Значи,многу сум свесна за ова, ама проклето е тешко да се смениш. Ама ќе работам на тоа ветувам... Параноик сум,што ако ме заебе,што ова што она... Не сум секогаш ваква,да се разбереме, ги издвоив само најголемите проблеми во врскава... И можеби сум несигурна во себе,па затоа го искажувам тоа на ваков ужасен начин...Дека не знам зошто е со мене,едноставно како сама да се потценувам... Фала на искрените одговори,ми значат... А ,заборавив да напоменам дека НЕ СМЕ од исти градови...
според мене ако сака да има нешто со тебе нема никогаш да признае па дури и ако навистина постои некоја..
Unikkatil феминке зависи и од тоа во каква ситуација го кажал тоа, па и од тоа каков е негов карактер, ако е некој сериозен , значи сериозно го мислел тоа, а ако е некој шо знае да мота ондак може да станува збор за негов начин на освојување или одбивање. Не ја знаеме ситуацијата з ада можеме ете по конкретно да дадеме мислења Поздрав Маца доби одлични и квалитетни мислења кои ако сакаш д аја задржиш врската, испочитувај ги и направи нешто. Од мене совет ти е повеќе да си набилдаш самодоверба, зашто оваа твоја недовербА повредува и други, намерно или ненамерно. Ако врската случајно (Недај Боже) не ви успее нека ти биде памет за друг пат, а ако ви успее мењањее од корен све. А од друга страна, стави се во негова кожа и замисли за миг само како би ти било тебе он вака да ти прави... Значи на прво место би ти препорачала едно јако бидлање на самодоверба, понатаму со тек све ке биде. Извини се на дечкото и покажи му дека си згрешила и дека нема да се повтори, ке биде тешко на почеток ама ако се сака ке се протурка. А што се донесува до тие работи за поминување ... Имаш еден куп начини да го “испиташ“ а без да го загубиш, без да изгубиш конторла над себе и без он да примети
Јас си бев тажна, ми недостигаше бифшиот, и му кажав нему (знаеше за него), и откако ме искара убаво, ми рече-не се брзај, најди некој што ќе те сака, бла бла, рече-еве, јас не се брзам, ми се сфиѓа една, вака така, студира во Тетово, па затоа не можеме да се договориме да излеземе. Но ако излеземе, ќе и кажам... После реков-ме израдува со ова. И рече-одам јас, морам да одам, чао. Сомнително...
По ова искрено мислам дека типот не се заебавал и дека стварно му се свиѓала некоја. А искрено убав совет ти дал, стварно без нервози и тупење мозоци, остави на време , ке дојде и тој некој без гајле. а како што сфатив детево ти се свиѓа
Наахх, излеговме еднаш, ништо посебно, ќе излеземе пак-барем така ми кажа... Еве нешто што ме направи да мислам дека овај сака нешто, кога реков еднаш-како ќе кажеш ти, рече-не, како ќе кажеме ние, а откако му кажав за бифшиот, рече-не сум плашливец како него... Е ај сеа...
Мацо потполно се согласувам со сите што ти дале совети над мене.Значи никој не би издржал така да биде контролиран,па дури и да му забрануваш со сето тоа.И ти да си на негово место исто би се чуствувала па и ке го лажиш.Ти кажувам од лично искуство,и јас бев таква ама еднаш си реков чеки бе поубо да оди да шета и да знам каде е отколку да ме лажи,да го мислам дома а тој излезен.Мора да се смениш ти,тој не е ништо крив.Побрго затоа што можеш да го изгубиш лесно.А се гледа дека тој те сака и е заинтересиран за тебе,затоа што ни едно машко не би трепело вака година и неколку месеци.
Мацо,подхитно да го смениш тој карактер да не си ја маваш на крај главата од зид.Ова ти го зборам од лично искуство зошто бев иста како тебе и на крај сето тоа однесување од моја страна донесе до раскинување на една 2 годишна врска со пцовки и бришење од секаде.Секогаш морав да знам со која пишува,со кого и кај бил,па му приредуавв скандали и на крај човечето му здосади и ме откачи ама си заслужив да бидам искрена,сега исто и со овој сегашниов правам исто но тој има коњски нерви па ме трпи ама не знам до кога но почнувам да се менам.Биди срекна што до сега врската не завршила со лош крај туку се уште си со него(ако не сум грешка).Нема да ти дадам од тие советите биди ладна со него или игнор подобро кажано бидејки ти ја имаш овде најголемата вина.Остави го да дише,нека се осети слободен.Ако сака да те изневери ке те изневери без око да му трепне а тој те моли да се смирите,браво за него. Како што кажав веке,промени се самата себеси,не избрзувај многу зошто на крај можеш да останеш сама.
Нешто ми текна сега... Не, не сум опседната, туку премногу анализирам. :geek: Тој пред 1-2 недели ми кажа дека не можел да најде таква каква што сака, сега одеднаш се најде некоја, дури не се брзал со неа... Yea, he's into me
Маца, не да си ја претерала работата - туку во екстремности си !!!!! Стварно незнам како издржал дечково толку време.... јас би издржал максимум 1 недела со тебе, што дури и тоа е знак прашалник, а не пак година и неколку месеци no way !!!!!! изглеа му пукнало на дечкото веќе се, па може на крај да излезе дека и да се смениш ЗА НЕГО ТОА ДА НЕ Е ДОВОЛНО!!!!! заради тоа што он те знае каква си и нема да се осеќа убаво и како што треба...А ти ако продолжиш вака - не само оваа туку ќе заебеш милијарда врски....зашто никој не сака контролирачка девојка, ама тотално никој !!!! Треба да разбереш дека во СЕКОЈА ВРСКА партнерите сакаат слобода, во спротивно доаѓа до меѓусебно загушување и нормално финито на врската....ако пишувам уште само ќе се повторам со сите што ти пишаа од порано...само ќе ти кажам дека можно е дечкото да не сака да се смири со тебе, а без разлика на исходот на овој проблем - ти мораш да се смениш за 180 степени !!!!!!
Фала ви на сите,и да,веќе почнувам да се менувам. Инаку,се смиривме.Тој вети дека ќе биде малку повнимателен и посериозен,и јас ветив дека ќе се сменам...треба време,но еве малку по малку... Во друга врска не сум била ваква,не ме интересираше буквално ништо, а сега откако сум со него не се препознавам...многу нагло се променив,не знам зошто и што влијаеше на тоа.
Си се заљубила до уши, ете тоа ти се случило.За првпат ти е гајле за некого и од страв да не го изгубиш се однесуваш како избезумена тинејџерка.Полека малку, земи здив, број до 10 и тогаш настапувај. Мило ми е што сте заедно и сега секој чекор треба да ти биде внимателен за да си го исполниш ветувањето.
Маца знам дека како што кажа претходно некој те повредил па сега дечко ти го сакаш многу и не сакаш да се случи истото.Те разбирам потполно бидеќи се пронаоѓам во твојот пост,но кога навистина ќе дојди крајот сваќаме дека е се заради нашето однесување и треба навистина да се смениме.Знам дека е тешко да се смениш но барем обиди се,и јас го имав овај проблем пред окулу еден месец но сега се воздржувам и се трудам да се сменам односно двајцата се трудиме.Разговарај со дечко ти кажи ми дека ќе се смениш но навистина направи го тоа бидеќи врската ќе пропадне и тебе ќе те боли најмногу бидеќи ти ќе бидиш виновна за тоа.Остави го да диши малце нека излегува,нека оди на тренинзи,кога ќе види дека ти поради тоа не му замеруваш сам ќе почни да ти кажува што правел и како правел.А и од разлучни градови сте и не можи тој само да седи на ком. и никаде да не излегува,мора да се дружи инаку ќе спобудали (во вистинска смисла на зборот).Со среќа во менувањето на карактерот знам дека е тешко но свати дека мораш ако веќе не сакаш да го изгубиш дечко ти.
Јас сакам да ги прашам машките дали им смета кога ние девојките сме директни?...т.е кога на некој ќе му кажеме во очи дека ни се свиѓа...или пак овоа вие го сваќате како зафрканција ?
Гледам во една друга теме ви тргнала работава а , реков јас ќе биде Е сеа би ти препорачака изи малце, остај го он нека се намачи и да те освои малце Коа ќе речам, речено е тееее
Не смета ама многу повеќе преферирам да покажеш него да кажеш . Ако си сигурна дека и тој има исти чувства е ок, само ќе му олесниш работа ама ако не си сигурна или ако ги нема ќе го ставиш под притисок и ако е понеискусен а не планира ништо со тебе може да се случи да почне да те избегава зашто ќе мисли дека ќе имаш очекувања. Ова нормално не мора да важи ако се знаете подолго време и си се симпатизирате. Мене ми има кажано другарка (беше сериозна) ама дека јас не планирав ништо го завртев на зафрканција ама сеуште си контактираме зашто нема притисок од ниедна страна дека нешто мора да бидне . Значи ако си сигурна дека и он има симпатија спрема тебе можеш да му кажеш ама јас би ти ја препорачал втората варијанта, да му навестиш без апла да му кажеш и остави го он да ја доврши работата . Пс. Во краен случај дај му шанса на дечкото малку да ти се удвара .
Xman реално да збориме на вас машките мора се директно да ви се сервира инаку не би сфатиле за што станува збор. Е сега не велам дека сте глупи или нз што ама едноставно док некој нешто не ви плесне у очи вие нема да се освестите дека е тоа тоа. Јас искрено сум за директно да се каже, е сега натаму топката е префрлена на типот, ако имаат взаемни чуства ке има и резултат од тоа,ако не како шо ме советувавте мене, нека си продужат све на другарска база ко ништо да не било. Зашто вака искрено ве гледам дека иако можеби сте сигурни дека некоја типка ви дава знак, ама сепак има некое двоумење кај вас и затоа најчесто не се осмелувате да го довршите она што типката го започнала . Rock-a-fella Unikkatil E сега појасно може да се видат работите,и како ми мириса да he is into you е сега ако имаш чуства за него пробај зашо да не, а тоа за девојката шо кажал изглеа зашо му паднало незгодно зашо си му зборела за бившиот и он сеа ај да не биде (да не кажам) подоле спомнал за некоја си девојка... што реално 50-50 е работата дали е таа вистинска, ако ти значи детето заеби спомнување бивши пред него, си имаш форум што ти лежи на душата тука испукај се , а види со детето ако продужи со знаците и ако сакаш да возвратиш не му ја мисли
Па на дечково што му кажав во лице одамна сме другари и мислам дека има симпатизирање и од двете страни...и јас цело време го задевам кога ќе ти бидам женска воа ноа....и вчера дојде во кафичот каде што бев и јас и ми вика тука ли ти е тој (за некој мој симпатија ) и јас се насмевнав и му реков еве сега ти си тука