Ова е форум и јас имам право да ти реплицирам со контра реченица пошто очигледно не ме сфати а ЕлеМентал е прекултурен да ти врати. Како ти се допаѓа реченицата: Сите сте исти пич*и во различно паковање ај ваљда ќе ме сфатиш сеа...
Ау ти да не се навреди? Ај да не одиме до таму, неретко се зборувало дека сите женски се исти на форумов па јас не сум реплицирала никому и сум почитувала туго мислење. Спојлер не зборувам дека ти си рекол дека сите се исти, да не ми се навредиш пак..
Дистанциран сум во последно време со советиве заради Х причини, најмногу бидејќи повеќето не будат никаква дебата, но сепак во ова има некое жарче, зашто сепак не е прашање од типот - дали да му пишам на фб Заозбилувањето на машките зависи од повеќе фактори. Тука пред се како што е нагласено е зрелоста. Кога и КОЛКУ машко ќе созрее,пред се сметам дека зависи од домашното воспитување и морали. Не почнува тоа од кога ќе тргнеш на факс и што ти знам....Туку уште од мал. Човек уште од мал се гради како личност, како индивидуа со морали и погледи кон животот. Тука е основата како човек ќе созрева во иднина....После нормално следува образование и така натаму. Ова е само еден дел од сложувалката. Второ е низ какви искушенија и успеси ќе помине личноста. Пред се еве да земеме за пример тинејџерски години...Хормоните се на стероиди и тука во голем дел се развива личноста. Врз основа на проблемите, на успесите, на искуствата низ кои што ќе помине личност во овие години - така и ќе се оформува за во иднина. Ова да речеме завршува од прилика помеѓу 18-20 години. Трет фактор е дотогашни љубовни врски и искуства. Секој човек си има своја перцепција на КАКВА ЛИЧНОСТ е добра за него....Така да може да има и 20 врски, но ниедна да не му е по мерак и многу јасно дека нема да се заозбили. Може втората врска да му е токму како што треба и да се заозбили и да е сериозен и да се смири. Друг случај е кога дечкото мислел дека девојката со која што е - Е вистинската, но сепак се случува некоја Х работа и се разочарува максимално од неа...ОВА МУ ПОМАГА на човек да созрее за да знае ШТО ВСУШНОСТ сака....И да не го тупам многу, еве како последно нешто - за дечко да е зрел, немора да значи дека мора да размислува на брак....Дечко на 23-24 години може да е навистина стварно зрел во размислувања, поставеност, интелигенција, рационални решенија, но не му е време за брак, зашто реално гледано 24 години е рано.....Сепак ако му е рано за брак не значи дека он ќе оди од девојка на девојка и ќе плеска се што има дупка....Туку може да има стабилна и цврста врска, заради тоа што он е стабилна личност, а не заради фактот дали сака да се жени или не...Зашто ако гледаме на тоа - има машки што сакаат да се женат на 19, значи ли тоа дека се зрели? На крај да направиме еден завршеток и да сумираме - значи зрелоста на машките почнува пред се од домашно воспитување и како ќе им се врежат во потсвеста моралите, искуствата низ кои што поминува, и еве да го спомнеме и образованието...
На објаснувањето на Мистери кое е сосема издржано би додал уште два фактора: карактер и генетика (кои се на некој начин поврзани) затоа што две единки со различен карактер а исто воспитување и исти искуства различно ќе реагираат во одредена ситуација. Некој ќе се уозбили а некој може сосема да пропадне или да остане големо дете неспособно да се грижи за себе.
Да навратам на дебатата со другарка ми...Значи од вашите одговори сватив дека кога едно машко ке заврши факултет не мора да значи дека ке стане сериозен во секоја гледна точка.Конретно зборувавме за после факултет бидејки мислам дека од кога ќе дипломира веке треба да се вработи и да размислува за посериозна врски а понатаму и за семејство.Од повекето машки што ги познавам имам добиено мислење дека ова и не оди баш така, дека и по дипломирањето не се озбилуваат Се согласувам дека се зависи од личноста Спојлер и искрено се сметав за виновна за потскарувањето...
Луѓе јас не знам како го сфаќате зборот дискусија? Ако некој има негативно мислење, односно мислење кое е спротивно од вашето и си го брани, не значи дека се кара- едноставно си го брани мислењето, а вие давате контра аргумент и така дискутирате Убаво е да се има дискусии, не е интересно сите постови да се еднолични, зарем не мислите така? А за созревањето на луѓето- се зависи од средината, од условите за живот, и од воспитувањето. Не значи и дека ако некој сака брак е зрел, можеби само сака да си лечи некои фрустрации- да ја врзе личноста со која е во врска и сл, а тоа не е зрело воопшто, нели ? Мој совет е да не се оптеретувате дали врската е сериозна или не, оставете работите полека сами да си се средат, спонтано.
Никој не мери интелегенција because we all know who would win >> Yipman2 Muchacho <<< Како и да е да се вратиме на твоето прашање , кога машките созреваат и почнуваат да мислат на озбилни врски Кога ке искочат надвор , на убавото топло и по малце ветровито време и кога шетајки се и преправајки се дека ги обожаваат шегите на другарите ... ке погледнат лево , десно и ке ја видат THE GIRL ама не како секоја што ја гледаат ...... оваа девојка нема да ја здогледаат во нејзините облини него право во нејзината насмевка и тогаш доага најубавиот дел од твојот живот ЧУСТВОТО ЧУСТВОТО дека таа е таа , правата ... тааа која живот би дал , тааа која твојот син ке го кара , таа со која креветот заедно ке го делите додека смрта не ве раздели чуството кое само еднаш го добиваш , чуството кое те прави срекен ... чуствотот кое ги одзима сите твои патења , сите твои проблеми и ги остранува сите грди зборови од твоите непријатели бидејки знаеш дека тааа е тааа која ке ги донесе новите промени во твојот живот , таа е таа која ке ја донесе топлината и вистинската срека во твојот живот Е ТОГАШ машките се тоа што ти праша предходно
Едно од најбитните права кои ги има едно човечко битие е дека има право на слободно мислење и изразување. Во темава си дадов свое мислење дека мислам дека машките никогаш не созреваат. На тоа почитуваните иксмен и ЕлеМентал, многу се возбудија, искрено не знам зошто, не знам дали се пронајдоа во мојот пост или се навредија, кога немаше потреба бидејки не прозивав никого и онака како и секој мој пост си дадов свое видување и мислење општо за сите машки. Биде што биде може и сами да прочитате што се зборуваше, и тогаш ЕлеМентал напиша пост во кој мене ме споредува со тврдоглаво магаре со кое неможе да се разбере. Јас му пишав една приватна порака која гласеше вака А тој драги мои ми го напиша ова Јас само сакам да кажам многу фала, и многу се извинувам на тебе и на СИТЕ други форумџии кои сметат дека сум уште една разгракана Гевгелијска средношколка од Ј. Јосифовски, шо коа ќе флезат уф Коцка, Корзо, Селјако или Кју, ка ќе се распиштолат мислат нивен е кафичо. што не делам понекогаш исто мислење. Срдечен Поздрав.
Извини вака, ова ли е делот каде што јас треба да бидам посрамотен? Или ова е делот каде што треба демек да ми падне таа некоја моја замислена репутација на форумот? Да ме караат феминките, ЕлеМентал волу еден, така ли се пишува на недоквакан адолесцент што го опишува машкиот род со "исти ку*ац во различно пакување", ам? (смајли што прекорува)(смајли што мава чврги) Он топик Колега XMaN, we're famous Или како што би кажале...ДЕНИ КРЕЈН!!
Jaс дојдов по мислење од машка страна.Се надевам дека нема да ме избркате од темата зошто станав здодевна овде Значи проблемот не е мој овој пат туку на моја познаничка.Ми треба мислење. Што ве тера да изневерувате иако имате супер врска?Дали сакате да си дигате со тоа егото во стил еј јас сум јак мачо мен и можам да имам секоја па таа на крај ке ми прости зошто ме сака Познаничка која живее во Италија и има 15 години ми ми кажа дека после тоа се што поминале за толку кратко време го фатила како ја изневерува и тоа со неговата бивша и ја понижил пред нејзе.Со што го заслужила таа тоа однесување ако му дала до сега се:Љубов,подршка за се,искреност,доверба.За нив знаеја сите па дури и мајка ми која работеше заедно со него и ми го опиша како добар дечко а таа никогаш не греши во проценката на лугето кои се околу неа. Но едноставно не можам да го сварам тоа што се случи.Па после се чуди некој зошто толку има разочарани млади од љубовта.Иако има 15 години мојата познајничка сепак врската им беше одлична а сега ова? Прашање:Што постигнувате со изневерувањето,понижувањето,и лажењето дека немате друга во својот живот а веке следниот ден ве факаат со друга?Мислите дека ке ве молат за назад?Дека си го дигате егото со тоа?Што?
Pelikuna, извини, ама мене ми е смешна целата реченица која што ја болдирав- што се` можеш да поминеш на 15 години, каква поддршка можеш да му даваш некому кога ти сама не знаеш што сакаш тогаш ? Прашањето како прашање ајде де, можат да го одговорат машките, ама нема некој закон зошто се тргнува кон изневерување. Еве и јас тоа го мразам најмногу на свет, би сакала да ми раскинат пред да ме изневерат- така сум правела и јас, ама едноставно некогаш си далеку од партнерот, искушение, флерт, тежок предиод, момент кога сакаш да провериш дали уште котираш на пазарот, причини има милион, не дека ги оправдувам, ама ги има... А за твојата познаничка, мислам дека на 15години не е можно да се има таква врска како што опиша ти- со поддршка, доверба, и да се помине низ се`- и те молам баш објасни ми, што е за тебе тоа се`?
Значи ако е 15 години и не може да помине се со дечкото?Па и тие се суштества и знаат да сакат а не само оние од 18 нагоре. Значи подршка за работа,за решавање на проблеми,за економската ситуација. Одење заедно на одмор со родителите и со него,запознавање на родителите и останатите роднини,поминување повеке време заедно.Малку е тоа?Или да продолжам,но тоа не е најважно.Што ако е 15 години?Значи дека не е способна за нешто сериозно?Не,девојчето е способно за донесување на правилни одлуки,и јас да ти кажам сум се изненадила од тоа.Ама не е тоа проблемот овде,да го оставиме настрана. Зошто кога се има убава врска мора да ја уништи некогаш момчето заради некој негов каприц?
Тоа е прашање кое не е решено веќе 2 милениума, а такви работи прават и мажи и жени, се се расипува за еден миг страст, за тоа некогаш и војни се воделе. Зошто? Затоа што некој не може да си го заузда нагонот, ете затоа.
Па да и жени изневерувале ама зошто кога има супер врскла и човек до себе кој го сака?Подосна се префрла вината.
Ако за девојката врската била супер, очигледно за момчето не и немал покрај себе некоја што ја сака. Не може она да знае како он се чувствувал, малце е да и каже те сакам и убаво ми е со тебе. Ете делата друго си покажале. Затоа не треба да се имаат сериозни врски на 15 год, не дека они не се луѓе и немаат чувства туку на тие години не може рационално да се размислува за некои работи.
Пеликуна, ти добиваш loyalty card после ова, најредовна си Можеби јас имам некои идеалистички сваќања за однесување во врска, но не можам да поверувам дека дечко што е целосно исполнет во врската, си ја сака девојката, ништо не му фали, едноставно ќе отиде со некоја друга. Јас сакам да мислам дека човек што засакал, ќе има и совест. Ќе има кочници на кои ќе стапне со две нозе за да не дојде до такви ситуации. Или можеби само јас сум таков патетичен, ам? Ако си во врска, и егото сеуште ти мава чврги, ти вика Ало гладен сум, нахрани ме и ти учествува во носењето одлуки, тогаш тебе не ти се сите овци на број. Исто така мислам, еве конкретно за твојот случај, дека сте избрзале со проценката за дечкото. Па и мајка ти која никогаш не греши со проценки на луѓе, еве згрешила. Наместо да била со 6 отворени очи на почеток на врската, таа ги затвориле и двете што ги има. Се препуштила и го воздигнала Ромео, мислејќи дека тој е љубовта на нејзиниот живот. И затоа моменталниот пад дополнително боли. Дечкото да бил навистина како што таа го опишувала и да бил навистина среќен како што изгледал во врската, немаше да дојде до ова. Нешто...некаде се скршило, нешто не чини штом тој си тргнал со друга. Не велам дека е нејзина вина, и нема врска тоа дека таа е посрамотена. Таа си го сакала, била верна и посветена и се трудела тоа меѓу нив да потрае и успее. Таа може само да се гордее со сопствените ставови. А момакот? Момакот си ги покажал вистинските бои. Лекција за следен пат, да не воздигнува и величи дечковци што сеуште добро не ги запознала. Еден од најтешко разбирливите совети за луѓето во врска е take it slow.
Ај пак да подосаѓам јас ...ама што да правам не сум јас крива што давате добри совети па морам да ве прашувам Ми се засвиѓа едно дете пред една недела и јас него..и бидејќи во исто школо учиме онака се погледнувавме на одморите...и сега иаме заеднички пријатели па прееска он стоел со една другарка ама јас не ги видов...и другаркава ме вика и си се поздравувам јас со неа а со овој што ми се допаѓа не се поздравив (оти не се познаваме)...и другаркава ми вика оти ма не се поздравиш со _____ и он ми подаде рака а јас во образ се поздравив ....и рекол на другаркава дека ќе ми пише...и еве сега ми пиша и онака муабет си правевме и го прашав дали ќе испаѓа и ми рече дека не знаел и дека е можно со едно девојче да испаѓа(другарка му е)...и сега знам дека намерно ми пиша така за да ме направи љубоморна а јас му вратив само ахам ....и по 5 мин ми пишува дека касни (требало да оди да игра кошарка) и јас му викам епа ајде оди...и ми вика не бе нека ме чекаат...и си попишувавме уште 15 мин и отиде да игра...сега имам едно питање за вас...ако ми рече да се видиме утре што да му речам?...бидејќи овоа на фб ни беше прв пат да си направиме муабет....и сега дали е мн рано за гледање илии??? Инаку утре можно е да бидеме во ист кафич на забава па и таму ќе се видиме Инаку е многу срамежлив ми кажаа и си викам wtf пак ли јас ќе бидам машкото оти се со некои срамежливи си фаќам работа и се треба јас да бидам машкото Ах и да напоменам дека овоа ќе ми биде прв пат да се смувам со некој (ако се смуваме со овој )
Излези ако те викне зашто да не Нема зашто да глумиш недостапна, како инаку би се запознале повеќе Без трема и опуштено
Море црешо, да те фати чоек да те изеде од мака . Јас се мачам да ти пишам пп да ти објаснам некои работи а ти одма у СДК. Хах, тогаш место у пп вака јавно ќе ти одговорам ама ќе бидам ФИН за да не ме бришат . Ти девојче или девојко кажа една очајна клише реченица: Сите машки се исти! Прво тоа е глупост (без навреда) која секоја девојка со повеќе од 3 љубовни врски ја знае и секоја девојка над 20 и без искуство исто ТРЕБА да ја знае. Втора твоја грешка, приватна порака никогаш не се ОБЈАВУВА без дозвола на тој што ти ја пратил, тоа е некој принцип на култура освен ако во неа не си наречена КУРВА, ОРОСПИЈА, ГОМЦЕ и слично па да го разоткриеш јавно идитотот што тоа би ти го пишал ама на најнормална комуникација помеѓу тебе и ЕлеМентал не си смеела да му ги објавуваш неговите пораки без да го прашаш. Јас имам пишано со повеќе феминки и да дознаам некоја да објави нешто што приватно сум и го пишал има од кожа да излезам а таа девојка е за мене ИЗБРИШАНА! Ова ти го кажувам за да го знаеш, зашто се смета за општа култура и ќе ти користи и понатаму во животот . Не случајно е приватната порака ПРИВАТНА ! Се враќаме на клишето за мажите. Мене во пп ми пиша (намерно не те цитирам) дека сите мажи сакаат пиво, спорт, мини сукњи итн. Тоа е девојко ПОГРЕШНО!. Еве јас не сакам пиво ама ич, ми горчи и не ми е убаво и го пијам понекогаш само за друштво. Исто не сакаат сите мажи спорт, знам и такви кои со спортот ви ниедна форма немаат ама никаква врска. Ниту како што спомна не сакаат сите МАЖИ мини сукњи затоа што постои еден дел од машката популација кои сакаат и се палат на кратки панталони и се нарекуваат хомосексуалци. Јас никогаш немаше ни ова да го спомнам ако ти не си ја објавила пораката на ЕлеМентал. Значи реченицата СИТЕ мажи се исти дури и со твоето појаснување до мене е ПОГРЕШНА. И последно ти употреби реченица цитирам: Епа извини црешо ама културна девојка прво ќе го знае тоа горе што го напишав а второ дури и да го мисли никогаш нема јавно да го напише на форум!!! Има работи кои не се пишуваат! И ние во жаргон знаеме за некоја да кажеме јака пи**а ама никогаш нема тоа да го напишеме јавно зашто знаеме дека ќе се сфати навредливо. Нормално ќе реагираме кога не спореди со КУРОВИ во различна опаковка. Тешка глупост. И тоа што ми го пиша на крај, ни ЕлеМентал е просек, ниту јас, ниту Мистери и да не ги набројувам другите машки тука, малку треба да помислиш пред нешто да напишеш а целиов текст сфати го крајно добронамерно затоа што е за твое добро да го сфатиш на време за да не ти се испушти ваков кикс пред машко друшто каде сите до еден ќе те засметаат за тешка сељанка (не селанка). Нема љутиш .