A еднаш во денот или и тоа е многу еднаш го прашав кај е и се налути,а да не го прашам ке мисли ме боли Милена
^Во однос на јавувања,сметам дека треба да има баланс во врската.Не да е тоа бројчено и да се брои и запишува,бидејки сепак станува збор за љубов,мегутоа според мене,во врска не се гледа кој кого прв ке му се јави и ке го викне да се видат и слично. Сепак,не сум од тој тип на девојка што 10 пати може да се јави во ден,и да замара кај си што си.Мн ми е детско и непотребно.Значи со умереност се.
Гледам дека на момците од нашиот форум одлично им оди давањето совети и мислења,па добив желба и јас да ги прашам нешто Дали на вас момци ви се случило да побарате на фејсбук или некоја друга социјална мрежа некоја бивша девојка која многу години не сте ја виделе,која живее во друг град за да видите како изгледа и што и се случува во животот.Не мислам да се обидете да стапите во контакт со неа, туку чисто онака од љубопитност да видите што се случува со таа девојка.Во кој случај би го направиле тоа и зошто?
Човечка љубопитност !!!! Некој после 5 години ќе ти спомне еј абе вчера ја видов таа и таа добро изгледа, па ти најнормално кога ќе отидеш дома ќе побараш да видиш како изгледа, шо праи, шо и се дешава у живот итн....вината ја препишувам на љубопитноста
sakam da prasam nesto: dali maskite im smeta dolgi, izvitkani( a pred se vestacki трепки) знам дека нападна шминка одбивно делува иако не свакам зошто(секоја девојка има право да изгледа како сака)
Да,има право,може да натрупа два тони пудра и руж на целите јаболчници ,да опне некој кич сјај или кармин и да отиде во напад ама ако мисли дека е убава така се заебала.Тоа е одбивна појава.Имав една познајничка која секогаш одеше нашминкана така како што опишав.Човек да и го допреше лицето имаше да му пливаат прстите во пудрата Па толку одвратни личеше еј океј е да се нашминкаш ама во границите на нормалата а не да излезеш и да плашиш лугето.
незнам зашто ама никад несум обрнал внимание на вашите трепки и никад несум имал некаков критериум за трепки а ни коментар а да не спомнеше ти така и ке останеше, искрено сеедно ми е
Ако и стојат убаво какви сака трепки нека има . И шминка не ми смета ако е со усул нашминкана . Неверојатно на какви детали обрнувате внимание кои на нас ни на памет не ни паѓаат .
Хаха многу смешно ми дојде прашањево морам да искоментирам Мислиш на оние веѓи кои од што се долги Голуби можат да застанат? Или на оние што ако е девојката блиску до тебе ако трепне Скарфејс да те напраи? Не не,или оние вештачкине што не се ставаат кога врне надвор(од проста причина што кога ке се расцветаат женското око станува Оаза а трепките палма или што и да е грмушасто растение) Ама сепак мислам дека мислиш на оние убаво средени,дебели трепки-такви може.Ма да јас не би се заебавал со вештачка трепка,би избегал кај ме носат нозете!
[Odnapred se izvinuvam na latinicata, imam problem so kompjuterot] Fotogenicna kako poim go razbiram, ama ne mozam da sfatam, koga decko koj prvpat te gleda vo zivo, (pred toa od sliki te znae) kazuva: -"Mnogu si fotogenicna." Sto saka pisatelot da kaze? -"Ne si tolku ubava vo zivo?"
Фотогенична значи дека многу добро излагаш на фотографии а што сакал писателот да каже тоа само он знае . Зависи како ви се одвивал муабетот понатаму, ако ти уделил два-три комплимента колку си згодна и во живо ок е а ако си молчел може треба да се загрижиш .
Не верувам.... Ако сметал дека не си толку убава во живо како на слика не би кажал ништо, едноставно би изгубил интерес и не би те барал во иднина. Веројатно е обид да ти каже дека му се допаѓаш. Или едноставно убаво изгледаш на слика - машките обично комуницираат доста директно.
Мои драги советници, ми треба помош... Еве ви ја ситуацијата:Има еден дечко со кој се знаеме отприлика 2 години, а последниве месец-два се дружиме поинтензивно.Во последно време прилично се зближивме, заедно гледавме кошарка, заедно по дискотеки, нормално со друштво...Имаше некој физички контакт, некои гушкања,но сето тоа беше само другарски.Јас него никогаш не го гледав на „тој“ начин, бидејќи многу долго кружеа трачеви дека ја сака една моја другарка.Е сега доаѓа интересниот дел-вчера бевме излезени во дискотека, заедно се враќавме, ама беше многу нерасположен.Се понуди да ме испрати до дома и разговаравме малку.Ми кажа дека е стварно тешко да си машко, дека има многу насобрани работи и дека му е тешко.Му реков дека не е страшно и дека утре е нов ден.Ме праша да останам уште малце, зашто не му се оди дома, но го одбив-беше многу касно и морав да се приберам.Само го гушнав и си отидов, а тој не рече ништо.И...само што стигнав дома ми стигнува порака-Фала ти многу за се! Има многу јака хемија меѓу нас, и тој го знае тоа, и јас го знам.Тоа што ме збунува е што вчера имаше некаква шанса да направи нешто, а не направи ништо.Што мислите-ме гледа само како многу добра другарка или не е сигурен што јас мислам за него, а можеби е најдобро да почекам да видам како ќе се однесува понатаму? П.С.извинете што е толку долго, не можев пократко да ви ја објаснам работава...
Иако обично ние машките сме тие што преземаат иницијатива и од кои се очекува храброст за поконкретни чекори, некогаш и нас ни треба мал поттик, или ако сакаш наречи ја така, „клоца“. Со други зборови, aко следен пат се најдете сами, не чекај од него сервирано, туку и ти засили го флертот, кокетирај, заведувај, тук-таму и по некој скришен допир не е на одмет. Очигледно дечково чувствува нешто кон тебе, но не е сигурен дали си онаа која ја сака за сериозно. Затоа, „помогни“ му да одлучи, така и за него, и за себе ќе си ја расчистиш ситуацијата.
Не разбирам. Викаш имал шанса нешто да направи, а не направил? Која шанса? Те викнал да останеш, ти си го одбила.... да си останела, тоа би се рачунало како шанса. Ќе сте биле насамо, можело нешто да се случи. Ок, накратко, повеќето машки немаат проблем со идејата од другарка да направат девојка. Ама проблемот е, ако пробаат може да изгубат другарка. Ако сакаш другар, а тој сака нешто повеќе, тоа другарство е сериозно разнишано. Тогаш треба да му дадеш до знаење дека не си заинтересирана за него. Немој да го влечеш и да го залажуваш. Ако ти се свиѓа и ти нему му се свиѓаш тогаш ќе треба да делуваш. Очигледно нема дечкото храброст да го повчече првиот потег. Или ќе мораш да му помогнеш, да го охрабриш (преќутно со дела да му полажеш дека ти се допаѓа) или да го направиш првиот чекор сама.
па дечкото ти рекол да останеш уште малку а ти си му рекла НЕ !!!!!!! И сега се буниш зашто не направил ништо....Шо требаше да напраи? требаше да ти рече, епа штом не тогаш ќе мора тука - мижи да те залапам...Пробал дечкото, ама ти си го одбила...јас ова не го гледам како негова вина или дека те гледа како другарка или дека е срамежлив, туку го гледам како дека ти си ја Спојлер укакала работата...сори на искреноста
Хахаха Ок, ок, тогаш I`m an idiot Кога ме праша да останам мислев дека го мисли тоа што го рече-Дека не му се оди дома и дека сака уште да разговараме Добро, не е битно-сум имала шанса и сум ја пропуштила...Идемо даље...Сеа ќе изгњавам уште за една работа и толку.Вратете се на крајот на мојот претходен пост, на пораката.Има ли некакво значење тоа-Фала ти за се?
може да значи милијарда работи, во секој случај дечково ми изгледа добар на карактер според таа порака, така да не губи време.....ЈАВИ МУ СЕ ОВАА ВЕЧЕР И РЕЧИ МУ ДА ИЗЛЕЗЕТЕ..... Спојлер don't be a pussy