Не се смеј него кажи ја тајната Него ја мислам дека во постот на срцекршачка има скриена српска реченица ".Puno se priča, a malo šta se zna "
Ја мисла дека ти Кршачке на срциња му направи ептен добра реклама на згодниот и неопходниот сопственик на нешто, па дури и на локацијата па и на годините, уште матичен од лична карта да ни напишеше. Не знам каков совет да ти дадам, изгледа сфати дека не е за тебе, па тогаш што бараш совет. а EDIT:се извинува, су утнала нешто, мислев на ДртиКуин сигурно типов дека ептен те бендисува па можда и повеќе од тоа, којзнеа можда има еротски соништа со тебе ноќе се шалам, штом те бакнува во образ, дошол те гушнал одзади, па и се обидел да ти "украде" бакнеж не ќе да те гледа само како пријателка, оди во напад додека е загреан и пробај да му ги откриеш вистинските намери, да не биде дека на лесен начин дошол до тебе, кога веќе се обидуваш нешто, бидете отворени еден кон друг, а не да си остане само на лапање ако од твоја страна има нешто повеќе, види, испитај, а ако не ти значи многу, си знаеш. Гуд лак!
Админи, дај редактирајте, веднаш се дознава кој е типот, па и профилот не му е заштитен, мераци. А Срцекршачка, друг пат пази што споделуваш, откриваш идентитети на форум кош што го чита цела држава, човек да зажали што те примил на курс/обука сеедно- не разликуваш барање број за приватни и за професионални цели, дај свести се веќе жити се.
Да ти е страв ако имаш бизнис или си јавна личност да поканиш девојка на кафе, следен ден идеш на фемина и те знае цела држава .
реков јас еднаш дека веке НЕМА да пишувам во оваа тема, ама незнам што ме предомосли споделив нешто со вас, вие кренавте врева и не му го открив личниот опис ниту идентитетот ниту личниот опис на типов(ако некој го пропознал, тоа е веке друго, од сега )
Не се лути срцекршачка ... слободно кажувај ги своите проблеми кој дајбоже да ги немаш, ке се обидеме да ги решиме наведеме на правиот пат само мислам дека повекето се нервираат бидејки , проблемите и прашањата кој ги имаш се за девојка од 13-14 год а не 26 год .... мислам со постови од типот ме лајкна ..дали ме свига...
Е значи срам да ви е на сите! И се нафрливте на Срцекршачка ко на кутре (ех да, помнам во една прилика и јас и пишав да не претерува со нејзините проблеми и сеа едно криво ми надоаѓа да не сум била премногу груба). И најинтересно ми е што тука се вели совети од МАШКА страна а ние ко коковчиња некои пррр пррр пррр која прва ќе пише, непрозвани си се јавуваме за проблеми. Жени бре! И со по некој чесен исклучок стварно и се нафрливте многу на Срцекршачка, а Рејнбоу - де малку толеранција, админ си, јбг, мораш да трпиш Вчера или кога беше, не се сеќавам, повикуваше на скролање во случај некого да не го интересира нешто, а денес изјавуваш како ти било здодевно да ја читаш. Па или скролај али изгледа немаш на избор баш а? Па и мене ми е здодевно да читам понекогаш нечии проблеми и безлични постови, па големото чудо па веќе, не викам тука на глас дека ми е здодевно или дека ќе скролам. Плус не сум модератор фала богу Срцекршачка, значи мила си и фина си ми вака, мислам дека немаш лоша душа, ама не барај знак во секое движење кое некој од машкиот пол ќе го направи. И внимавај малку со личните податоци У однос на типов што знам дали добро постапуваш. Само немој одма да отидеш за Сплит или за Бангладеш со првиот на кој ќе наидеш, ти се молам. Малку - помалку наивно и позрело настапување нема да ти биде на одмет. Па Јипи, да у право си, ама освен неа искрено уште колку такви проблемчичи има на темата - па не им се с’снуваме на сите подеднакво. Ехехеее.....
Пирамитке, не се проблем нејзините 14 или 35 години туку оставање на таков опис секој да може да го препознае типот . Значи јас утре ако и намигнам на Срцекршачка идам на фемина и сите ќе знаат кај работам, што работам, дал сум згоден или ружен итн итн . Затоа реков преска да ти е страв да поканиш женска на кафе од фемина не знаеш утре што ќе те снајде .
Знам ИксМен, затоа и реков Да се самоцитирам, а со ова се согласувам. Друга ми беше поентата за ова најмалку се фатив искрено. А дека треба да се внимава, треба, и таа треба тоа да го сфати. А чисто да ти срушам по некоја претстава, џабе ти е ИксМену - ти што и да правиш со цура утредента идеш бре на тапет до детали кога ќе седне на кафе со другарките и сите има да знаат се што се случило, од лапање да не речам до по некое промашено недепилирано влакно Не те мислам лично тебе де него генерално нали, кажано за сите мажи а изразено со второ лице еднина. Вака или така, секако ќе те дознае половина од женската популација За кафе никој нема да збори немај гајле, тоа не е интересно. If you know what I mean Проклети сме жените, проклети
личности како што е кршачка не треба да се сфаќаат сериозно, да им се замерува, да и се вика, треба малце полабаво. она си живее во земјата на чудата каде што сите ликови се измислени или случајни, така да нема опасност тука од откривање на нечиј индетитет. инаку ваков сличен совет побара и една друга феминка само не ми текнува која беше, кога и го прочитав постот одма ми се сврте у глава тоа
Тоа си го кажав чисто од членска гледна точка, нема врска со модерирањето Сакам малку да се свести и да созрее, треба понекогаш на човек да му се укажат некои работи за да може да ги сфати, затоа и темава е совети. Е сеа да, од машка страна, ама и машките ко што пишуваат во другана тема, па така и си пишуваме ние тука Ова твоево му доаѓа сите и се нафрлија, ај јас сеа ќе бидам фината, иако и ти си кажала што мислиш во некои минати постови. Јеаа рајт Инаку, Срцекршачка, стварно ти кажувам да гледаш посериозно и посозреано на работите, време ти е за годините. Ама ова најдобронамерно, како што и ти имам пишано во претходните постови. Кога бареш совет добро е и да послушаш некој.
Знам дека се си кажувате, тоа е прва лекција што ја учиме и тоа најчесто ог глава ни се крши (додека не научиме) . Е сеа ако те фали може и добро да биде .
Срцекршачка, маани го овој, дај омажи се за ДипБлу веќе еднаш, нели гледаш дека на чет само за брак ти зборе.
Знам дека сум ептен мала и дека може никогаш не ми одговорите, ама јас морав да прашам. Што мислат машките кога ке фатат девојче за г`з? (се изразувам некултурно, но во било кој различно формулиран контекс би го изгубило она, вистинското значење) Нема да лажам дека и се случува на другарка, пријателка, зошто ми се случува МЕНЕ! И тоа постојано и КОМПЛЕТНО ми ја унштува самодовербата. Не сум Меган Фокс, и баш затоа не ми е јасно! Тоа го прават мои соученици, а кога видоа и другите и тие почнаа. Значи имам проблем со цела (освен чудаците) машка популација од моја генерација. Не ми е јасно што мислат. Дали мислат дека сум (културно изразено) bitch? За ова не можам да зборувам, ама баш со никој! Се срамам да и кажам на мама, а и немам многу другарки со кои би зборувала на вакви теми. Фала кој го прочита рефератов. Ако не ми одговорите ќе сватам. позз
Со тоа сакаат да покажат колку се невоспитани,некултурни,перверзни и детинести. Добро не сфаќам што има женско да трпи за ти да си ги задоволиш манијачките изливи за секс?! Пушти си порно побогу,не е ни пристојно,ниту пак ќе оставиш убав впечаток на некого со тоа што женско ќе фатиш за газ. Не поштувам такво понашање од машко. Мој совет е да кажеш на педагог,класен раководител,директор, БИЛО КОГО!!! Затоа што ако му дозволиш да продолжат,ти ќе си знаеш за натаму...
Ако ти е убаво ништо не прави . Ако не ти одговара и допаѓа нивното фаќање за газ тогаш шамарот , за коса , за она доле или каде сакаш мавај . Мене ми се деси еднаш во осмо одделение еден да ме фати , имав такви како тебе во клас па мислеа и јас дека сум таква , па кога му дадов една меѓу нозе , ми се извинуваше 20 минути . Што мислат машките ? Дека си лесна . А тие што не те фаќаат не се чудаци него пар нормални деца .
Се согласувам,ама не се ни тие што ја фаќале ретардирани. НЕ ги бранам... Да,безобразни се,невоспитани и сето тоа што го реков погоре,ама дефинитивно не се пореметени. Туку,се дешава да се изгубиш на тие години. Јас сум на иста возраст со нив,па би требало да знам.
Таквите од клас што пробуваа да ме фатат за гз јадеа шамари и боксови. А дечковците што знам, некогаш ми било непријатно, ама некогаш и не. Мислам и да те фати и да не те фати, сите ќе знаат дека е првото и да не е, така да нема што тука После веќе во средно, тие работи се гола вода, никој не им обрнува внимание. А ти терај си како сакаш и како ти одговара, ако им се секираш на сите нигде не стигнуваш. Што би рекла баба ми: Позади добриот коњ, секогаш се дига прашина!