Нема потреба од менување ни ти ќе можеш целосно да го смениш. Ама можеш да го омекнеш и да може барем на моменти да си ги искаже емоциите. не верувам дека е имун на нив. Човек од крв и месо е... Како? Така што ќе го прифатиш како таков, ќе бидеш пријатно спонтана со него, љубезна но со мала дистанца. Нормално не смееш да му се наметнуваш да го гушиш. Полна со доверба и љубов и грижа. Ова секаде успева па и кај нај тврдокорниот човек.
Ако е израснат без родителска љубов него му фалат делови од психата и одредени чувства кои ти на за 1000 години не можеш да му ги надокнадиш. Таков е израснат и таква му е веќе оформена психата, недостатокот на љубов како дете НИКОГАШ не се поправа. Може да се маскира и делумно да се неутрализира ако е личноста свесна за тоа но да се надокнати НЕМА ШАНСИ. Имам таков случај во блиска фамилија, не се труди тоа што му фали од чувства му фали, ти нема да му ги дадеш ако он ги НЕМА. Освен тоа на 22 што очекуваш, да си ја знае својата психа во детал, па мене на 30 уште некои работи не ми беа јасни. Ако ти е ваков ок, биди со него ако не барај друг. Родител од минато освен ако не си му и девојка и мајка и татко истовремено (што не ти препорачувам во никој случај) не можеш да му надокнадиш а и така не е сигурно дека ќе успееш.
Можеби не може девојката да го промени и да му ја надокнади изгубената и недобиената родителска љубов.Тој тоа не го ни сака.Мила девојко тој се плаши,се плаши да се врзи со некого.Тешко е кога некој е во таква ситуација кога буквално е осамен во душата и нема никого,и на некој начин е различен од тебе.Се плаши да ги покаже своите чувства(а кога тоа ќе се случи тој ќе омекне кон тебе)за да не се случи ситуација во иднина пак да остане сам,скратен од твојата или љубовта на девојката која ќе е со неко и кон која ќе се отвори.Треба да го разбереш и да бидес трпелива,полека полека да го освојуваш и омекнуваш неговото срце,да ја добиеш неговата доверба и да му покажен дека може да е сигурен во тебе.Верувај не бара тој да изигруваш ти негов родите,да му ја надокнадиш ти љубовта и да му бидеш девојка истовремено,Тој само бара сигурност,доверба,бара да почувствува љубов.Тешко е да допреш до неговото срце но биди трпелива и упорна доколку искрено го сакаш а ако не си сигурна во своите емоции ти советувам да не се ни обидуваш зошто саму усте повеќе ќе направиш да се затвори во себе и да ги зајакне размислувања и ставот кој го има кон девојите и љубовта.
^^^Мона лиза,најблиски сме во размислувањата.И јас мислам дека само упорност ми треба,дека ке ги сфати и моите намери и ке се запознаваме обострано со секој изминат ден.А и советите кои ги добив,се сведуваат на истово. Фала на советите дечки и на подршката,ми помогнавте и усмеривте,фала ви уште еднаш.
Морам само уште еднаш да те потсетам ........ доколку искрено го сакаш направи се да му се доближиш но ако не си сигурна во себе и своите чувства немој зошто како што ти кажав погоре уште во полоша ситуација и со уште полоши размислувања ќе го оставиш. Поздравче,среќно и внимателно мила!
Е значи многу ми треба машко мислење во моментов. Има еден дечко многу ми се допаѓаше уште пред некое време, но некако не добивав од него вибрација дека има помеѓу нас некоја искра... И пред еден месец. заприметив дека ме зјапа. Ама знаеш ок еднаш се случи, ништо страшно. После неколку дена пак го заприметив дека се гледа, ама ајде пак викам не е ништо. И веќе ова се случува еден месец.. не е само еднаш! Со типот не правам муабет, најчесто кога се гледаме јас сум со друштво , а и он исто. Она што ме интересира е дали вие машките доколку има некоја девојка што ви се допаѓа ќе направите се за да стапите во контакт со неа ? Навистина многу ми се допаѓа , ама не знам како да започнам да разговарам со него, не сакам јас да бидам таа што ке го направи првиот чекор...
А зашто несакаш ти првиот чекор, дечкото изгледа е срамежлив ... ако ти се допага и тебе и он ти дава знаци дека сте на истио автопат , зашто не преземеш ти нешто ... он можеби мисли дека нема никакви шанси кај тебе , можеби мисли дека друг сакаш или милион други работи како ке започнеш разговор на најлесен начин Боц , Боц ,Боц .....Чет ... Кафе.... Љубов
Ме изнасмеа Епа и јас помислив дека е дечкото срамежлив пошто секогаш е во машко друштво и го немав видено со девојка да разговара, ама И тоа го видов..и тука кога видов како се смешка со неа сфатив дека не е срамежлив. Ако може со неа, може и со мене ( ејј женски инает, ама како ми се споија жичките. А за боц боц ми текнало ама нема фб ЗАМИСЛИ! Пак не ми одговори на прашањето дали сметаш дека доколку некој дечко свиѓа девојка дека ке направи се да се запознае ? Директно или индиректно
Многу повеке од сигурна сум за моите постапки,бидејки на почетокот бев ужасен скептик.Он е дел од едно од појаките друштва ако не и врвот во градов,и во почетокот незнаев за неговата приказна,а и другарките ме советуваа да не паѓам на неговите провокации и доближувања,бидејки се типични за мангупско понашање.Ама мене сето тоа,(таа ладно-топла коминикација) ми беше привлечна,и непланирано се зближивме(живееме на иста улица ,а не сме знаеле),и се допишуваме,слушаме,искочивме по тренерки ко демек на цигара две,па се шлаевме до 5 сабајле низ градов,и го приметив дека се зближи и полека се отвара и 2та ги сменивме нагло мислењата еден за друг.Во вторник официјалнио ке искочиме,далеку од сите другарки и другари,па којзнае.Мислев дека друштвото и тој начин нивен,се причина за негото понашање и го сметав за идиот,а вака се повеќе гледам дека се крие чуствителен дечко,кој врска нема со изгледот и првичниот впечаток.Ке пишам за некое време до каде сме стигнале.
(Тоа што се смешкал со некој ништо немора да значи) *Индиректно ДА ДИРЕКТНО зависи од дечкото и неговиот срам
Како да се однесуваш со личност која бара од тебе пријателство ПО СЕКОЈА ЦЕНА а ти го сакаш,се надеваш дека ке бидете заедно пак а веке следниот ден гледаш дека се ставил во врска со некоја девојка. Ве молам не сакам да ме критикувате дека не сум ве слушала,тој секогаш ме бараше а сега ова ми остана како кнедла во устата. се договорив со него да зборувам во Среда за некоја работа а сега не знам дали да го побарам за да му ги кажам информациите. Ако сакате критикувајте ме,ама се обидов да го избришам од секаде а тој успева да ме намами по 5434786 пат.Пљукајте ако треба ама денес не сум добро
Значи бившиот те повредува по којзнае кој пат ти и понатаму имаш комуникација со него и дозволуваш да си игра со тебе Ти викаме понастрана - пак се вракаш на комуникација Ти викаме не го повредувај твоето срце со надежта - ти тоа го правиш и ете гледаш колку му е гајле за вашата врска = си нашол друга Ти викаме да го избришеш од животот - на првиот негов повик креваш барал по секоја цена пријателство.... и мајка ми бара по секоја цена да направам нешто ама не го правам оти тоа е МОЈ ИЗБОР не НЕГОВ У среда сакаш преку телефон , преку фацебук у живо ... дај информациите и оди си ... или ке се завиткаш во неговата мрежа ... Само мислам дека џабе даваме совети кога не ги приметуваш ....
Јипман да напоменам го избришав од секаде а тој ме бара?Јас сум овде крива? Ми се жали,гледам да погодам ај да зборам со него од култура и на крај?Знам дека до некаде сум крива ама јас го бришам тој ме бара.Знае каде живеам,би можел да дојде кај мене,а е таква луичност кој може да го направи тоа. Сторив колку можам,бегав,се криев,а последниот пат кога една личност во живо ми кажа за да се помирам од форум е решив да се помирам.Се вракам дома гледам ме одблокнал на фб и ми пишува.Да бидеме пријатели му реков да прави што сака дека од мене нема да има ист третман и се уште го немам прифатено туку денес го блокирав. Се жалеше не му одело бла бла бла а јас му давав надеж да се бори за да не примети дека се уште го сакам.И на крај?туш. Значи не ја имам само јас овде вината
мое мислење е дека си му резерва и штом осети дека те губи пак се појавува и ти дава некоја си надеж која очигледно тебе повторно те активира и е наведува на филмчиња мислам дека чека тој прилика на друга страна и на краојот ако таму ниш небидне да те има тебе
Ова ке звучи строго ама не е све мед и млеко Не ти ја имаш вината ,Ти го избриша од секаде и он те барал а ти од Култура си одговорила на неговите повици кога некој те повреди многу , и кога ке го избришеш ... се мисли на никаков контакт наредни месец дена додека чуствата се оладат знае кај живееш , и полицијата знае он каде живее па не му одело и ајде пак назат .... кога ке му оди , тогаш ај пријатно Edit : Култура = НЕ , Љубопитност = ДА
Да напоменам дека врската му е од денот пред да ме одблокира.Си мислев ај може е заебанција како и многу на фб ама...не е така.На почеток ми беше сеедно ама кога го видов ова се шекнав. Ако му кажев не сакам ке го бараше брат ми бидејки се познаваат,ако му одговорив добро пак ке беше исто. Вчера му реков една работа која му падна тешшко и сфати дека згрешил и се извини.Сега после ова што да правам?Нема да одговарам.Што ако дознае брат ми?Не можам никому да кажам,мајка ми не ме ни разбира.
Ај сега само малку логика, види ги болдираните делови Го избришав, ама не после всушност тој те избришал.....па сега те вратил и на крај ти си го избришала. Погоре прочитав дека немаш храброст ти да го избришеш зашто после ќе сакаш да го вратиш. Реков јас требаше некој шамар да ти мавнам, ама тебе памет не ти доаѓа.....убаво викаат не слушаш совети. Кога некој или нешто те повредува нема да бидеш културна. Можеби малку сурово ќе звучам.... Мислиш него му е гајле тоа што ти се обидуваш да бидеш културна и да направиш муабет кога ќе те побара? Зарем мислиш дека тој тоа го сфаќа како култура? Беше дечкото културен со тебе и ти правеше муабет кога ти очајно го бараше? Не драга Пеликуна, тој тоа твое културно однесување го сфаќа како слабост, тој е твоја слабост и го користи тоа, манипулира со тебе и си игра сеуште. Твое си е до кога ќе дозволиш да се провлекува приказнава и да страдаш, до кога ќе читаме овде депресивни постови. Ова ти е неминовна фаза ДА, ама твоево се одолговлекува некако....
Пеликуна џабе се сите совети кога ти самата несакаш да ставиш крај. Да се решиш самата и да си ставиш крај и цврсто да стои на тоа нема да ти се случуваат вакви работи. Типот толку добро те научил да кога ќе му текне те бара, те моли, ти бара пријателство и што му душа сака во тој момент, едноставно знае дека може со тебе што сака да прави. ЗОШТО? Затоа што ти му го дозволуваш тоа и дозволуваш да влијае на тебе како сака. Се зависи само од тебе, зошто не разбораиш, неможе бре љубовта да ми е посилна од моето јас и од мојата гордост и самопочитување, кога гледам дека некој ме гази и си игра како сака со мене ќе отерам у неповрат и љубов и се. Каква е таа љубов на крај пак ако не те прави среќна? Јас неможам да те разбера, што човек ќе беше со вакво трпение и толку нерви да попушташ и да потклекнуваш на него секој пат кога на него ќе му текне на тебе. Колку ќе си дозволиш самата толку и ќе те врти типот како сака, а гледам дека дозволуваш прилично многу. Еднаш си му попуштила, си прекинала комуникација и се и при првиот негов повик ти повторно паѓаш и си даваш надеж дека овојпат можеби ќе бидете заедно, ама гледаш дека не е така и колку пати те разочарал типот. Ако се решиш овојпат цврсто да застанеш ан тоа дека нема да комуницираш со него на било каков начин па макар и ти доаѓал дома и плачел остани си на твојот став и не потпаѓај ни под разно. Ако е крај нека биде крај, затоа што во спротивно уште долго ќе се мачиш вака и уште долго ќе бидеш користена и манипулирана, а и не ми е јасно каде ти е самопочитта па што и покрај се ако типот ти даде шанса озбилна ли си дека би била со него после сево ова вртење? Освести се и помогни си самата на себе, ние џабе може да пишуваме до утре сабајле. Овој тип не те сака и кога гледа дека може што сака да ти прави големи се шансите и никогаш да не те засака ниту да те сфати сериозно, никој несака девојка без самопочит, а ти ја немаш!
Значи се изјаснив лошо ме одблокна и ми пишува,се уште го немав прифатено ама зборував со него.Не можев да го избришам целосно и да мавнам блок додека не откриев кој е проблемот а јас и тој имаме заеднички проблем со една личност која се труди да не скара одамна е тој проблем(тоа беше дента кога ме блокна инаку на скајп беше избришан и мсн)а на фб не можев бидејки јас бев блокната).Океј,сега го избришав од скајп и блок на мсн и фб,а на крај пак ако ме бара што да му речам?Бев силна пред него и му реков океј пријателче мило ми е за тебе,се надевам на одлична врска бла бла,значи не паднав пред него ами бев силна и му давав надеж да се бори. Ке издржам знам ама ми е страв да не најде начин пак да дојде до мене. мимс овојпат прекинав со него.Пред да го блокнам му пишав порака дека повеке не сакам ништо да знам за него и да не бара начин да дојде до мене.Трпев ама овој пат ми пукна филм.