На секои 3 страни имаме случај со љубомора, читни поназад, мислењето е секогаш исто. Ниска самодоверба + тебе не ти верува. Тој едноставно мисли дека откако си се запишала повторно на факс, си се запознала со нови пријателки, колешки, па и колеги, и сега ќе засвиѓаш друг дечко, па може да ти паднат на ум некои идеи... Ова е многу грда појава во врската бидејќи, од лично искуство и од што имам видено кај други, многу тешко се искоренува. Дечкото се соочува со недостиг на самодоверба, дел од карактерот кој некогаш се гради со години. Нема стекнато доверба ни во тебе, а ти додуша и не се трудиш да му објасниш дека си со него, туку му бараш да си ПРИЗНАЕ. Признај џубре!! Тој наместо да комуницира се однесува како инаетливо дериште. Совет... Трпи или остави.
Машки што мислите за оваа фраза? Кога би се сексале колку што се трудат да изгледаат секси, од кревет не би станале. Предрасуда е дека тие што се секси знаат добро и да се сексаат. Секси е квиз “ Покажи што имаш “, а секс е “ Покажи што знаеш “. Дали `секси` ви гарантира добар секс? Или тие што се секси, се подвижна реклама, која ве убедува за нешто за кое имате сомневање?
Не ми е испод ниво да му пријдам ... воопштоо Другарките ме советуваа да бидам поладна со него ... оти имаше периоди когаи тој беше ладен Еднаш додека шетавме низ чаршија се начекавме појодв да се поздравам не ми се ни испулисамо рака пушти и едно здраво рече ... толку глупаво се почуствував После ми рече така изреагирал оти бил со другарите и тие не знаеле ништо за нас и ке го распрашувале и мојот бивши дечко бил во близина и ме гледал - ради ова се испонашав така во диското Тој е "фаца" ви нашиот град ... го знам долго време многу девојки се вртат околу него Јас сум обична девојка ... малку сум пострамежлива Никогаш не сум го правела јас првиот чекор - што треба јас да го викнам на кафе ??? Дан е излезам премногу храбра[/quote] Ми аген ... Конечно нешто се случи мегу нас - минатиот викенд се видовме правевме муабет ... падна и по некој бакнеж Сега незнам ... се чуствувам малку глупаво оти беше касно 2 часот по полноќ Бевме во дикотеката ... тој со другарите јас со другарките Тој си замина прв и пред оденје ми пиша порака да му се јавам ако си одам порано - многу размислував никогаш така не сум направила - да заминам со некој да се видам толку касно Му се јавив по пола саат - тој беше легнат да спија Стана се спреми и дојде да се видиме - се повозивме со колата правевме муабет Момчето се супер - и тој не беше онака опуштен забележав дека сепак чуствува нешто Значи паднаа неколку бакнежи ... секој ден оттогаш се слушаме ама ми нема речено да се видиме пак Еве скоро една недела помина ... Додуша јас бев настината не излегуував оддома 3 дена Денес му реков ... го прасав оти го нема ... ми рече да не си замислувам глупости тука бил цело време сме биле во контакт ... + болна сум била Незнам што да мислам ... понекогаш си мислам дека можеби толку сакаше ... да ме смува и толку Но секој ден се слушаме ми се јавува му се јавувам - но ми нема речено за пак да се видиме Што мислите вие - сакам совет од машко Да се надевам дека ке биде нешто од нас или ...
Во принцип кога ќе видиме некоја многу згодна и секси девојка, или сме во нејзино друштво, си правиме луди филмчиња во глава, да. Но нема врска дека со тоа ја мислиме и за „експерт“, туку едноставно, си ја замислуваш таа девојка при секс, со тоа згодно тело, во разни „луди“ и страствени ситуации... Моќна е човековата (читај:машката сексуална ) фантазија, и тогаш најмалку размислуваме за тоа каква навистина е, зашто во нашите мисли е идеална, каква што ние сакаме. =) Сум го кажал ова повеќепати за слични ситуации, но ајде пак: Зошто не пробаш ти да преземеш иницијатива? Ете, следниот пат наместо да го прашаш зошто го нема, оди чекор понапред, ти речи му да излезете. Ништо не губиш со тоа, зашто или по излегувањето и неговото однесување ќе дознаеш дали е заинтересиран за тебе (најпосле, можеш и отворено да разговараш на темата на што сте), или ќе „завршите“ заедно, и ќе испадне дека се’ што било потребно било само мал поттик. Секако, имаш и трета опција, да седиш вака нервозна, да чекаш тој да те викне, во меѓувреме прекорувајќи го што не го прави тоа, и да си правиш секакви сценарија во главата за тоа дали нешто му и/или што му е. Остави го настрана сценариото во кое машките секогаш ја преземаат иницијативата, биди храбра и среќно! *не заборавај, и да го изгубиш, и да го придобиеш, ќе биде за твое најдобро.
Машкиот мозок како (доста често) многу плитка направа, во главно се ориентира исклучиво околу визуелното. Само по себе секси може да гарантира зголемено задоволство, но не е и гаранција за одличен секс. Општо земено, секси примерок од спротивниот пол побудува мисли, но малку вреди ако те поткачи со запчиња кај што не треба или не може ни 10 секунди да си ги синхронизира движењата, туку прави полудивјачки копи-пејст од филмовите што ги гледала. Ти текнува? @ Тачкица Ти обична секојдневна девојка, а тој бог од Олимп ... тешка ситуација оваа твојата, ам? Па и сонот си го скршил за да се види со тебе кога ќе ти одговара, сте се бакнувале, кутриот имал трема во колата, се потрудил да одржи комуникација и сега што е дилемата? Зошто не те поканил да излезете а знаел дека претходно ти си била болна? Е како да знае кога си оздравела, или колку си расположена... Можеби очекува ти да го поканиш прва, сепак имај почит, ти си обичната тука, тој е богот од Олимп, респект малку... Моменталната дилема ти е неоснована, и потрудете се некој да направи потег оти афтер-ефектот од мувањето брзо ќе исчезне.
машки, ми треба совет од вас добредојден и од зенски се разбира значи вака непознат тип ми го дознал бројот и ме замараше со титки, смс, звонење(демек по грешка) стара финта-нова будала за себе си каза се(личен опис, имотна состојба, зивеалиште) и ми пиша дека му е сон брак и сака сериозна врска(а мозе да пише во оглас барам девојка имам тоа, тоа и тоа, за сериозна врска, и секако понуда за брак, ама тоа според него тоа било за девојки за 1 нок дури добив порака во која пишуваше-дали мисе допагаат зешки смс пораки е сега незнам за какв тип станува збор, некако сакам ама страв ми е да се запознаме , па АКО дојде до тоа, т.е. ако се договориме, јас мислам да си земам другарка од доверба за придрузницка па таа да бидево близина да ми звони(ко демек нешто хитно е , а јас за тоа време да го испрашам типов да го видам каков е , што е, колку ке ми успее, што мислите вие?
Кажи ми дека си под дејство на неколку црти. Затоа само така би си ја оправдала твојата желба да го запознаеш лудаков. Како може да сакаш да го запознаеш некој кој ЈАСНО И ГЛАСНО ти кажал дека единствено што сака од тебе е да размените некои телесни течности?! Најискрен совет - не оди. Тоа е мое мислење затоа што типот ми се чини е се,освен поштен. А ти како сакаш. П.С. Ептен си срцекршачка,шта да ти кажем...
не бе не ти си невозмжна од каде вакви фикс идеи ти идат да пишеш само незнам леле идам на чат сега морам
тоа дали сум јас срцекрсашка или не, тоа други мозат да казат бидејки сајтов е анонимен, сакав да се посоветувам со вас(подобро отколку да заглавам во беља) неколку глави се попаменти од една иако јас веке се изјаснив по смс дека не сакам да се запознавам со типови ко него, ме интересираше вашето размислување, чисто онака
Ми доаѓаат две сценарија на ум: Или ова ќе биде една љубовна приказна со интересен и возбудлив почеток, па ќе ја раскажувате со гордост во иднина на вашите внуци... Или ќе завршиш на некое мочуриште
хахаха срцекршачка од земјата на чудата да постоеше типов сигурно едно од овие 2 сценарија ке се десеше едит:типов постоел
Појди од тоа типов да бил барем малку нормален не би го започнал контактот на таков начин, а најмалку со таков муабет. Прашање е кој е всушност , а за тоа што сака, се изјаснил душичка. Патем ни на крај памет више да не си помислила да договараш состаноци на слепо... Не другарки па и обезбедување викни ако е некој псајхо тешко да се извлечеш. Какви се не само шетаат по оваа земја, па не е сигурно ни до продавница да отидеш. Размисли двапати за секоја одлука
Што би кажале американците, go for it! Никогаш не знаеш кој е од другата страна, можеби стварно добро ќе си “кликнете“, ќе си поминете убаво и сето тоа ќе биде крунисано со убава врска и потенцијален брак. Прифати ја оваа ситуација како предизвик и соочи се со предизвикот. Среќно!
Ајде јас пак ќе плачам .... Леле ми одеше вчера да се треснам со шише вино по глава. Барем ќе ми дојде памет и ќе ме освежеше виното . Значи само да ви објаснам фацата ми е и во момнетов вака Епа вака... Вчера излегов со дечко ми нели и со друштво и после тоа останавме на само . И почнавме да пиеме вино , и него го фати . И почнавме муабет... и тоа беше некако вака : он: и ти чекај одеше со тој една година??? јас : не со него бев само малку , зато што бевме другари . Тоа е како ти да одиш со Марија ( негова најдобра другарка ) . Не не , како да одиш со Симона . ( негова колешка од факс и многу се гледаат на кафиња и такви работи ) И тука нели следува шокот. он: Па воопшто не ечудно да сме во врска јас и Симона . Ние одиме на истите кафичи , сакаме исти работи , двајцата сме мирни .... И јас бев Ти се заебаваш со мене ??? он : Не бе онака ... ( и ја уште мислам дека се зеза....) Ох ох таман и заедно на семинар ќе идете ... Он на тоа : Ма не , за мене е ок , ама за неа мислам не е ... Мислам , нема ништо да се случи таму . Испадна дека он ја свиѓа Боже те молам смилувај се на мене Се отвори на пијанство .... Што да правам ? И најтрагичното , јас му викам ТИ СЕ СЛУШАШ ШТО ЗБОРУВАШ? и он како да кажал дека за ручек јадел ќебапи ... Ма не ја онака ти зборам . И се однесуваше како НИШТО да не кажал ... цела сум еден прашалник .
Јас лично не гледам ништо лошо во таквиот пристап на дечкото што и пишал на срцекршачка. И јас преферирам понекогаш таков вид на комуникација и запознавање со нова девојка, не значи дека сум фрик или манијак. Едноставно полесно е преку интернет али сепак не до тој нападен и агресивен степен да почнам да праќам жешки и еротични пораки или којзнае што. Треба да се користат бенефитите на интернет, многу од нас тука што кажуваме, сигурно во живо не би го кажале. А и вие девојките сте потешки за пристап во живо, па на интернет и преку смс нема кај да бегате.
Ќе бидам краток зашто нема потреба да филозофирам, ти си ја знаеш најдобро ситуацијата, ама потсети се на ова: “Она што трезниот го мисли, пијаниот го кажува!“ За жал во твојата ситуација дечко ти во малку загреана состојба под дејство на алкохол си го кажал она што вистински го мислел ама не се осмелувал да ти го каже. Мора сериозно да разговараш затоа што од тоа што го прочитав очигледно е дека има некакви афинитети према колешка му од факс и сака нешто повеќе од неа освен само однос колеги. Подобро спречи, отколку да лечиш. Расчисти ја до крај ситуацијата... П.С. И не избрзувај да донесеш погрешни заклучоци дека он ја свиѓа. Под дејство на алкохол кажуваме секакви работи, па и оние кои не ги вистински мислиме ама можеби тајно ги посакуваме...
Не бе не, значи мора да прашам. Се нервирам и тапкам во место, веќе две недели! Значи, со типов се знаеме одамна. Се влечевме што се влечевме цело лето, кафиња, испаѓања, седенки, паркови и сите, и моето и неговото друштво претпоставуваа дека наредниот логичен чекор е нели, нешто посериозно. Сите се, како да ви кажам, многу настроени со поддршка, од типот - АЈДЕ веќе еднаш! Работава е што, работите одат ПРЕ, пребавно. Ни требаше цела, проклета, факинг година за да испаднеме сами на кафе. Мислам, хелоу. Јас сум таков карактер, што ако мене некој не ми покаже нешто повеќе, јас ќе си ќутам и нема да викам ништо. Од постапките, а и од муабет, заклучив и дека тој е таков. Зад него, барем од тоа што сум запознаена, а сум добро, немал озбилна врска, ни па многу женски, (една година е постар од мене), додека пак јас, сум имала. Можеби и тоа е проблемот. Страв од врзување ?! Друг проблем е што, индиректно, ми укажа дека кога ќе почнел со факултетот, ќе немал време за ништо освен за учење. Го сфаќам, стварно, и јас одам во Скопје за да учам, учи на прилично напорен факултет, но да се нема еден саат во цела недела... ??? Тоа не можам да го сфатам. Целава работа ми е тапкање во место и глупости. И двајцата седиме во Скопје и моја логика беше дека, ако треба ќе жртвувам еден саат од спиењето, но нели, нека биде нешто. Битно бев спремна да жртвувам НЕШТО за него. Но, откако сум таму, цело време добивам само некое пецкање од типот ,, ААААА кај си била ти ,, или ,, Охохооо, браво браво, сте си ја наредиле ,,. Последниве две недели сме чисто на формална комуникација, во два три наврата, од типот кај си, како на факс и толку. Ситуацијава е каша попара и да се читам од страна, ептен lame. Мразам да расчистувам, иако неколкумина ми напоменаа да ги изнесам картите на маса - цап, цап. Можеби и тоа му треба, мал поттик, затоа што, морам да признаам, правам и јас малку мучки. Можеби не сум доволно јасна, одам напред, па назад.... Ама па, ме фаќа инат, ако сака нешто да биде, зошто не ме побара едноставно ?! Ми има број, ми има меил, фејсбук, скајп и се по список. Их! Компликејтед бе. Ако некој нешто разбра, изволте на помош.
Хммммммм тешка ситуација за како да постапиш, најискрено....Каква ви е врската до сега? Има некои проблеми со недоверба и такви работи? Си приметила ти нешто од страна на таа Симона? Јас мислам дека најдобар пристап би ти било да го "подбуцнеш" како на шала, нешо во стил на - "ти бе, знаеш шо збореше синоќе? си призна дека имаш симпатија..." и остај го да видиш шо ќе каже.....сепак не зимај се здраво за готово, прашај го еднаш И ТОЛКУ!!!!!! Не прави од ништо - нешто....дури ако не ти смета превише, немора и да му викаш ништо....јас едноставо би го оставил како што е, но сепак како што кажав, зависи од тоа каква ви е врската до сеа, на какви односи сте, дали имате проблеми и тако даље....во спротивно, ако се решиш да го прашаш - во никој случај немој да го стаиш у ситуација како да е на испрашување, туку прашај го со доза на хумор, во стил - "леле сладок он си има симпатија, дој да ти удрам сеа една"
Чек да пишам пред ловецот да ме претрка Имам ист ваков другар , и знам дека човекот мисли дека ти си имаш друга симпатија , или дека не го свигаш , или дека не вреди за тебе бидејки незнам што друго би можело да биде оти кога имаш на девојка што ти се допага ... све (број фацебук....) и не и пишуваш онда срам , или некое од горенаведните така ситуацијата иде во твои раце ти дај му знак дека го свигаш , ова она
Последнава реченица - СТЕРЕОТИП !!!! Зашо бе он да преземе чекор? Зашто да не преземеш ти? Ти дошло преку глава и сакаш да знаеш....Епа дигаш телефон, шо праиш бе? арен? ај после на кафе/да излеземе и тоа....И си праиш отворен муабет, на крај крајот го зимаш и го лапаш и завршена работа ..... И јас би те советувал карти на маса, на шо личи тоа цела година да се влече? А ова за факултетот дека немал да има време? БулШит !!!!! Cекој има саат време за да се види ако сака, така да тоа не е ни најмалце легитимен изговор.....За да не стоиш у место, да се нервираш и да си викаш идиот шо не ме побара, а на секој 2 минути му проверуваш фб дали е уклучен итн, зимаш телефонот, му се јавуваш, договараш средба и ИЛИ ЌЕ ЈА БИДЕ ИЛИ НЕ!!!!!!! Не е табу тема или што ти знам, туку и двајцата сте возрасни и треба да можете да разговарате отворено за тоа...Ако не бива - фала на времето, ти посакувам се убаво у иднина....:Ако ја бива-How about we continue this party at my place gud lak