Анушка,ве јас женско сум, ама ќе се обидам. Морам да признаам дека прво ми боде очи тоа што се толку помали девојчиња се бафта Ако тебе не ти смета тоа, тогаш биди другарка со него како што и сам кажал.Почни му некогаш онака муабет, речи му да отидете негде(не сами или барем не на тивко место).И не навалувај, ти дискретно обидувај се, зашто се изјаснил дека не сака па да не му станеш одбивна ако си многу упорна. Значи, така од страна малку, па ако навистина му се свиѓаш сам ќе преземе нешто повеќе
Анушке воа тиквешки ли дијалект е? Јас искрено би ти рекла да не пробуваш. Типот јасно си кажал дека сака само на пријателска база со тебе. Ете има аубаво мислење, но едноставно не те гледа поинаку од пријателка. Ако сакал и тој нешто до сега ќе се случело.
Девојки да, и мене тоа ми е проблем, нонстоп шо е со помали девојчиња, знам... Јас мислев воопшто ништо да не превземам повеќе, ама уште мислам на него, леле, а секогаш, кога гледам дека не бива, одма се вртам на друга страна, но овој ми се свиѓа.. Марама да, тиквешки дијалект е, од Нег сум Фала на советите, или ништо нема да превземам, или онака одоколу на само коа ќе го начекам ќе го подбуцнам, уште се двоумам дали и тоа е паметно, зашто стварно да сакал, ќе превземеше секако нешто, ќе дадеше некој знак, пуста јас, кај по вој се зацепав, значи талент за погрешни.
Па сеа тука има проблемче , ти него го свигаш ... голема симпатија е ама он не го мисли истото а и се гледа зашто , прво преферира мали девојчиња (кревко мевце ) бидејки ја стварно незнам зашто би машко се дружело со 6-7 год помали девојчиња , мислам и ја имам другарки што се прва година средно ама не искачам со нив во секоја можна прилика друго колку и да си се обидувала и трудела он демек се правел дека те приметува ама ете прва прилика позади грб и одма не ја бива ова она , па нашол на кантер дасе праи фаца абе немој да го преслушам две партии ке плаче ко мало дете него друа работа на крајот убаво објаснил дека не е заинтересиран за тебе ... но мој совет е да си останиш пријателка со него .... па еден ден кога ке свати што направил он ке пробува секакви знаци а ти само ке му кажеш дечко ја сеа дота играм не кантер ПРИЈАТНО !
Јас мислам дека темпово со кое се слушате и гледате е ОК, може со мали корекции да е нешто подобро во поглед на слушање/допишување, но далеку е од лошо! Напротив, подобро да се гледате и слушате малку поретко од „стандардното“ (иако за мене лично 2-3 гледања неделно со партнерката е идеално-стандардно), отколку да претерувате со тоа, и по кратко време да почувствувате гушење и/или презаситеност. А вака, истовремено си гарантирате и уште повозбудливи/постраствени проводи кога сте заедно, зашто ќе имате многу да си кажете и споделите. Така што, нема простор за паника.
Ако и во следните денови нема трага ни глас, секако ништо не правам, не планирам да изгледам очајна, но кад тад ќе сфате секако, нека се мота уште со мали, ќе му притреба серозна врска кога тогаш, па да видиме каде ќе го носи патот, ама после јас секако, и то како ќе оладам, далеку од заљубена сум, ќе ми помине за некоја недела. Благодарам на советите ако има некои чекори ќе бидете известени, а ако ме нема, значи во потрага по ново богатство сум, зашо ај нид сам лав.
Сонувачка keep dreaming дека на некого некогаш ќе му бидеш центар на свет. Разбуди се, секој си има свој живот за да дозволи некој друг да владее со него. Јас мислам дека претеруваш, сосема е доволно тоа гледање и слушање што го наведе. Остави на времето како ќе ви се одвива врската, спонтано ќе си дојде до посериозно ниво каде што можеби ќе ви се зацврсти уште повеќе врската и ќе се зголеми комуникацијата на телефон и гледањето, вака може само да ви биде понапнато ако ти постојано се преоптоваруваш и него го преоптоваруваш со тоа дека не ти посветува доволно внимание. Мое мислење според ова е дека врската ви е на почеток и дека дечкото несака да брза па затоа ви се ретки повиците и гледањето. Не брзај никаде, ако толку многу ти се допаѓа типот биди полабава и потрпелива, се ќе се среди
A KAKO E МОЖНО АКО НЕКОЈ ГО САКАШ ДА НЕ ГЛЕДАШ ШТО ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ ДА ПОМИНУВАШ ЗАЕДНО , НЕ Е ЛИ ТОА ПРИРОДНО И НОРМАЛНО??? @MIMS 89 4 МЕСЕЦИ НИ Е ВРСКАТА.... И TOA МИ Е ЕДЕН ОД ПРОБЛЕМИТЕ ШТО СИ ИМА ЦЕЛОСНО ОДДЕЛЕН ЖИВОТ КОЈ СИ ГО ЖИВЕЕ ВО КОЈ НЕ МЕ ВКЛУЧУВА ,СО ПРИЈАТЕЛИ СО РОДНИНИ СИ ЈА ГЛЕДА СВОЈАТА РАБОТА , ОД ДРУГА СТРАНА СЕКОГАШ ОДИМЕ КАДЕ ШТО САКАМ ЈАС , ЈАВНО СЕ СИ Е ВО РЕД ТОА И КОГА СМЕ СО МЕНЕ СЕКОГАШ СЕ ОДНЕСУВА ФИНО И СО СИТЕ МОИ ПРИЈАТЕЛИ Е МНОГУ ФИН И ДРУЖЕЉУБИВ ПРОБЛЕМ МИ Е ШТО НЕ СЕ ОТВОРА НЕ МИ КАЖУВА НИ ШТО МИСЛИ НИ ШТО ПЛАНИРА СО НАС , ПА НЕ ЗНАМ НИТУ ШТО ЧУСТВУВА.....
Сонувачка морам да се нашалам со твојот ник и да кажам: Разбуди се, ова е реален свет! Темпото со кое се гледате со дечко ти е одлично и јас мислам дека 2-3 пати неделно е сосема ок иако јас лично преферирам 3-4 пати во неделата (секој втор ден). Друго што сакам да ти кажам е дека сите имаме свој живот, свои проблеми, свои роднини, пријатели и сл. така што мора и на нив да посветуваме време повремено, тоа не значи дека дечко ти не те сака како што се сомневаш. Она што имам научено од љубовта е дека никогаш не треба личноста што ја сакаме да дозволиме да ни стане центар на светот и се' во нашиот живот. Многу е лошо тоа, мора баланс! Што правиме во worst case scenario и губење на таа личност? Можеме да останеме без живот, без пријатели, не знаејќи што да правиме затоа што сме се одалечиле од нив и сме изгубиле контакт со реалниот свет посветувајќи се на љубената страна. Не зборам ова од свое искуство, ама знам дека е така, имам размислувано. Остави го дечко ти нека го троши времето и со неговите најблиски, затоа што ти си му сепак само девојка. Партнерите (па и пријателите) во животот се пролазни, ама не и родителите и роднините. Затоа, кулирај и уживај сонувачке, тоа што дечко ти си ја брка работата е сосема ок, не мора да значи дека не те сака. Како што реков, пак ќе напоменам, љубовна врска каде што партнерите се заедно и се сакаат, а истовремено имаат таков начин на живот што и во случај на прекин на врската нема да останат сами на светот и ќе можат да продолжат понатаму, е приближно до идеална врска (идеална врска нема! ).
сонувачка сосема се пронаоѓам со твојата ситуација.. И мојот е таков! не зборувам за гледањето туку за карактерот негов. На почеток ми беше чуден не знаев каде сме и на што сме. Јас сум отворена личност не мора ништо да ме прашаш сама ке си кажам ако има нешто овој аа ... нема шанси таков е.! нема никогаш да ти каже што мисли или што планира.. И ти си мислиш дека е глуп типов.. Има неколку опции Типов или имал некоја предходна врска и има уште трауми од таа врска (што испадна со мојот дечко) па не сака да избрзува и сака се да биде спонтано и да тече нормално Или типов не е многу многу заинтересиран Повише ми иде на првата опција. Пример мојот е таков тип што никогаш нема да се покаже пред тебе како му е или никогаш нема да допушти да му се доближиш.. Јас го викам тоа јас и ти да се споиме во ние.. туку секогаш ке бидете во јас и ти.. Многу нормално дека и ти и он ке си имате друштво живот, семејство спрема кој имате должност. Потполно те разбирам Ама со таквите ти кажувам од искуство. Тие се многу паметни личности што дури и многу ги анализираат работите мнооооооогу што дури ти иде на нерви се принципиелни па не сакаат да ги нарушат своите правила.. Ама со нив или се навикнуваш или се откажуваш..
Значи нешто што највеке мразам е ова машко однесување.Човекот плаче за внимание па затоа и така прави.Не можеш за жал ништо да направиш за да го промениш ова детско однесување.Остани ладна кога ке те побара а сигурно ке те побара и ке забележи промена кај тебе.Мислам не е глуп па да не примети А ако те праша а ке те праша кажи му се што мислиш за тоа однесување зошто не си ти должна да го трпиш за овие работи.Ако му значиш ке сфати и нема да дозволи да те загуби.Или пак играј ја неговата игра,кога ке се појави ти исчезни иако ги мразам тие игрици сепак кога се мора се мора па ке се запраша кој е проблемот.Знам дека на прв поглед дека звучи смешно но мораш да се потрудиш ако навистина сакаш да го добиеш. За дружењето со помали девојки му е најголема грешка ама сепак тоа е негов избор. На крајот на краиштата пробај со друг,зошто да не.
Би замолила некое машко да ми ’’преведе’’ што овој мојов сакаше да ми каже. Значи вака течеше разговорот т.е. неговиот монолог. (си седиме, се гушкаме и наеднаш почнува) Леле мило да знаеш каква девојка дојде кај нас на факс! Леле преубава е! Висока е, Плава, има небесно сини очи, симпатична.. Скоро совршенство од девојка за мене, да не постоеше сигурно би бил со неа.. И уште цеел саат продолжува да ми ’’труби’’ колку е таа пренајубава, а јас не го ни прашав ни спомнав, ни ништо. Како гром од ведро небо. И ме гледа ја праам оваа фаца и вели: Ама ти си ми поубава. И шо беше финтава со муабетов ? Сакаше само да се пофали со новата колешка или јас не знам да читам меѓу редови ?
Веројатно се работи за некоја негова игра, иако крајно детска, ако ме прашаш мене. Нешто во стилот баш да види како ќе изреагираш, дали ќе останеш рамнодушна, дали и колку си љубоморна, дали го сакаш само за себе... Па кога видел дека не ти е воопшто сеедно, нормално, следело помирувачкото „Ама ти си ми поубава.“ Со тоа типот си се вратил на „позната територија“. Сума сумарум, мини-игра за „билдање“ на своето его, прилично незрело, if you ask me.
Јас мислам дека он чувствува некоја привлечност кон таа девојка. Неможе туку така цел саат да ја фали и одеднаш да ја тесне од земја со изјавата дека ти си подобра. А колку време сте во врска? Ако сте ептен тазе, донекаде ми е разбирливо ова однесување. Сака да се докаже. Ама ако сте во долга врска, ова е сомнително. Може да го припрема теренот за да ти соопшти нешто посериозно. Седни го на муабет. Сериозен
Чекај сериозно? Аман бе,како тоа тој одма чувствува некоја привлечност,мислиш исто ко да ја осетил светлината на крајот на тунелот? Значи само сакал да ја направи љубоморна,што е крајно детски,баш како што кажа Најт. Не значи дека ако се во врска дека и очите им се врзани. Кој не би искоментирал за некоја стварно убава девојка.. ? Каролина,ти мислам дека не си требала да ја имаш оваа фаца ,него повеќе оваа :geek: ,било која. Си можела дури и да го прашаш,да срце и каква беше,многу јака,си направивте муабет? Гарант ако ти го кажувал сето овоа за да те направи љубоморна,ќе се збуни на прашањево и нема да знае која врата да ја фати затоа што тој и очекува љубоморна сцена,а не некоја поинаква. За поинакви не се спремал.
Јас лично нема да го дозволам ова. Ок е да искоментира на шала, имам и јас искоментирано некогаш. Ама цел саат..? Напоменав дека можно е да збори така колку да се докаже и да ја направи љубоморна, ама па неможеш да бидеш 100% сигурна дека не мислел и нешто друго
Јас мислам дека почувствувал грижа на совест што имал некои мисли за девојкава, па некако сакал да си олесни. Ама не верувам дека е нешто сериозно. Сепак не треба да продолжиш да го занемаруваш ова доколку продолжи да зборува за неа.
Постојат повеќе причини зашто, еве ќе ти наведам 2-3 сега. 1. За да те направи љубоморна како што кажаа и останатите. 2. Чуствувал преголема сексуална привлечност кон таа девојка. 3. Можеби само сакал да види како ќе реагираш ти на сето тоа, можеби да те стави на некој тест.
Зошто кога ќе видам caps lock имам чуство дека некој се дере?! Полека, мор полека, не се прајт шопска, со катана Сонувачка, немој толку драматично - си побара совет а ова ми изгледа, ко повеќето тука, ќе ви се даде совет и мислење кое не го очекувате и почнувате веднаш да полемизирате и да го наметнувате своето. Грешиш. Полека. 4 месеци и ти веќе сакаш планови? Е какви бе душо? Па со мене дечкото после 4 месеци да прави сериозни планови за иднината, дури и на овие години ќе си речам - па ти си мрднат бре! Односно нешто не ќе да е во ред. Секој од вас имал сопствени животи и ги има се надевам. Не можеш да очекуваш дека една врска ќе го смени тоа нагло и рапидно. И пред се не можеш да очекуваш дека тој сосема ќе ти се посвети на тебе онака безрезервно. Си има тој и други обврски во животот. Исто како што би требало да си ги имаш и ти, белким не мислиш на тоа како би била со него од утро до вечер - па ќе ти се здосади веднаш. Темпото и интензитетот на гледање е сосема ок. Чекај па не може веднаш да те вклучи во фамилија, и во друштво и не знам каде се не. Да не сакаш утре да клекне и да ти подари прстен? Не одат така работите. Опушти се и живеј си го својот живот, гледај се со него и не му замерај за тоа дека не се гледате почесто. Немој да се претвориш во љубовно наркоманче - ако го нема него еден ден да почне да ти фали неговата дрога до степен да не знаеш да функционираш А од друга страна пак, само ти можеш да почуствуваш и да знаеш дали додека се гледате се е во ред или сепак чуствуваш некое студенило од негова страна и чуствуваш дека едноставно - не е толку загреан за тебе. Тоа за жал ние не можеме да знаеме. Крај краева прашај го отворено, што чуствува. Не знам зошто се плашиш да го прашаш. Тоа ќе ти биде и најпаметно воедно а барем ќе дознаеш директно од него. И за крај, златно правило за секој, не само за тебе. На твоето животно скалило запомни дека на прво место си ти, потоа родителите, а дури потоа дечкото. Ако постапуваш вака, повеќе ќе те ценат и другите и ќе сакаат повеќе да се со тебе а не само 2 - 3 пати неделно, но да бидеш нечиј центар на орбитирање не е нормално ниту пак возможно