Па си мислев да не испадне многу брзо оти денеска беше прв муабет...сега размислив и всушност не верувам дека ќе ме викне утре или другиден пошто како што кажав е ептен срамежлив па ќе му треба подолго времее ...и незнам кога ќе испаднеме ако не прави муабет од што се срами ќе испадне како јас сама да си правам муабет
Леле... стварно не знам што да кажам после ова. Од ништо се направи нешто бидејки имам свој став до кој цврсто СТОЈАМ и ни елементал ни не знам кој друг да ми рече дека не се сите машки исти, нема да ме разубеди Јас како што реков и во постот во СДК, јавно понизно се извинувам ако ти или било кој се навреди од некој мој пост и исто сакам да го замолам елементал да не ме тужи, бидејки многу строго доверливата приватна порака која ми ја прати, ја напишав јавно, бидејки многу мака ке ми падне.. Хвала на разумевању
Јака му душа на дечко ти твој со вакви ставови, има нерви да му скинеш . Јас не се навредив пошо си знам дека сум УНИКАТ исто како и момциве тука ама ти ќе си имаш проблем со машки во животот .
Напротив си одржувам 3 годишна врска, нема да имам проблеми со машките бидејки немам намера да го менувам сегашниот. џст фор д рекорд..
Затоа и реков јака му душа, он си знае, ти не можеш да знаеш . Од мене толку да не не бришат за оф топик .
Црешичке, јас не би сакала да се убацувам во причава, ама мислам дека темава е за да им помогнеме на феминките на кои им треба помош, а не да се докажуваме едни на други или да се препуцаваме јавно.Си ги кажавте мислењата, не се согласувате и крај на приказната.Ако сакаш да му кажеш нешто на XMan, EleMental или на било кој друг, можеш по ЛП.Се друго е офтопик и модераторките ќе го избришат...
Добро, мислам дека веќе се е кажано, нека се ослободи темава за некој што навистина сака да праша нешто, всушност за тоа е и наменета темава.
Колега, сега ептен ме засрами, онака позитивно ама . Па ако се земе во предвид дека Хаус е фиктивен лик, и да се претпостави дека барем на една феминка сум помогнал да не ја смуваат безвезално па да ја шутнат или на пример на Гоу што и ја спасив...ахмм нема веза ај (боц, боц), тогаш на место е коментот . Тука секако влегува и тимската, посебно XMaN пошто и тој беше засегнат со ... ни јузерот не и го пишувам. Он топик Спојлер Слободно, опушти се, си се свиѓате изгледа барем по малку, што е доволно за почеток. Ако се најдете во кафичот, продолжете си го и таму муабетот, па види дали хемијата ќе ве остави на зборови или и до твоето прво мување. А ако те покани да се видите па многу јасно дека ќе си прифатиш. Но како што кажав, остави нештата да тргнат пополека и спонтано, без некои очекувања, планови и не дај боже да летне некое те сакам после неколку дена, од било која страна. Тоа убива филинг Со среќа
Дефинитивно нема да летне те сакам од било која страна ....он е ептен значи ептен срамежлив па стварно неам појма што да направам да се опушти...и јас порано бев срамежлива ама сега сум далеку од тоа...ама стварно незнам како да се опушти детево...убав е,добар е и се тоа ама е срамежлив што ме нервира многуу...изгледа таква судбина си имам се некои срамежливи ги засвиѓувам па јас треба да бидам машкото
Уф и еве сега ми текна да ве прашам уште нешто...јас да му пишам следна и по колку време...или да почекам он да ми пише?
CIA, знаеш дека сите се трудиме да ти помогнеме, но ова ќе излезе како чат. Премногу се мислиш за секоја една ситница, деталче, се сакаш да биде под конец и под контрола. И премногу анализираш. Ти Девица да не си во хороскоп? Ако не ти пише тој, тогаш не го отпишувај веднаш, сретнете се на забавата и разговарајте. Од таму се зависи од вас. А ако ти пише, уште подобро, нештата ќе се придвижат со забрзано темпо. Нема ваљда пред да го бакнеш, да побараш бесплатен интернет хот спот и да не прашаш со колку јазиче, ам? Релакс, ако има нешто меѓу вас, ако има искра, ќе прсне па може и оганче да искочи.
Богами вистина е дека се сакам да биде под конец Ќе видам,ако го начекам уклучен можеби јас ќе му пишам....ај барем на фб ќе можеме муабет да си направиме барем таму ќе биде поопуштен,а кога ќе се видиме ќе мислам што да правам оти е срамежлив...се надевам дека ќе се опушти.Инаку не сум Девица во хороскоп,Водолија сум И фала ви на советите
Знам дека имам 20 год, и дека прашањево ми е бајаги така приглупо, НО, можно ли е да се пали машко кога ќе гушне некоја девојка, под претпоставка заради тоа што и ги осеќа градите? Имам другар што малце чудно се понаша кога ќе ме гушне, мене или било која друга другарка сеедно. Онака те припива уз него, и те гали по грб, и тоа траеее доста подолго од обичен поздрав, едноставно не те пушта Ајде да беше пубертетлија, ама ова е веќе возрасен дечко, порано не сум обратила внимание ама почна некако изразено да станува Вчера баш го сретнавме пак со другарките и онака веќе... станува чудно
Хахаха, најдете му женска на дечкото нема толку да ве гушка, му фали женска енергија па си ја добива преку вас, не е ништо за чудење .
Бљак, се осеќам валкано и искористено Моментално колку што знам нема женска, ама имал, не е до толку очаен, т.е. мислев дека не е. Од сега само пружање рака и вадење на настинка и грип
Само да ви кажам дека ништо не се случи. Уште еднаш се ’’видовме’’, и после толку беше. Еве цел месец, ништо од него. Еднаш дури и ме одби. Инаку се гледаме скоро секој ден поради обврски на исто место и исто време, муабети, ама за сето што беше помеѓу нас, ич. Веќе не ми е тешко толку кога го гледам, ама уште се надевам. Иако го видов и со друга на кафе, уште се надевам дека ќе се сменат работите и ќе биде нешто повеќе. Страшно се обудувам да бидам трпелива, да мислам на други, да не се замарам со него, ама уште ми се сечат нозете кога ќе ме погледне. Свесна сум дека треба да заборавам на маоите глупави желби, да се сеќавам само на едно добро искуство, и да продолжем понатаму, ама не ми оди некако. Баш сакам да се вратат работите кога секоја можност ја користеше да ми се додворува, наместо сега, кога ме одбегнува.
Јас ќе прашам нешто надвор од вашата вообичаена експертиза - како да се отстрани нефино машко кое има сомнителни мотиви? Сите вие момци на форумов оставате впечаток на фини и културни и изградени личности, меѓутоа не се сите како вас. Постојат категорија машки кои се нападни, досадни, често и зафатени и чија крајна замисла и цел е дека ако се доволно упорни ќе дојдат до секс како крајна цел или некоја друга алтернатива од типот бакнеж или допир, ок јасна е поентата. Како „оперираат„? Најчесто се наметнуваат со „барања„ - да ми позајмиш селотејп, имаш ли ножички или запалка, ако се задружиш со нив глумат жртви - приказни како се многу несреќни во врска или семејни проблеми - значи полека да се вовлечат под кожа, се служат со лаги и со сите средства да допрат до девојката. Како јас вообичаено реагирам на вакви? Поговорката „железото се кове дури е жешко„ ја применувам значи најосновно - не дозволувам да ми се приближат. Во принцип не сум најпријателски ориентирана кон околината во целост - не бидејќи сум надчовечки супериорно биЌе туку немам интерес и трпение за сечии палп фикшн стории, сепак сум селективна оние кои навистина заслужуваат внимание им посветувам со задоволство, но повторувам селективна сум не градам френдли однос со секого. Друго, на работно место не дозволувам колегите да бидат преслободни во смисол да има зезање со сексуални алузии на пример, вакво зезање ми е ок со другари кои ги знам цел живот, но на работно место се дистанцирам. Моја колешка која е баш од типот девојки кои имаат многу пријателски однос со сите западна во проблем кога еден колега од вакви навидум наивни шеги со сексуална конотација почна да преминува граница не бираше ни зборови ни место ни публика и стана крајно вулгарен, иако јас на самиот почеток ја предупредив ама не ме слушаше. Дури и мој другар ми рече дека неа апла би и „побарал„ бидејќи остава таков впечаток, иако да се разбереме девојчето е ок, ама слабост и‘ е што не знае да пресече во комуникација и баш секому му посветува внимание. Јас ваквите прво ги игнорирам, ако ми е на работно место си бркам работа и му одговарам лаконски на прашања, или љубезно му кажувам дека сум зафатена со работа, ако веќе е екстремен случај налетав на еден таков знам и да повишам тон и да го избркам буквално, во овие ситуации не смее да се покаже страв, туку строгост и одлучност, истиот дури и ме следеше и еднаш по работно време тргна кон мене со вообичаени прашања јас му одговорив кратко, го гледав во очи и го заобиколив, нагласувајќи му го „пријатно„ и давајќи му со директен и остар поглед до знаење дека нема ни да застанам да разговарам бидејќи јас така сум одлучила и не му се плашам оттогаш се повлече. На друг еден дрзок и вулгарен кон женски пол на работа му одржав лекција пред сите лето беше и беа присутни многу луѓе дури и цело обезбедување од наоколу само набљудуваа и никој не пререче ништо, си реков подобро да мислат како ми фали секс и затоа викам по сите, отколку да оставам впечаток дека секој може да си ја проба среќата бидејќи сум ту мач френдли настроена . После тоа дури и „здраво„ ми викаа попретпазливо сите во околина олкави мажи. Ама, ова ми е крајна реакција за екстремни случаеви . Во принцип има доста девојки или жени кои не се свесни за ова, на пазар пред некој ден на жена од над 40 год. и пристапува маж кој е очигледно пијан и ја кани на пиво, таа приметив дека не сака да прифати ама му одговара дека не пие пиво. Погрешен пристап од старт, почна да ја убедува да се напиела вино или нешто др. муабетот ми е му остава простор за развој на дискусија, навлегува во убедувања на некој начин не сакајќи му остава простор да и се приближи, значи не го засекува во корен што би се рекло. Ова секојдневно се случува на девојки и жени од било која возраст, образование, карактер замислете само немојте да ме мразите што ќе ви посочам дека ви го поставува прашањево ваша блиска - девојка, братучедка, другарка што ќе и сугерирате дека е најдобро да направи за да ги откачи ефикасно ем ефективно ваквите машки кои се напаст? Прифаќам и сугестии и критики на моите реакции и стратегии кои се резултат на долгогодишно размислување и реагирање. П.С. Се извинувам на километарскиот пост .
@ Theodora Спојлер Прво, данкишен на долгиот и стимулативен пост, вакво нешто е потребно да не атрофираме тука Ако ме прашаат што би им кажал? Би им кажал да го прочитаат твојот пост. На оваа тема карактерите ни се идентични, со еве една мала "незначителна" разлика што јас не ги бркам луѓето околу мене затоа што сакат да ме легнат , туку сум ужасно селективен, алергичен на бош муабети кои ако почнат немаат крај, и нема да резултираат ни со продуктивност, ни со склучено пријателство со некој важен, ни со проширување на мрежа на врски, едноставно губење време. Според мене, одличен приод ти е да ги држиш луѓето на дистанца, да имаат стравопочит кон тебе, па макар и да те сметаат дека имаш тешки секс дефицити, отколку како стампедо да ти влегуваат небројни луѓе секој ден, и од финоќа и виши манири да им ги трпиш ретардираните размислувања и коментари. Сметам дека вакви ставови имаат луѓе што се алергични на глупавост, површност, безобразност, дебилизам, простотилак и ред др. работи, а толпата го нуди ова во изобилие. Вакви ставови имаат луѓе што знаат што сакаат и нема да го компромитираат тоа само за да бидат прифатени од околина што доста често, не им е ни до колена. Од мене имаш 10-ка.
Па да не се повторувам со Елементал се согласувам дека е добра твојтата стратегија само и да предупредам , секоја стратегија има свои негативности .... пази да не ти искочи од контрола твоите стратегии и да се деси тоа што несакаш и аман толку ли дебилни машки има , просто сум срекен и насмеан што сум поразличен