминале . За изглед и интелигенција не правам компромис а за карактер можам да преминам преку некои бубачки под услов да не ги употребува против мене, значи тука сум најфлексибилен под услов да ме сака и да немам јас проблеми ради нејзиниот карактер. Да се надевам нешто многу ќе ја сменам тешко (можно е ама несигурно) така да ако сум се одлучил за врска значи и таква каква е во моментот ми е ок и ми задоволила критериуми. Се друго што дојде понатаму е бонус .
Лорита немој да се навредиш. Ти си дете за него. Значи типот има 22 години, веќе е маже. Може е клише да се каже дека не му е до шетање во парк и слично, ама стварно не му е! Еднотавно имам милион пати кажано на помали другарки кои се затрескале во мои другари, може да гледаат забава во нив, или посериозна врска ако има секс. Он е фин затоа што сака да те придобие, кое машко не е кога се труди да освои некоја девојка? На крајот на краиштата, секогаш постојат и исклучоци, може ти си нашла еден од ретките, ама размисли добро. Или пак ако и тебе ти е до малце посериозна врска (секс) go for it. Може го имам ова мислење затоа што никогаш не ме привлекувале постари машки и при било каков посериозен однос од другарски сум прекинувала контакти, едноставно јас не сакам постари. Но ти велам, ретки се тие кои би се шетале со тебе за раче на таа возраст.
Ај вака сеа, машки.. Што треба едно женско да поседува, т.е каква треба да биде за да смени ЖЕНКАР ! Ми се засфиѓа еден, не многу.. онака ми е симпатичен, фин и све тоа ама знам дека ги врти по 10 женски дневно, и дека неможе да биде само со една. И има на моја другарка кажано дека му се сфиѓам ама го ставав еден период на игнор али што повеќе го гледам толку повеќе се затрескувам во типов.. Ме викна да излеземе утре, као многу сакал да ме види, ама незнам уште дали да одам или не! ај совети ќе ве молам..
Најважна ти е самодовербата! Таквите момци обично „вртат“ по многу џенцки зашто се навикнати да им „јадат“ од рака, и лесно да допираат до нив, да манипулираат. Но ти, зрачи од сигурност во себеси, флертувај интелигентно, давај му до знаење дека и ти си посакувана девојка... Едноставно сврти ја ситуацијата во твоја полза, направи тој да те посакува тебе, не откривај ништо целосно за себе, биди мистериозна. Флертувај, кокетирај, ама онака, како тоа за тебе да е нешто најнормално, а тој е само уште еден во низата... Верувај, така ќе го испровоцираш да сака да го докаже своето „реноме“ на женкар и да се докаже пред тебе, да те освои. =) Среќно!
Спојлер Мој совет би ти бил, додека е време да се тргнеш од тој женкар. Во една тема кажав дека таквите особи не се менуваат. Ако ти сакаш по секоја цена да бидеш со него, треба да знаеш дека те чекаат многу нервози со него. Јас сум се нашла во таква ситуација. Колку и да не сакаш да се заљубиш во таков, едноставно тоа се особи кои се посебно шармантни и несвесно ти се вовлекуваат под кожа, затоа и толку женски вртат, нели. Колку повеќе го ставаш на игнор, се правиш недостижна, се правиш дека си посакувана, толку повеќе ќе се заинтересира да те освои. Не велам дека тогаш ќе те отпука кога ќе му здосадиш, но сигурно нема да му бидеш единствена, тоа е факт. Од лично искуство, што не мора да биде исто кај тебе, мојот "женкар" извесно време беше само со мене и некако се смири, наводно се смени. Тој сфати дека јас вредам (да не си се фалам, но не сум како тие со кој бил), но сепак тој не може да биде само со една, посилно е тоа од него. Па се обиде да биде со мене во јавност, официјално како мој дечко, но настрана да си тера по старо. Ем да биде со мене и да ме држи само за него, ем од друга страна да си ги користи шансите. Нервози колку сакаш, раат да немаш никогаш, нон стоп досаѓа некоја мивка, довербата аут и од врската пропаст. Џабе труд да биде нешто од нешто што не вреди. Позз, се најубаво и со среќа.
ДртиКвин не е работата да го смениш дечкото ти , туку неговата љубов спрема тебе да го смени треба. Мислам дека не е убаво да кроиме планови како ќе си ги смениме партнерите , фората е да ги сакаме такви какви што се , нели ? Можете компромис да направите , тој нема да го прави тоа што тебе не ти се допаѓа и обратно . Ама добро ова кога сте веќе во врска . Доброто е што ти знаеш дека тој врти по 10 во ден . Не давај и тебе да те врти Ако ти се свиѓа многу тогаш искочи ама многу е важна самодовербата , веќе ти кажаа . Ако си мека , ќе му бидеш +1 на листата. Иако , според мене , полесно е да си најдеш некој фин момак што нема да му треба преобразба Извинување до форумџиите .Испаѓа се пикам кај што не ми е место
Напишав и во друга тема.. мажот не може да се смени под влијание на жена, туку само кога ке го посака сам тоа!!
Во многу ретки случаи може да се смени под влијание на жената иначе се согласувам дека секој се менува најмногу ако сам посака да се смени или пак ако животот го доведе во ситуации кои ќе го променат него и неговиот начин на размислување и однесување
На некои драга Гоу, ама ич ништо не ги мења, па отепуј се ако сакаш џабе. Ја нив ги викам бегачи од реалноста, сонувачи и имагинаристи
знааам,знам.. во право сте немам намера да му бидам уште една во листата,ниту пак да ме смотка и да ме откачи.. ќе се обидам утре да бидам што по искулирана и да не покажувам многу заинтересираност зашто ми се чини дека ќе завршам со
Ова ти е класичен женски нагон. Да се заљубиш во женкар, сакајќи да го смениш бидејќи ниедна друга пред тебе не можела, ууу ми мириса на предизвик, а? Женкарите традиционално имаат долга серија комплекси. Некој може да каже дека едноставно имаат цврсти критериуми кои ретко која девојка може да ги задоволи, па затоа мора постојано да бараат нова, но тоа не ми држи вода ама баш ич. Женкарот не знае да цени девојка. Токму затоа се обидува да ги менува колку што е можно почесто, за да не дојде момент кога ќе треба конкретно на една да и придаде поголема важност и внимание. Можно е да бил повредуван, и ова може да му е одбрамбен систем за во иднина. Тој не верува во своите квалитети како човек, и затоа чувствува желба постојано да си докажува дека има нешто во себе што вреди. Женкарството му е идентитет нему. Мислиш ли дека ќе си дозволи тоа да му го одземе една цура кога тој нели може да има повеќе истовремено. После тоа, тој ќе стане "обичен" дечко, смртник, нели? Па уште и коментарите дека го скротила, ахх, чао Плејбојство, било је добро док је трајало. Во мое мислење, од мое лично искуство што сум гледал патетики околу мене, не вреди да се трудиш околу женкарите. Таквите не ти го ценат ни родот. И тешко се менуваат, ако воопшто може да дојде до тоа. А за How-To листа во неколку чекори, не сум запознат дека постои. Знам дека не ти одговорив директно но прашањето, но доби профил на тој карактер луѓе. Во Џејмс Бонд: Казино Ројал, цурата одговорна за финансиите на Бонд му рече You view women as disposable pleasures, rather than meaningful pursuits. Таа една реченица одлично ги опишува ваквите кловнови. Прочитај го болдираното, и тетовирај си го во мозокот.
јас пак ќе ти кажам нешто сосем поинаку од елементал зашто не се согласувам со него во ниту една од точките кои беа наведени....Женкарите имале комплекси? Не бе брат, не би рекол....едноставно си МОЖАТ да мењаат девојки, има нешто во нив што е привлечно, свесни се за тоа, па зашто да се врзува на 20 години, на 21, на 22, кога животот е пред него? Он си ја има харизмата, жените го сакаат и тоа е тоа....Некој може со години нема да фати женска, ама на него му е лесно, па зашто да не ужива? .....Друго воопшто пак не се согласувам дека НЕ ЦЕНАТ и не поседуваат ниту еден квалитет, и дека повеќе женски им е всушност нивниот идентитет? ...Брат извини вака, ама многу грешен концепт имаш на работите. Баш тој дечко што е успешен кај понежниот пол има многу самодоверба, си ѓи знае своите квалитети и напротив НИВ ѓи истакнува како оружје со кое што го привлекува женскиот пол. Нема ништо помоќно за девојка од самоуверен дечко - верувај во тоа.....А за фактот дека мењаваат многу девојки и дека со тоа си докажуваат дека се нешто, пак не се согласувам, туку како што кажав мењаваат се додека не најдат некоја која што ќе им го сврти умот - е тука веќе престануваат да мењаваат, а со ова Диртиквин еве ти го и одговорт на прашањето.... - нема начин, нема правила и тактика некоја како да скротиш женкар - едноставно он сам се скротува кога ќе се заљуби што е случајот кај секое машко, нема исклучок - секој ќе се заљуби....А поимот ЖЕНКАР? - е едноставно дечко што има повеќе успех со жените за разлика од мнозинството на машки И ТОКМУ ЗАРАДИ ТОА ИМА МОЖНОСТ ДА БИРА СО КОЈА ЌЕ БИДЕ !!!!!!! Тоа не значи дека не ѓи почитува и дека нема самодоверба и дека нема што ти таму знам...За тебе може е кловн и може те иритира тоа што девојките се летаат по него, но не прави он ништо погрешно туку едноставно има можност да избира со која сака да биде,бидејќи како што кажавме си поседува квалитети кои што се привлечни за девојките
Сите споделуваме совети според личните видувања. Мене лично многу ми прави ќејф кога имаме различни размислувања, пред се за да се избегне евентуална униформираност и предвидливост во советите. Вака стигнуваме до гледиште од повеќе агли. Не ми се свиѓа потенцијално фалбаџискиот саунд на следново, но кога сме веќе тука, би сакал да кажам дека овие мислењата не ги вадам од џеб, или уште полошо, да се резултат на некои лични проблеми што ги имам јас со женкари. Мене буквално очите ми истекле пред компјутер читајќи relationship books, таму имало вклучено и психологија и таканаречени behavioral studies и мнозинството укажуваат на тоа. Дека женкарите се чувствуваат многу самоуверено и знаат што прават во оној заведувачкиот дел, но и дека постојат психички issues позади тоа нивно однесување. Не знам колку ти лично се препозна во опис женкар, па да не пецнав на лична база (секако, без намера) ама женкарите што јас сум ги видел, не бираат. Тие се обидуваат да заведат парче мевце и со добри маневри врз чувствителна девојка оставаат хаос позади нив. Тоа билда его, и за мнозинството станува причина повеќе да се продолжи со мачо филмот. Егото. Не велам дека и девојките немаат гревови, и тие кршат срца за појадок, но јас не оправдувам такво однесување и повредување, само за моментална лична сатисфакција демек...јас можам, јас сум посакуван. Тоа...брат, се psychological issues. Барем за мене. Еве од твој агол, тоа е објаснето со на дечкото му се може, па си фура филм. Имаме различни мислења едноставно. И точно дека самодовербата е голем плус кај девојките. Јас стварно не сум којзнае колку романтичен тип и сум доста неемотивен, но сепак верувам дека квалитетите можат да се покажат и без да повредиш еден куп девојки само затоа што можеш.
секој со своите гледни точки нели? секој со своите искуства, така да неможе двајца да имаат различни мислења Сепак не се должи на психичка пореметеност како што велиш, туку едноставно им се може....И тие книги што си ги читал ги пишувал некој што е доста успешен на тој план претпоставувам нели? Така да и он спаѓа во таа категорија на женкари....Сепак треба да имаш доста искуство за да напишеш таква книга, зашто сепак нема поголем показател од праксата....Теоријата може да се фрли во вода кога е во прашање да ќариш девојка, без разлика дали е за една вечер или за подолго...Сепак ти имаш твоја гледна точка, јас моја и тоа е тоа, неможам ни јас да ти замерам ниту ти....
Зошто да не излезеш? Никаде нема правило како еден женкар треба да се однесува со сите девојки. Не треба ништо да направиш, биди си ти. Никогаш нема да знаеш ако не пробаш дали може да се измени или не. Елементал џабе ти се книги ако немаш улична школа која е многу важна во животот. А и ако има некое правило дека женкарите не се менуваат, кај секое правило има исклучок.
Ја сваќам општата навлажнетост кога некој ќе ги вкрсти копјата со ЕлеМентал, иако и јас само се обидувам да помогнам на секој што можам тука. Поради тоа болдираното, многу цури биле повредени, и уште многу нови ќе плачат. Не ми фали мене улична школа, јас сум едноставно начитан. Начитан на секоја тема за која сум пасиониран. А динамиката на човечките врски ми е слабост. Немаше инаку да го посветувам скоро цело слободно време занимавајќи се со туѓи проблеми, и да уживам во тоа. Не знам дали можеби изгледам како некој фрик, и дали некој се сомнева во моите намери, но важно јас знам дека тие се чисти како солза.
Не е проблемот во женкарите, проблемот е во девојките. Сите сакаат да се „онаа„ која ќе го промени женкарот и ќе биде само нејзин. Е сега тука следуваат оние тактики, изигравање недопирливост, играње топло-ладно, хард ту гет... Нема формула за однесување, нема тактики, џабе е се. Се е во пристапот. Имено ако знаеш дека типот е женкар, а ненормално сакаш да го имаш тогаш одиш и ти на таа карта да го смуваш, легнеш итн.. без чувства. А ако одиш со тој пристап да го смениш, тука на крај излегуваат тие провредени девојчиња. Затоа мој совет лет д тингс хепн. Што ако излезеш со него и сфатите и двајцата дека има ненормална хемија меѓу вас, дечкото се заљуби едноставно и се смири. Колку и да е женкар кога ќе се заљуби ќе си остане само со една а формула за заљубување исто така нема, едноставно хемија, ако ви иде муабетот итн...
Кога викате ЖЕНКАР мене два поима ми се мешаат во глава, првиот е тип којшто не може и да сака да биде само со една и колку и да го менуваш и да мислиш си го скротила кога ќе му помине првата фаза на заљубеност која може да трае неколку месеци или неколку години пак почнува да брка други и да си ја вара девојката (жената) и вториот тип (условно) женкари се мажи кои имаат успех кај женскиот пол, барани се и бркани и имаат голема можност да бираат и чекаат да се врзат само со таа која им ги задоволува критериумите. Тие вторите кога ќе се заљубат не мора да вараат и женкарството им оди во мирување. Првите тешко се менуваат а вторите ќе се сменат кога ќе се заљубат до уши во таа што ќе успее да биде појака од нив и да им го даде потребниот предизвик и отпор со што ќе се истакне од другите кои според него одма му паѓаат на шармот. Во секој случај интересна дискусија со поларизирани мислења но така и треба да биде .
Кога почнав да излегувам со сегашниот сопруг всушност не ни знаев дека е жанкар. Веќе излегувавме две недели кога една девојчица ми рече-бегај од него тежок женкар е. Некако не обрнав внимание на коментарот, ништо не му реков и врската си продолжи да тече. После извесно време го прашав што сум посебна, зошто баш јас...Одговорот беше-па едноставно уште првиот пат кога зборувавме на тел. беше своја, не глумеше и пријатен ми беше муабетот....откако спуштивме (после 2 саати разговор) сакав пак да ти се јавам. Значи потполно се согласувам дека женкарот може да се смени...само треба да се заљуби, тоа е лекот. И претходно излегував со еден женкар, разликата е што знаев дека е женкариште и некако немав доверба ниту во него ниту во себе, врската однапред беше осудена на пропаст. Некогаш бев здрвена, некогаш преагресивна и љубоморна, а некогаш и не се препознавав себе си...до толку се изгубив Излези со дечкото, дај му шанса, биди своја, не глуми, остави го него повеќе да зборува, ти биди слушателот, биди малку таинствена, не се смеј со сила ако нешто не ти е смешно, биди тоа што си....не се труди да му се допаднеш до таа мера што ќе стане воочливо дека се трудиш....се надевам ти помогнав.