Благодарам за советите се согласувам со сите.. Ќе видам како ќе ни тргне муабетот, ќе се држам подалеку од чувства сега за сега
Не знаев како да почнам.. Но, еве збор по збор нижам во овој пост. Како што можете да забележите имам 19 години, некои ме знаат лично, некои виртуелно, а некои никако! Ме мачи нешто за кое сакам да побарам совет од вас, како од машките така и од женските. Во принцип сум многу слободно девојче, комуницирам со сите без разлика дали ги знам подолго или сега ги запознавам. Сакам да се дружам, да искачам, да се мешам помеѓу луѓето, се на се си го сакам животов. Можам секаква глупост да направам, секогаш сум тука некој да насмеам, не знаев што е тоа срам.. Во љубовта не ми одело баш сјајно, но сега нешто се смени... Мислам дека се заљубив Станав поповлечена, некако се затворам во себе.. Но, се уште сум онаа позитивна и насмеана .. Е сеа проблемот е во тоа што мене со дечкото ми е супер, имам чувства за него и тој за мене, се трудеше цела година, редно беше да му дадам шанса. Кога станува збор за машки секогаш глумев дека не ми е грижа до никој од нив, сепак овој се избори и ги доби клучевите од моето срце.. Можеби е уште рано, но некако сите насоки не водат кон односи. Не е дека не сакам, туку јас никогаш до сега не сум имала.. Тој не ме присилува, а нормално дека сака како и секое машко.. Не знам како да му кажам дека сум уште невина, дека сакам да го направам тоа со него, но дека се плашам. Не знам впрочем и дали ќе ми поверува 19 години имам накај 20та одам.. Не знам као ќе реагира... Не знам ни како да му кажам со оглед на тоа дека јас многу многу не зборам на такви интимни теми, се срамам кога станува збор за тоа... Некој совет ?!
Во врска со тоа како да му кажеш, постојат три начини... или ќе собереш храброст и отворено ќе разговараш за тоа со него, што според мене е најдобро... или сето тоа ќе му го срочиш во едно писменце кое ќе му го дадеш да го прочита, што е полесно за твојот срам или трето ќе го направиш тоа на дело... Иако искрено мислам дека не си спремна да го направиш тоа, т.е. само така мислиш... не ме сваќај погрешно, но мислам дека првин треба да бидеш доволно опуштена во негово присуство за да разговараш на таа тема а дури после тоа да поминете на други работи... мислам ако си срамежлива да разговараш со него на таа тема, тогаш како планираш да направиш други работи... Мој совет ти е да почекаш уште малку и да оставиш се да дојде спонтано... А за тоа дали ќе ти верува или не, незнам зошто не би ти верувал... ај што се познава ама и зошто не би ти верувал ако имате таква врска како што велиш... И сравот... тоа е нормално... и низ тоа сите девојки поминале... таа што ќе ти каже дека не се плашела ќе излаже, ама за стравот можеби е подобро да побараш совет од некоја девојка... сепак они подобро знаат затоа што лично го поминале тоа...
Знам дека најдобар начин е да му кажам лично, само не знам како да го направам тоа, како да соберам храброст, како да почнам.. Не те сфаќам погрешно јас побарав совет и мило ми е што ти го искажа своето мислење.. Во овој случај не се работи за тоа дека не сум спремна, ниту пак реков дека вечерва ќе го направам тоа, едноставно кога тогаш ќе дојде со тек на време. А стравот е мислам дека најнормален, сите ние понекогаш чувствуваме страв, сепак и губењето на невиноста не е едноставна работа кај нас женските. Ти благодарам на издвоеното време
За мене има два типа женкари. Едните ми се женкари што си уживаат во епитетот женкар и само менуваат женски за своја душа и такви се обично во младите години.Тие се менуваат како што созреваат и на крај успеваат да бидат само со една. Другиот тип се за мене оние простаците што сакаат да имаат сто женски, ама не толку за себе колку за да се покажат пред другарите како се они Казанова и само се фалат која легнале последна.Е со таквите неќам да си имам работа зашто ќе им остане тој комплекс некој што го имаат за постојано да се покажуваат на другите и нив тешко е да ги смениш. И не е секогаш случај дека женската успеала да го смири-најчесто таа се погодила во вистинското време кога и тој самиот веќе созревал.
Како што ви тече врската, уште повеќе ќе се зближите и ќе станете поопуштени, послободни и поотворени еден кон друг. Нема што да му ја мислиш како да му кажеш...кога ќе дојде моментот едноставно ќе му кажеш дека си спремна да имате односи и дека треба да знае дека си невина за да биде понежен. Верувај нема тука ништо срамно, не си ја сфаќај својата невиност како товар и не се плаши да му соопштиш, биди си горда ....а за тоа дали ќе ти поверува?...па , ќе примети самиот кога ќе стигнете до таму Ајде не се замарај толку, повеќето девојчиња се исплашени како да кажат дека не се невини (приметувам дека се` уште постојат машки со застарени типично селски ставови...за жал).
Ќе ми помогне некој да дешифрирам еден дечко? Се запознавме во кафич кога игравме со Литванија. Уште од првиот момент почна да ми праќа погледи,насмевки , да ми прави муабет и тако даље, после победата заедно отидовме на плоштад, цела вечер бевме заедно, се гушкавме, ме бацуваше во образ, ме држеше за рака бла бла бла. Ме адна вчера на фб, зборевме нешто без везе и паднавме на муабет пак да гледаме кошарка заедно. Му дадов број, и ми вика, а мој не бараш? Претходно ми имаше спомнато на шала демек "ако треба да се најдеме ќе се најдеме", па сега јас му пишав, ако треба да го дознаам ќе го дознаам. Ми врати нешто у стил, тоа треба да значи да ти се јавам?. Итн итн, има уште муабет али тоа е битното. Т.е уште побитното е...тададаааам, не ми се јави! Ха! Ни пред утакмица да се договориме, ни после! Е ај сеа, иди разбери го ? Не ми е јасно дали цело време ме заебавал, зошто ако не е така ќе ми се јавеше барем да ми кажеше дека не доаѓа или било што?
Спојлер Ај јас пак со моите проблеми . Епа вака знаете дека бев во врска на голема далечина и дека не ни одеше баш нај нај односно едноставно кажано раскинавме.. И ајде јас реков ќе пробам да си тргнам по свој пат.. И изгледа пак го одбрав погрешниот. Се мував со бивши на моја другарка (знам дека е погрешно но мислев сепак е бивши а знаев дека неа ја интересира друг). Првиот пат јас бев пред кафич и тој дојде надвор и само се залапавме еднаш и ми кажа дека треба да оди го чекаат другарите a претходно си пишувавме на фб.. Потоа не се имавме видено две недели и во тој период јас направив глупост со ееден мој бивши од порано седевме заедно и цела вечер шеги алкохол и се измувавме, но ме виде еден другар исто така другар и на другиов и сигурно му кажа. Но што е најчудно дечково продолжи да ми пишува на фб како ништо да не се случило и пред некој ден ме побара да се видиме, се видовме се мувавме и секој ден си пишевме на фб. Но вечерва јас бев излезена а тој не беше, на маса кај мене седеше другар му и цела вечер ми се пушташе и сега на фб исто така ми пишува неш ајде да излеземе и слични глупости јас му пишам него демек што правиш како си и зашто не беше излезен кај беше и тој ми враќа па бев со девојката и потоа мајтап не ми се излегуваше односно не ме чекаше никој се изнервирав премногу некако ладно ми враќаше на фб ( знам дека тоа е само фб но имам чуство дека нешто се случува). А исто така да кажам со тој другар му знам дека се си кажуваат ми имаат потврдено и двајцата така да знам дека знае дека ми се пушташе a и неверувам дека тоа би го направил без негова дозвола пошто го знам доволно добро. Сеа ме интерсира зашто овај цело време ми даваше лажна надеж за после да дозволи другар му да ми се пушта? веројатно ми ја ставија тикетата за лесна девојка зашто знаеја за дечкоми ( едноставно кажано нема кој не знаеше) потоа се мував со овај а знаев дека претходно се муваше со другарка ми па на крај со бившиот можеби си помислиле сигурно и со овај.... Што да правам сега незнам ни како да се понашам ништо само можам да кажам дека многу ме повреди доволно бев повредена... Се извинувам за долгиот текст...
Не сум машко ама ќе ти одговорам подобро од машко, мислам дека не си игра со тебе му се допаѓаш, ама малце сака да се прави фраер зашто добро си го заебала со одговорот, он очекувал нешто повеќе. такви се машките сакаат да бидат 100 посто сигурни дека има нешто пред да започнат во поход Незнам , мој совет не му се јавувај остај малце време да помине да nе испаднеш ептен загреана, играј ладно ама од време на време пуштај му водичка ама дискретно! Нека се помачи малце за тeбе бе Ќе биде јас мислам п.с не те прашав ама ти се загреала за него а, мислам ти се допаѓа
@ Annie.mk1 Ќе треба да ја примениш древната уметност на разговор со партнерот. И нашите предци ја применувале и често знаела да им помогне. Сваќам дека штом ти е прв пат, па и на 19 години можеби, велам само можеби се чувствуаш како да заостануваш во споредба со општеството, што тотално нема врска. . Ова го спомнувам бидејќи кај многу девојки може да предизвика низа несигурности. Второ, неискуство во смисла на перформанс. А што очекуваш тој да биде ... ок, немам параметар за добар машки е.ач ама ме сваќаш што сакам да ти кажам, нели? . Можеби ти фрчи низ мислите дали ќе бидеш добра во кревет, но како за прв пат, со дечко во кој си заљубена, мое мислење е дека треба едноставно да се опуштиш и уживаш во актот и фактот дека се случило со драга личност. За почеток, концентрирај се само на тоа. Како што се запознавате емотивно и телесно, така и сексот ќе станува се подобар. Ако сте изградиле меѓусебна доверба, и му кажеш директно во разговор, тогаш ќе ти поверува дека си невина. Ако му значиш, нема да те стави во категорија уште една цура што ми продава филмови дека е невина, и дека не се е.кала наоколу.. Ако му значиш, ќе ти поверува и ќе те разбере дека ова е чувствителна тема за тебе. Нема што да се срамиш или да ти биде непријатно. Тој најверојатно ќе те види како од мајка родена, што ќе му криеш? Опушти се и уживај. @ n.a.t.t.y. А добро, пиле ти кои обврски ги наметнуваш на дечко што си го запознала пред 2-3 дена? Свесен сум дека пратил доста сигнали демек му фаќаш окце, но колку и да е непријатно, можеби тоа му било само за провод во моментот, некои симпатишење, флерт, колку додаток на целата навивачка атмосфера, и после тоа секнало. Сакаш неколку можни причини зошто не се јавил? - Подоцна сватил дека баш и нема некоја желба да те види пак. - За следниот натпревар си договорил со ново/старо друштво, можеби таму имало нови девојки, или сакал да си биде со машки другари. - Си му оставила незгоден впечаток кога не си му побарала број, можеби си изгледала малку надмено, како да не ти е баш гајле, у филм мене ми се јавуваат, јас не се јавувам, мене ме бараат, јас не барам. - Си му оставила некоја импресија дека си ... лесничка? Во ист ден на запознавање, вие сте се држеле за рака, се сте бацувале во образ, веднаш договарате и следни средби. Тој да не си помислил оваа ќе се навлече на мене бе!. Ако е ова случајот, таквото однесување дава незгода вибрација кај машките. @ sweetgirl92 Еве вака... тебе ова глупирањето ти е некое хоби, или профи си станала со твоите 19 годинки? Па сама си одговори со постот. Тебе не само што те обележале, туку и СИ лесна цура. Се мував со еден бивш на другарка, па со еден мој бивш, па ми се пушташе другар на еден мувач, цели шпански серии. Да ти кажам зошто ти се пуштал другарот на бившиот на другарка ти? (Се збунив веќе). Затоа што си намигнале еден со друг, и овој му кажал слободно брат, не би требало да е тешко да ја смуваш, не пружа многу отпор. Очекувај и во иднина да имаш "додворувачи", впечатокот што си го оставила нема да исчезне брзо.
Фала ви Хипстер и Елементал, зборевме, излезе дека лошо сме се разбрале. Договорено е за вечер Инаку Елементал, знам дека се е некако пребрзо ама ете, тој така се постави према мене, јас ништо од тоа и да сакам не би имала храброст да направам прва
епа ајде Зајко кажи ми ти на мене кога вие не забележувате една девојка( независно-не обвинувам,не сте ја забележале или сл.) како тоа сакате да добиете(ајде да го наречеме) сигнал од девојката за да ви Светне дека таа сака нешто со вас?!?! што тоа јас треба да направам за да добијам малку внимание од едно машко кое го гледам секој ден,ретко му го ловам погледот? за почеток да се запознаеме...ајде помагај зајче! поздравии преграткии
прво - ми пишува на фб, ми се свиѓаш ова-она, а после ме избришал од пријатели. o.O Вчера пак другарка ми ја прашувал длаи ќе испаѓам, каде, кога..?!!!! Што се дешава со дечкото жити се.
Збунето полупсихопатче што игра екстремна форма на топло-ладно, сега ми се свиѓаш-сега не играта. Сега ми се свиѓаш , а после не те сакам ни во фејс пријатели, ама пак ме занима каде искачаш, со кој се дружиш, сингл ли си.... Нели е вистински предизвик? Тркни лови го, беспрекорен примерок на машкиот ми род.
Ти благодарам Елементал понекогаш доволна е подршката за некои нешта да се случат. Доволно е некој да ти каже дека ќе биде се во ред, дека тоа што го правам е правилно. Да, се плашам ! Не викам не. Се надевам ќе ме разбере и знам дека ќе биде се во најдобар ред. Ти благодарам што ме охрабруваш повеќе од доволно е.. Те сфатив многу добро
Ај и јас да побарам помош...не мора од машки само,може од сите... Значи вака...Одам со еден дечко,веќе година и 4 месеци. На почетокот,јас бев монструм... Му се дерев за тренинзи,за излегување,за тоа што воопшто и ќе стане од компјутер. Поминавме низ таа фаза,т.е тој помина,не ми раскина. Се засакавме ПРЕМНОГУ.Знаете,до болка... Јас сум таква,не верувам на никој заради тоа што претходно сум се изгорела со еден копук. Дечково вака,е добар...никогаш не предизвикуваше караници,секогаш преќутуваше,гледаше да не се скараме... А јас,сум лутка.За се и сешто...се ми предизвикува недоверба,цело време мислам дека ќе ме изневери... Ме немаше излажано ниеднаш...Ноо... Се случи и тоа. Ме излажа за фудбал,се гледавме на камера,и тој така ладнокрвно кажа дека неговите дошле и мора да стане... Добро викам,ајде.После тоа,телфонот исклучен,него го нема дома,а јас дознав од сестра му и мајка му. После тоа имаше караници,ме молеше да се смириме,и кажа дека ме излажал за да игра фудбал,а нејќел да ми каже зошто знаел дека ќе сум се лутела...Молеше,буткаше,ај простив... Му се има десено да се допишува со една,па знаете ,па лајкови кај неа цело време на фејсбук,збореше со неа цело време... И почнавме и за неа да се караме. Тоа беше порано,негде 5 6 месеци од врскава. Од тогаш нема зборено со неа,ја нема на мсн,ни на фб... Само јас не можам да преминам преку тоа. Се каравме за неа,и он си кажа дека тоа било сосем обично,дека не му значело ништо. Ај помина и тоа...Ама еве уште еден проблем. Сакам да знам каде е,чисто да не му се случи нешто,и кога е излезен или на тренинг...Не се јавувам често,ама ете кога е излезен знам да се јавам некогаш. Најчесто е излезен пред зграда,или игра фудбал,барем така вика. Постојано му викам да го носи телефонот,и не го носи.Или немал џеб,или го заборавил,или празна батерија...И цело време се караме заради тоа. Немам доверба во него,и знам дека врска без доверба не бидува ама ете,ние некако издржавме,со многу љубов низ оваа година и 4 месеци... Затоа и се лутам кога е излезен,некоја паника ме фаќа,страв... Се знам со цела негова фамилија,се сложуваме мноогу добро...и моите знаат за него.Со мајка му често зборам,исто и сестра му...Многу,ама многу ги засакав. Е сеа...главниот проблем. Во последно време почна да излегува,без да го носи телефонот,и излегува некако подоцна,т.е се враќа подоцна... Ќе каже одам таму,и ќе се врати покасно..И секогаш со другари или некои машки.А јас не верувам,ко и увек... Вчера пред утакмицата зборевме,ајде демек да средиме се,он ајде јас морам да одам да не закаснам,ќе нема место ова она...а врскава ,иако веќе не е врска,не може да чека. После утакмицата седел со другари,па дошол дома,не можел да седне на пц и после пак надвор... А јас дома чекаам и чекаам,нели,да се среди све,да се смириме,или пауза некоја што знам... И тој со изговор,дома не можам да седам,скиснав,ова она... За изневерување,вика дека не е таков,колнења,одби неколку заради мене,како и јас ради него, една коа му понудила,избега од школо за да ми каже... Кога пукна тиквата пред некој ден,реков дека не ме ценел,и здиве,почна да се дере,викаше дека веќе не му е гајле,што биде нека биде,нејќел некој да го гази и слично... А јас се трудам,таман почнувам да се менувам,да се смирувам,пак нешто ќе се случи што од такт ќе ме извади... И ај сега помош...знам,до некаде сум и јас крива,свесна сум...ама чим почнувам да се поправам,пак иста песна... Ако можете и лп пишете ми,да не биде толку јавно...Благодарам...
Маца можеби очекуваш одговори само од машка страна, но јас морам да ти го кажам ова. Без навреда, јас сум најискрена и само ќе кажам добро е што година ипол издржал дечкото со таква контрола од тебе Сите почнуваме да се менуваме кога е касно, ама добро бе не ти беше заморно и досадно да го контролираш толку време, и да му забрануваш да иде на тренинг? И после он не те ценел? Ти давал известувања за кај оди што праи. Е сега не носи мобилен, епа нема да носи, кој сака да му ѕвони мобилен нонстоп и секој чекор да му биде следен... Сега останува на тебе да го пуштиш типот, да му се извиниш и да го убедиш дека ќе се смениш, да му дадеш поголема слобода, т.е. нема ти што да му даваш или да не му даваш слобода, не си господар на неговото време, ама покажи му дека му веруваш и остави го да си ужива во врската, а не да се плаши ако нема време да седне на пц или слично. Уште еден совет, џабе ти е колку и да правиш контрола, ако сака да те извара ќе ти рече дека ќе спие и дома ќе донесе некоја. Колку побрзо го сфатиш ова, толку подобро за тебе.
Не женска, ти не си до некаде крива, ти си целосно крива. Ти си хистерична, параноична, гњаватор и крвопиецот во врската. Ете така, ова е солиден старт. И тие што ме прочитале подобро на форумов, свесни се дека ова не го пишувам само затоа што сум машко. Имам исплукано повеќе машки отколку женски во советите, но ова твоето е бисер. Тој НЕ ПОМИНАЛ низ почетната фаза на твоето малтретирање. Низ тоа не се поминува. Треба да си невиден дебил за да не ти пречи тоа што ти му го сервираш. Затоа сега го "заборава" телефонот, не ти се јавува, приморан е да лаже за да оди да одигра една фудбалска утакмица со другарите?!?!?! Ти си го набила во ќоше каде што веќе нема избор за него. Ова негово однесување не е проблем, туку последица! После година и 4 месеци врска со одлично однесување, постојано преќутување во обид да избегне караници, да се одржи мирот меѓу вас двајца, плус знаеш дека одбил неколку девојки за тебе, и ти пак не му веруваш доволно за да оди да се прошета некаде, без да рапортира на Гестапо? Си дозволуваш вакво однесување од твоја страна, да малтретираш на ваков начин само затоа што некој употребен тампон претходно те повредил и сега и ваков добар момак како твојот треба да ја плаќа цената? Епа ќе му пукне филмот бе, ти и таквите како тебе здравјето можат да му го земат на човек, гледано долгорочно. Како да не здиви, па ти мислиш ли дека тој збеснал поради една ситуација, или две? Поради нешто што се десило пред неколку дена? Срањето е акумулирано во текот на 16 месеци! И сега излегува на површина... Совет? Од моменталниот твој карактер во врската, остави го елементот ВЕРНОСТ. Се друго менувај од корен.
Маца, девојка што премногу ми се свиѓа ако почнам да осеќам дека морам да и давам извештај за секој мој чекор или уште полошо дека чим се вратам дома мора одма да седнам на пц да и кажам како сум и што сум правел или пак да морам да се правдам колку и каде сум бил или ако не и вратам одма на порака да се лути, колку и да ја сакам ќе почнам да ја избегнувам и да станувам недостапен. Лежерноста и слободата за една врска се круцијални за да успее. Се што е под присила па и најголема љубов да е почнува да замара. Размисли за ова а и другите супер ти кажаа.