Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Полека другар, полека :D.

    Дали е или не е во депресија ни јас ни ти не знаеме, не сме психијатри а не секоја депресија е добродушна. Не велам дека ќе се убие јасно дека во 99% случаи фолираат ама на јавен форум пазам што пишувам и советувам.

    Кулирај, на гости кај жени сме ако сме некултурни ќе не избркаат :D.
     
    На srcekrsacka и Pelikuna им се допаѓа ова.
  2. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278
    ;)

    Јас само ја дадов реалната слика за ситуацијата, а и јас и ти сме свесни што е вистината и како ќе испадне на крај. ;)
     
  3. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    :) ај некое машко нека ми каже зошто морате еднаш во неделата да се правите MAжи? :D мојот дечко е цела недела супер предобар,ама еднаш неделно ми се занаша,последните неколку месеци имам забележано еднаш неделата мора да откачи и да ме скрени,мн е љубоморен не можам кај другарка да одам пола сат и ти вели прибери се,шо филм си тепа не знам,то вие на машите традиција некоја?? :D да не вадите од такт :D
     
  4. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Традицијата мора да се одржува , некогаш вие нас не вадите од такт , некогаш ние вас...

    љубомората како тема мораш да си разговараш со него лично .... дека ти пречи и да не му даваш повод да ти љубомори ...

    во врската е најважно разговор ..


    а за тоа што се правиме мажи .... пфф ти се молам да видиш ја како од 10 на "50" стомачни скокам кога ке помине згодна девојка , тоа ти е у крв неможеш да го остраниш :lol:
     
    На daddys.princess му/ѝ се допаѓа ова.
  5. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    93
    Ама доста ми е навистина од се, 6 години сите нешта од мене ги доби со такви закани..... од дете сум со него, буквално од моите 15 години.... не може повеќе вака, јас се мрднав со умот, толку е напорен... само ми се јавува, плаче на телефон, воа ке си направам, оноа ке си направам.....мисламмм не е во ред ова веќе, станува сериозен проблем за мене, замислете и на брат ми истото му го зборувал, од што му е тешко размислувал на самоубиство(..... не би можела да издржам такво нешто ;( ;( ;( од камен да бев ке пукнев овој месец ;( толку нормални луѓе запознав, зошто да морам да се расправам со некоја тешка ретардација...со некој кој од навика е со мене?
     
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    А ти да седнеш и да направиш два три лепи збора со типот фино лепо?Ако на крај одлучи да си го одзеде животот нека си го одзеде.Продолжи си ти понатаму.Не си должна да го трпиш тоа.
    И да,зошто не си смениш број да не те бара?
     
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Верувам дека му е тешко но дека ќе се самоубие мало морген...Лигуш, дете, не знае како да се справи со ситуацијата па ајде ќе се убијам...Не се секирај сум минала низ слично, и само беден и очаен обид е да те задржи ништо повеќе...Само треба време да помине па да 'слегнат' малку работите, уште сте во 'жарот', уште има надежи од негова страна...Ако се плашиш стварно да не се случи нешто, не прави некои нагли промени во смисол веднаш нов дечко или ептен грубо раскинување, груби зборови...Мирно и полека, како на мало дете :) но сепак одлучно! Почекај, ќе видиш дека се ќе си дојде на место...
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    е па ако ви е у крв тогаш не цимолете дека ние не можеме да одиме ни накафе со другарка,да не случајно видиме некој таков со стомачни :D ,
     
  9. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    93
    Ехххх ОК е, ако со него можев на фин и леп начин да излезам на крај, немаше очајно да барам совети на форумов.... И ти навистина мислиш дека ако се случи такво нешто, јас ке можам нормално да продолжам понатаму со животот???????????????? Јас од самата помисла на тоа се мрднувам со умот алооо а не па не дај Боже да се случи.....
     
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Прочитај го постот на Скорпионка едно 20 тина пати па и повеке ако треба и ке ти стане јасно дека сака да те задржи,да го сожалуваш и да си со него но знам дека реков претходно дека знам случај на личност кој се самоубил заради девојка.Разликата е тоа што детето се самоуби уште на првата корпа а овој долго време се заканува дека ке се самоубие ама не го стори тоа.
    Не велам дека ке живееш нормално ако го направи тоа но зошто да трпиш тортури заради некој со слаба психа?
    Па јас ако кажам што ми се случувало со разните љубови во мојот живот пак не сум скинала конци.Ако тоа беше решението сите ке се истепавме па немаше да остане жив човек.
    Ако не разбира негово е,си кажала своето.
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    93
    Немам сила веќе ако ми верувате ;( ме тешат ваквите зборови навистина....толку бев трпелива со него што веќе и на трпеливоста крај и дојде, се обидувам да разговарам со него и да се контролирам да не избувнувам, верувајте НЕ УСПЕВАМ, толку ме вади од контакт што ми се чини дека јас попрво ке скинам конци. Знам дека тој што планира такво нешто, многу не лае наоколу, ама сепак ме јаде самата помисла, на толку беден начин се обидува да задржи љубов.... не знам кој ѓавол ке треба да влезе во мене за да се смирам со него......НЕ ЗНАМ! Перидов колку е болен за него, верувајте и за мене е, и покрај тоа што јас ставив точка на се!
     
  12. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Ајде машки давајте совет и мислење од ваша гледна точка :)
    Значи вака: Долго време сме заедно со партнерот и до сега ова што ми го кажа ми го немаше кажано можеби ми рекол ама на шала онака на смеење.
    Една вечер така си седевме ама и двајцата дента не бевме баш расположени, а нему 100% не му беше денот. И одеднаш си почна да збори како сум била слаба сум требала да се здебелам малку, а јас му велам сите сакаат да ослабнат а ти мене ми викаш да се здебелам. И тој ми вели па јас сакам малку подебело поубаво е а вака слаба на ништо не личи.
    И јас така си се смешкам а во себе си вријам и потоа гледа една женска на тв и вика еве гледај ја оваа убава женска е. Имавме пуштено и музика и вика леле во песниве све за љубов пеат, јас не знам што е тоа љубов ни сакање. Тој си зборува а јас пак намерно не му обрнувам внимание си чутам и така триста глупости си изнакажа. :@ Мене навистина тешко ми падна и утредента нормално си се однесување со мене, расположен беше како и секогаш, а јас бев некако лута, замислена и уште сум таква не можам да се правам како ништо да не рекол иако ништо не му префрлив. Што мислите вие? Дали намерно го зборуваше тоа да ме провоцира, или пак навистина се случува нешто со него, или моежби на некој начин бил повреден изнервиран , не знам што да речам. Вие како машки што мислите (може и од женско совет :) )
     
  13. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    savana а да не го мачи него некаков проблем ... надвор од вашите љубовни соништа...

    работа ,школо , другар некој или сл?

    бидејки колку што се гледа бара само некоја ситница или пак се нервира за све ....

    обично кога човек се изнервира за ситници е поради тоа што некој и нешто предходно го изнервирало па сега на тебе се истура....

    А да му кажеш дека ти пречат тие негови коментари , или пак да разговарате што свушност го мачи позади овие излишни пречки и коментари ... :)
     
  14. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Yipman2 можеби овој период му е таков да речам по напорен, има обврски дома на работа.
    Но мислам дека немаше потреба на ваков начин да ми се истури мене, всушност тој не се караше со мене туку едноставно почна да ми наоѓа мене мани како што кажав горе. Најверојатно покрај овие негови коментари очекуваше јас одма да збеснам да му возвратам (како што обично правам) па да почне кавгата и да му олесни, но јас успеав да останам смирена
     
  15. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Савана, најубаво е да си го прашаш отворено што го мачи. Ако пак ти споме да се поправиш, ти речи му само нема гајле срце, и тоа за тебе, а ти уживај си и направи си како што мислиш. Направи му некое изненадување, расположи го, искористи ги сите можни адути кои ти се на располагање. Можеби му треба мало размрдување и нешто ново, да избега од рутина.Прво со арно и со убаво, а ако уште нешто не ти штима, јасно гласно и отворено прашај го зошто одеднаш така почнале да му сметаат некои нешта. И подобро за него да е искрен, дека ако ја изнервира Савана наша,тешко него хаха
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Савана што толку си земала при срце?! :D
    Тоа дека не знаел што е љубов и сакање е само за тебе да ти го привлече вниманието, за ти да почнеш одма да го гушкаш и лигавиш :D Ако на секој негов муабет вака се мислиш, до каде ќе стигнеш ;)
     
  17. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Во право си дека си земам при срце ама во моментот тешко ми падна :)
    А што мислите да го прашам зошто такви работи ми изнакажа или пак да не ја отворам таа тема, да си продолжам по старо, како ништо да не ми рекол (демек не ме погодило :lol: ) деновиве ладно се однесувам со него поради тоа
     
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Ич ништо не прашувај и заборави на тоа, така му оставаш простор и друг пат да коментира зашто придаваш значење и внимание :)
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Савана, нели имаше и друг пат слични проблеми со дечково. Јас како што можам да забележам и друг пат вака ти правел. Нели кога си го изненадила, романитики ова-она ,а тој ти возвратил со ладен однос и чудно понашање? :^)

    Јас на твое место би го седнала и би разговарала со него и нека ти објасне зошто е таков спрема тебе. Може еднаш да поминеш преку тоа, ама постојано? Не му е прв пат, па според тоа јас оваа случка не би ја занемарила.
     
  20. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Тоа било во ситуации кога сме се карале и кога сме имале некои проблеми. Па се однесувал чудно ладно со причина. А сега работата е во тоа што тој из чиста мира почна да ми го кажува тоа. Не бевме скарани, јас не му дадов повод не го испровоцирав за да го каже тоа.
    Не знам ни јас што да правам, дали да го игнорирам ова или пак да разговарам зошто така мисли