Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604

    Е доцна е веке да те прескокнам :D
    Ајде мозе вака да направам, да си продолзам со зивотот најнормално и да си флертувам, наместо да ги одбивам сите децки кои ке ми се приблизат :^) ама ипак да му дадам санса зимава.
    Во Свајцарија сум инаку.
    Инаку не е дека јас сум ја измислила ситуацијава, туку јас мислам дека мозеби бесе искрен посто ако сакасе да ме искористи мозесе да се потруди малце и да го направи тоа, искрена сум.
    Ако ме гледасе единствено и само како другарка , мозесе и тоа да ми го казе, не бидува, мозеби несто не си разбрала како сто треба ама ние сме и ке останеме другари, немасе да казе се сто каза и да остави време да помине.
    плус има тука усте многу ситни работи, ама тие се главните прицини сто во мене тлее надез и сомнез.. :$
     
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    :up:
    Е тоа ми беше зборот де :)
     
    На Unica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Мене ме интересира кога машките вистински создреваат?Со другарками често се инатиме на оваа прашање.Таа вели дека после завршувањето факутет и најголемите женскари почнуваат да си бараат девојка за озбилно и веке стануваат сериозни :headbang: Јас воопшто не се согласувам со нејзиното мислење.И по завршувањето на факултет уште мозокот им лета и нема ниту 5% сериозност во нивното однесувањ барем за повекето машки што ги познавам :) Јес да има исклучоци но но едно машко кој цел живот бил без памет и девојките ги менувал секоја недела ке му дојде паметот уште на 23,24 години и ке размислува не тема брак :o Машки па макар и женски чекам ваше мислење :)
     
  4. feemina

    feemina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    12
    не верувам дека времето ке промени нешто,
    имам слушано од машки дека се променуваат демек кога ке створат фамилија, деца, поголеми обврски па немаат време за лудории.хм.... малку ме замислува тоа дали е така.мислам кој каков си е таков ке биде,и колку да е ангажиран ке најде време да се ,,испука,, па било под каква форма и да биде тоа.
    абе зелено си е зелено
     
    На Hiii, Black.Beauty и zhap4e им се допаѓа ова.
  5. StarBwoyy

    StarBwoyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    98
    Факултет може да биде мерка за зрелост само тогаш кога ова твое мислење ке стане дефиниција за зрело размислување.

    Ти не што не се сложуваш со другаркати дека со завршување на факултет машките стануваат сериозни,ти си толку напредна и позрела што мислиш дека и по завршување на факултет они се незрели :^)

    А да,Ако веке мериме сериозност у проценти.и 5 % е јак процент у муабетов твој.
     
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Машките никогаш не созреваат. Може само да станат посериозни кога ке почнат сите од друштво да си факаат женски, па ке почнат и бракови да се склучуваат... Инаку глупи и детски муабети од нив може да се слушнат на секоја возраст. :D
     
    На Hiii и Yipman2 им се допаѓа ова.
  7. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    \

    А ако ја мериме твојата здрелост?Јас не прашав за мерење на мојата здрелост а и како што гледам не знаеш колку години имам.Фала ти на одговорот.
     
  8. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Мер такви са мшките ву Гивгилија? Ак са такви, беги од там, шо друго да ти каам.
     
  9. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Епа изгледе такви са дека нас :) за жал.Како што гледам не сум само јас со вакво мислење.
     
  10. reddevill

    reddevill Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    21
    Глупаво е да проповедаме тука јас мислам може само да разменуваме мислења за искуства
     
  11. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Не споменав јас никаде Гевгелија, ако не сум грешка? :?: Зборувам општо за сите машки, сите сте исти К**ови во различна опаковка. :)
    и не лафи гевгелијски ми го брукиш дијалектут
     
  12. reddevill

    reddevill Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    21
    Kога ке осетат вистинска љубов и нормална жена што се заснова нејзиниот живот на принципи и морални вредности тогаш секој маж одма созрева :lol:
     
    На Hiii и creshicka им се допаѓа ова.
  13. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Reply - от од твојата сограѓанка Hiii беше многу поинтелигентен.

    Сега пак ќе ме бришат....
     
    На XMaN и creshicka им се допаѓа ова.
  14. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Луге немав намера со моето прашање да ја мериме интелегенцијата на сите :) Само прашав дали после завршувањето факултет машките се озбилуваат и почнуваат да мислат на озбилни врски и брак.Гледам сите различно свативте а јас не добив одговор на моето прашање :)
     
  15. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Имав напишано голем пост кој делумно имаше врска и со твоето прашање ама ми го избришаа, така да пак неам намера да го пишам.

    Зависи од човекот, некој ќе се уозбили посебно кога ќе се вработи, некој ќе остане и понатаму зелен во мозок а некој вечно ќе си остане дете.

    Зависи каков ќе ти се падне.
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Абре луѓе има разлики од машко до машко, тоа е индивидуална ствар кој кога ке созрее, патем тука играат улога и други фактори, како на пример средината во која живееме, друштвотот, семејството(самото воспитување), потоа сами створени погледи за животот на таа машка индивидуа.

    Знам тип што има 23 години, ама е посозреан и по сериозен од машко од 29години, а типов ни факс нема, туку сам си се грижи за животот и си е одговорен за истиот како и за свои постапки, А тип еден друг 24 ги има ко тинејџер се понаша уште, уште вели а ја до 30та сакам да живеам вака и сакам да си лудувам со другарите до кога ја сакам.
    И ај сега ?

    Значи сите сме различни па и машките, секој со своето . Неможеме да дадеме дефиниција за ваквото нешто.
     
    На reddevill, XMaN и Hiii им се допаѓа ова.
  17. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Браво, многу интелигенто размислуваш, секоја чест, камо да има повеќе девојки како тебе :clap: .
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  18. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    За да се добие некаква слика по вакво тешко прашање, ќе треба да ја погледнеме и понежната половина. :!: . Кога се и тие спремни за долги врски, кога вистински созреваат за рамноправно да учествуваат во врски на долги патеки?

    Јас како дел од советувачкиот тим на Фемина, сум малку скептичен и за вас, особено што на форум, а и на ЛП имам прочитано доста вознемирувачки стории за вашите промени на чувства, како варате, преку вечер ве освоил друг...сепак и машките имаат основа да се плашат дали ќе најдат добра цура за врска :!:

    Прашањето уште во старт може да стави сопка бидејќи е некако отсечно. Поставено е демек, после факултет, како образовните институции да имаат способност да формираат нечиј карактер...барем мојата верба во таквиот концепт е слаба, не знам за другите.

    Долги врски? Јас знам доста парови што биле во долга врска уште во средно и си ја протуркале и низ факс. Знам и за 25 годишни мажи што немале врска подолга од 2 месеца во живот, и ја поддржуваат женската слика за машките на кромањонести суштества кои живеат на релација пештера-кладилница-кафеана.

    Мислам дека машките најчесто почнуваат да созреваат кога ќе почнат да заработуваат и сами да се издржаваат. Тоа може да е после факс, а може и веднаш после средно, ако не идат на факс.

    Од друга страна пак, има постари машки што работат преку ден и играат Дота и Кантер со дечишта по интернети преку вечер...ти текнува? Гледаш во колку хистерична зона сме влезени?

    Сепак, и на овој одговор што го напишав може да му се најдат безброј дупки, бидејќи и нема конечен одговор на твоето прашање. Може да се покрене дискусија, и на крај само ќе се согласиме дека секој си има свое размислување базирано на лично искуство од својата средина.
     
    На CaperucitaRoja, Victorya, Hiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Ова е форум и тука го пишувам она што го мислам. Ако некој не му се допага немора да цитира на секои 5 минути колку за без врска да си ги малтретира прстите. Јас си дадов свое мислење за тоа дали воопшто машките созреваат и вие се нафрливте (само машки) на мене како да се пронајдовте во постот?! Не прозивав никого, зборував општо! ;)
     
  20. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Прашањето не го поставив само така бидејки ми текна во момент кога ми беше досадно.Има причина но јас немам доволно храброст за да го кажам проблемот што ме мачи бидејки ми е страм :$ Фала ви на одговорите.
     
    На XMaN и EleMental им се допаѓа ова.