Чекај малку. Дечково пред мене многу те форсира. Полека. Ние овде не читаме мисли да знаеме што мислел. Можно е дека стварно имал некоја мака, му било тешко и сакал да помуабетите. Ти сега засега не знаеш дали сака нешто повеќе со тебе. Ти треба да одлучиш сама што сакаш со него. Сакаш дечко или сакаш другар. И, треба да го испиташ теренот да видиш што тој сака. Така да, полека. Ко за почеток, ти се свиѓа?
Искрено, и тоа сценарио ми помина низ глава и би имало најлогично објаснување.Сакал да зборува со мене затоа што мислел дека најдобро ќе можам да го сфатам А одговорот на твоето прашање е:Да.Супер е како другар и сигурна сум дека би бил супер како дечко...Следен чекор?
Хм. Тоа е како, не сум ептен нешто заљубена ама ок не би ми сметало да се фатам со него. Ок. Не се замарај премногу ако е така. Како што кажав, испитај го теренот. Види дали стварно ја сака таа твоја другарка што ја спомна, флертувај со него и види како ќе реагира. Клучната работа тука е: ако се понашаш со него како што се понашаш секогаш, тој нема да знае дека сакаш промена во вашиот однос. Фактички ќе мора да ја преминуваш линијата помеѓу пријателство и нешто повеќе. Не би било лошо да му дадеш по некој комплимент. Види како ќе реагира. Гушни го во образ, прегрни го, физички контакт е јасен знак... ќе му текне. Ќе мора да пробуваш и да видиш како ќе иде.
Ајде момци совети за друшкава моја. Идеше со еден момак месец два и он знаеше дека она него не го сака. Кога реши она да стави крај на се тоа, зошто не го сака, тој упорно ја бара на телефон, и пишува, ја моли, ја замара неверојатно. Девојчево му кажува на убав начин како стојат работите дека не сака да биде со него зошто не го сака и дека нема шанси да го засака,а он упорно навалува. Вечерва во населбава правел урнебеси, плачел, пустел :geek: . Имаше и љубоморни испади од негова страна зошто се поздравила со нејзиниот најдобриот другар и го гушнала. После тоа и се јави и пак со истата приказна дека ја сака, дека со други нема да му биде исто, ја молеше да бидат пак заедно, а она му рече дека само ќе биде потешко после и за двајцата и дека потребни би биле обострани чувства за да се продолжи. Јас и кажав колку што можев, али тоа не помогна. Сум видела се ама ова што се дешава уште го немав видено
Значи вака имам еден другар рецимо со кој шо се муваме. Се муваме од Јули мислам ама овој има 21 год а јас само 16 и сеа нормално тој нели ќе ми бара ама јас не му давам. Проблемот е тоа што секој пат коа јас ќе речам крај се нешто ќе се случи и нема да биде крај туку продолжува приказнава и дечково е мн така супер никогаш до сеа се нема искарано со мене фала богу ама многу е несериозен и не знам како да објаснам преопуштен. И пошо сме другари јас сум му кажала може со секого што сака може да прави мене нема ништо да ми смени и он као епа супер ама не знам.. Дали он ова нашево мување го сфаќа као врска можеби? И секоаш коа ќе ме гушне некој друг или коа ќе ме снема од негова околина он одма се загрижува кај сум и ми љубомори со други зборови..
Queens, одговорот на прашањето веќе го имаш, не мора никој да ти го потврди тоа. Со сигурност мување е многу недефинирана работа, прашај 10 луѓе сите ќе ти кажат различно. Мој совет, седни го спроти тебе и објасни му дека бараш забава и пополнување на време, тој сака врска и има чувства за тебе. Биди коректна кон него и не го измачувај, кажи му ја вистината и расчистете дали ќе продолжите или не. Поголемиот број на проблеми на овој свет се последица од лоша комуникација.
Ќе му помине. Другарка ти нека си стои цврсто на ставот и нека се дистанцира се повеќе, нека не му одговара на повици, пораки, кога ќе ја види нека биде кратка со едно здраво и толку. Момаков ќе мора да сфати еден ден дека навистина е крај и треба да продолжи понатаму без неа.
епа вака... наредниот викенд со другарките излегуваме со едни другари.. јас лично не се познавам многу со нив, ама едно здраво- како си, имаме.. двајца од нив мене ми се симпатични, ама ова ќе биди само онака другарски излегување.. сега машки кажете некој совет во врска со некои теми за разговор со нив, каква облека и шминка не би била нападна за нив и нешто слично за како всушност би требало да се одвива целата вечер.. или пак некои слични искуства??
Знаеш имам ја план од А до Ш кој теми ,што да носиш , колку пати што да кажеш, како, зашто... али сепак и јас мислев дека ке ми успееше кога првпат искачав со девојка ама ништо од тоа , џабе .... планот кој го имав , темите кој ги спремив, облеката кој ја купив ништо од тоа 3то испадна .... сосема други теми , облеката патем иста остана не дека ке ми сметаше ако ја снема али тоа е приказна за друг ден ... потоа планот ми беше уништен така да можам само да ти кажам ти да си искочиш со машките персони И ИЧ ДА НЕ МУ ЈА МИСЛИШ
Love Биди своја сонце само, ништо друго не е потребно, знаеш машките никад не забележале дали нешто ти е ново купено, дали и колку време си се мислела за шминката и слични работи. Значи за тоа не се замарај и не си го онаквај мозочето со тие работи. За муабети и теми не му мисли уште од сега. Кога ке дојде моментот ке си дојдат и темите со се него заедно, спонтано ке навлезете во муабети . Све што треба од твоја страна е да бидеш своја. Зашто сепак машките тоа многу приметуваат дали некоја е извештачена или не, а не кое фустанче си го облекла , па боја на истото и слично
Се мував со еден дечко уште во мај, тоа беше на роденден, малку алкохол или малку повеќе и тоа беше тоа. После тоа тој не ми ни пишуваше, ни пак да дојде да рече пак да излеземе се до еден период кога пак почна да ми пишува на фб, а за тоа време имаше најдено и друга, но мене ми велеше нешто со неа ми е досадно не е како со тебе бла бла како незнам колку време да бил со мене...малку умилкување...и ајде се договоривме пак да се видиме. Но наредниот ден за кој беше договорено видувањето тој си наоѓаше некоја причина или вистини беа пто знам иако немисе верува многу еднаш бил изморен другиот пат го болело стомакот. Ок. Па и јас несакав толку многу, ама ај дека инсистираше. После јас бев излезена пред диското на цигара, а тој си кренуваше, ме виде дојде и ми рече заедно да си одиме но мене ми беше рано и се договоривме каде да се чекаме и во колку часот. Иако немисе веруваше ни 1% дека ке биде таму, па дека и каснев одев со такси до таму, и за големо изненадување беше таму. После следеше перио пак со непишување, незнам што му е откако излеземе, и после речиси еден месец пак излеговме и тоа пак така на видување ќе си одиш да епа ајде заедно и така уште еднаш тоа беше првата недела од септември и толку. Сега се среќаваме и во диско, се понаша некако ладно не ми пишува иако ноостоп е уклучен а на сите им има раскажувано дека излегувал со мене. Јас мислев сака да креи, зошто никаде јавно не одевме па и јас не кажував на никој. А прееска кога чув дека раскажувал дека излегувал со мене чудно ми падна. Има ли нешто надеж за нас или....? Зошто вака се понаша? А да му пишам прва или пријдам, што знам некако чудно ми е...
За ова се разбираат овие поискусните али само ке ти пишам за оваа реченица Мажот никогаш , НИКОГАШ не е изморен .... може само да го мрзи да го мрда телото
Барби Извини вака што ке сум директна ама дечково не е заинтересиран за тебе. Уствари .. Да ! е заинтересиран, ама само кога ке му дојде желбата да биде со некоја , и секако тука си ти на таа листа како потенцијална муваторка. Значи не е твоја вина, зашо сепак не си го знаела типот што е каков е и што сака всушност. Ама сега знаеш што сака така да стави црвена линија и стави КРАЈ. Доколку не сакаш некому да му изиграваш Баба мразица и да му исполнуваш желби. А за надеж, ако мислеше на врска, нема некоја надеж, затоа фрли си се во потрага по друг кој нема да те гледа како потенцијална муваторка туку како потенцијална женска. Не се потценувај за овој. Тежок шупак е ко шо ми изглеа, демек фраериште ’’Ејјј Брат сум ја мувал оваа Барби бе знаеш колку е јака“ А знаеш зашо го кажал тоа ? Да се пофали! И запомни ако му значиш на едно машко УВЕК Ама УВЕК ке најде време да се видите Така да не си губи време
И ви ја претставувам теоријата на хаосоот. Но НЕ!! Не грижи се, еве јас ќе ти ја поедноставам сликата. Сега ќе ти ја сведам на 2+2 математика... Сте се мувале, па тој те исклучил од комуникација, фатил друга, па те дудлал демек ти си многу подобра од неа, толку добра што воопшто не ти се јавил, ам? Ти чупе зрачиш од добрина изгледа. Па после те договорил, па ти откажал, го болела левата веѓа и трепките му се грчеле и стварно го оправдувам, во таква состојба не се излегува. Сепак, кој момак би сакал во такво лошо светла со скокачка веѓа да се појави пред љубената, амм? И меѓу сите ваши намерни и случајни средб имало периоди на комуникациски молк...еј стој сложен израз...период кога тој не ти пишувал на фејсбук... Има надеж, јас мислам. Според мене, тоа дека секој заслужува втора шанса е премногу строго. Си слушнала за Правилото на Седум Шанси? Тоа вели дека на вистинската љубов се даваат толку шанси за да успее, да фати коренче, да прсне искра... Пиши му пак и закажи средба. Како иначе тој ќе се лади со тебе? Не го оставај дечкото на цедило, не му загрозувај егото и мачо филмот, молим те. Ајттт
Јас да сум на твое место,никогаш не би поставила вакво прашање! Во тој случај, моето прашање би било: Како побрзо да го избришам од ФБ и како да му направам трајна амнезија во мозокот,никогаш да не се сети дека во минатото сме се познавале? А ако раскажувал дека сте имале секс, е тогаш би разгласила на сите дека „другарчето“ му е малечко како жирче и не може да одржува ерекција! Па да видам колку ќе му остане од напумпаното его...
Ахх,ќе се мрднам од паметов.. Претходно ви кажував како запознав женкар,како ме викна да излеземе и како се држев на страна од чувства. И така испадна,преед некој ден пак се видовме и се беше добро ама проба да ме залапа а јас го тргнав. После тоа се однесуваше исто како и претходно,не се смени.. Денес дознав дека типот имал девојка,не било нешто сериозно ама ипак ме излажал.. До сеа ми пишуваше извини,извини и такви блабла муабети, па ми вртеше но не кренав, и сега ми кажуваат дека плачел и дека многу се кае,као демек прв пат во животот вака се осеќал,и стварно се заљубил. Искрено,многу би сакала да му дадам шанса зашто ми се допаѓа,ама од друга страна па..како да знам дека нема пак да ми направи нешто такво и да продолжи по свое..
Да, ова е момент на нулта скромност... IT ACTUALLY HURTS BEING THIS GOOD!!! Прочешлајте низ историјата за да ме сватите, ако некој остана во темница. Ова беше офф топик, за кој се извинувам. Reply на Валканава Кралица не пишувам. Моето е кажано.
А сепак друже, постот воопшто не ти е на место, независно што напоменуваш дека е оф-топик. Никој не се сомнева во коректноста на твоите совети, но сега испаѓа дека се „ситиш“ на тоа што девојката не те послушала... И згрешила? Come on, you can do better than that...
Во никој случај не се обидувам да се докажувам пред неа нити пред било која друга феминка. И да се ситев на туѓа несреќа, немаше да пишувам толку мислења тука. Ова нескромноста излезе на површина бидејќи минатиот пат кога беше покренато прашањето на DirtyQueen, јас обидувајќи се да ја заштитам и предупредам за опасностите со плеткање и вљубување во женкари, темава стана една голема влажност при спротивставувањето на мислењата, во кои јас демек излегов како некој теоретичар и скоро искомплексиран што женкарите ми ги земале девојките пред нос, па затоа сум имал нешто лично со таквите... Еве ја кралицата, се врати....