@creshicka На толку фотки од цури на фемина, нема потреба да ставаме фотки.Еве ти направи листа од 30,50 или ако сакаш и 100 феминки(лице и/или тело),и јас ќе постирам и ќе кажам дали фотките што ги имаат ставено поминуваат или не,нормално според мене.Ќе ги постирам во следниот формат: Име на феминка-со: да-поминува,не-не поминува,0-неутрално. Па ќе имаш подобра претстава ти и сите останати.Нормално,ќе ценам само физички изглед и ќе се трудам да бидам што е можно пообјективен т.е. ќе го занемарам она што веќе го знам за феминките од нивните постови.
Ми беше коа бев на 20 ама сеа не сум на 20 . Сеа сакам секс бомби, ако веќе се замарам да ја освајам (замaрањето под наводници сфати го) барем да има зашто . Има жени што бајаги ќе се намачиш да ги фатиш нема тек така да ти паднат во раце . Како рече еднаш Мимс-89, ми се може . Знам што нудам, знам што барам а страв од жени па и од други работи одамна загубив . И плус неам срам и табуа повеќе, ги утепав со годиниве . Еднаш една глумица во интерву кажа ако идам у кафич и ми се пуштаат еден понеубав ама полн со самодоверба и еден убав ама срамежлив и ми се плаши, тој посамоуверениот ќе го одберам за искачање. Нема веза шо е глумица важи за повеќето жени што мене ми се свиѓаат така да си запамтив и се вакцинирав од срам . Не пишам повеќе да не испадне се дувам ама вистина е тоа што го напишав .
Ете. Токму за ова зборував на една друга тема, и еден машки форумски примерок ме осуди дека сакам нешто невозможно - сакам односно верувам во филмски личности џанам Бред Пит а јас само кажував дека сакам самоуверени машки со степен на самодоверба токму толку за да не премине таа самодоверба во тешка нарцисоидност И будала ме напраија. Епа не иде! Си држи вода моето Туку, за оние нежни жени, јас мислев пред се на тоа дека нежна жена може да биде секси во смисол, нежна жена во вистински смисол на зборот, жена едноставно, а не да ти дојде и да се чудиш дали дошла кобила или камила, или какво и да е животинско царство кое многу женски хормони па и баш нема во себе. Мрож пап! Кога ќе те налегне таква Иксмен во спална, не знам дали сеуште ќе те пали, или можеби се лажам?! И да не бидам сфатена погрешно, не зборам за килажа ама знаете де има такви несмасни жени, кога ќе те удри несакајќи мислиш се наоѓаш во центарот на торнадото. Ете во тој смисол. А не нежна во стилу, дувни ме ветре развигорче, па кај летнам - таму ќе ме најдеш, ја вака мирничка, таков ми е тертипот, шо да праиш. Не. Но верувам дека и таквата знае на некој да му се допадне и да му биде секси. Се е ствар на личен вкус.
Епа јас кажав сакам секси и јаки жени значи мислев баш ти ко што кажа, жена од глава до петици . Имав една бивша таа беше ко од стакло тенки коскичиња, страв ми беше да ја прегрнам да не се скрши и од тогаш си реков сакам таква кога би и удрил шамар (само на теорија, на женско рака не кревам ) она мене бокс да ми мавне, е таква сакам . Да гребе и гризе ако треба а не да ми плаче . Сум нашол неколку такви по Скопјево, зрачат секс а се нежни ко ти што кажа и плус јак скелет и темпераментен карактер, абе мераци, уште да ги фатам и средена работа . Пс. Се надевам нема да не бришат за оф топик .
Ха, мора ли над 170? Се зезам. Листава е сечија , се однесува на се што бара секој маж. Мислам ќе и помегне, ама ова се само желби. Не секоја е толку висока, не секоја има полни усни и чита филозофија.Компромиси секаде се прават. И ти ќе направиш Не ги демотивирај девојчињата. На секоја по нешто од ова и фали. И мене ми фалат 3 сантима.
јас сум веќе напраил компромис од мојата листа ...... боја на очи и на коса не ставам веќе у прашање тоа огромен компромис е, па у везе другите работи - компромиси не доаѓаат у обзир п.с. хмммм 3 цм викаш а? а со другите критериуми како стоиш?
Спојлер Спојлер Жими икс-мен што си кажа за каква девојка фантазира - без навреда пријателу, ама дел од твојот пост содржи и сарказам, зар не?! Ај сега вака за болдираниот дел да ти појаснам нешто - Не спомна карактер но во твојот претходен пост каде го посттави прашањето имаше дел цитирам: девојката која би им го украла срцето, девојка со која би планирале иднина - токму за оваа реченица спомнав и карактер, не верувам дека некој би планирал иднина со девојка само затоа што изгледа слатко или провокативно, битен е и карактерот.....кога веќе бараш одговор на прашањето во каква девојка би се заљубиле и би планирале иднина, неминовно е да се спомне карактер. - Од 10 различни слики на 10 форумџии ти би донесла генерален заклучок за целиот машки род, дали тој сака слатки или провокативни девојки. Учев статистика едно време, се избираше случаен примерок кој се испитуваше, па според тоа се донесуваа заклучоци за целата маса. Ова така некако ќе му дојде, но јас по ова прашање не би одела со статистички примерок, едноставно во вакви ситуации може да има премногу исклучоци од заклучокот кој би го донесле при испитувањето. - На крај бидејќи стрикно те интересираше слатки или провокативни те насочив кон темата vrski/slatki-vs-provokativni-devojki-t2508/ Ахам, јас читам и потоа коментирам и давам свое мислење, така веќе 2 години на форумов функционирам поздрав
Јас пред извесно време се смирив со дечко ми,бевме раскинати, пред смирување на скајп ми го каза следново:„... Pred nekoj den ili nedela piev so eden postar od mene.....mi kaza nekoj rabote moze u pijanstvo ama pa nekako mi go razbistri pametov....i iskreno na muabetot so mi go kaza mu rekov deka aum imal samo edna osoba so mozem da,se potprem na nea I sfo za sve bi me razbrala a toa si ti...i mi rece ako postoi takva oaoba za mene deka gresim ako ne napraem so I da e za pak da aum so tebe... I iskreno od togaj uste mialim so da praem.." „..и ова I nego mu kazav I tebe ce ti kaEm pak deka ako bi sakal da sum so nekoja toa e nekoja so ima razbiranje sprema mene I so bi me poddrzala u sve a osven tebe druga takva ne poznaam.." и се смиривме ама не се гледавме и се испокаравме за тоа,после тоа ми објасни дека има домашни финансиски проблеми ама ми рече дека ќе пробал да се гледаме секој ден ама ништо не ветувал, и не видов никаква промена. Денеска го прашав што е работата дали проблемот сум јас ми рече не дека не сум проблемот дека он е проблемот дека на прво место му се проблемите да ги реши а се друго споредно било за него и дека у случајов ја само се измачувам заради него,го прашав како да му помогнам ми рече дека не сум можела да му помогнам. Би сакала некаков совет од Вас. Кога е на работа не се гледаме и оправдано, кога не е на работа или е дома или со братуцед му или со другар му. Со мене не е,а ми се јавува. Не сум паметна доволно,стварно не знам што да правам,а го сакам.
Пробај со разговор да му објасниш дека како партнерка, сакаш да си крај него и во убави, и во лоши периоди, како сегашниов за кој тој ти вели. Дека ако не можеш конкретно со некоја дејност да му помогнеш, дека можеш секогаш да го ислушаш, да бидеш 24/7 достапна за него со твојата морална поддршка. Ако и покрај тоа тој реши да е повлечен околу проблемот, дај му некое време со тоа негово однесување и види дали ќе има подобрување на ситуацијата. Во спротивно, ќе му кажеш дека додека не е на чисто со тебе што е и како е работата, не можеш да си сигурна за вашата иднина. Среќно!
^^ А овој Тетовчанец ќе да е ? небитно аман друг пат немој со дијалекти поготово вакви зошто некои зборови ги препрочитував Он топик ... Сака пријателка или сака женска прашање е сега ... Сака да те откачи ама не знае како . Веројатно не му се потребни 50 евра да одите на фенси места со вечери или ручеци . Ако се сака се може на пример прошетка (бесплатна е ) Муабетов е дали сака а нејќе !
Збунета, а ќе ги замолам најучтиво и сите останати, кога пишувате нешто - дајте ве молам што помалку дијалектизми (иако за овие и не ми е толку проблем) ама имате точки, запирки, големи букви, почеток на нов пасус - притиснете ентер, навистина немате поим колку тешко е да ве чита и следи човек. Ако се друго отиде јабана барем да ни остане основната култура на пишување и изразување. А ко второ, како очекувате некој да ви даде совет кога едвај ве разбрал што сте кажале? Јас ништо не те разбрав, онака....маргинално. Како ти иделе мислите така си пишала. И искрено морав 4 пати да те препрочитам Не знам машко што ќе ти каже на ова но јас ќе ти кажам што си мислам јас - ако одбегнува да те види, не сака веројатно да е со тебе. Веројатно - затоа што во позадина не ги гледам неговите проблеми. Можеби ѕвездите се во лоша констелација, а Јупитер влегол во интергалактичка војна со Марс и сето тоа го спречува да биде со тебе, но мое мислење е, дека не знае како да ти каже па малку те мота и избегнува да се види со тебе. Некој кој сака да те види зарем нема да направи нешто за да те види? Едно кафе не го кошта ништо. Впрочем ако некој се чуствува пријатно покрај некој друг, ни проблеми ни Свети Димитрија нема да го спречат во тоа да биде со тој некој. Не очекувај многу од ова и живеј си го својот живот давајќи им шанса на други можности. Не се резервирај себеси само за него кога гледаш дека суштински навистина не прави речиси ништо за вас двајцата
Добро де, Збунета си направила само копи пејст на неговите искази ... не е на одмет и да читнете неколку реченици од некој дијалект. Збунета, дотичниов е нестабилен. Не знае ни сам што сака. Дај Боже да му е само таков период. И да разговараш со него уште неколку пати верувам истото ќе ти каже, а ништо нема да превземе. Затоа мој совет и да си ти порелаксирана, да се дистанцираш од него. И да си го живееш животот без очекување дека еден ден ќе се случи она што посакуваш со него. Не викам дека не треба да комуницираш ама остави на него. Ти си направила од твоја страна што треба, сега ред е на него ... ако сака и ако треба да е со тебе се ќе направи за тоа да се случи. Затоа дај си шанса на себе и на својот живот во прв план.
Момци ме интересира една работа кај вас ... Колку е нормално, после една врска, колку и да сте во добри односи со бившата(Ама да е на јасно дека нема веќе шанси за да бидете заедно.) и уште да ја сакате, да сакате да побарате утеха во друга ? Ваквото нешто стварно ми е чудно. или навистина барате утеха .... Или ... Одвај сте чекале некоја шанса да искресне ? Не ми е јасно во такви ситуации како на некои машки им е дојдено до друга ....
Исто како што на некои џенцки им е дојдено до друг, пријателке. Најчесто, се работи за два типа на сценарио, кое важи и за двата пола, односно: 1. После врската, сака емоционално да закрепне и повторно да се стабилизира, па личноста си посветува време исклучително на себе, „немајќи време“ за никој/а друг/а... Се посветува на секое друго поле (приватното, образовното, професионалното, социјалното...), освен љубовното; 2. Го применува принципот „клин со клин се избива“, барајќи друг/а партнер/ка, надевајќи се деќа во некоја од тие шанси ќе се позлати и успешно, со помош на нова љубов, ќе ја преболи старата. Е сега, колкава е можноста за нешто такво? Зависи од емоционалната стабилност на личноста, која пак зависи до одреден степен и од минатите искуства во врските, нивните (не)турбулентни текови и краеви, како и (не)разнишаната самодоверба.
Јас сакам да ве прашам нешто...има едно дете кое го свиѓав онака од поодамна...и имаме заеднички другар (кој ме свиѓаше мене,незнам дали сеуште ме свиѓа) и така почнавме да застануваме и понекогаш си седевме заедно (не сами туку со овој заедничкиов другар и со другарка ми)....баш се сеќавам после една вечер откако седевме заедно се вратив дома и одма се уклучив на фемина за да го напишам муабетот со детево..еве ќе се копирам : Уфф вечерва едно машко многу ме замисли...одамна некој не ме замислил волку...зарем сеуште постојат вакви машки....дечково е многу значи многу убав и имаше женска една ич неубава незнам кај ја нашол со која одеше 2 години...и сеа пред некое време се скарале и оваа по една недела откако се скарала со него си фатила друг дечко...ама сегашниов дечко и е.....грд грд,една манијачка фаца шо ја има гнасна,им пишува на пола град и мене ми пишува,има една девојка од друг град останата трудна од него а вој ни и се јавил ни да ја праша како е како да не постои оваа труднава (ако не се породила веќе ) незнам што да кажам за човеков... Ама овој убавиов се убаво кажуваше за неа...вика топ личност е, се гледаше дека сеуште ја сака многу и дека му е ептен криво што раскинале...кажа дека цело време и погодувал се нејзе да и биде таман она како што сакала...и сеа оваа смрдлава само по една недела откако раскинале си фанала друг дечко( и тоа дечково е манијак,педофил невиден,и како што кажав има оставено трудна девојка а воопшто не се замара со тоа како да не се случило)...и сеуште не ,ми јасно како можела да остави оваков дечко за еден мршник И уште се мислам како детево (убавиов) зборуваше за неа и покрај тоа што знае дека можеби го изневерувала додека одела со него...мислам додека зборуваше и мене ми падна жал...ама ај он си заслужува многу поарна и тоа му го кажав 100 пати...и да да напоменам дека се заљубив у детево откако го слушнав како зборуваше ...предтоа ми беше симпатичен ама сега дефинитивно тргнав по него ...се надевам дека и јас ќе му бидам женска па после он ќе зборува овака за мене ...или пак да си најдам некој таков како него иако не верувам дека ги има многу....ќе треба ептен да се потрудам за да си најдам некој оваков. И сега убавиов после мноооогу долго барање на фб конечно го најдов,го аднав,ме прифати ми пиша...онака општ муабет сии теравме...и прееска ме праша дали ке сум сакала да испаднеме некаде по кафичиве...е тука ме замисли детево,бидејќи нели сепак ќе бидеме сами ние двајца испаднати во град и по кафичите...знам што имам неколку другари обично кога сакаат да направат нешто со некоја што не им е толку битна не сакаат да испаднат низ град со неа односно не сакаат да бидат видени со некоја женска што не им е баш битна,само за онака што им е ...и сега сакам да ве прашам дали со овоа испаѓањево сами низ град треба да го сфатам како детево дека можеби сака нешто поозбилно освен едно мување или...? Спојлер Инаку тоа од СДК морав да си го ископирам оти тогаш кога го слушав како зборува се чудев како сеуште постојат такви машки (сеуште се чудам),а баш и тоа се прашувавме со другарка ми кога си одевме накај дома....многу не замисли детево
julie77 комуницирав со дечково и како што велиш ти пак исто, ми кажа дека проблемот не сум јас дека проблемот е самиот он. Као наводно сакал да биде со мене, но ради тие ред проблеми што ги имал финансиски не бил во можност да мисли на ништо друго. Побара од мене да го заборавам и да си запишам во главата моја дека он не е за мене. Ми посака се најубаво и ми кажа дека сум супер девојка и дека секој би посакал таква девојка како мене. Воедно ми кажа дека он самиот сака да биде со мене и дека пробал да се промени но залудно. Ми напомена дека му е страф да не ме зезне во иднина а најмалку тоа сум заслужувала. Побара од мене да фатам друг дечко дека така ке сум го заборавела и да сум многу многу среќна и за него да не ми биде воопшто гајле затоа што не заслужува, затоа што е идиот. Аууу луге ептен ми е тешко....
Сеа се дистанцираше или комуницираше? Јас мислам дека типов претерува, сака да ти наметне на тебе грижа на совеста, демек јас те сакам ама неам доволно пари за да те сакам повеќе. Нешто мати типов, а кој им ја мати водата на коњите ке покаже времето. Немој да го препрашуваш, кажи му дека И КЕ СИ ФАТИШ ДРУГ не планираш да те мотка некој нестабилен цело време...Немој да цимолиш кажи му на културен начин да се откачи штом не знае што сака, да не те збунува и кажува некои патетични изговори.
Типов, ми кажа дека кривицата ја наога кај него и дека сака да сум среќна затоа као ме оставал. Стварно не знам што да мислам...
незнам во кој град живееш ни какви се луѓето таму. ама чим викаш дека така прават останатите машки можеби и ти си си му се допаднала на дечково. Прифати ја шансата, можеби ќе бидеш пријатно изненадена
И да ве известам дека ја прифатив понудата за вечер да се видиме иииии овоа ќе ми биде првпат да испаднам со машкоо ...и кога му реков да,дека сакам да излеземе ми вика лелее многу сум насмеан сеа,ептен сум среќен вика да имав камера ќе ти пуштев...мене ми изгледа како многу добар и фин дечко и ова го заклучив според тоа што го напишав погоре како зборуваше за женската и како што кажав неколку пати имаме седено заедно и онака малце срамежлив е (се надевам дека нема да биде многу срамежлив вечерва оти ќе го зашамарам )...ни пуши,ни пие што мене многу,ама многууу ми се допаѓа кај машките ...и такаа па ќе видиме вечер што ќе се случи и може уште некое машко од форумов да ми даде одговор на прашањето поставено во минатиот пост