Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Момци ме занима како реагирате кога типкава ваша ке ви удри едно ИГНОР ? Дали ке направите нешо во врска со тоа да смените, или едноставно ке оставите така како шо е т.е. ке се оладите. И колку се можностите да ви се оладат чуствата кога сте ставени на игнор ?
     
  2. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Имаш 2 сценарија:

    1. Машки кај кои не се врти се’ околу егото, па ќе пробаат (ин)директно да дознаат која е причината за тој игнор, и да преземат нешто околу тоа;
    2. Машки кои ќе се „дигнат“ уште повеќе, и порадо ќе бидат со уште десет девојки, отколку да „попуштат“ и да се смираат/сменат со/за таа која ги засега.

    Инаку, ризична работа ти е игнорот, не може процентуално да ти се каже колкава е шансата чувствата да оладат. Зависи од машкото, кај некои тогаш уште повеќе ќе се разгорат чувствата, и ќе сфатат дека не можат без девојката. Но секако, има некои кои едноставно ќе оладат и заклучат дека не вреди толку да се „замараат“ за една девојка.
     
    На crazylady, Pelikuna, DeepBlue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Ајде нешто за машките солзи...
    Се глуми ли такво нешто? Еве признавам на нас жените ни е лесно да заплачеме и да направиме драма, но што е со вас? :)
     
  4. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    во ова блондираново се пронаоѓам. со една што се свиѓав ништо не направив и глеам дека еден период ја снема и мн нормално и мене ме снема, кога гледам дечко си фатила и пред некој ден ми врти и уште ме напаѓа демек јас сум кривиот у случајов, јас сум се изгубил. изгледа си мислела дека ке си трчкам по неа ххх ма дај, сеа може само некад да напраиме нешто она ако превземе некој чекор, додека јас ич не се замарам околу ова повеќе :)

    неверувам дека може некое машко ова да го одглуми иако никад се незна :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Не се глумат, и ние сме луѓе де. =)
     
    На Divinebutterfly, mims-89 и martinuska им се допаѓа ова.
  6. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Под "типкава ваша" мислиш на девојка или цура на која и се додворуваме?

    Ако е девојка ќе исфорсирам разговор, доколку сметам дека игнорот е неправеден, ако навистина не сум свесен како сум го заслужил таквиот третман. Ако сум згрешил, секако ќе се извинам, ќе и надоместам некако.

    Ако е типка на која и се додворувам, и ми мавне убедлив игнор, тогаш едноставно живот иде даље. Не ја гледам посебно романтичната страна во тоа да се чука глава во ѕид и да се биде упорен кога некој не сака да те ислуша ни 2 збора што да имаш да кажеш.

    Фората е во тоа што после кога ќе те види со друга, ќе си пукне од мака. Најчесто тоа е случајот.

    И сеуште не ми е јасна женската фасцинација со машките солзи. Што сме ние? Терминатори? Машини? Па и кога ќе чујам дека вистинско машко не плаче, ми се повраќа. MMA професионалци плачат на телевизија при излив на тешки емоции, дали победа или пораз....

    Да ти се обратам на твоето потпрашање, како ја правиме драмата? Ја седнувам на разговор, со нормален тон и изнакажувам се што сум си притиснал во мене, добива израз на лице според кој повеќе би сакала шамар да сум и залепил наместо да и ги спуштам тие гранати од зборови врз неа, станувам и си одам.

    Остар речник и нула цензура, не солзи. Кај мене е тоа.
     
    На CaperucitaRoja, WildCherry, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  7. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Ај ве молам помогнете ми.Дајте совет.Последниве 3 дена дечко ми некако поинаку се понаша,штознам поладен е...некоја негова братучетка као демек слушнала нешто за моето минато за некои мои бивши,и 1 куп други муабети си додала тој ме праша што е од тоа точно,му кажав што треба разговаравме и ок ми рече дека мене ми верува,дека штом јас сум му кажала не е проблем и сл.Во тој правец се одвиваше се,но некако како резервиран е се осеќа,незнам зошто така.И јас малце водам инает а и тој,или пак ќе се распрашува, можда е на Станд бај па сега е затоа таков.Незнам што е работата,претходно повеќе ми пишуваше пораки затоа што сме далеку,а сега некако како ради реда овие 2,3 дена од кога се случи тој муабет,пак ми пише ми фалиш те сакам али некако не е тоа тоа женското има осет одма кога нешто не е баш така.Што мислите?дај помогнете ми.
     
  8. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Ти верува, но во позадина продолжиле да му тлеат мислите, и тоа барем делумно му го управува однесувањето. Грдо е и ако таа братучетката што го информирала се гледа со него почесто, па може да го потсетува, па да му сервира дофилувани верзии и тоа го труе.

    Сепак, не гледам што толку треба да го копка за твоето минато, баш бидејќи е МИНАТО. И нема право да те кара и да ти се лути, и што е сега следно? Треба ли да се извинуваш за бивши дечковци?

    Ама тоа е, машка психа, територијалност, што правела со бившите, а колку ги сакала, а дали некој сеуште и недостига, дали сум доволно добар, па соредби...

    А ни вие девојките не знаете баш и да разговарате, да бидете јасни, ве бива само кога сакате да ви признаат нешто.

    Или ако љубомори дечкото, ќе се обидете да го направите луд...
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    И што да правам сега??? :(
    Дали е подобро да чекам тој да се јави или јас да му се јавам?Денес ми пиша околу 13 часот,како дА чекаше прво на мене,а јас чекав на него,ми пиша и му вратив но од тогаш ништо,а пред тоа до сега ќе ми имаше пишано 3,4 пати...незнам што да правам.Навистина ми е тешко,и што е најлошо незнам што му се вртка во главата,и што си мисли,и зошто воопшто тоа е битно скоро на секое 2ро машко за претходните врски се замараат.
    Ај те молам помогни ми што да направам?Чуден ми е,тоа сигурно,а ако го прашам ќе рече не,ништо не му е го знам.Не е ова тој,не беше ваков.
     
  10. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Точно, има многу машки што ги боде психички тие поранешни врски, иако немаат право да се лутат на ништо.
    Инаетот е последното што ти треба во кризи. Ќе мора да разговарате, и не му дозволувај да ти го одбегне муабетот бидејќи очигледно нешто во него го копка. Ако те сака и те цени, ќе те прифати таква каква што си, а промената на расположението му е бидејќи сеуште ги "процесира" новостите што ги дознал.

    Изненадувањето сеуште има ефект.

    Не се оддалечувај од него додека братучетка му го труе, пиши му порака, јави му се, почни од основен муабет, нешто лесно, не мора веднаш да го стартуваш со што ти е во последно време, ладен си ми некако...
    Нека те почувствува во твојот живот. Очигледно паѓа под влијанија на некои луѓе.

    Е сега :!: ако после ваквиот гест од тебе тој сеуште е студен, некомуникативен, остави го нека се смири малку. Ако не те бара, пораката е јасна. Ако те побара, биди строга кон него, имаш право на тоа. Не му се враќај во прегратките веднаш туку плесни му ја во фаца прво, кажи му нешто во стил

    Се смири сега? Смири хормоните, љубомората? Ќе ме враќаш во минатото или сакаш да си градиме наши спомени само јас и ти? Ќе ја слушаш братучетка ти или мене?


    Не го поштедувај, нека се свести за во иднина да не му се смени однесувањето кон тебе секојпат кога некој/а ќе реши да измислува приказнии и од злоба да копа во минатото.
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Благодарам на советот,баш ми беше потребен совет од машка страна.Ќе постапам онака како ти што ми кажа и ќе чекам реакции,па ќе видиме.Ама стварно не е фер некој да се меша во врската а да не те знае лично.Напната сум,и разочарана,сепак тоа е тоа,не е можно како човек може да се смени и да му влијае мислење од страна дотолку,па тој ме знае подобро од неа,а и дозволува да ни го прави ова :(
    Ќе чекам реакција,ех камо сите машки да размислуваа како тебе.
    Благодарам од се срце :*
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022

    Значи нешто што највеке мразам е мешање во туги врски.Очигледно си немаат друга работа па си го пополнуваат времето во здодевниот им живот. :fubar: Незнам што да ти речам освен да ги послушаш советите на ЕлеМентал,се што би можел да ти каже друг/а на прашањево тој ти го кажа и ја долови ситуацијата.Не оставај така,јави му се.Не чекај на него.Иди кај него ако треба само разговарајте.не давај од муабетите на братучетка му сето ова да заврши.По ова што се сменил кон тебе се гледа дека не му е сеедно.
    Само со ладна глава.
     
    На lola-86 и EleMental им се допаѓа ова.
  13. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    970
    Во тешка дилема сум. Бившиот кој, да се изразам детски, ми го скрши срцето, пред месец и нешто ме побара пак. Таман почнав да го заборавам и да не мислам толку на него, почна пак да ми пишува, а и почнавме пак да се гледаме зашто учиме во исто школо, кафиња (демек другарски) ова она, фини разговори и се тоа. Во меѓувреме јас запознав друг, со кој се смував неколку пати и се гледа дека е посериозен и повеќе ме почитува, ми се допаѓа, само што со него ја нема истата страст како со бившиот. Може прерано го оценив, сеуште има време да се покаже и да развијам посилни чувства кон него, ама пак нешто ме мачи. Зборев и со бившиот и му кажав дека сум почнала нешто со некој друг, и дека со другиов не ми е толку убаво колку што ми беше со него, ама дека не сакам пак да се "изгорам". Тој ми рече дека си расчистил некои работи со себе и би сакал пак да се обидеме, не ни очекувал да сум му верувала ама сакал да сум му дадела уште една шанса. + да додадам дека бившиот покрај што ми го скрши срцето и претходно ме има заебавано на неколку наврати, а во месецов кога почна пак да ме бара и да ми пишува го видов кај што се мува со една негова добра другарка. Кога не сум пред него си викам "Мене нешто ми фали во главата ако му се вратам", ама кога ќе застанам пред него заборавам се. Да се рискира или јок?
     
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Како да се читам самата себеси.
    Искрена биди.Што сакаш ти?Да се смириш со бившиот или да продолжиш со новиот?Јас би за второто но сепак тоа е твоја одлука.Зошто да се навратиш на првиот кога веке ништо нема да биде исто?Те заебавал,се мувал со добра "другарка."А ти се чудиш што да правиш?А овој другиот е посериозен во врска со тебе.
    Сепак расчисти со себе а после избери.

    Со срека.
     
    На Ket.Rin му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Да не рескираш, зашто очигледно типот(бившиот) увидел дека навистина ќе те изгуби и дека веќе не си толку заинтересирана за него, па си рекол чекај да и замачкам очи на оваа уште малку, па после, кога пак ќе одлепи по мене ќе си правам што сакам и пак по старо. Мислам дека и самата си свесна дека не би било добро да му се вратиш, зошто на крај ти ќе бидеш повредена. А за другиот тип, ја нема истата страст како со бившиот затоа што овој новиот ти оди по газот и ти угодува. Да почне и новиот да те зафркава и да те откачи ќе видиш како ќе почнеш и за него да кукаш :D Такви сме ние девојките, секогаш ни е послатко она што е недостижно и покомплицирано, а на она што е до нас не му придаваме многу важност се додека не го изгубиме ;)
     
    На Ket.Rin, Pelikuna, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Да ве известам,му пишав а тој ми се јави после 2 минути,вака беше ок ведар,нормално зборуваше.Бил излезен со другари ми кажа каде,баш на смеење ми рече пола литар кафе испил :) не е тука он,странство е затоа е и малце коплицирано и не сакам да ни се залади односот.Јас бев помолчалива,и сега ете пу пишав се јави,па ќе видиме како ќе реагира понатака.Држете ми палци :)
    Ако ми треба некој совет Елементал пак ќе те барам :) али се се мислам дека се држи помалце на резерва...
     
    На EleMental и Pelikuna им се допаѓа ова.
  17. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Не е некоја дилема, а до крајот на постов мислам и дека ќе видиш зошто.

    Прво :!: , бившиот ти го скршил срценцето, а и претходно те има заебавано. Според описот за вториот дечко, значи бившиот помалку те почитувал, и не бил толку сериозен..? Така?
    Се помалку личи на дилема?

    И добро, ти на таков му кажуваш дека сепак со него ти било подобро отколку со вториов? Па дури и да вистина, како си можела да го признаеш тоа, мајке ти? :fubar: Го храбриш, му даваш сила, храниш егото?

    Страста со бившиот си ја чувствуваш како поголема, по...вулканска, ам? :tmi: Ама ете свесна си дека вториот сеуште не добил реална шанса и време да се докаже кај тебе значи сеуште не можеш да донесеш заклучок, тоа ти е добро.

    Ситуацијата објасни си ја како уште еден пример во кој девојката, колку е полошо третирана, толку повеќе го сака/посакува дечкото и биди редок случај во историјата, која ќе се свести и ќе си го одбере позрелиот, стабилен типац што ќе ја цени.

    Во најмала рака, новиот ништо не ти згрешил, се покажува како подобар карактер, а бившиот оплескал во повеќе наврати.

    Сеуште е дилема?

    Ако Е, заслужуваш се што ти се случувало до сега...
     
    На supersonic, Doozy, SexiLy и 8 други им се допаѓа ова.
  18. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    ЦРВЕНОТО
     
    На Nightwalker и Ket.Rin им се допаѓа ова.
  19. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    970
    Фала ви на советите, не дека нешто од ова не знаев до сега, само ми требаше уште малце поттик за конечно да се одлучам и да станам редок случај во историјата, како што рече ЕлеМентал :) Ќе ви пишам пак утре, да ви кажам што сум направила (со инсерти од муабетот) :D
     
  20. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Пак јас :D ми стигна порака---ТЕ САКАМММММММММ,уф конечно добив намсевка на лице.
    Јас ве сакам Вас што убаво ме советувавте :inlove:
    Ова е веќе убав знак.