Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Со среќа CIA убаво да си поминете вечер

    А на твоето прашање , мислам дека сама треба да си одредиш , што му е целта бидејки може да му биде мување и запознавање , или само запознавање па мување на други состаноци .... или трето ....

    "и сега сакам да ве прашам дали со овоа испаѓањево сами низ град треба да го сфатам како детево дека можеби сака нешто поозбилно освен едно мување или...?"
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.065
    Готово. Нема мислење, туку делување. Прифати тоа што ти кажал и покажи свое јас. Терај понатаму.
    Него стави го некаде во фајлите на заборав, толку. Ќе се појави друг, која ќе знае да се избори за тебе, себе и за љубовта. :)
     
  3. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    И да ви кажам еве сеа пред малце си дојдов и онака вечерва си правевме муабет општ и не се случи ништо...и еве на фб ми вика сакам да те прашам дали ќе останеме другари или..? и јас му реков дека ќе видиме и такаа...ама морам да признаам дека не сакам сега на овие години дечко да си фаќам,имам време за тоа ама детево е многу добро,ептенн...и сега во мисла ме стави оти ако ја пропуштам шансава знам дека пропуштам една многу ама многу добра шанса,а од друга страна стварно не сакам дечко да имам :worried:
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Не те разбрав баш... ама ако несакаш дечко тогаш продолжи да си се дружиш со типов и види како ќе се одвиваат работите, неможеш да изгубиш ништо :)
     
  5. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Па сакам да кажам дека типов ми се допаѓа,посебно неговиот карактер и како што кажав ме праша дали ќе останеме само другари...е сега тука е проблемот бидејќи јас не сакам дечко на овие години ама па знам дека ова ми е многуу добра шанса бидејќи детево е супер...инаку ќе испаднеме пак и тогаш можеби ќе се смуваме ама мене ме фаќа страв од самата помисла на тоа бидејќи до сега со никој се немам смувано :worried: :lol:
     
  6. leonoraa

    leonoraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    здраво дечки на сите секогаш кога имав потреба бевте тука се надевам дека и сега ке ми помогнете :( имам дечко во сабота правам свадба а јас пак плачам секој ден :( со дечко ми имавме многу проблеми имав многу навреди од негова страна што јас се одалечив од него и почнав да контактирам со еден преку интернет но нашето прерасна во нешто многу повеќе од другарствоо со негоо мислам дека се залубив и тој во мене тој знае ја знае мојата ситуација и спремен беше да бидеме заедноо но под притисок од најблиските се омажив на 03.09 на 04 .09 ме фати мажот како зборувам со него не телефон ме удрии таа вечер бев не болницаа лежев но пак ме вратија кај негоо и ако има 2месеци јас не можам да дозволам да ми се доближи уште мислам на негоо тој сегаа почна да не ми збории ми велии да не си правам проблемии самата себеси неговото семејствоо не сакат да биде сооо мажена жена но ние сепакк двајцата патиме јас сумм со човек што не го сакам ии не знам какоо ке продолжам понатаму //пишував тука и пораноо но сега сакам да слушнам машко мислење за мојата ситуација тојј што го сакам сега ме избегнува не му дозволуватт да збории си мене воопшто понекогаш мислам дека сите тие поминатии работи беа лажни и тогаж ме фаќа лоша мисла што сакамм да го завршам мојот живот ..
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    А како правиш свадба во сабота, ако во септември си се омажила? :^)
     
  8. leonoraa

    leonoraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    не правам свадба во сабота се омажив на .03.09.2011..
     
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.065
    Пак бараш совети за истава приказна?? :^) Мислам ... вистина или лага, многу си ми девојче конфузна. |(
     
  10. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Е сега мажена си или не си ? :^)
    И многу ти е конфузен постот ништо не те разбрав, дај користи голема буква, точка, запирка, нов ред, нов пасус ...
     
  11. mona.liza

    mona.liza Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    47


    ЕВЕ МОМЦИ ПОПРАВЕН Е ТЕКСТОТ. ПОМОГНЕТЕ И НА ЛЕОНОРА .....
     
  12. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.691
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Jaс сум во двоумење како да се поставам со некој кој е убеден дека женско неможе да го промени.
    Според мене,тоа е типична машка карактеристика,демек јас сум таков цел живот и не се мењам.Ама во суштина,тоа го прават само најранливите машки,и сакајки да се заштитат од затрескување на 22 години и врска,наговестуваат дека нивните навики неможеш да ги смениш. :fubar:
    Тој е човек,со кого судбината страшно си има поиграно,и е останат без родители,иако се останато од образование,пријатели,излагања,шетања по светов,коли,облеки,значи се има,но најважното го нема од мал,и мислам дека го има изгубено и чуството за љубов и сакање.Се прави ладен и те доведува до лудило од тие негови тактики,дури се чудев колку умешно го комбинира сето тоа,но проблемот ми е што знам дека на индиректен начин треба да дејствувам за да му искоренам некои навики,ама незнам преку какви конкретни потези.Непланирам да го трансформирам,го прифакам со маните,но некои ладни човечки недостатоци,сакам да ги сменам.
    Незнам колку бев децидна и колку добро објаснив,па ако некој ме разбрал и знае како,очекувам совет. :)
     
  13. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Да те прашам вака едно прашање....Што е со девојките и потребата да мењате некој? Да го спасите од самиот себе? Потребата да смениш некој - не е врска....Или треба да кажеме и да дефинираме што всушност значи врска? - Значи со безброј примери - девојките се со дечковците и објаснување е како они ги сакаат, но намерно не сакаат да се сменат за да ги повредуваат, за како што кажа ти -ДА НЕ СЕ ЗАЉУБУВААТ, зашто биле повредени, зашто ова, зашто она, всушност цело време кукате, се нервирате од дечкото зашто да бидеме реални - НЕ ВИ ГО ДАВА ТОА ШТО ГО ОЧЕКУВАТЕ И ПОСАКУВАТЕ, но упорно сте со него ЗА ДА ГО СМЕНИТЕ!!!!!!!! Епа НЕМОЖЕШ !!!! Незнам како не го гледате тоа и не можете да го разберете....Има милијарда луѓе кои што се ЛАДНИ, кои што не покажуваат чувства, едноставно ТАКВИ СЕ !!!!! Не се мењаат и тоа е тоа, без разлика ти што и да праиш....Врската не е да мењаш некој - туку да го прифатиш каков што е....А ако тоа не ти одговара- значи таков човек не е за тебе, ама за некоја друга ќе е перфектен зашто и она е таква!!!! Како сакаш сфати го ова, јас само сакам во целава дрскост да ти дадам машка перспектива како стојат работите и дека нема нешто што не нервира повеќе од коа ќе кажеме дека не се мењаме, дека такви сме, а упорно некоја ни вика дека можеме и што е најсмешно не убедува дека ОНА МОЖЕ да не смени....Тоа е толку иритирачки - немаш претстава....Затоа што ние сме сосем задоволни со тоа какви сме, супер ни е и нема потреба да се мењаме....Ако некоја девојка има проблем со тоа - немора да е со мене, зашто не и одговарам....Ама затоа има друга која што ќе е иста таква како мене и нема да ме НАПИЊА цело време, и со неа ќе можам да си бидам природен и БАШ тој што сум...

    Извини за дрскоста, ама подобро вака за да може да ти влезе нешто во глава дека НИЕ НЕ САКАМЕ ДА БИДЕТЕ ХЕРОИ.....Не ни треба никоја да не спасува од самите себе, зашто пред се - НЕ НИ ТРЕБА СПАСУВАЊЕ....А за вас тој трофејот - јас ќе го сменам - ќе е неисполнета мисија, зашто ти ќе се заљубиш бидејќи јас нема да се сменам, ќе се трескаш од земја, за да на крај јас испаднам идиот зашто сум те остаил....

    Тоа се работите од машка перспектива....Може не е тоа што сакаше да го слушнеш, ама тоа е од мене...Може некој друг од дечкиве ќе има гледна точка која што ќе се согласува со твојата...

    позз
     
    На mims-89 и WildCherry им се допаѓа ова.
  14. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.691
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    ^Јас ке разбирам и без дрскост и препотентност,и нападен став,ама сепак фала на одговорот,иако морам да те поправам дека суштината не си ја сфатил.
    Јас кога би прифатила да сум со него,автоматски ги прифакам и неговите мани,тоа е врската знам,туку проблемот е во неговата осаменост долго време и изгубениот осет за љубов,а не било какви навики,на кои алудираш ти.Тоа ладното не е дека е таков,бидејки кога ке се опушти е сосема друг,и признава некои работи и е мн отворен и пријатен,но во поголемиот дел нешто како да го ограничува и стега,и си мислам дека причина е што му фалела друг вид на грижа и внимание,и се плаши.Јас тоа сакам да го сменам,односно,да го ослободам од тоа чуство на ограниченост и страв од блискост и љубов,поинаква од таа пријателската со која израснал.
     
  15. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Едно прашање за членовите од посилниот пол на форумов.. Во скоро (заради склоп на околности) почнав повеќе да комуницирам со тип што, да кажаме го знаев само како појава и име што го слушав често зашто некои од моите другарки се знаеја со него. Не се работи за потенцијален кандидат, меѓутоа ме интересира мислење за тоа што уствари му е намерата :) .
    Во цело друштво каде збориш со сите, ајде да не остане господинот покусо и со него онака се поздравував.. Почна вечерта кога бевме излезени нешто да ми префрла, као сум му зборела само кога сум била под гас а на трезно друга прича било.. нејсе, ми одеше на нерви што ми префрлаше за блесави ствари и рачунав дека доколку игнорирам секаков обид за контакт, ќе се повлече.. Грешка бев. :) ... ме аднал на фејс, не го прифатив и видов дека го тргнал барањето за пријателство. После се деси на еден одмор, зашто сме у иста смена индиректно као - Прати и поздрав на женскава/ Го загледав и му искоментирав нешто у стилот дека не му се важи ако не е директно и ми врати нешто со иронија и од тогаш сум решена да не комуницирам со него, башка што ништо посебно не ме поврзува со него, освен друштвото и тоа шо од култура се поздравував. Одамна слушав дека не е баш посакуван во друштво, али ете некако се упика овде. Вчера нешто пак почна со тоа - Се знаеме ? :wasntme: и демек, ти си нешто многу важна шо не ми викаш чао, многу издигано па кога ќе се спуштиш на земја, ќе збориме.
    И не ми беше јасно од каде вакво понашање, толку да ме провоцира кога ете тазе ме запознал ОСВЕН ако претходно немал нешто чуено за мене или од проста причина што се знае со еден мој бивши па од таму да излегува цела работа ???? Ме иритира ненормално многу, посебно што кога го прашав чисто онака со нормален тон што сака да постигне со такво понашање и дека не ми е таква нормата кога се запознавам со некој.. :^) Демек сум била ептен буквална, сум сфаќала се озбилно и блабла, а најмногу ме тангира зашто такво понашање ???? дали е поради тоа што си праеше некои муабети со бившиот (дури бев со него на почетокот, демек многу сум била напорна, многу бавно му идело со мене зашто не ја убрзал малце работата..) а со него лошо прекинав, па да не ме тестира на некој начин... НЕ СФАКАМ! :|
     
  16. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626

    На дечкото си му привлечна - се гледа од авион....Затоа така праи....Што праи 45 годишно дете кога ќе му се свиѓа некоја девојка? Ќе иде ќе и ја земе куклата :) така и ова......Него го повредува тоа што ти си максимално рамнодушна спрема него, што не покажуваш никаков интерес, па со начинов негов сака на некој начин да воведе хумор...Што јас го разбирам донекаде со провоцирањето, зашто преку провоцирање може да извлече реакција од тебе и да започне добар муабет - ако нормално ти си добра со смислата за хумор....Сум бил во вакви ситуации, кога девојката едноставно не сака хумор и тоа е тоа...Затоа на твојов проблем гледам вака, зашто многу ме потсеќа на таа ситуација. Дечкото сака да се запознае со тебе, а ти не му даваш никаков простор за тоа, па он на некој начин и приморан да бара решение.....Ако се запознаеш со него, да бидеш насмеана, ведра, нешто од типот - Кај си бе, шо праиш, те нема нешо, ова она - почни ти да го реметиш и ќе видиш како ќе е друг човек ;)
     
  17. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Ептен работа ќе ви се собере сега, ама морам и јас нешто да прашам. :D
    Колку време треба да се мувате со девојка за да решите дека сакате и официјално да бидете во врска со неа?!
    Јасно дека сигурно никој не планира точно колку дена,месеци ќе поминат пред да го почнат муабетот, али овака отприлика? Имено со дечково веќе месец и кусур интензивно се гледаме, излегов неколку пати со неговото друштво, скоро сите другари му ги запознав, седевме и во парови, бев кај него и тако даље, ама да ми спомне за нешто повеќе никако. Да напоменам само дека уште на второто наше гледање, он ми спомна као сакал женска за озбилно, а јас будала ептен бурно изреагирав, као јас пак дечко сега никако,само што излегов од долга врска.
    Не знам, тоа може го кочи, ама па затоа на неколку пати паднавме на муабет дечко-девојка,ау бау, мислам дека доволно му дадов до знаење, а еве, пак ништо. :?:

    Има ли простор за сомнеж дека е само авантура? Јас дефинитвно не би сакала да е така, ептен ми стана мил :(
     
  18. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Уф прашањево незнам како да ти го одговорам точно затоа што зависи од ситуација до ситуација....Имено сум стапувал у врска при ПРВО ИЗЛЕГУВАЊЕ И ПРВО МУВАЊЕ, а имало и случаеви кои што се терале со месеци и месеци и на крај ништо од врската....Затоа незнам како да ти го одговорам прашањево без да не ти дадам грешен одговор....Ако сакаш врска, најдобро е да му спомнеш ти...Ништо нема да изгубиш како и да е....Спомни му нешто како на пример - абе ти си размислувал за нас двајца за у врска? Or something like that ;)

    good luck :)
    Имав женска која што беше емотивно НЕДОСТАПНА !!!!!!! Значи чувства и емоции не покажуваше - колку и да се трудиш да го смениш тоа - НЕМОЖЕШ....И она признаваше - Знам дека сум таква, знам дека не е убаво и дека ти смета, ама таква сум, неможам поинаку.....Така да она беше свесна за тоа, не дека не беше, ама таква е.....и тоа е тоа...И он е свесен дека е таков - ама нема да се смени, без разлика ти што и да праиш.... :doh:

    Модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај.
     
  19. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49

    Мистери, изглеа и после бурна саботна вечер уште имаш батерии да расправаш женски заврзлами овде :D .. фала во секој случај, ќе пробам да го применам ова.. А не знам дали ќе е до смислата за хумор или тоа шо е другар со мој бивши па намерно е се ова, он да нема ништо лично со мене. На таа тема ме боцна вечерва.. Му викам - Имаш дарба да ги гаѓаш луѓево у нервот, ти има некој спомнато ? / и ми враќа - И јас тебе ќе те прашав нешто дали некој ти има кажано, ама друг пат (баш во моментот кога се разминувавме со бившиот!!!!) Јас ке бидам поопуштена со него нареден пат, него дилемава ми е дали сум ептен озбилна, намќор и буквалиста полна со ароганција по негово, или зашто едноставно одбивам да му спуштам капа па затоа е целиов третман ?!
     
  20. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Јас мислам дека е првово...Дека си премногу буквална и арогантна...Може сум грешка, ама сепак мислам дека е тоа....Пробај малце поошуштено, позабавно и мислам дека ќе ти се смени перцепцијата шо ја имаш за типов :)