Што е тој виновен што те сака? Ете, грешно постапил, ама помина. Кажи му отворено дека ги помина сите граници и чао.
A од каде знаеш ти дека ја сака? Мене некој дечко да ми приоѓа и да ми зборува за порно-филмови и за неговите односи со други жени, па да ме распрашува мене за други мажи ќе помислам дека му фали нешто а не дека е заљубен во мене... Вајлд Чери, јас да бев на твое место ќе го отеров у три лепе... ми се чини дека типот е некоја напаст, добра ти е идејата за некој маж да го среди убаво...
@Theodora Немој јазиче да ми пушташ опасен сум . Прво,има 1001 категоризација,со уште толку подкатегоризации на човечко однесување. Типциве кои апла се детектираат,порано или подоцна ќе мора да ги отворат картите,со оглед на тоа што другата страна,има јасен став дека не сака да има секс со тие типци.Кај овие типци можни се 2 главни поделби.Едните кружат и можеби се упорни,ама па женскиот систем не детектира дека имаат потенцијал да идат у екстреми(пр.силување).Другата категорија,како што самата кажа им се гледа у очи дека имаат потенцијал за идење у такви екстреми. Со првата категорија на типци девојката нема да има страв,во смисла ОК они замараат,јас ќе ги игнорирам,они си се надеваат на факторот време,но случајот е затворен. Втората категорија се правиот проблем,затоа што предизвикуваат страв кај девојката. Твоето прашање е како да ги откачам да не досаѓаат на најдобар начин.Меѓутоа проблемот е далеку подлабок,особено со машките од втората категорија. Ти можеш да го контролираш твоето однесување,но не можеш да го контролираш однесувањето на машките од втората категорија(освен во ситуација каде ти си таа што провоцира на секс,но тука не е тоа проблемот). Ако некое машко од вторава категорија решило да прави глупости(пр.силување),прашањето како на најефективен начин да го откачам,станува безпредметно затоа што си имаш работа со de facto лудак. Во таква ситуација,можеш и да се дистанцираш и да не зборуваш за секс,залудно е се,затоа што типацов си има свој филм,и сака да ја игра главната улога у истиот . Проблемите како што кажуваш се мултиплицираат,особено ако на почетокот оваа втора категорија, игра на картата на полежерна варијанта,па следува физички напад(со обид за силување),како "гром од ведро небо". Ситуацијата знае да биде екстремно комплицирана ,доколку тип од втората категорија не ти дава доволен "доказен материјал",за да идеш у полиција или пак не сакаш случајот да добива на публицитет ,поради твојот углед,иако знаеш дека ситуацијата е чиста ко солза. Јас би ти препорачал железни гаки(ама не се практични ),оружје(М9,Colt,ако си ептен hardcore може и Magnum),или пак попрактична варијанта ти се оние уреди што предизвикуваат електричен шок. Па ко воли нек изволи
Грл ај да ги прашаме машкиве од форумот дали они би признале на типка/другарка дека ја сакаат со тоа што секоја нивна тема влече на секс ? Дали тоа им е начин на признавање чуства ? Мислам дека има подруги начини да се признаат чуства. А мене ова ми личи на чисто дегенско моронски сексуално патетичен пристап на еден сељак кој некад ја носеше титулата другар.
Ок, мислев сака, посакува. Не директно дека се работи за љубов. (не се изразив убаво). Како и да е, не ме чуди ништо од постовите на дива цреша, затоа што често среќавам такви мажи, кои уствари не се ни мажи!
Ајде момци одговорете ми какво мисење имате за некоја девојка со која сте само за секс веке подолго време ? Дали по неколку месеци(години) се појавуваат некакви чувства спрема таа девојка или се се сведува само на секс на задоволување на потребите како што и започнало ?
Јас не сум бил со девојка само за секс, ама мислам дека кога тогаш ќе се јават или би требало да се јават емоции, освен ако таа девојка е ку*ва, затоа што таква девојка јас не можам да сакам. А ако сум со девојка само за секс и при тоа таа ми е “верна“ и е исто со мене само за секс (ама само со мене), кога тогаш ќе си се јави љубов и убава романтика. Како и да е јас преферирам да се започне со љубов, па да си дојде и секс ама може и обратно! Све зависи од карактер на машко...
Можно е да се појават, и тоа ако девојката поседува/демонстрира некои особини кои машкото ги посакува кај цура во врска. Ако девојката му е навистина убава, паметна, знае да се однесува (според негови критерими се тоа де) тогаш и не гледам зошто тој воопшто би ја стартрувал само за секс, а не па со месеци/години да одржува таков однос. Шансите се ако тој што те држел тебе со години само на секс, те сака само за тоа. И бруталната реалност е дека и не ти должи нешто повеќе бидејќи влезот во таква неофицијална врска е доброволен, така да, после нема филмови во стил ѓубрето ме искористи, ме натера да се заљубам па ме остави...за него бев само на секс... Аааммм, ДА!
ако почнало само со секс, еднаш/двапати ок....може да се појави нешто, како што спомна елементал, ако си му убава, ако имаш некои квалитети кои што он смета дека се потребни кај девојка.....во спротивно ако се одвива повеќе месеци, па и години - НЕМА ШАНСА!!!!!!!! Едноставно само на тоа останува, задоволување на физички потреби, плес - плес и чао пријатно, мило ми беше - до следно видување....
Момци ја се извинувам шо сум више досадна, ама ми треба мислење од вас ... Вчера преку смс ееден другар(не којзнае колку близок) ми призна дека имал чуства за мене и сум му била привлечна, и дека не верувал во наше пријателство баш заради тоа, и ме праша дали сум му лута. Лол, му кажав најискрено дека нема шо да сум му лута, сепак дека ценам искреност и дека чуствата се нешто што не се контролираат лесно. Не би било фер ни убаво да му се лутам. И му напоменав дека можеби е најдобро да не се гледаме, да си се среди малку. И типот ми враќа, само да знаеш ова свесно го зборам, и жал ми е шо сеа ке се гледаме со други очи. Штета немав кредит да му вратам и ке му пишев дека нема шо да го глеам со нз какви очи зашо не ми згрешил нишо. Нема везе Мене ме интересира, зашо типот кога не е одбиен на идиотски начин нит сфатен погрешно по секоја цена осеќам дека сака да ме турне подалеку од него . Зашто таа одбивност сега ? И колку би било корисно да се потрудам да биде се како порано ? Би имало ефект ?
na niv bre se im se dopaga dodeka do toa ,,nesto,,lesno mozat da stasaat...im se dopaga i toa sto ne moze da go imaat se sto e zensko im se dopaga ne se zamaraj i najubava na svet da si pak nesto drugo e pointeresno...toa im evo prirodata bitno e ti da se sakas i da ne gi spodeluvas ovie t.n.kompleksi so tvojot sakan ke si ja namalis vrednosta..mazite sakaat samouvereni zenski.
Ти си го одбила за дружба, он баш напротив би те гледал и почесто само не си му го дала одговорот што го очекувал Мој совет ти е ако има и најмала шанса да бидне нешто со него покасно, да продолжиш да го дружиш а ако си 100% сигурна дека НИКОГАШ нема да бидеш со него да му удриш ТРАЈНА корпа за дечкото да не се надева. Како изгледа ТРАЈНА и КОНЕЧНА корпа верувам си знаеш и сама .
Абе момци наши, сакам да ве прашам дали повеќе сакате дрски девојки кои меѓутоа знаат да покажат интелигенција и знаење, или некои такви по срамежливи и наивни ?
И пак ли ќе бираме црно или бело? Од овде може ли да се извади брз заклучок дека оние срамежливите и наивни, слабо располагаат со интелиџенс? Не ми треба дрска девојка. Сакам да знае како да флертува и заведе. Да умее да ја покаже и употреби нејзината женственост. Да ги уочи моите слабости и да ги експлоатира додека ме гледа во очи. Да знае да ме придобие, но да е доволно свесна тоа да не го злоупотреби. Ова спаѓа ли во дефиниција на дрска? Ако спаѓа, тогаш такви сакам. Срамежливоста може да е слатка, но малку треба да кажам е ок, луѓе сме, не гризам, дај релакс.. Сепак, не е некој филинг цурата до тебе едвај да зборува и да треба да рушиш планини за да ја опуштиш. Интелигенција, манири, совесност, речник...
Можеби и дрска не беше баш правиот збор, ама под дрска, мислам на девојка која што ќе им цврсти ставови и мислења и ќе знае да ти врати или што се вика ќе знае да те затне. Која што нема да има влакна на јазикот и ќе знае да те испровоцира, со коментар на нешто што ти ќе го кажеш или направиш. Ама, се разбира ќе знае што и како зборува. Прашањево ми е, бидејќи не можам да дешифрирам, дали повеќе сакате женски што ќе знаат да ви се спротивстават или што повеќе попуштаат. Значи такви, по мирни. А можда и сепак е индивидуална работа. Иначе, фала, од тебе баш и одговор очекував
нема нешто повеќе што ме нервира од смотани луѓе и нивните смотани коментари ептен се напињам, а ради тоа што е срамежлива девојката не би се откажал од неа, знам како со таквите значи изборот паѓа на... едит: дали повеќе сакате женски што ќе знаат да ви се спротивстават или што повеќе попуштаат. Значи такви, по мирни.... па секој сака да ги држи конците во рака, колку и да не признаваат а тие што не ги држат богами патат па сеа вие видете
Зашто секогаш се оди со спротивни примери, наместо да се направи убава комбинација? Девојки кои се дрски не мора да значи по дефиниција дека се интелигентни и имаат знаење, ама и оние девојки кои се срамежливи не мора да значи дека се наивни, ама за жал така ги гледаме работите. Очигледно е дека важи она “најгласниот е во право“. Јас би избрал златна средина од понудените опции: девојка која нема ни да биде многу дрска ни многу срамежлива за да не може муабет да се направи со неа, туку опуштена типка која ќе плени со интелигенција и знаење. Бидејќи се ретки таквите девојки, ќе мора да се задоволиме со онаа што ќе ја најдеме и ќе се обидеме да ја трансформираме по наша желба. Ако морам да бирам помеѓу 2-те понудени опции ќе изберам срамежлива и “наивна“ девојка. Кој ќе се расправа и докажува со дрска и во “каубојски“ стил девојка, no thanks, преферирам понежно маче.
Е вака е појасна сликата. Сопствени размислувања, цврсти ставови и способност да ги брани истите е задолжително. Има машки што сакаат да доминираат со секој аспект во врската, и сакаат да го имаат последниот збор но јас еве сакам да бидам предизвикан. Не сакам непотребни конфликти, но потребно ми е да знам дека цурата си има сопствено јас, и ќе ме принуди да ја почитувам и сакам уште повеќе поради тоа. Да, сепак е потребен и поттик да почитуваш и засакаш уште повеќе. Да кажеш, ЕТЕ ПОРАДИ ТОА ЈА ОБОЖАВАМ.
Епа вака, немав некоја намера да терам совет од машко ама сега морам . Дечкоми е чуден тип , имавме мала кавга и тој како и обично никогаш не сака да ми признае дека е љубоморен , ( ама во умерена доза ) и дека се плаши да не ме изгуби. Во последно време се расправаме околу моето одење на кафе после факс со колешките, и почнува да ми брани некои работи . Заедно сме речиси 2 години, по шо јас една година паузирав со факсот, и сега се запишав , тој некако оддеднач се смени, порано никогаш не ми преговараше за ништо а сега ....... И кога јас ке му кажам да ми признае дека е љубоморен тој не сака, да ми признае зошто не ми дозволува да одам на кафе после факс и се понаша така детинесто . Јас многу го сакам, и тој мене, но во последно време тоа неможам да го издржам , на моменти знае да одлепи што јас едноставно незнам што да правам, да останам или да заминам !?!?!?! Сакам ваше мислење бидејки сум збунетааа ....Се однесува како да јас незнам да размислам што правам , како да секогаш тој е во право а јас не сум , се осекам ..... ... Зошто тој никогаш не го прифака моето мислење, и зошто оддеднач се се промени !?!?!??!?! Хеееееееелп
Што би направила ти(без да побараш машко мислење)? Ке го послушаш и веднаш после факс ке си одиш дома како првачињата?Или ке отидеш веднаш со другарките на кафе?Јас би второто. (иако сум женско ке ти дадам мислење) Мене родителите не ми забраниле да излегувам а не пак некој дечко што којзнае дали утре ке бидете заедно.Ке си уживам во мојот живот зошто е мој и го живеам за себе а не за него.Негов проблем е дали нема да ти верува.Да не си му дала повод ти за ваквото однесување?Размисли со ладна глава.Не си должна да ги трпеш забраните.Ако се водиме по неговата логика тогаш и ти му забрани да излегува со другарите и остојано да сте заедно па тогаш ке бидете квит.