^ Па знае дека го свиѓам (ах, од кога ја немам напишано реченицава ), знам дека ме свиѓа, проклето цело лето бевме заедно! Не игравме домино, нели. Да бидам искрена, може и ме нервира тоа што сакам да биде ТОЈ што ќе покаже иницијатива, а јас да не мрднам со малото прсте. Олд фешнд, троа сум на моменти. Ама овој претерува, бре. Едит, да се разбереме. Не дека цело време ме бркал, фала Богу, сум го викала и за испаѓање и се. Него, страв ми е да не биде моето покажување ту мач, или па премалку...
@Doozy Еве и јас накратко да ја искритикувам почитуваната Doozy и да не се повторувам многу со другите. Ако двајцата си се посакуваат, ќе си ги наредат коцките да ја биде работата. Ако толку сте еден за друг не знам што чекате? Ејјјјј не мора да значи дека машкото мора да го направи првиот чекор! Нели гледаш дека глуми незаинтересиран а од друга страна можеби гаи исти емоции према тебе. Па дај ти како девојче пиши му повикај го на кафе и сл. нема ништо да ти биде. Девојки, ако сакате дечковци, не чекајте, дејствувајте затоа што во спротивно ќе ги изгубите - друга може да ви ја освои симпатијата и после ќе си ја удирате главата од ѕид зашто не сте реагирале први!!!
Чекај па ти, имам други планови за вечер. Сега си гтнав троа ракија, затоа се распишував тука. Ако си продолжам со темпово, може и ќе расчистиме до вечер. Ју невр ноу.
Цела година ви треба за кафе, тој не прави никаков потег, си го става факсот пред тебе до таа мера што не сака да ти посвети 60 минути во 7 дена ( 24/7 учи? Не губи време на спортска, телевизија, со машко друштво...?) и муабетот во паднал на ништожност. Сеуште мислиш дека е компликејтед? Ти си се запнала со него можеби бидејќи тешко ти паѓа во око некој дечко, а еве тој се пробил некако. Или поради недостаток на искуство во областа, па сега се тегнеш и гребеш по него со нокти, со сите сили за да ти се оствари нешто... Влечкала сте и двајцата, а тоа само по себе кажува нешто.
Во право си но дали машките помислуваат на истово?Ако многу му значам зошто тој не помислува дека може друг да ме преземе и дека ке ме изгуби и после ке си ја удира глават во ѕид ам Порано имало "закон" дека машкото мора да пријде на женското а сега законот е дека женското треба да му пријде на машкото Јас мислам дека треба и двајцата да тргнат во акција а не само едниот да чека на другиот и обратно
Можеби заборавив да нагласам, ама ова важи за сите - и машки и женски. Според мене иницијативата треба да ја направи онаа страна која повеќе посакува да биде заедно со другата страна. Едноставно е. И сега е модерно време, сите “закони“ од порано се срушени и не важат. А ако збориме за закон, во љубовта има се само никаков закон нема. Затоа и не треба стереотипи дека мора машко прво да направи иницијатива. Има многу причини зошто машко не би пристапило прво - срамежливост, несигурност, страв да не биде одбиен и сл. Како и да е, ако не пробате нешто, никогаш нема да го знаете одговорот!!! И да бидете одбиени, знаете сте пробале. Тоа е 100 пати подобро отколку никогаш да не направите обид и “доживотно“ да ве копка одговорот или што би било кога би било. To all girls and boys: stop thinking too much - јust do it!
А што ако и двајцата се страмежливи Заедно да си ја чукаат главата од ѕид Или во ваков случај можеби треба да се вмеша и трета личност или не Оф бре од секогаш ме мачел овој проблем
Е, точно погоди, по којзнае кој пат. Јас, не пребирлива, ами најпребирлива на цел свет. Затоа можеби и се трудам, чекам, затоа што мислам дека ми одговара многу добро. Но знаеш, зошто, зошто кога нешто ти е убаво со некој, не сакаш тоа да продолжи. Тука иде прашањето, дали само мене ми било убаво и се враќам на тоа дека е претерано влечкало. Една негова блиска другарка, малку потсмешливо, ми дофрли, ти што мислиш, зошто убав, паметен и фин дечко е сам досега ?! Наводно, според нејзино кажување, бил себичен. Можда и е. Се гледа на моменти, испливува тоа себичното во него. Уште еднаш, наводно, и заради тоа им се распаѓа друштвото и полека останува без другари. За ова не знам и не ни сакам да се мешам, но дефинитивно каде што има чад, има и оган. Чисто колку за пример, додека јас се спремам за излегување, го гледам, петок вечер, десет саатот, тој си е вклучен на фејсбук. ЗОШТО не ми се јавил ?? Искрено, во моментов гледам три решенија. 1. Да направам јас некаков потег, прва. 2. Да ги оставам работите како што се. 3. Да завршам со тоа. Секогаш кога ќе се одлучам на третото, тој ми дава некоја мала надеж. Тајни, литл, мала, но ми дава. Не сфаќа дека мене филмот ми е пред пукање на велико, па од нешто убаво што можеме да имаме, ќе стане нешто што МОЖЕВМЕ да имаме. Потоа, кога ќе ми текне, си викам, не се замарај и остави работите да течат сами по себе. Ама ќе ми пукне филмот, ви викам. Ако одлучам да завршам со тоа, ќе биде чисто за мој мир и желба за незамарање.
Ако и двајцата се срамежливи тогаш им нема спас ќе им се умеша трета личност и ќе ги раздели. Епа во тој случај комуникација и иницијатива преку интернет ќе оди многу полесно. Ајде и најсрамежливите треба да бидат опуштени кога се онлајн, ако и тогаш се срамат значи стварно тешко ќе им оди во животот. Нема потреба од срам ако нешто се сака тоа е мое мото. If you want something, get it! Period.
е од тие топли ладни ми е преку... затоа директива, зашто да се губи една година наместо да се ужива? затоа Dozzy почни да бидеш похрабра дај му до знаење дека го свиѓаш, зашо очигледно од типот нема абер а нит ке има у блиска иднина. затоа за да не си потрошиш уште една година у играчки, напрај нешто или ке биде или нема, барем ке знаеш на што си
Ми треба само едно обично мислење. Значи завршив комплетно со типот,се блокнавме се пцуевме.Јас станав комплетно рамнодушна кон него,не се нервирам ни плачам ни го барам.Ги послушав вашите совети да ставам крај,е сега ме интересира зошто не се нервирам како порано?зошто немам желба да го побарам?зошто ми изгледа како да ми е сеедно и наместо да тагувам се радувам?Дали ова е моментално и дека понатаму ке ми биде тешко или пак сум сфатила дека не е вреден?
Затоа што веке ти е смачено од таквите да се бориш за нив Затоа што веке тие незаслужуваат да се нервираш за нив Затоа што знаеш подобро да постапиш него да дозволиш лошата страна да завладее (пцовки и одмазди) Затоа што зачекоруваш патеката на "I dont give a single f*** about you EX-small p*nis lover "
Браво Јипман претпоставував дека е и така,само сакав сепак да слушнам мислење од некој.Признавам дека сепак некогаш знае да ме фати беда како секогаш ама ја поминувам првата фаза Mу реков само дека нема да го молам повеке,дека е негов избор и го блокнав.Само се надевам дека нема пак да ме бара.
Епа сонце затоа што си ја направила вистинската одлука. Затоа што си на прав пат. Да не беше одлуката правилна, верувај дека немаше туку така лесно и убаво да се чуствуваш. Ова значи дека си расчистила со минатото со кое одамна си требала да расчистиш. Можам да ти кажам Браво И само храбро на патот
Пред малку беше вклучен на мсн,се ставаше на авеј па онлајн ама јас не му пишав,и кога виде дека не го сторив тоа се исклучи,па го блокнав и од таму. Не знам се плашам да не паднам во депресија.Бившиот едвај го преболев а сега со него треба да се мачам.АСамо приметив дека на скајп не ме блокнал. Како и да е фала ви на подршката се надевам дека нема да биде моментално чуствово и дека ке биде трајно иако не можам да ветам дека нема да паднам во депресија. Кога го прашав зошто го сторил тоа била сестра му на скајп а само и пренесов кажи му ан брат ти дека сум лута и дека ке биде како што тој сака а тој се врати и вели зошто си ја тероризирала сестра ми и дека сум му се мешала во приватниот живот. Па самиот тој ми кажуваше за неговиот факс,што правел(тоа беше порано)дека имал проблеми бла бла и одеднаш се налути зошто го прашав дали има промени кај него а се грижев само за пријател зошто се беше сменил кон мене на подобро. Што и да кажам не знам.Битно ми е преку глава. Фала ти и тебе на одговорот
Pelikuna можам само да ти кажам да бидеш упорна доколку си одлучила и сватила дека ова е вистинската одлука. Нема постојано да биде вака, сигурно имало и добри и незаборавни моменти кои ти предизвикуваат насмевка и кои не се забораават. Но тоа треба така и да остане, убавите спомени нека останат како сеќавање за нешто што некогаш било добро, и знаеш како велат-Времето лечи се. Продолжи така зашто ова е вистинскиот пат
Па да,ама ако се секавам на убавите моменти не значи дека и не треба на лошите.Зошто личноста ме повреди премногу,ме натера да го допрам дното ама јас секогаш бев на земја цврсто застаната зошто не сакав да спагам на негово ниво.Мислев дека ке се промени и дека како и секој и тој требаше да добие шанса да се поправи.Ама згрешив.Единствено ми е страв да не се појави повторно по некој период а мене да ми се вратат чуствата.Порано го молев да,плачев ама сега не ми е толку тешко.Можев сега да го барам и да му се јавувам и да дремам на скајп а јас наместо тоа го блокнав и го избришав скајпот да не посакам пак да му пишам. Песната од Тиесто Love comes again моментално ми е химна Луге прекрасни сте,фала ви