Kako mozam da gi doznaam negovite nameri sprema mene...dali me saka za ozbilno ili sum mu samo avantura...jas bev taa sto go dade prviot cekor toj e 26 a jas 20 godini dali e normalno bez da se poznavame da bara nesto od mene a da ima ozbilni nameri...pisuvame poveke od mesec dena a pred nekoj den bevme i na samo...ne mi e jasno dali e normalno deka e zdrel veke i ne moze bez "onie" nesta a da bide vo moe drustvo....pomos....
Ми треба мислење и одговор од машко многу итно Еве вака: Бев дома кај партнерот, како и секогаш гледавме тв, разговаравме и потоа се разбира имавме секс. Но јас не бев баш расположена за тоа, но не му кажав. Не беше тоа тоа, му реков не ми се прави вака сакам поинаку ( за позата зборам ) се некако не ми беше удобно и почнав да се зезам му викам никако да се наместиме да ми биде удобно како прв пат да правиме Тој се налути, се облече и си седна на креветот. Јас исто се облеков и седнав на другиот кревет. Речиси 5мин и двајцата молчевме, потоа ми рече дојди седни до мене, седнав и започна разговор како ништо да не се случило. Јас се почувствував навредена. Потоа ми рече ако не ти се прави кажи ми отворено не сакам вечерва и ок е, разбирам ми кажа колку ме сака и дека не е со мене поради тоа. Јас му реков дека не го мислам туку не ми одговараше положбата, напротив секогаш уживам кога имаме секс, ќе си продолжевме како и секоја вечер. Потоа ми рече да знаеш нема ништо да правиме деновиве зошто не ми се прави, ќе си идеме кај мене ќе седиме не мора да го правиме тоа. И така останавме уште едно пола саат гледавме филм, сосема малку разговаравме и ме донесе дома. Се чувствувам некако тешко, чувствувам вина, тој навистина е предобар и многу се сакаме. Што мислите вие како машки за ова? Јас планирам деновиве воопшто да не ја отворам оваа тема и да не му речам да имаме секс. А и тој ако се однесува ладнокрвно како да реагирам? Ве молам за совет
Вака сега, јас не сум машко меѓутоа мислам дека можам да ти помогнам. Значи, ти не си била расположена за секс, но не си му го кажала тоа, туку си се вадела дека позата не ти е добра. Верувај и да си ја кажела вистината нема да ти рече ОК, нема да имаме вечерва и готово. Значи, со ова на него му е повредена машкоста и на некој начин се чуствува како да не може да те задоволи, па мисли дека затоа ти не сакаш да имаш секс. Мој совет, обиди се да бидеш малку поактивна во кревет, значи не се препуштај целосно на него, верувај и тој сака внимание, па гали го, греби го, грицкај го... Тој ќе се чуствува многу подобро, а исто и тебе сексот ќе ти биде подобар. Што се однесува до тоа што ти рекол дека нема да имате секс наредните денови, не го верувај. Тоа зборува неговото машко его. Еднаш да го допреш, веднаш ќе се предомисли Значи, не се обидувај да разговараш на таа тема, а уште помалку да се инаетиш и да не преземеш иницијатива ти.Преземи го првиот чекор, ќе видиш дека нема да те одбие. А отпосле, најверојатно ќе те праша што ти беше вчера, а ти одговори му го истото од претходната ноќ, дека не ти била згодна позата и дека не си била расположена, но дека тоа не значи дека не ти е убаво со него. Пиши како си поминала позз
Mygir многу убаво напишано. Ти благодарам Супер поминав Кога се сретнавме двајцата се однесувавме како ништо да не се случило. Пиевме кафе, разговаравме, ми кажа дека сака да му посветам повеќе внимание, не само кога ќе се видиме или кога ќе дојде пред врата да го прегрнам, туку тоа да го правам почесто. Потоа самиот ми пријде си отидовме во собата, тој го започна првиот чекор. Морам да признаам беше многу убаво
Савана, мило ми е што се се решило убаво, без проблеми Мој совет, ако навистина е толку добар со тебе и те сака, не го испуштај од рака, ретки се таквите на денешново време Позз
Здраво девојки!! Веќе подолго време сум на форумов ама никогаш не сум пишала.. е сега ми се отвори едно големо проблемче па сакам да ми помогнете ако можете пред два месеци почнав да излегувам со едно типче што искрено и не ми се свиѓаше којзнае колку, ама тогаш бев во толку депресивен период и тој беше тука крај мене за да ме теши... значи се започна како некоја игра. Се гледавме скоро секој ден и имавме и односи... типот почна да ми кажва нешто као демек врска ова,она ама јас одбивав...бев премногу ладна кон него а исто така и ја држев таа “врска“ во тајност... знам дека премногу грешев но тоа го сватив прекасно, кога ми рече дека не сака повеќе да се гледаме и дека си фатил друга женска!!! незнам што да правам... многу ми значи и премногу ми недостига.. од тогаш кога ми рече дека е крај немаме правено муабет.... ве молам за помош
помош!!!! како да му докажам на дечко ми дека не го изневерувам...како да ја намали љубомората која веќе ме гуши....како....а јас толку не измерно го сакам не би ни помислила да бидам со друг де молим вас ваа песна ми ја посвети: http://www.youtube.com/watch?v=LXruuCz8ijg
Зајко сакам да ми кажеш зошто вие машките не сакате да се впуштите во врска? Дали се плашите (иако никое машко не сака да признае дека се плаши од нешто) или едноставно таа помисла да поминете подолго време само со една девојка ви е потресна и страшна? Чекам искрен одговор.
Ееее Багушке неретко се дешава тоа,откако ќе изгубиш нешто да сватиш дека си кикснал што си го пуштил да оди,ама јбг некогаш нема шанса за поправен испит. Јас би те посоветувала да бидеш искрена со него,да не се срамиш да ги искажеш своите чувства и да му признаеш дека си згрешила што си дозволила да заврши вашата врска.Ако сеуште те сака би требало да ти даде уште една шанса,ако не нема лутиш.Заслужува и он да биде среќен а ти ќе си продолжиш понатаму ама овојпат попаметна.
Како да го вратам времето Како да ја изменам сликата што некој ја создал за мене, а не е таква туку одредена наложена ситуација ја направила таква?
незнам дали има вакво прашање можеби е и одговорено али зошто некои машки неможат да бидат верни во врската? и после мување пак му се вракаат пак на женската?
Сакам да прашам кои се најчесто знаците кои момците ги праќаат на девојките кога ги свиѓаат?!?! Како да знаеш дали тој навистина сака да излезе со тебе,кога некогаш навистина како да те свиѓа,а некогаш не покажува ништо?
Дали може обичен другар да те провоцира во стилот ај да идеме на прошетка.. убава си..се плашам од тебе и да игра топло ладно цело време.. Коа ќе се видиме да "не престанеме да се гледаме во очи и скокоткаме или само се прикрива дека ме свиѓа?
Мене ме интересира како ќе го сфатите ова ... Се мував со еден дечко одреден временски период и од x причини престанавма и неколку дена после тоа на Fb ме аднаа двајца негови другари ... Што си мисилите дали тој ги праќа или сами ме аднуваат или било што друго што ви паѓа на памет ?
А де не си разговарале некој сочни муабетчиња за тебе и да не им се пројавила желба и на другарите и тие да се смуваат со тебе!Незнам овоа прво ми падна на памет, извини ако те навредив ама мислам дека најпаметно е да ги игнорираш.
Не не ок е , ми треба мислење, можна е и таа варијанта никогаш не се знае со машкиве јас во секој случај ги игнорирам, ама сепак ми е чудно
Можеби кога би ги прочитала сите постови би пронашла нешто соодветно...почнав ама многу се хехехе Се прашувам од кај да почнам... Се дружам со еден дечко веќе две години, малку е чуден и принципиелен а најлошо од се е што нема многу другари. Сите на почетокот ни викаа има нешто меѓу вас, но јас тоа не го прифаќав, сега признавам дека претерана психичка поврзаност не е на добро Во мн добри односи сме, претежно преку нет и моб..и веќе ми станува опсесија (го нема еден ден, полудувам хаха). И сфатив дека можеби го сакам, не бев свесна порано... Имам толку работи направено поради него а он не знае... Значи нашите разговори се како на дечко и девојка, ми дава до знаење дека му се допаѓам и веќе не знам како да ги сфатам неговите муабети. Мислам дека и јас доволно се отворив и индиректо се му признав, а сигурна сум дека ме има сфатено... Ништо конкретно не превзема а тоа ме полудува, не знам што да правам... Не можам никако да го сфатам, зошто ништо не превзема? Нели доволно знаци му дадов? А да и мислам дека не би можела да издржам да бидам одделена од него хехехе Сигурна сум ќе ми речете кажи му и готовоо... Ама сакам да знам вака од ваша гледна точка што би можел да размислува, што му се врти во главата, зошто така ме измачува....
^ е за некој ваков требаат живци богами, алал нека ти е како 2 години си издржала, јас не сум таков карактер и не можам да трпам некој да не превзема ништо конкретно, бегам од такви.... општо од луѓе такви, не мора за дечко да значи.... а совет за ситуацијава, чим веќе си изодела толкав пат не се откажувај, место индиректно, кажи му директно, не користи знаци, се директно, зашто машко ко машко колку и да мислиме дека не сфатиле најчесто не не сфаќаат. после види, ќе биде џа или бу, ама барем ќе знаеш, вака неизвесноста убива