Па и ти ко повекето постови тука дали да му се вратам на бившиот можеби ме сака , можеби се променил Па ако те сакал бившиот , тогаш немал да те повреди , понижи и да проба скроз да ти го уништи животот а после 2 месеца да му стане досадно , т.е го мрзи да иде у диско да си фати некоја па онда ај тебе ке ти се јави побрзо е .... и после пак иста приказна Такви луге не се менуваат , само физички и толку значи пред да искочи вакво прашање кај тебе идеш пред огледалце и се прашаш 3 прашања 1.Заслужувам ли да бидам срекна 2.Да пишам ли на фацебук дека му е мал бродот 3 Дали да му пратам Friend Request на Јипман важно е првото да го одговориш , другите немора и да мојот одговор би бил ист како со моите колеги Х-ман , Др.Хаус и оној ловецот на гулабчиња
Неодамна раскинав со дечко што одев 6 месеци.. бевме многу поврзани.. Но тој ми се налути за тоа што несвесно го имав кажано.. односно за тоа каде излегуваме.. ние не излегувавме на некој посебни места затоа што, што се вика у парк ни беше убаво.. ме сакаше се додека не сум го кажала тоа.. мислам дека такво нешто неможе да се смени за 1 вечер.. правевме муабет и он се заинатил дека не ме сака.. а предходно сме немале караници никакви.. он е таков коа ќе зацрта нешто така и ќе остане.. али мислам дека една љубов неможе толку лесно да ја заборави..и за 1 вечер да ме отсака иако он ми кажува дека е можно.. ми треба совет во врска со ова.. дали да се потрудам да правам муабет со него уште или да оставам да помине време и да правам после тоа муабет.. додека не се смири ситуацијата?
МНОГУ би помогнало ако кажеш што си му кажала бидејки мора да било нешто лошо чим раскинал ако несакаш тука пиши една лп на мој кредит
Ма не, дигнав јас раце, готово. Не можам да се замарам. Не е работава за давање и земање, цело лето бевме заедно и ај, како во Брилијантин, заврши летото, заврши се. Е извини, ама така не може. Барем не со мене. Си знае тој, јасни му се сите работи, а се прави глуп. Што би рекол Елементал, се гребев со нокти да го задржам тоа нешто, затоа што сметав дека многу добро си одговараме, еден од ретките луѓе со кои воопшто сум била толку погодена на бранова должина. Ама не можам само јас да гребам! Се ла ви. Има и други такви луѓе, не е единствен.
имаш право, 100 пати размисли еднаш сечи ете затоа немам доверба во ниту едно машко а тешко и дека некој ке ја заслузи
Но како и во секоја друга одлука што ја засегаат барем две страни, така и овде и ти губиш, не само машките, да си знаеш.
Абе најтволкер довербата не е нешто што секој секому радо би ја дал. Многу убаво ја сфаќам срцекршачката, зашо на пример да појдам од мене, за мене ми треба многу за да можам да верувам на некоја индивидуа, без разлика дали станува збор за партнер или другар/ка.... Тука се губи доколку едниот од партнерите упорно докажува на другиот дека може да му се верува а другиот да е при очи слеп што би се кажало, и упорно да не верува, тогаш да може да се изгуби сето изградено што е.
Се извинувам, не прецизирав, мојот пост се однесуваше на вториот дел од нејзината мисла, каде посочи дека тешко дека некој ќе ја заслужи нејзината доверба... Зошто, тој некој однапред е осуден на неуспех, „незаслуга“ од нејзина страна? Секако дека не! Затоа, ќе повторам, како машкото, така губи и женското. Впрочем, никаде не посочив дека јас лесно вложувам доверба во другарките/партнерките...
А во ред е те сфатив. Патем за вакво нешто сите ти кај кои што не лесно си ја даваат довербата, најубаво е за тоа да се молчи пред партнерот, односно да не се нагласува оваа работа. Мислам дека сепак вие машките не би сакале баш да знаете дека типкава ваша нема баш некоја доверба и дека треба уште да се борите за истата. Незнам така ве имам проучено, па затоа обично си молчам околу тоа и си набљудувам
Можеби ова за некои ќе звучи детски ама јас пак да си прашам за мислење.... Јас пред некој ден се шетав во градот кај што се наоѓа бившиот и како да слушнав некој да вика Пупииии и си реков подсвесно така е сигурно кашлал некој и денес отворам фб пораки и гледам бившиот ме блокирал, а видов пред да тргнам ме немаше блокирано... што мислите вие со таквата постапка си викам ТОЈ беше сигурно
По ова мислам дека те викал... И од како не си се завртила си му го повредила егото фактички Најубаво ако сакаш да го исправиш ова преку заеднички пријател извини му се, објасни ја ситуцијата...
Дали те викал или не, не е важно, но очигледно е дека со причина е бивш! Продолжи напред, нема што да се навраќаш на нешто што не знаеш ни дали се случило.
Јас мислам дека немаше доволно храброст и плус беше на тераса и тоа го изговори како со прозевање со еден крик.... ама заклучив дека можеби е тој по тоа што ми манал блок ееее будала мене кога ме остава и ми вика дека ќе се жени
Едно прашање до сите момци тука: Ова го прочитав во едно женско списание, ете го и извадокот. http://issuu.com/globalmediagmp/docs/un ... i_20-issuu (страна 28-29) Прашањето ми е околу посочената препрека број 1: навистина ви случуваат такви работи, да се мислите пред да се решите на трет дејт и така да ве снема без трага и глас?
Hipica нажалост не ми отвара тоа но сепак мислам дека можам да ти помогнам не од мое искуство или од тоа што пишува него од мои другари како поминале едиственото нешто што машкото се мисли пред 3тиот состанок е - како да ја шармира девојката - како да ја насмее девојката - како да не испадне лузер можеби +- некој детаљ но никад нема да се двоуми да не иде на 3ти состанок тоа ако не ја свига уште во првиот ке биде завршено се надевам помогнав иако стварно незнам што пишува ( ако можеш прати ми пишаното на ЛП па ке се подобрам од тамо )
Е ај и ја да си ги кажам маките шо ги мачам веќе цела година... Вака.. Има еден тип, значи физички коа го видив перфекција, бар за мој вкус нормално. Карактер, душа човек, срцка буквално. Прекрасно милно човече. Башка сега нонстоп трче и вежба, тело правел, демек, ама не е од тие набилданите, онака. Не беше тоа муабетот, да се надоврзам само. Тој, нонстоп се дружи со девојчиња помали од него 5 години буквално, човече шо ти е Има другарки и од неговата генерација, но мн често го гледам со оовие малите, е сега проблемот е шо негов близок пријател е мојот бивши со кој одев пред 3 години и имавме врска од 2 години, прва и последна сериозна врска, заврши многу лошо, многу, до бркања со кола, закани, абе све и свашта. И.. пред една година мене фана вој да ми се свиѓа, и си живеевме онака, муабет, али се онака културно, џентламенски буквално, секогаш насмеан и ведар кон мене, па јас некако ете подлегнав. Цела година си игра топло ладно со мене. На фб нели, пошо јас студирам Ск, и учев преку летото, најчесто таму комунициравме, зашо јас него низ цел град(а мал ни е градот) го барам, море и со кола сум вртела, само да го најдам да му се пуштам салам а него го нема! леле нервози ова лето, значи 10 пати го видов, и се потрудив барем тие 10 пати да ме забележе и да му дојде до ум дека ми се свиѓа, дека сакам нешто повеќе. Но, џабе, тој упорно и упорно, по пишењето на шо гледав анушке вака така, ладно топло, и нервозна станав, и на еден негов другар му реков дај одоколу испрашак шо и како, шом е сингл повеќе време, одеше со едно мало девојче помало 5 години од него И вој другар му, седеле на кафе, и го потпрашал за мене, демек дали се знаеме, зашо кантер заедно со години игравме, и за таа тема демек нешо, и вој даа, Анувчето(баш така рекол за мене) игравме заедно, срцка еј, душа девојче, цела откачена, и муабети фалење шо ми удрил од цара до стопана И вој му рекол демек, епа море, шо чекаш, шо нешто повече не пробаш, баш девојче на место е, пробај си ако ти се свиѓа... Погодете шо рекол Не брат, не бива таа, само на пријателска база сме ја и она И го прашал овој демек зош само на пријателска база шо е проблемот, нене, не бива, се е ок, ама не бива повише... Е сега, после тоа, се случи пред месец дена, ни а ни б од него, ни ми пише, ни лајк шо се вика, ни ништо, и јас ништо, ни му пишам ништо ништо. А секако нели, го немам видено, и незнам шо да правам. Другар ни заеднички, ми вика, пробај ма, ако не сака да е со тебе само заради тој бившиот шо му е пријател, правите муабет, тоа е минато, расчисти со него, но според мене тој шо ми се свиѓа е таков тип, значи шо мислам дека не може да помине по тоа туку така, зашто искрено осеќам дека му се свиѓам, осетив, сега незнам, од кај да знам, може има некоја шо си ја сака човекот, но дете бе, не знае да се изјасне салам, и незнам дали да го седнам, дали да му пишам нешто, ама знам дека не ќе каже, и од самиот почеток на ова мачење мислам дека го знаев одговорот но ајде вие машки, според вас, разложенија ве молам, зашто едвај си најдив симпатија човече, конечно најдив салам човек, а можеби и не, незнам, и ете, ме тресна од земја. Хелп малку бар. Позич
конечно најдов дечко со супер човечки карактеристики добар паметен вреден снаодлив ..... но имам проблем не ми посветува доволно внимание ми се јавува по еднаш на ден се гледаме 2-3 пати неделно и покрај тоа што и двајцата имаме слободно време што е попаметно? да се биде малку битен на некој што вреди или центар во животот на некој што не ти се допаѓа ....