Елементал, под селективен пристап кон околина мислам воопштено значи не им дозволувам ни на комшиките да ми се жалат долгометражно на снаите или слични трач-муабети од поблиска и поширока околина и ги рачунам за изгубено време, навистина не сум на врвна функција во државава, меѓутоа си го ценам сопственото време и го исполнувам по моја проценка и потреби, елиминарајќи туѓо наметнување и узурпирање на моето време, . Само овде го ставив тежиштето на случајот со наметливите персони од спротивен пол и излезе како селективен пристап за конкретниот случај ама тоа ми е генерален став и пристап . И да, добро е кога имаш секнд опиниан дека се движиш во добар правец, колку и да е тоа може патот по кој поретко се оди, . Меѓутоа, тој што знае каде се упатил помала е шансата да залута. Едит, Yipman2 јас се извинувам ама не го разбрав делот на кој начин мојата стратегија би се свртела против мене и што би ми се случило, а што не сакам? Да се вљубам во некој од овие напасти, пример? Не би рекла, .
Теодора намерата ти беше да поставиш прашање или да се пофалиш каков третман им даваш на ваквите типови? Го поздравувам твојот став кон истите но... Не знам точно што сакаше Yipman2 да каже со последното, но моја претпоставка е дека многупати таквите 'напасти' знаат да се намерат баш на девојки со став како твојот...Идиот со повредено его од старт не е баш најдобра комбинација, што можеби би рекла што ми е гајле, но од искуство знам дека можат да ти направат проблеми ако премногу директно и очигледно ги шутираш ...Една мала еластичност јас мислам не е на одмет, на фин и културен начин да им се укаже кај им е местото, до кај се може а до кај не, оти според мене како што не е добро претерано опуштање така мислам и за претерана крутост, која може да се свати погрешно или пак да им е предизвик на таквите па на тој начин да се сврти против тебе...Ова за на работно место мислам, а за 'манијаци у пролаз' е друга приказна...
Шкорпионка не сакав да се фалам иако реално си можам , сакав да видам како се гледа на случајот низ филтер од машки мозок, . Бидејќи ограниченоста на размислувањето предизвикана од полот понекогаш мати перцепција. И напоменав дека само во екстремни случаеви одам на директен и остар безмилосен напад, но најпрво ги игнорирам или па љубезно им посочувам дека си имам работа, инаку факт е дека од чиста мира и нема да шутираш никого без барем малку негова „заслуга„ . Сепак држи место твојот став дека се балансира меѓу опуштеното и круто однесување кон нормален свет, а кај идиоти ќе го употребам твојов термин посоодветен е - имаме нагласок кон крутост, .
@Theodora Прво,мое мислење е дека сите машки сакаат да видат спуштени женски гакички,без исклучок, освен оние со геј ориентација.Се надевам ова не ти доаѓа како NewsFlash.Шала на страна . За да можеш да ги однесеш типците со "сомнителни мотиви" у бестрага и кој е најдобриот начин за да го направиш тоа,прво мора да ги детектираш дека се типци со такви мотиви.Јас мислам главниот проблем е у детекцијата . Има различни категории на машки.Има директни и перверзни со само сексуални намери има директни и перверзни кои не се заинтересирани само за секс. Па има машки кои кружат,па кафе-мафе,па вечери, па паѓаат комплименти како они се воодушевени од интелигентноста на девојката,па кажуват какви убави очи(или насмевка) има девојката додека зјапаат у нејзините брадавици,за да на крај испадне дека само сексот им бил битен. Има машки како горенаведенава група,но даваат искрени комплименти и навистина се воодушевени од девојката.Факт е дека на сите 4 категории им е битен сексот,е сега кој типац у која категорија е,e прашањето за $1000000 . Момци со директен пристап ----------------------------- Постојат по мене,неколку работи кои се значително различни помеѓу категоријата мажи со перверзен пристап кои се само заинтересирани за секс,и оние со ист таков пристап но кои се заинтересирани покрај секс за се останато: 1.Физички контакт.Онаа категорија на машки кои покрај иницијалниот перверзен пристап имаат и пренагласен физички контакт со девојката се проблематични.Оние пак со перверзен пристап а немаат пренападен физички контакт со девојката се ОК момци. 2.Дали момакот што приоѓа води сметка за ситуацијата и угледот на девојката.Момци што не водат сметка за ситуацијата,и угледот на девојката се проблематични.Останатите кои водат сметка за овие две работи се ОК момци. Момци со индиректен пристап ------------------------------ Момците со индиректен пристап се тешки за дешифрирање.На жалост најголемата категорија на машки практикуваат индиректен пристап со девојките,затоа што женското уво е научено на поблаг, не толку перверзен пристап,и нормално оваа категорија на машки се јавуваат како кец на десетка ,или пак има машки кои имаат длабоки убедувања дека тоа е правиот начин на комуникација со девојка. Како што гледаш Theodora ситуацијата е прилично замрсена,а станува уште позамрсена со фактот што во денешно време и машките играат игри од типот hard to get,плус постои феноменот на мигрирање од една у друга категорија ,така да немој работиве претерано ригидно да ги земаш . Суштината е дали лаже или не,значи искреност и немање на подли намери. Мислам ти можеш и детектор за лаги да си носиш со тебе,но и детекторот понекогаш знае да заебе . Не е лошо доколку имаш долгогодишен машки пријател кој не те зезнал и имаш доверба во него,да го прашаш за мислење за некој типац.Сепак друго е кога машко врши проценка за друго машко. Инаку практично(улични ситуации ),најдобро е да го однесеш у бестрага,да му свртиш грб и да продолжиш да се движиш во спротивна насока.Ако те следи,кажи му дека ќе го пријавиш у полиција. Ако мисли дека го зезаш,земи си го мобилниот и сликај му ја фацата,и повторно кажи му дека идеш у полиција доколку не престане да те следи.Во сите останати ситуации игнорирање .
Сега коментар до Дечкото кој пружа HARD SEX на девојките во маалото не СЕ СИТЕ МАШКИ КОЈ САКААТ тоа да го видат , и не се сите геј што го сакаат обратното еве на пример сега вечер ми се деси најубавото нешто у живот , девојката која ја свигав 5 години коначно ми пријде и ми даде надеж за да бидеме заедно и да ги делиме срекните моменти итн итн... моите мисли не беа да ги видам спиштени женски гакички од 2 причини прво затоа што не носеше гакички а второ затоа што јас гледав да на ниедна секунда нејзината насмевка не исчезне од нејзиното лице така да господине HARD SEX ( каква глупост да се крстиш HARD SEX на женски форум , мислам хело ....) НЕ СИТЕ МАШКИ МИСЛАТ НА ГАКИЧКИТЕ НА ДЕВОЈКАТА , И НЕ СЕ СИТЕ ГЕЈ ШТО ГО МИСЛАТ ОБРАТНОТО ГОСПОДИНЕ HARD SEX Едит : Теодора , ич да не ти е галје што другите мислат твоите стратегии да ги применуваш без разлика дали другите се согласуваат или не Животот е твој , боље како што кажа ти да ти мислат дека ти фали нешто , него тамо други полоши работи да мислат
HardSex, ти си извршил доста опсежна анализа на машкиот пол во целина ама не сте така тешки за детекција како што си мислиш . Фактот што секое машко ја гледа девојката во облини и сака да има секс како крајна цел со неа, не ми е непознат ни па сум изненадена од твојата констатација. Значи и дечко кој и јас го симпатизирам знам дека ме набљудувал со рендген поглед (иако може и потајно зад грб) или па при отпочнување на врска се знае дека ќе дојде и до секс - тоа си е најприроден тек на настаните и општопознат како воздухот кој го дишеме. Разликата е во тоа што кога тоа е взаемно е многу пожелно, ама ниедна девојка или жена не сака да биде малтретирана со присуството на идиот кон кој нема никогаш да пројави интерес, а овој е патетично упорен. Значи она на што јас цело време алудирам се машки кои веќе се детектирани како напаст без промашување и со кои немам никаква намера од интеракција понатамошна дури ни преку разговор, туку имам цел само да ми се отстранат од видокруг со брзина на светлината. И на кои им се јасно дадени сигнали на непожелност во моја близина и со помош на лаконски одговори, скрстени раце и негостољубиви погледи и цел арсенал од вербална и невербална комуникација е употребен ама тие играат на карта „нисам одавде„ т.е. глумат глуви и слепи и глупави и иритантно остануваат со дебилната замисла во глава дека упорноста се исплатува, што е нонсенс, бидејќи одреден тип ни по година ни по 10 год. нема да ми е посимпатичен во било кој поглед. Овие типови имаат дури некоја примеса на нешто манијачно и извитоперено во поглед и став не станува збор за поглед полн желба за секс кај нормална машка индивидуа, плус самата женска интуиција ти кажува дека станува збор за онаа ти ја нарекуваш проблематична група и со право. Во ред е и твојот пристап за консултација со машки другар, само она што голем дел од вас машките не го знаат е дека голем дел од овие типови инаку се сосема ок пред народ во машко или мешано друштво, а рокчињата ги покажуваат исклучиво насамо пред девојката и ти нагласив голем дел вакви се и зафатени имаат девојки или жени често уживаат углед во заедницата и внимаваат претерано да го очуваат, ама верувај ти говорам од искуство на возраста и фактот дека сум работела со доста народ професионално, оној морничав полуманијачки и одвратно перверзен стил е невозможно да не го детектираш, едноставно вришти, човеку иако ти ги испраќаш сите сигнали дека човеков ти е персона нон грата. Сега има две групи едните како што реков играат на карта приближување преку ситни услуги, па обид за дружење па стратегија сожалување ловат на база на емоции, додека другите се навидум фраери физички доста водат грижа за себе и често релативно добро ситуирани и тие играат на карта дека не можеш да им одолееш на шарм јеа рајт. Она што е заедничко кај двете групи е што играат на карта - ВРЕМЕ, мислат дека е само прашање на денови или месеци кога ќе дојдат до целта (дека девојката ќе има лош ден па ќе влетаат тие ко спасители или ќе е дотолку очајна и осамена навистина не знам што им минува низ мисли) и она што јас барав е сугестија да се спречи оваа агонија со време бидејќи времето не им помага никако поинаку само што и‘ го трошат времето на девојката. Се надевам дека сега станав појасна.
Спојлер @ Theodora, mашките обично се жалат од лоша корпа а јас баш ценам такви корпи затоа што ми го заштедуваат факторот ВРЕМЕ и ми сигнализираат да немам лажна надеж дека некојпат нешто ќе се смени или па мојата упорност ќе вроди со плод. Така да ако си 100% сигурна дека со некој нема никогаш да бидеш зашто тоа искрено и не го кажеш без многу дипломатија? Реченицата: Јас и ти никогаш нема да бидеме заедно ни сега ни после 10 години и нема никогаш да го сменам мислењето, не си губи време со мене бркај си друга. Мене вака да ми каже некоја ја бришам од фокус одма колку и да сум се надевал претходно. Ако и тоа не помогне иди на уште поголема искреност, не си мој тип воопшто и не ме привлекуваш како дечко и освен како колега или другар никогаш не би можела поинаку да те гледам. После таква реченица секое машко има да прави кривина околу тебе колку и да е идиот. Многу е просто во суштина, само биди искрена, ете јас баш ценам такви типки кој без влакна на јазик и многу дипломатија ќе ми кажат на што сум, не дека сум ги замарал ко тие ти што ги опиша ама барем си знаеш на што си и не им го губиш ни нивното а ни своето време кое на сите нас ни е драгоцено.
XMen, во ред е твоето размислување за случаеви на конкретно додворување тогаш имам директен и искрен одговор. Значи зборував за типови кои се како лешинари, кружат околу девојката обично на нејзиното работно место или на факултет или на места каде таа излегува и тие немаат директен пристап туку како што реков играат на карта време и емоционална некоја слабост да ја придобијат девојката. Тие играат некако задкулисно не ти пристапуваат веднаш со конкретна покана за кафе или слично едноставно се тука присутни сакаат да ги дружиш, а всушност гледаш дека имаат др. мотиви по некои невербални гестови повеќе. На ваков ако му речеш - не сакам ништо со тебе, бидејќи ништо отворено не ти предложил може да ти рече - од каде тебе ти дојде тоа дека јас сакам нешто со тебе? Нешто ко пајаци кои плетат мрежа се и деликатна е малку ситуацијата и делумно како недовршена се остава намерно, за да вината за лошиот тек на настаните ти ја вратат ко бумеранг, значи од ваков очекувам утре да рече дека јас сум го повикувала во моја близина затоа мора да биде отстранет. Видете јас и не очекувам да разберете суштински бидејќи никој од вас не припаѓа на оваа група, голем дел и не се свесни за постоењето проблематични за отсранување фрикови, кои за жал ги има.
Не е тоа поентата. И не пали само кај машки туку кај сите, работата е секогаш повеќе го сакаш тоа што го немаш, а кога ќе го добиеш за некое време здосадува. И со текот на годините треба да научиш како да процениш дали тоа што го имаш вреди, за да се трудиш да не ти здосади, или едноставно не вреди. А за машките на твои години ти гарантирам дека успева опуштен однос, зезанции, затоа што не се навикнати машките да има такви девојчиња покрај нив, нели на тие години обично има малку поголемо двоење, па се јавуваат симпатии во друштво итн. И само се надевам ова „не ти давам“ не се однесуваше на секс
Прашањево не е приглупо, на место си е! Има многу машки (ок, и женски) кои ќе те гушнат силно, ќе те бакнат сочно, ќе ти се зближи со цело тело. Причината е што му фали спротивната енергија, му фали љубов, па преку мал физички контакт ќе се задоволи колку толку.
Теодора би сакала едно мислење од тебе да чујам а и секако од другите доколку имаат мислење нема да пречи, ке биде добредојдено. Вака значи некаде иста ко тебе сум за тоа прашање, едноставно селектирам кој да биде у мој круг кој не. И не ме интересира ништо освен тие во мојот круг и јас. Си дошла некад во ситуација баш одбраниот пријател да ти постапи така а целта да се знае која му е ? Епа мене на пример тоа ми се има случено и тоа сега брзо, значи другар со кој се знам 6години, што и добри лоши момеенти сме ги поделиле, дојде време (не директно) Ами индиреткно да ми побара секс. Значи стратегијата на типов му беше првин кафе муабет и тема околу порно филмовите, во кои јасно и гласно кажав дека темава и не ме некако воодушевува. И ај престана, наредно видување на кафе ми го сведе муабетот за негова еба*ица од србија што како било со неа, тука пак дадов до знање дека темата не ме интересира и почнав да менувам тема, и арно типов ме запна да сум му кажувала за типот шо бев летово со него и дали меѓу нас дошло до секс, и му реков ____ “Јас не планирам да делам мои искуства ниту пак сексуални мислења затоа ако си ми другар поштеди ме.“ И последниот пат што беше и крај, моментот му беше, знаеш сакам да видам каков е сексот со тебе и тоа пред цело друштво муабетот. И еден од другарите му кажаа у стил ____ Еј ај не јади мн не замарај девојче со такви муабети. И му викам Знаш со тебе ни на сон , ни последен да си не би . И типов нешо ми се испонаша нема везе ке те чекам па ако треба и на мртво и на болно ке биде И станав и си заминав. И сега ни муабет му правам ни ништо. Е ај кажи ми во ваква ситуација како би постапила ?Ја искрено се каам што не му изнакажав све што си имав, ама од една страна си велам зашо да трошам енергија за еден ваков сељак. И фак се накурчив Ме интересира мислење во ваква ситуација како е најправилно да се постапи ? И како да се постапи. Кога типот не е било кој . Мислам мене веќе нишо не ми значи ама го сметав бе за пријател
Почнав да му пишувам на еден дечко што го свиѓам од поодамна, и ми враќа, ама онака глуми кренат и не баш заинтересиран(незнам дали е глума или ...), а кога му пишаја две мои другарки нив не му ни враќаше. Секогаш се среќаваме и ме гледа потајно кога никој не заприметува.. И вчера незнаев друго што да му пишам и го прашав дали дава часови по пијано и се согласи да ме учи онака другарски за без пари.. дали да се надевам или за џабе му досадувам и како да се зближам повеќе со него?
Па ете бе чоек како ке се зближиш и како ке сватиш дали има нешто меѓу вас. Ке си ја анализираш ситуацијава кога ке сте заедно и ке видиш, дали е све од другарска база или има повеќе, а за зближуање ете ти ги часовите.. Од таму постепено се ке си почне.
Теодора е во право, машките овде се редок примерок на културни и воспитани луѓе кои се разбираат од збор, па затоа не им е јасно дека има такви луѓе како што опиша Теодора. Проблемот е што не се класични сељаци и манијаци кои не можат да додржат нагон па веднаш ти се “пуштаат“ со некоја фраза во нивен стил па знаеш како да изреагираш. Проблемот со овие е што се моќни луѓе, признати во општеството, културни (навидум и пред околината), фини, демек ја сфаќаат жената, тука се да помогнат- а всушност се што сакаат е после некое време да те освојат, да те имаат. Најголема пречка да им се покаже кај им е местото е што прават мали чекори на кои кога ти ќе им посочиш дека не си заинтересирана веднаш напаѓаат дека тоа и не им била целта, или ако им кажеш дека не си заинтересирана за ништо со нив ќе те направат луда во стилот “ А кога виде дека јас тебе ти се пуштав“ ? За ова прашање неодамна разговарав со човек кој што има многу искуство во животот и се дружел со такви ликови и ми рече дека културното одбивање и обидот да се дистанцирате на фин начин не е никако опција. Кај ваквите луѓе тоа се толкува како сигнал дека сакате нешто со нив, ама ви треба уште време. Најбитно е да се одбраните, за да не завршите некаде со крената сукња, чисто да не навредите некого. Значи никако муабети за секс ( вие мислите дека сите се либерални, сите зборат од теоретска основа, а они на таков начин мислат дека можат да ве имаат), никакви шеги со таква конотација, никакви насмевки и допири кои вие мислите дека се пријателски, а тие ги толкуваат поинаку. Ако некој ви бара број а вие не сакате да му го дадете му кажувате дека нема што да комуницирате надвор од слободното време, а за се што треба службено нека ви пише маил. Немојте да се грижите што мисли за вас и дека не сте фини, или дека ќе мисли дека сте фригидни или ви фали секс. Вие и онака нема да го разубедите на никој начин, освен да му го дадете тоа што го сака, а не сакате да е така не? Тогаш, применувајте ги советите на Теодора, само дистанца и иако нема да ви кажат и никогаш да ви признаат- во нивните очи ќе бидете една ДАМА, жена која тие ја ценат многу повеќе од некоја која ги толерира.
Во право сте до некаде, девојки, барем за мене, еве. Јас знам дека постојат такви имитации на човечки суштества. Демначи што мислат дека секоја женска може да биде сведена на брз секс и дека вие сакате само голем и тврд , но глумите лудило и само се правите недопирливи. Знам и дека постојат машки што се обидуваат со секоја девојка што ќе ја сретнат, и глумат пријател а со другарите зборуваат како само уште малку и малата ќе падне... Таквите се спремни да бидат нешто што не се, да глумат и да промовираат лажна слика подолг период, што понекогаш, како во случајот на WildCHerry е тешко да се детектира. А кога ќе пукне, изненадувањето е големо, а и тешко бидејќи сте сметале на тој човек за другар. Јас сепак не можам да се ставам во психата на такви фигури. Не можам да разберам каков е тој начин на (не)размислување. Долгорочно, тоа не гради никаков карактер, нити тие ќе бидат среќни, ни девојките со кои имале успех. Таквите, кога ќе размислам сега, ми се празни карактери, без чувство како да си го живеат животот, спремни да бидат нешто што не се, фејкери... Не знам, како да имам цело цунами од зборови, и како да сум без зборови истовремено. Фала богу, барем такви девојки нема. Или јас не сум налетал на такви.
Внимателно го прочитав постов и се решив и јас да одговорам поради одредени сличности во кои се пронаоѓам себеси.Интересно е да се види девојка која бара решение да избегне од вакви ситуации.Инаку на оваа тема врски се расипувале у минатото во мојов случај.Исклучително сум внимателен и селективен во однос на одбирање на пријателство.Имено,одев со девојка на која ваквата слобода на одредени личности со недефинирани особи не и претставуваше никаков проблем,а најголем проблем и беше тоа што цврсто сум стоел на тоа дека не секој е за пријател и дека ги имам онолку што мозеш на рака да ги изброиш.Така да полошо од ваквите има,а тоа се оние што ја прифакаат оваа игра Во однос на тоа како се откачуваат ефикасно,постои една единствена стратегија а тоа е дрскост во било која ситуација и во било кое време и место.Самодоверба да не смеат на 15 метри од тебе да се приблизат(не дека немозат ама кога на машко ке му го убиеш егото во старт ке се однесува како маче кое претходно се преправал во Тигар)
ВајлдЧери, искрено ме згрози постапката на твојот другар и тоа не толку многу фактот што бил сексуално заинтересиран за тебе(макар што за толку долг период требало да ти навести дека има и др.мотиви да биде покрај тебе тоа би било пофер), колку тоа што пред друштво те довел во непријатна ситуација поради тоа. Бидејќи иако јас потполно верувам во твојата увереност дека меѓу вас се‘ се одвивало на другарска база, шокантно е што на крај уште најавил дека не се откажува. Искрено, секоја една девојка би се почувствувала повредена и сега зависно од карактер некоја побурно ќе изреагира дали со навредливи зборови или демонстративно заминување или комбинација, само види токму фактот што тој не е било кој, туку ти бил другар во кого си имала голема доверба ја прави ситуацијата полоша, па повлекува и поостра реакција отколку да бил било кој. Мислам дека треба да продолжиш да не му зборуваш и да го игнорираш трајно, ако не се повлекува и пак проба да обнови контакти или бара нова шанса, кратко и јасно давање до знаење дека нема за него повеќе место во твојот живот, ни како другар. Не му дозволувај да те вовлече на дискусија, обично проблематичните ако е во таа категорија се обидуваат да као ти објаснат, па може да глуми патетично каење, во секој случај краткото и по брза постапка откачување е проверено добитна комбинација .
Мојот најдобар другар беше баш машко. Се` разбиравме за се`. После неколку години, ми рече директно дека многу сум му била привлечна, дека женска како мене немал сретнато и ми понуди секс. Јас запрепастена, го одбив. Тој потоа се правеше како ништо да не било и малку се дистанциравме. Потоа ме побара, онака другарски да шетаме како некогаш. Бевме покрај кеј. Ме фати со прстите низ коса и ме бакна ама таков допир, таков бакнеж никогаш немав доживеано. Тој отисок на усните го чувствував три дена. Тој допир...немам зборови....едноставно пробуди човекот нешто во мене. Другиот ден и обајцата се договоривме да останиме само на другари, да не го расипуваме пријателството. И ден денес сме најдобри другари. Во меѓувреме почна да живее и работи со својата нова девојка. Пс. Најбитното го изоставив Спојлер Тогаш кога беше целата ситуација, и двајцата имавме други партнери
Типот од тогаш ми е ставен на игнор, и сега кога сум пред заминување во друга држава, не планирам ни да му кажам ни нему ни на никој негов близок, немам енергија таква за да можам да се расправам и да губам време за него зашто ни најмалку не ми е достоен. Мислам сепак дека тоа е начин да му ставам црта една и да сфати дека се заебал шо така се испонашал со мене. И да грозна е помислата, грл ти си една од ретките кои ете си уживала во тој момент и не го сметаш за грешка, ама ја неможам да се замислам со тој тип незнам, ми се гади од него уште од таа вечер кога почна да ме напнува да му зборам за тоа дали сум имала нешо повеќе со типот од летото или не. Уште сега кога ке ми текне дека увек сам се нудеше да ме испраќа до дома Во случај некоја да се најде ко мојов мој совет што го применувам сега игнор ама ако не прекине и после тоа ке му сервирам некој МАЖ да го преиспита. Фала ви за мислењата .