@ CIA Нека му е првото, но ако се случи 3-4 пати или ако доаѓа наизменично во комбинација со чат молк, или одговарање на 5 минути со по некое смајли, олади се кон него. Тоа воедно може да биде и тест, да видиш дали ќе те побара. Од мое искуство, луѓето што така се однесуваат на чат, немаат многу манири во живо и/или нема ни да те почитуваат ни во живо. Една моја другарка за вакви случаеви го сподели нејзиниот став, ми рече иако луѓето велат дека е тоа само чат, и као да не се замараме, но тоа за мене е како со некој да си разговарал во живо и тој/таа наеднаш се свртува и си заминува. И во двата случаја, си останал сам/а, во сред мисла, нели е така?
Па изгледа беше нешто проблем со нетот бидејќи вчера и денеска постојано е искл-уклучен...а еве и прашав некои што имаат кабелски интернет и ми рекоа дека имаат проблеми...тоа беше се од мене, следен нека пише тој...и сакам да ве прашам што муабет да си направиме...да го прашам ли како на љубовен план?...ајде машки напишете нешто што да го прашам бидејќи стварно немам појма.
Некогаш стварно нетот се гаси или не ги пренесува пораките на ФБ. Но ако константно така ти прави олади се и престани да го бараш.
Прашање до момците..Зошто секогаш враќате некои работи што се десиле многу одамна.Дали мислите дека со тоа ке дознаете нешто појќе?Пр.дечко ми денеска ми враќаше некој муабет од пред две години.Тогаш го излажав не му кажав за еден бивши,но по некое време дозна и нормално се поткаравме и све.Се среди после све...Поминаа две гоини од тогаш тој морат пак да се навраќат на тоа зошто не сум му кажала одма....Што е работава со тоа?Што сака да постигни? дали сите сте такви?
Не го прават тоа само машките, еве лично јас се навраќам исто на некои работи, за тие работи сум зборела со дечко ми , сме се карале, дошла работата дури и до пуштање на солзи, ама јас не, пак го спомнувам тоа, а го правам затоа што знам дека има нешто што не ми е кажано, дека има нешто за кое сум излажана, знам дека има, го чувствувам тоа, и затоа колку и да минува времето не го заборавам и повторно и повторно ќе се навраќам на тоа се додека не дознаам точно како што е Можеби така е и кај дечко ти
па јас нз што да ти кажам можеби сака да ти најде некоја глупост за да се скара со тебе а можеби и го боли за тоа што не си му кажал но јас нз што има во тоа ако си имала бивши и нз зошто си криела од него
Спојлер Пиле бе, па ти си била оперирана од овие работи изгледа? И тоа добро фатена, мислиш Жан Митрев те рецнал... Остај љубовен план, така издаваш сигнал дека те интересира и неговата интима. Избегнувај теми за женски обувки, последна мода, шминка и колку си незгодна со ПМС. Ако го турнеш во таа зона, најверојатно само ќе ти даде еден тап поглед како теленце, нема да може да те прати. Теми... Одмор летово, кој каде бил, или ако не бил како го убил времето. Тен (а природно ти иде,а што користиш, а лесно гориш или се чоколадираш за 4-5 дена?...) Каде обично искачаш со друштво, еј ти си бил/а таму, тоа место мора да го посетиш, обично за викенд имаат жива свирка...дрн, дрн Лични бламажи, зини земјо голтни ме приказни, колку за релакс атмосферата, малку среќни хормони да прострујат низ вас, нема замена за смеа едноставно, Тоа е секогаш плус... Школо, школски, кој каде учи, приказни со професори (повторно смеа) Странски јазици, видео игри (епа што знам за тебе, ама има цури што си поигруваат игрички од време на време.) Каде си бил/каде сакаш да одиш, каков би ти бил одморот од соништата, <- да се надоврзам на кратко со првата точка... Откако ќе отупите по некоја од гореспоменатите теми, или воопшто после одреден период на разговор, ќе се почувствувате и поблиски, и теренот ќе биде потопол за прашањата од лична природа.... Не мора сепак веднаш да го прашаш дали е сингл, но можете општа тема за машки и женски...Суптилно под радар можеш да му подметнеш тема, и тој да се надоврзе на неа. Спомни му некој твој став за машките, општо. На мене пример девојка ми има кажано дека таа не може да си замисли дека машките знаат да сакаат,и тука веднаш јас започнав со некои мои гледишта, разменивме мислења, па во такви разговори има и флерт, боцкања... Повеќе те збунив со ова, отколку што ти помогнав, ама еве, теми има на претек, само да си опуштена, да не губиш здив на сцената. @ Kristi Не, не сме сите исти, фала му на господ у кој не верувам. Твојот дечко е таков бидејќи го цепкаат некои несигурности. Тој не ти префрла бидејќи си го излажала. Тој ти префрла бидејќи се работи за друго машко, а тој сеуште не може да ги оттргне мислите од тебе со други машки пред неговата Величествена доба, ти текнува? Плус, може да си е и злопамтило. Попрво би инвестирал енергија, труд и нерви потсетувајќи се себе а и тебе на глупости од дамнешни времиња, отколку да заборави на минатото и да ужива во градење заеднички моменти. Фрикови, фрикови такви има на претек.
Фала ти елементал богами ми даде еден куп теми за разговор Само уште да ми пише он прв или да ме покани на кафе па ќе има и уште повеќе теми за разговор
bidejkji ima mnogu za chitanjee ii neznam dali e postaveno ova prashnje bi sakala da ja prasham mashkata populacija shto e toa shto im se dopagja kaj devojkite ii so koi postapki bi gi zainteresirale mashkite?!
Машки ми треба мислење ... Значи на сред учење сега, ме прекинува "сецкање" од 20 и кусур годишен дечко од друг град. Со типов немам ништо,едноставно пред две/три години комунициравме на интернет,расменавме бројчиња и тоа. Кога бевме во "еуфоријата",типов сакаше да се направи фраер и ме откачи демек да не ѕвонам ау бау и тоа го сторив + на фб блок - причина незнам. Пред година почна да ми ѕвони - не враќав. И така од време навреме сецка како лудак. Пред 2 недели ми пукна филмот и му кажав да не ѕвони демек ќе ми направи проблеми и дека досадува, а тој упорно вика ти мене ме сакаш, ти сакаш да си со мене, ти сакаш со мене да се ... Фала му на бога прекина да сецка и да пишува откако му напишав 6 страни порака. И вечерва пак ми ѕвонаааааааааааааааа .... Јас му пишав порака: Болен си во мозокот ти. И типов почна да ми ѕвони долго 10 минути. Откако прекина му напишав уште една: Што се глупираш сега? бев доволно јасна за да не ѕвониш повеќе. Помина некое време и му напишав: Фала ти на разбирањето. Бриши го бројов, не ти треба. Нема што да бараш кај мене,нека ти е јасно. Поздрав. МЕ ИНТЕРЕСИРА: Што мисли човеков???? Како прво преку нет не се заљубувам а + после 3 години нормално дека љубовта ќе си оди ДОКОЛКУ ЈА ИМА! Место да оди да бара работа и да бара жена,мене ми ѕвони мисли ќе добие нешто. Ја згрешил женската
Психопат, недоквакан дебил, демнач, силеџија. Непотребно да се каже, но сепак еве, да не му даваш никакви шанси, токму поради неговиот карактер и однесувањето, и поради "фраерскиот" потег од пред некоја година. Пријави го неговиот број во соодветниот телефонски оператор и биди спремна да го пријавиш и во полиција. Ова е сепак психолошко малтретирање, а физичкото малтретирање не е единствено доволно критично за пријава. Ако продолжи да те контактира, кажи му го ова, дека полицијата ќе биде обавестена. НО БИДИ СПРЕМНА НАВИСТИНА ДА ГО НАПРАВИШ ТОА. Сепак, се работи за тебе. Такви како него се пичкици во душа, инаку немаше да се однесуваат така. Затоа и би требало лесно да се исплаши.
Чим не сакаш некој да ти ѕвони имаш 2 варијанти. Едната е да му го блокираш бројот (дали можеш сама или ќе ти го средат кај твојот мобилен оператор прашај си) а втората варијанта да смениш бројче. Третата е нормално он сам да престане да те бара .
Јас мислам дека и ти не требаше ни да му пишуваш ни ништо.. еднаш си му кажала Доволно беше да не креваш на телефон кога тогаш ке се откажеше.. И мене ми звонат едни деца и ме зафркаваат ама престанав едноставно да им кревам и они се откажаа он како што е болен во тоа мозокот кога му креваш или пишуваш у случајов ми се чини како повод да ти звони уште повише гуд лак
Мислам дека на детево ми е интересно да се зеза со тебе и да те провоцира. Со оглед на тоа дека си се изнервирала и претпоставувавам дека си му кажала т.е. пишала и што треба и што не треба само уште повеќе си го испровоцирала да те закача. Тоа е, едноставно има и такви кои обожаваат да замараат. Не викам дека е болен, мрднат и не знам уште што...едноставно те фатил на пик и сега те замара. Игнорирај ги и толку, не му обрнувај внимание, ќе се изгуби. Чисто за да бидеш мирна блогирај го неговиот број да не може да ти ѕврцка. Не се плаши, не ти може ништо, а мислам и дека не сака, само сака да те нервира. Не му дозволувај.
Девојки,типов мисли дека го сакам(нешто што ништо никогаш не било). НЕ му кревам телефон, и пак ѕвони. Фала му на Бога, прекина... Фала ви и Вам.
Машки и мене ми треба да вее прашаммммм... Јас не сум некоја ептен слаба но за мои години слаба сум . Имам 14 години сега 15 и имам само 41 кило . Имам убаво обликуван задник и гради. Нозете од колковите надоле ми се стапчиња исто и рацете. Според тебе дали сум привлечна ? -.- :/
Ауу маче колку само НЕ би те допрел ни со метла.... Наравоучение? Не треба да ти биде гајле јас што мислам, или било кое друго машко или женско на форумов. Прво, треба ТИ да се сакаш себеси таква каква што си, и тоа ќе се одрази во твојата самодоверба и говор на тело. Така психолошки поткована, ќе ти биде полесно да најдеш момак што ќе те свиѓа, ќе те засака, ќе сака да бидеш дел од неговиот живот. Ама ја отупев филозофски за врски, тек си 14... Нема веза, ЕлеМентал says прво сакај се себе, за да те сакаат другите. Еве ако ти помогне малку романтика (oh boy...) Сите ние поседуваме убавина која само луѓето кои се вистинските за нас, ќе ја препознаат и ценат. Амм амм? Ам? . Не мора аплауз, не мора, седнете, вве молам...